Јас никако не можам да сфатам како никој до сега не се побунил. Не знам кој ќе ме вработи петоците само до 11:30. И заради тој еден петок си спречен да работиш. Ама ич не ми е јасно. Немам појма каде треба да се пише е маил? Ако знае некој каде треба да се жалам? И школово е Ganztages и на него пишува. Другото школо во близина е полудневно од понеделник до петок само до 12, за мене уште полоша верзија. И до скоро појма немав дека нашето целодневно школо во петок мора во 12 точно да си пред школо. Ако знае некој упатете ме каде треба да се пожалам?
Јас пак ќе се повторам ,мене овде многу работи не ми штимаат но ајде се трудам да се навикнам и да сватам на некој си начин дали сум човек кој може да живее во Германија. Друго сакав да прашам , во школо кога го пријавивме син ми тие докумтиштата ги пополнуваше маж ми со негов близок кој добро умее и разбира геранмски , е сега не напишале за која опција се определуваме нели дневен престој , хорт морт како и да ги викаат .Дали може да бараме да си се определиме да го поплниме тоа поле со оглед на тоа колку ја тупат овде вработените па може и да не дозволат или??? Затоа што ќе мора да оди барем домашни да пишува таму , јас гер разбирам многу основно а и маж ми во фаза на изучување сме.
Мајки дали денес работат во болниците. Од утрово прв пат керка ми има јака главоболка која неможе да ја издржи веке Дали би не примиле одма ако работат
Ако се јавите на време нема да има никаков проблем. Пробајте па ако не ви одговара секогаш можете да се вратите во Мк. Затоа низ целиот свет има луѓе, секој е на место кое што му одговара. Германија не е совршена и уште од многу одамна како што кажуваат сите само на полошо оди. Германците па колку се жалат, да ги разбере некој што би сакал да се пресели одма би се премислил. Работат и би ве примиле одма. Одете. Аналгин се напи? Или мала е сеуште за такво апче?
Здраво Mädels да прашам, тие што користите онлајн банкинг на Постбанк дали почна да функционира или од кога треба да почне? Значи Постбанк не ги можам, би ги сменила од одма само што немам нерви да праќам после ново конто на 100 места
Новата банка ќе ги преземе сите Lastschriften. Ти само на работа ќе треба. Уствари и на работа од Постбанк ќе им пратат писмо за да ти ја пуштаат платата таму. Не знам дали некаде би требала самата да го кажуваш новото конто. Рекоа од вторникот ќе почне да работи ама секако ќе се одложи до којзнае кога. Седи си во Постбанк. Ние ќе се префрламе од Шпаркасе во Постбанк само пасошот да ми излезе. Таман ќе се префрлиш во некоја може и нив да им текне системот да го менуваат. Цело време нешто се менува некаде ама па многу подобро така отколку милион години во место да се тапка.
Не знам како оди со префрлањето, на крај стално ме мрзи да се замарам ама често ми кинат нерви. Онлајн банкигот им е ужас, повеќе не функционира него што функционира. Ајде може ќе подобрат нешто после ова, апликациите им имаат лоши рецензии со по една ѕвезда и 90% лоши коментари ваљда ги мотивираа да променат. Ајде ќе видиме.
Слушнавте ли дека сакаат да ја укинат 5-3 штоер класа од 1ви Јули? Која класа тогаш ќе треба да се префрлиме доколку еден е вработен на полно работно време, а друг со мини или парт тајм џоб?
Не аналгин не сум давала сеуште Иако скоро сите лекарства ги има примано ама тоа постоперативно Се јавивме,ни рекоа од 5 ч попладне ја однесовме тогаш веке имаше и тт. Ни рекоа дека е некој вирус со главоболка и стомачна болка Денес е подобра, помалку се жали но не како вчера Денес и јадеше и пие се нормално само одвреме на време има мала главоболка Се надевам ке се смири, ако не утре би ја носела пак
Има некој јак вирус низ градинките, а да не е корона? Тестирани сме, негативни сме, ама преку вечер температура, болка во увото, Н е полна со шлајм, јас исто, едвај дишам.
Да. Кај мене малото беше со денови со +40тт. Јака мигрена, болки во тело, затната. Другарчето нејзино е во болница, на инфузија и мораше да му асистираат за дишењето. Докторите викаат владее страшен вирус.
Мислев дека е Корона, ептен ја има во градинката, ама негативна беше и буквално преку вечер се појавија овие симптоми. Што да кажам, освен да помине кај сите, очигледно сите се изнамачивме овој период со тие глупи вируси
Колку време одевте на привикнување во градинка? Ќерка ми еден месец оди и повеќе од 3 часа не останала. Некако како да одолговлекуваат, кај и да е ќе треба да почнам и јас на работа. Друго, оваа градинка е само до 13 часот е сега за крипе ми одговара ама потоа од 3 години сакам да седи повеќе. Можам ли да почнам да барам друга градинка и покрај тоа што имаме место во една?
Првото дете од прв ден се навикна, за една недела остана со јадење и спиење. Второто дете после месец и пол сеуште остануваше само еден саат и тој на сила со плачење. После недела-две од тие месец дена се навикна магично со јадење и спиење и не сакаше дома да доаѓа. Можеш да бараш.
@Dancewere ќерка ми можеше без проблем да остане од прв ден. Ама и развлекоа 2 недели. Да беше до нив и повеќе ќе беше. Ако девојчето не прави проблем, тогаш намерно ти развлекуваат пошто се слаби со персонал и си олеснуваат така. Девојки, да предложите некоја туристичка агенција со која имате добро искуство со интересни тури по Европа? Не знам како е тука, како функционираат агенциите, дали се достапни низ цела земја или да барам по региони?
Мајки дали во случај на развод има некакви шанси да се врати мајката со детето во Македонија? Знам дека треба согласност од таткото нели, ама што ако мајката не сака повеќе да живее во Германија ? А нели нормално не би го оставила во никој случај