Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Најдов едни обувки за мали деца Barfußshuhe München околу 60 евра се ама се гледа дека се добри. Ако сака некој квалитетни и добри. На инстаграм се Lieblinge_barfuss
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    o моите омилени, за проодување двете деца такви ми носеа, од тие ко шпицести што се напред - помеки чевли мислам нема. Изгледаат ко топлинки ама ништо)) во Берлин ги произведуваат

    за после ако немаат широка нога исто многу добри се Wildling, такви и jac имам)

    добар сајт за barefoot и поефтини и за пошироки нозе исто (пр Beda) е footic.com
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Некој случајно да не го има купено весникот Bild и под Bild Stuttgart пишува не знам дали има различни или секаде така пишува. Сакам да прочитам нешто. Ако излезам до после и го има истиот тука ќе го купам.
     
  4. dafe993

    dafe993 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    16.254
    Пол:
    Женски
    Јас најдов миниџоб без да барам :D случајно комшивката спомна дека бараат во Алди жена за чистење и се јави на шефицата, таа во рок од 5 минути го бараше сопругот на телефон и утредента појдов на пробен ден. Работата е песна, премногу лесно, одам само попладне по 2 ипол часа 4 дена во неделата. Исто и Реве многу бараат за миниџоб. Во врска со муабетот неколку страни наназад.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.665
    Пол:
    Женски
    Како го менаџирате менувањето стан?

    Според договорот кај што сме сега треба 3 месеци пред да заминеме да најавам дека по 3 месеци ќе заминуваме.
    Ама што ако во тие 3 месеци не најдеме стан, а газдата најде нови кираџии? :^)
    Или пак ако прво најдам стан и е за брзо вселив на две места ли треба да плаќам кирија?
    Ќе сака да ми објасни некоја како вие сте направиле?
     
  6. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    17.305
    Пол:
    Женски
    Најважно е да не давате отказ додека да не најдете нов стан и не потпишете договор за да не останете без ништо. најдобро е откако ќе најдете стан, да се понудите да најдете нови кираџии што ќе се веселат кога на вас ви одговара. Ние така правевме. Секако е стресна ситуација, многу коцки треба да се поклопат а најмногу е важно газдата на станот са има разбирање.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Ќе барате стан што е вселлив четири месеци од денот во кој бараш. На пример денес бараш стан слободен од 22.08.2023. Ако ептен ви се допадне некој што е вселлив претходно тогаш плаќаш месец-два-три кирија и на двете места. Кога ќе се отселиш мислам дека и во претходниот и во новиот стан имаш 14 дена или не знам колку се за да се отселиш/преселиш. Ние за само два саати се преселивме па не знам точно како оди тоа. Ние додека изнесувавме ствари надвор чекаа тие што требаше да се вселат па при крај ние изнесувавме тие внесуваа, и ние и тие без трпение. А новиов стан некому месеци унапред беше празен, чекаа да дојде на ред да се реновира па го реновираа за две недели.
    Кај нас писмено пишуваше 3 месеци ама усно газдата ни рече дека од денес за утре може да му кажеме и стварно до ден денес еве нема писмо некоја казна ништо инаку само како на писмено што пишува така.
    Во суштина едноставно е. И онака повеќето станови се слободни по месеци па дури и по една година. Ретко има огласи за слободен стан што ќе е за месец два.
    Потпишуваш денес договор за нов стан од 01.10.2023. На 01.07.2023 даваш отказ во сегашниот стан. Договорот за нов стан и газдата и вие имате 14 дена рок за да премислите. Договорот го читаш многу убаво од збор до збор пред да го потпишеш. Новиот газда не смее да е наш или балканец или турчин ако не сакаш проблеми во животот. За работа исто. Ако е балканец или турчин подобро дома да се седи отколку да се навлезе во проблеми и да се остане без плата или на 70 години да сфатиш дека ни ден пензиско немаш. И така.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.054
    Кога живеевме во селото градинката ми беше на околу 25минути со кола. Така да минимум пола час ми требало додека отидам. Последниот пат кога ми се јавија бев останата без кола, а јас 8-9месец трудна едвај се движев. Малата им делувала уморна и исцрпена, без тт или повраќање/пролив. Им реков мм има термин во оддалечен град, му треба 1.5час да стаса. Јас во мојава состојба ако тргнам пешки и два часа ќе ме фатат. Така да чекаа 1.5час он да отиде.

    Јас пазам :D.
    Животот со Германец ме натера:rofl:.
    @Yowannty барање стан е најголем кошмар:tmi:. Никако кундигунг пред да најдете нов и потпишете договор. Може многу долго да трае потрагата на стан, три месеци да не се доволни, па без да се осигурите дека имате најдено нов не го откажувајте стариот.
     
    На mal.ecka, Yowannty и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Во тој штекер или дупка кај што го наместија аншлусот за интернет, ни се откачи кабелот, две помали жици се во него светло и темно плава. Дали да пробаме самите да ги споиме со салотејп или да се јавам да го наместат? Се мислам дека ќе можеме и сами нели? Мислам дека прво треба да се излупат жиците да остане само таа златната внатре и да се спојат. Не би требало стан да запалам или нешто?
     
  10. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    6.975
    Sto pravite ako imate moznost da yo cyvate deteto doma, vo slucaj koga ima sarlah vo gradinka gi pustate ili sedat doma. Na dva uma sum.a
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.054
    Јас би чувала.
    Кај мене беа два дена градинка, едната закачи вирус, недела дома седеа. Два дена градинка другата закачи вирус, пак недела дома. Два дена градинка првата закачи шарлах, недела дома. Два дена градинка другата закачи шарлах.
    Два дена градинка првата пак закачи вирус, седеа недела дома, три дена градинка втората закачи вирус. Денес се прв ден градинка а третата е со вирусот од нив дома.
    Така да секако дома ќе седат, само дали здрави дали со +40тт:@
    Последниве три месеци континуирано е некој со 41тт:@, се што да имаше во групата фатија:@
     
    На mal.ecka и Dancewere им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Секогаш во градинка. Маген- дарм веќе два месеци има во градинка. Не знаеш кој ден точно ќе префати. Дома ако се работи за детенце со нежно здравје или некој друг проблем. Можеби веќе има префатено. Кај нас два месеци имаше шарлах и денес гледам ги тргнале ознаките, моите не прифатија. :party: Првото никогаш ни немало тоа затоа и не знаев што е тоа така да моиве отпорни се ете на шарлах. 8)
     
    На mal.ecka и Dancewere им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.054
    Кај нас сите вируси и шарлах почнуваа од иста група, кај помалата, и исти 2-3 фамилии кои упорно деца со симптоми носеа. И толку треба, посебно кога мали ќе се заразат и мрсули те низ цела просторија ќе ги разнесат:envy:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.665
    Пол:
    Женски
    Во моја градинка нема известувања за вируси, па си оди цело време, што не знаеш - не боли. :D Е минатата недела не беше цела недела имале некои семинари, градинката не работеше. И вака се чудам сеа кога ќе почнам со работа што ќе се прави, и какво оправдување на работа се дава за вакви ситуации. Не е вирус/настинка нешто по кој основ би ми дале боледување…

    Уште многу работи не можам да ги пофатам овде. :D
    Ова со станов ми изгледа многу комплицирано и стресно а уште не сум почнала ниту активно да барам нов. :sweat: Ај си велам има време као не ме брза никој, ама сакам следна зима на друго место да сме. Којзнае што ќе се дешава…:doh:
     
    На ines.h и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    34.599
    Пол:
    Женски
    @Yowannty ќе ти биде тешко, ама може и среќа ќе имаш да најдеш стан. Можеби ќе се поклопа коцките.
    Моментално мие смо во потрага на стан, еве од февруари како барамо и тешко ептен
    Моравмо да го откажемо сегашниов стан, за да може да најдемо друг.
    Среќа е што можемо за месец плус да продолжимо отказниот рок доколку не најдемо стан.
    24/7 баратам по апликацииве, ваљда ќе се најде :whew: (fingers)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Една година однапред има распоред градинката кога е затворена и тогаш ти одмор пишуваш на работа. Шест недели (секаде различно) градинката е затворена, шест недели ти имаш одмор.

    За стан само позитивно мисли и спакувај се уште од сега и не купувај ново во овој стан за да имаш помалку за селење после.
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.665
    Пол:
    Женски
    Леле @IronLady среќно!! Се надевам ќе најдете што побрзо да се сместите. (fingers)
    Ние така брзавме првиот пат. Маж ми 3 месеци аирбнб беше дур го најде овој. :sweat: И ова место е топ. Спрат од куќа е, големи убави соби, огромен двор имам на располагање. Маалово е преубаво. Паркче одма карши, рекичка жубори, прилично тивко е, многу е убаво. Ама постара куќа е, без разлика што е одржана живци искинав што шкрипи паркетот под нозе. Веројатно неубаво нареден или нареден паркет над паркет и не можам да го поднесам шкрипењево при движење. А многу би сакала во истово маало да останеме. Ама тешко овде се наоѓа нешто. А и мувла има. :envy:

    @gjoker4e знаеш дека супер идеја ми даде. Таман зимската гардероба да ја соберам во пакети. :D

    А ова германциве и small talk. Ужасни се значи. :drunk: Газдава овде е прилично фин и коректен засеа. А мене ми е многу незгодно кога седиме така и сите ќутиме. Ептен ми е глупо така и ја секогаш праам некој муабет :bandit: скоро сум сигурна дека за нив тоа е превише, ама па не ми стој само, кажи што имаш и оди. :wasntme: Ние сме народ што си поприкажуваме. :D
    Од друга страна маж ми вика од што не праат општи муабети меѓу себе, обично оние на каса по супермаркети ги напнуваат со бош муабети. И стварно. :D
     
    На ines.h, gjoker4e, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    За мувлата треба да купите нешто обавезно ама не знам што и од каде, знаев ама не ми текнува моментално. Плус можеби идат и некои да ја исчистат и да спречат пак да има. Не сум запознаена ама што побрзо треба да преземете нешто.
    Јас се што сакав го имаше во соседната зграда. :D Имаше шанси и од стариот прозор на новиот балкон да префрлиме се ама ризично беше па слези качи се правевме. Зборот ми е дека и ти така се што бараш може во комшии имаш.
    Да не сум досадна ама овој стан како се поклопија коцките да го земеме е стварно ЧУДО! Баш овој го сакавме и само овој. А пред да ни се јават за овој сто понуди за стан добивме како некој тест ама не беше тоа тоа. И на крај за овој ни се јавија. А баш викавме дека нема шанси да се отселат некогаш луѓето од овој стан дека мајка му (свекрва и) живеат до нив. И се преселија тие стан погоре, ние во нивниот. Е сега нели за да не е толку едноставно само што ни се јави газдарица тоа мене отказ ми дадоа и можев да ја излажам со стариот договор ама јас искрената добра душа и кажав отказ дека ми дале, и среќа одма најдов нова работа па поминавме со тој договор.
    Инаку за мувлата фактички газдата треба да ви среди! Вака можете на кирија да му намалите.

    Мене со муабетите ми се таман, се до граница. И вработените во градинка се на дистанца како заштитени се. Професдилналност во секоја област. Тој е газда. Ако се по прикажете можете да си за мерите еден на друг.Вака чиста сметка долга љубов. Кажи му за мувлата да се погрижи. :!:

    Мене што ме нервира во Германија е што во прогнозата стои невреме и 60% дожд за петок а тие упорни дека петок во природа ќе оделе и таму ќе појадувале. А јас само чекам да пишат дека се одложува поради НЕвременските услови.

    Уште ова. Денес одам на работа и гледам кај малово ги шетаат на страшен ладен ветер, а јас чекав автобус дека смрзнав за да одам пешки. Не ме нервира стварно. Смајли.
     
    Последна измена: 24 април 2023
    На mal.ecka и ines.h им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.867
    Пол:
    Машки
    Може не е прашањево за тука, ама ме интересира какви ви се искуствата со Deutsche Bahn ICE, доколку ги користите? На интернет читам различни искуства, најмногу ме интересира за навременоста и точноста, бидејќи сум доста временски ограничен.
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    37.537
    Пол:
    Женски
    Само еднаш се имам возено, и за натаму и за назад беше до минута точен. Ама општо за целиот јавен превоз во Германија се зборува дека касни. Имам колега со воз што доаѓа на работа и секогаш на време доаѓа. И автобусите кај мене доаѓаат точно во минута. Ама пак ќе кажам општата слика е дека каснат сите. Може да се секогаш точни па еднаш само да ти затреба и да касни, никогаш не се знае. Само за еднаш прашуваш или за постојано?
    Кога и да сум била на Bahnhof кај што се чекаат возови сите трчаат навака натака од еден во друг јавен превоз.
    Не знам дали ти помогнав…
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.