Да, фала ти за одговорот, сакав да слушнам и од некој што живее таму. И јас така прочитав, ама тоа сметале и 6 минути за каснење. 98% од возовите ако каснеле, тоа било макс. 15мин., ама Германците се бунеле и за 2-3мин. каснење. Јас 5мин. - 15мин. не го сметам за доцнење воопшто Прашувам за еднаш, од Карлсруе треба да стигнам до аеродромот во Келн и да летам од таму. Според закажното, возот на аеродромот во Келн би стигнал околу полноќ, па се мислам дали да букирам лет што е во 2 или во 6 наутро, за посигурно
За ICE немам лично искуство.На раб имаме кол во цела Де и за да дојдат кај нас во централа некогаш букираме ICE.Знам за 3 случаи кога возот каснеше по повеќе од 1ч. Ама враќаат дел од парите доколку каснат.Сега штрајкуваа во петок и не знам што се договорија, така да не дај Боже можат и да штрајкуваат и обично почнуваат од 4ч наутро.Тражи втора алтернатива. Поздрав женски иако никој не ме побарал да ви мафнам и кажам бидете добри.Не сум добра друштво, ќе ве дружам во подобри времиња.
Jas te mislev,ama ne pisav,samo cekav tvoj post. Se nadevam ste dobro Izvinete sto vi se ubaciv vo temava
Како така никој не те барал. Јас те барам и те означив ама те нема. Кај мене доаѓаат подобри времиња изгледа, уште малку, се надевам дека и кај тебе ќе дојдат што поскоро. Кај мене само зраците се гледаат, едвај чекам да го видам.
Еднаш патував со ICE требаше да одам од Kарлсруе до аеродромот во Франкфурт. Најавија дека возот ќе доцни,отидовме на шалтер и ги покажав картите дека ќе закаснеме за летот поради возот. Вработената не собра неколку луѓе што одеа до аеродромот и ни напишаа чек за такси, па со такси одевме до аеродром. Дали е секогаш вака не знам, почесто се возам со регионални возови и до сега не сум имала лошо искуство, каде и да сум пошла сум стигнала на време. @Ava.84
Џоки ништо не ми стигна.Секој ден скоро читам. Мило ми е Џоки бидете среќни и задоволни радувајте се на животот. За жал кај мене нема да е на добро ама живот мора некој ден ...
Ако е така тогаш е супер, фала на одговорот. Се мислам меѓу ICE и FlixBus, ама вторава опција веќе па ептен ќе треба до минута да е точен автобусот за да стигнам, што сметам за помалце веројатно од воз да биде навремен. @Ava.84 фала ти и на тебе. Алтернатива ми е FlixBus како што пишав, или цела ноќ да дремам на аеродромот во Штутгарт за рано да летам. Повеќе ми одговара ова преку Келн, ама ќе размислам, имам време
Според мене посигурна опција е воз, со фликсбус еднаш за малку ќе испуштев лет. Не сопре полиција на цел автобус прегледуваа документи, еден саат стоевме така. И втор пат ми се случи со фликсбус да не застане полиција ама тогаш нигде не брзав па не беше толку драматично.
za poslednoto gi setaat na skroz laden veter samo ke recam ne se normalni i polesno im e da gi iznesat nadvor, deneska kaj nas veterot nosese se pred sebe, dozd tie nadvor igraa....ostanuvam bez zborovi.
Сваќе, ладниот ветер и време го јачи имунитетот.Знаеш снајка ти пред терапиите на секој растечен нос спушташе на гради.Лани бевме во Полска на одмор денот кога стигнавме беше најтопол дури 28 степени.Отидовме да се бањаме накај 18ч.Ветер силен северен дуваше, вода мраз.Знаеш дека снајка ти едвај ја извадивме од водата.Кога излезе устата и правеше ззззз и се тресеше цела.Пред тоа 3 дена беше со бронхитис.Ја бањавме и после тоа уште 2-3пати. Овие 3 недели кога седеше дома ни еднаш не се разболе иако шетавме редовно на ладниот ветер. Беше 18 степени во летна облека. Тоа што ги разболува децата се вирусите и бактериите. За шарлахот праша дали да го чуваш.Ако има кој да го чува не го носи, ама шарлах има секоја есен и пролет така да пак може да дојде во контакт.Кај нас моментално има вошки во групата во 2023.
Во право си за се, затоа и длабоко во себе не се нервирам дека знам така дека е, ама само штом ги видам желудникот ми се превртува. Сабајлево пак носеа група во природа. Грч е. И јас ги шетам моиве и на ладно и се ама така кога ќе видам повеќе деца од градинка дека ги шетаат секогаш жал ми е, а нема потреба, децата се облечени соодветно, ќе им биде интересно, сигурно ќе има и вирчиња да шлапкаат и ќе јадат и ќе спијат после убаво. Вошки нема моментално ама кај нас ама имаше до сега повеќе пати.
@Ahoy flixbus нека е последна опција. Тие не се ниту редовни честопати, можеш да чекаш и воопшто да не дојде. Возовите често доцнат, ама германциве се многу драматични за 10тина мин доцнење, што нас и не ни е некаков проблем. Ама факт е дека доцнат и со часови некогаш, немаат доволно возачи. Иначе секој превоз доцни. Маж ми е 2 пати неделно по автопат и поради сообраќајки многу често доцни и по 3-4 часа. Јас пак би Келн во 2.
Здраво на сите. Потребен е стан за 2 женски особи во Vaihingen der Enz ili Enzvaingen. Ако некој знае нешто или има нешто слободно ве молам да ми пишете.
Колку пари чини еден преден заб на долната вилица да ми стаат? Јас иам едно мало расклатено забче шо е млечно и си го носам веќе 27 години, под него немало друг заб да излезе и така ми остана. Но сега ми се клати и страв ми е да не падне па да останам штрба баба.
Некој што живее во Келн или околина? Ќе одам на викенд таму па ми требаат препораки за што да се посети и види. Со кола сум па може и нешто околу
Дечки, таков им е начинот на функционирање во градинките и тоа е. Останува да се прилагодиме и прифатиме. Живееме тука, а не се само нашите деца надвор, ами сите деца. Јас овие шокови ги поминав со првото дете. Со другите две, си знаев што следува и сум скроз ок со тоа. Еве денес син ми од надвор го собрав, а надвор врне и коси ветер. Само соодветна облека и тоа е тоа. Децата пресреќни, шлапкаат во барчиња со гумените чизмички. Кога ќе размислам и јас така растев. Шарлах има редовно кај син ми во градинка и во школите кај двете. Син ми го носиме trotzdem, а и немам кој да ми го чува освен градинката. Нема префатено до сега. Поголемата го одлежа еднаш како мала и од тогаш не го фати. Малата ни еднаш. Се надевам вака ќе тераат. @Ava.84
Неодамна во цела градинка кај нас имаше само по 3-4 деца цели недели. И тоа беа деца со неодамна прележам шарлах па вратени после терапија. Партал направија вирусиве и бактерииве изминатава пола година. Ова не е нормално. 5 години оди детево во градинка, нон стоп се во природа, на дождови и ветер, само еднаш антибиотик има пиено, никогаш нема спуштено на гради, ама изминативе месеци глава не кренавме. Упорно во апп на градинката постираат да не носат деца со симптоми, и пак носат деца со тт, додека видат персоналот ршум направиле низ занимална и заразиле веќе некого. Ги враќаат назад за два дена, наводно немаат тт, до пладне пак креваат, и така во круг. Како извор на зараза е таму. Волку очајна не сум била бо овие 6 години одкако деца носам во градинка.