Vereinbarkeit von Beruf, Familie und Privatleben durch eine familienbewusste Personalpolitik Мене сеуште ме мачи што значи ова. Не во превод туку дали мајка со дете под 3 години може само прва смена да работи фолцајт, во тој смисол што поточно значи?
Поз мами. Дали има тука принцип ако детето отсуствува подолг период од градинка да стигне помала сума на пари за плаќање. Март скоро цел не го одеше еве и аптил повеќе од половина.
Нас ни рекоа парите за храна може да ни ги вратат, ама треба формулари да пополнуваме, не оди автоматски.
Каде можам да пријавам комшии поради претерано претерано бучавост. Нема месец дена како се дојдени, ама немаат осет ни трошка. Комшиката под нив и се качи ги замоли ама џабе. Тие исто, како само они да се во зградата. Што во вакви случаи.
Значи колку се.. Ај да не навредувам не ми е толку за парите ајде дошле пошле но со таа нивна пспирологија не ги не ги можам. Да е нешто да се плати ид наша страна и 50 центи ќе побараат. Уште една безсмислена работа што ми падна во око. Кога идат во шума (една цела работна недела е вообичаено) не организираат нишѕо, снајди си се за да го однесеш детето до таму. Автобус до таму не иде кола не возам и молчи си и трои си.
Кај нас само 60 евра за храна враќаат ако однапред пријавиш дека нема да оди цел нареден месец. Јас со тоа долгото од усисивачот тропам и се смирија и горе и доле. Скоро секогаш новите се бучни. Може од преголема возбуда. Не е лесно стан да се најде.
Исто со папирологијата. 90% од тоа листовите инфо што ми ги даваат ми исчезнуваат секогаш. Вечито потписи, формулари, известувања. Малку други глупости имам за пополнување уште тие ми фалат. Ми ги дадоа формуларите, сами и ми кажаа дека може да ми ги вратат парите за храна, ама пикнат е некаде, ми се темни веќе од формулари пополнување. Исто е и кај нас за Wald Woche. На страна е од градчето, ако не вози човек нема опција да стаса таму.
Ти одговорија и другите ама еве и јас , ние баш имаме термин за две ипол недели , кај ќерка ми 6г исто ќе биде под анестезија , ќе и вадат и ќе и поправаат , повеќе запчиња се за работење она не соработува воопшто , и не ни седнува без плачки на столче , а не па правење и одма овој начин го кажа матичниот заболекар ( има болки и многу расипани забчиња и мора да се среде се ) околу нас имаме исто блиски што минале со анестезија , се нормално без проблеми поминало ни болки ни ништо после тоа. Ние бевме два пати на консултација и со анестезиологот последно ни објасни детално се како ќе се одвива , па ако има нешто пр од нејзина страна кога ќе влезиме , дека ќе и кажат као ќе а инхалират и дури се свесте што се случува ќе биде успана , ако е потребно и малку ќе а задржат они да бидам спремна , а ли се тоа некоја секунда ќе траело , па јас ќе излезам , во ходник со сопругот ќе чекаме , они одма ренген снимка ќе и направат да видат детално што како е да не може да се спасе некој да не и го вадат од задните , и ќе почнат со работа, како што ти кажаа пола саат , саат сет процес и после во соба сте заедно уште слично време и слободни. Исто потполнуваме формулар за алергии , болести , па разговор со докторката се си беше на место , се не испрашаа се заведија , па кој ќе биде крај неа во следните 24ч . Сега останува уште да дојде денот и јас сум малку под паники ама се трудам да мислам само на тоа дека после тоа ќе биде по раат она , и дека многу околу нас исто минале без проблем. Кај вас мислам дека е и изводлива другата опција што ти а спомнаа пошто е само еден заб , кога ќе одите на консултација прашај си се добро , нас ни оставиа и емаил и тел број од докторката доколку имаме прашања плус слободно да се обратиме. Ние не плаќаме ништо само 75€ за течноста ли гелот не разбрав точно како го кажаа што од кога ќе завршат со работа и го ставаат за пеочистување од бактерии и болки да не беше . Исто сируп се тоа не следува за болки и боледување доколку ни е потребно. Клиниката ми остави многу позитивен впечаток се надевам и процесот ќе помине така. Ако имаш некое прашање слободно пиши ми. @Yowannty ние кога баравме јас се оболев со тоа барањето стан и одбивање , година дена активно баравме ако не и година ипол затоа со време почни си , праќај пораки , следи весници , доколку сакате да се селите и ко што ти кажа и џокерче барај со дата после 3 месеци што се слободни пример . Пошто ако сега најдиш одма да ти кликне од прва некоја шанса и сакате одма да се отселите ќе изгубиш пари , а речиси секаде мора да најавиш отказен рок од 3 месеци. Или другата алтернатива некој одма да го преземе вашиот стан па така ќе сте таманка.
Мајки, на сопругот му бараат интернационална венчаница, контакт неможам да остварам за да прашам, вие сигурно знаете како е постапката за вадење?
Во УВМК, постапката е иста како и за обичната. Носиш нешто за идентификација лична карта или пасош, поднесуваш барање со напомена да е интернационална, уплаќаш. Плус мислам дека имаше опција и електронски. Бидете сигурни дека ќе ви треба интернационална. Јас носев интернационална и изводи исто, на крај сите документи ми ги бараа оригинали со Апостил плус преведени на германски.
Ми закажаа вторник термин за екг ама од синоќа без престан ми е чудно срцето, како да чука излезено од таму каде што треба да е и да се мачи. Ги прочитав симптомите за срцев удар и немам ниту еден. Кога опишав на матичната ми закажа термин вторник екг. Не е како на почетокот што ми чукаше засилено од тироидната, сега е поинаку. Ако продолжи ќе се јавам пак. Сега под стрес сум од синоќа па можеби затоа не престанува. Дете е болно и само кенка сега одиме на педијатар. Уште ни 30 немам, а здравјето ми е крш, еден по еден здравствен проблем се нижат, еден се лечи- тироидната ми е ок не пијам повеќе терапија; сега срцето. А срцето ко срце е главно. Точно чувствувам во горниот дел како нешто подуено да има и тука се мачи да чука, кога чука како да удира во нешто. Можеби некој што учел медицина знае што може да е?
Одма ги издаваат некаде истиот ден , а некаде после ден два , али брзо оде , само да напомениш за интернационален дека сакаш , а можиш и електронски да пробаш. Јас интернационалната не а преведив , ни заверив на нотар , ме фати инат малку и изводи исто интернационални само ги извадив ништо друго , а кај сестра ми во друга покраина е она строго ги гледаа преведените страни на германски . Ама се е до тетките зад шалтер како се расположени Јас кога одев за визата една пола саат ме маткаше дека не разбира англиски , за на крај да почне да зборе , кога виде нема разбирање Сепак ! Доколку се има можност преведете и направете заверка на се , доколку за првпат поднесувате некои документи , јас и полабава бев оти маж ми претходно имаше доставено документи и веќе во систем бевме и не му направиа проблем само со интернационални. *Само мене не ми е јасно зошто интернационален документ а на француски јазик се не на англиски @gjoker4e опушти се не ти е ништо се ти е од стрес , случувања околу тебе , проблеми со децата , и мислите најмногу си го прават своето , премногу ги анализираш работите и затоа така се чуствуваш , верувај ако имаш недај боже проблем со срцето нема да го утниш. Ќе изодиш на екг ќе видиш дека се е ок и ќе ти кажат прошетки и релаксирање повеќе , може и од тероидната пак да осеќаш нешто а може и не , одвој си време за себе само за себе и прави работи што те исполнуваат , ако треба и поседи на кафе сама . Јас бев слично кога бевме во потрага по стан и другите работи , триста дијагнози си поставував , се ми беше собрано на куп и почнав и да не спијам како што треба , штом мозокот ми олабави , коцките почнаа да се редат , почнав да се нормализирав полека и повеќе излевање надвор ми беше лекот макар и парк или маркет да е значеше многу за мене.
Немам такви работи за мерење. Ќе прашам во аптека дали мерат или дали се продава. Не знаев дека штрајкуваат денес автобусите, пеш бев до педијатар 45 минути натака и 35 минути навака. Дете во количка цело време среќа. Дали вчера пишав дека моиве деца се отпорни на стрептокока??? Цела ноќ сум будна, денес одма на педијатар, направија брз тест за стрептокока и рече за 5-7 минути се враќам ама одма се врати и вика тестот од одма покажа стрептокока. Фемина отсекогаш беше чудесна, што и да пишеш го снемува до утредента, да си продолжам јас само лошо да пишувам. И срцето ќе ми е ок од утре најверојатно. Сега нов стрес, антибиотик и пеницилин има во името страшно звучи. Јас антибиотик немам дадено до сега. Го прашав педијатарот дали ќе помине и без и ми рече некои деца лесно поминувале ама ги заразувале другите, викам секако дома ќе го чувам, и дали да почекам до утре и ми рече дека мое дете е, јас сум најодговорна за него, како мислам така ама ако видам дека се влоши да дадам. Стрептокока поминува без антибиотик?
Eine Streptokokken-Angina heilt auch ohne Behandlung meist innerhalb von 1 bis 2 Wochen aus. https://www.msdmanuals.com/de-de/heim/infektionen/bakterielle-infektionen-grampositive-bakterien/streptokokken-infektionen#text=Eine Streptokokken-Angina heilt auch,mäßigen Einfluss auf die Symptome. Не прочитав ништо, освен таа реченица. Јас најискрено би дала атб. За 2, 3 дена ќе се реши цела симптоматика. Бактерија е сепак, терапијата не е џабе препишана. Има деца што поминуваат лесно точно, а некои не ни знаат дека се заразени и заразуваат и други. Овде се Германците први против атб и сама знаеш колку тешко се препишуваат. Ама за ова, се знае како се терапира, не џабе си добила рецепт. Ќерка ми пиеше атб за шарлах (стрептокока) прв и последен пат. Не се мислев ич, одма и ги почнав. Нема ништо лошо во атб кога се стварно потребни, лошото е кога се даваат ко бомбони. Се едитирам: Ова е од РКИ. Patienten mit einer akuten Streptokokken-Infektion, die nicht spezifisch behandelt wurden, können bis zu 3 Wochen kontagiös sein, solche mit eitrigen Ausscheidungen auch länger. Nach Beginn einer wirksamen antibiotischen Therapie erlischt die Ansteckungsfähigkeit für Racheninfektionen nach 24 Stunden. https://www.rki.de/DE/Content/Infek...okokken,für Racheninfektionen nach 24 Stunden.