Денес во градинка пишува Wurmer глисти што е тоа пак сега И да ми кажете дали пеницилин не е страшен антибиотик?
@gjoker4e Sigurno od golem stres, nie sto ovde doagame sne heroi.. Niz sto se proagame.. Toa na geemsncive im e naucna fantastika so ogled na toa kolku im e lagiden zivotot i od sekad imale stabilna drzava. Nervi i bolesti site imsme od srce ti posakyvam da bidi se vo red. Fala vi mamicki za se sto mi pimagate davate muslenja sugestii itn. Vi posakuvsm ubav den.
Луѓе да го дополнам постот.. Не можам да, се навикнам овде се разболив. Ич ама ич не ми се седи. Башка ние што сме без бг пасош дискриминирани сме многу. Да почнеме од задолжителнста обврска за јазик.. Знам се ќе течите јазикот треба. Да треба но не да те придилувааат па од тоа ти зависи продолжетокот на визата... Бла бла.. Не нема фа издржам куферите и назад
И јас сум без бг пасош па ич не сум дискриминирена, незнам зошто тоа го мислеш? Тие што се со бг пасош не прават само Aufenthaltstitel, другото се е исто. Едно е да сакаш доле да се вратиш, што и потполно те разбирам, а друго е да седеш тука да се причагодеш на тукашниот начин на живот и да заработуваш. Тоа треба самата со себе да си решиш што понатаму. На никој не е лесно на почетокот, ама наместо да кукам, решив да пробам, и мм исто како мене. Разликата меѓу мене и него е што одлично го познава јазикот, на убава работа е, јас сега ќе полагам, па моето време здравје допрва доаѓа. Измеѓу мини џоб, нешто на црно и тоа е тоа. Пак ќе кажам, од лошото неможе полошо да постои, може подобро, ама, дај му време на времето, какви ситуации се не сме поминале во овие 5 години, ама не се откажувам.
Дани, дојадувала недојадувала, кога ќе ти кивне директно во око исто ти се фаќа. Вчера учителката ми рече дека детево почнало да и одговара на германски. Ќе си пукнам од среќа. 4 јазик и е германскиот, стварно е чудесно колку малку им треба на децава да се вклопат. Само и ради неа одлучивме да останеме овде оти еден куп промени и се собраа. Конечно има другарки во градинка и секој ден се чекаат на врата. Иначе оди во најстарата и најголемата градинка во градов кај што оди германскиот крем. Морам да признаам ние поради тоа воопшто и не аплициравме во оваа градинка мислевме немаме шанси. Ама кога почнавме да бараме преку една институција за деца место, не контактираа токму од оваа градинка. Сакам да ви кажам, не бидете како нас и аплицирајте секаде каде што сакате, не само за градинки туку воопшто, оти стварно никогаш не се знае. Дискриминирано не сум се осетила, и освен арогантните вратари во Ратхаус што не сакаат да зборат англиски немало ништо друго. Ама можат да се курчат до миље воље нив им е работа да ме услужат и никогаш не сум им попуштила. Инес, ако сте нови, дај си шанса да се прилагодите. Никогаш не знаеш каде ќе се пронајдеш себе си. Ама давање шанса во вистинска смисла на зборот. Собери елан, истражи го местото каде што си. Најди некои занимливости што ќе те интересираат и инспирираат. Вози се со трамвај. Шетај низ паркови. Ако ништо друго германциве имаат преубави паркови. Овде и пикници цело време се праат по парковите. Ако не бива имаш татковина кај да се вратиш. Има некоја тука што живее во Келн да каже каков е животот таму? Многу го сакам градов и ме купи скроз иако сум била само на поминување. Да се стабилизира ќерка ми прво со сите промени, таму најпрво би гледала за преселба, а и блиску ми е. Сега за сега овде да најдеме подобар стан.
Ве молам да ми кажете за основно школо во Германија? Кога се уписи, со колку години почнува детето прво одделение и како дете од друга земја би учело да се описменува на друг јазик?
Нема никаква дискриминација, јас сум со бг, маж ми со мк се е исто само што поднесува за виза и да му бараат сертификат за јазик. Но без јазик секако неможеш да живееш овде јас колку толку знам. Грешката што ја направив не учев кога дојдов овде, сега со бебе немам воопшто време. И да секој почеток е тежок , работа , јазик, стан се почнува
Мојата ќе почне со полни 6, во 2019 е родена во 2025 септември ќе почне во школо. За упис мислам дека ќе Ви бараат вакцините, извод на родените. Како што слушав муабети, враќаат едно-две одделенија назад за да научат да пишат латиница и за јазикот, тоа е јас што знам Што бараат на големиот преглед кај педијатар пред да тргне во школо, треба наредната година да го закажеме прегледот, па ме интересира што опфаќа докторката кажа дека дава потврда за школо, точно ли е?
Ниту еден антибиотик не е страшен ако се дава кога има потреба од него. Со антибиотик обавезоно се дава пробиотик (минимум два саати разлика од давање пробиотик до антибиотик - добрата вест е што само еднапш дневно даваш пробиотик). Инаку да не те плашам ама кај моето дете во одделение имаше детенце со Стрептокока (таа што дава гнојна ангина) кое не разви ангига туку беше само со растечен нос. Родителите решиле да не даваат антибиотик. ПО 3 недели со мрсули му се направила компликација на крвни садои кај зглбовите и не знам уште што. Заврши во болница со терапија 3 или 4 недели. Сега е ОК детето ама се намачи без потреба. @ines.h ако не ти се седи и мислиш дека нема да можеш да се навикнеш никогаш време ви е за сериозен разговор со партнерот. Треба заеднички да си ја размислите иднината. Што сакате од вашата врска и каде се гледате во иднина. Колку е битно да се следите еден со друг и како ќе донесувате одлука каде ќе живеете. Ама пред ова ако веќе си се нафатила ти да се преселиш заради него потруди се да видиш дали може уште нешто да направиш за да се прилагодиш. Најди работа, друштво и слично. Ако не оди, менталното здравје е побитно од се. Секој треба да има црвена линија во однос на тоа колку е спремен да се вложи во нешто.
Јас пак се навикнав од прв ден тука. Се ми е убаво, совршено, до детали, (освен школото до петок до 12 што е де), ама сигурно постои друго школо што и петок е до 16 ама како прво нема шанси да го делам од другарчињата во градинка и комшиите, а како второ секако небитно мајката нема возачка и кола за друго школо ама секако најбитно ми е истите деца да се. Едни родители запишаа дете во школо што е само до 12 така им одговарало нив и детето цело време било тажно без другарчињата. Е сега разбирам дека така е кога некои се сели од Мк во Де ама тоа е преселба која вреди за некои родители и деца. А тука не би се делела сега подалеку или во друго школо заради еден петок. Мене други работи ме мачат во животот и ме убиваат полека полека. Работи што не можам да ги решам, не ме засегаат мене лично ама најблиските. И џабе сета среќа тука кога срцето ми е во тага поради што не можам да ги изнесам на правиот пат. Еднаш успеав до некаде и за брзо пак се вратија назад. Цел живот барам решение, решение нема.
Здраво луѓе. 5 месеци сум со работна виза тука и сега треба да ја продолжам… што како иде и која е постапката ако може некој да ми објасни
Ќе се јавиш во Rathaus ( auslanderbehörde) ќе направиш термин за продолжување на виза , ќе ти кажат или дадат лист кои документи ти требат или на меил. пополнуваш антраг, работен договор, договор од стан, здрастена картичка…може ќе треба уште нешто , ќе ги собереш бараните документи и одеш на термин се плаќаше околу 100 е кеш.
Давај пробиотик со него обавезно и ич гајле да немаш. Пеницилинот е најстар антибиотик и според мислењата на многу доктори со кои сум се консултирала, најсигурен, за деца особено. Не за џабе таму кај вас 99% даваат Оспен (пеницилин)
Единствените што треба да се трудиш да ги изнесеш на прав пат се твоите деца. Толку. Или што би рекле- од мене толку, повеќе-од господ. Пробиотик. Нели се дава исто толку пати колку антибиотик, со размак 2 саати пред/после антибиотик.
Еднаш во денот се дава. Јас сум давала и повеќе пати кога имала стомачен вирус, инаку за атб, само еднаш се дава. Таман работа, ако ти е на 6 часа антибиотикот ќе треба 4 пати да дадеш пробиотик
Јас така на секоја нова температура купував нов парацетамол и сега кога снема си викам моја вина е. Кога ќе снема пробиотик значи Билјарката не штедела на време. Буквално секој лек го фрлав кога ќе оздравеше. Ми беше смешно што на педијатар прво гледаа кога ми го препишале лекот за да видат дали сеуште го имам дома или треба нов на рецепт да ми дадат. Откако снема парацетамол ја научив лекцијата.