Инаку за антибиотиков педијатарот ми рече дека го нема скоро никаде и треба сите аптеки да ги поминам и ако го најдам значи среќа сум имала. Во првата аптека за среќа го најдов откако ми рекоа дека го нема, не е лифербар, ама ајде вика ќе го смени рецептот со некое големо пакување, такво имале на залиха, да не се мачам по сите аптеки дека секако не ни може да го порачаат дека го нема никаде. Не знам дали насекаде има стрептокока голем број па е потрошен или што е работата сега со антибиотикот. Човек страв да го фати дека полека сите лекарства ќе ги снема и ќе се лечиме со лук и кромид. Или што би рекла ти на скратено: ние рецепт ти дадовме, твое е дали ќе го најдеш антибиотикот.
Нема. И антибиотици нема. Колешка лечеа со ,,некој,, антибиотик, не баш тој што треба, јер го немало, па шибај Мишко, шо има везе, ко нема таков, барем некаков. К А Т А С Т Р О Ф А.
Ние следна недела ќе идеме до школо на разговор да ни објаснат детално што како па ќе ти пишам одма ако сакаш. Ќерка ми сега ќе полне 6г за две недели , ние пробуваме во градинки , ама одма не откачиа од општина стигна писмо со две реченици дека е за во школо за од Септември да почне , не е приоритет за градинка , нема место за неа , ако сакаме толку во приватна нека си оде ни кажаа кога беме во општина еднаш Па ние пак им отидовме да се пробаме уште еднаш , и иста приказна не ни разговараат салам , ние им збореме дека сме скоро тука јазик не знае , да се прилагоде една година во градинка па одгодина да почне ама цк не упатиа само во најблиското школо што ни е до дома , и као ќе е нешто у стил на предшколска и ќе и било лесно и ќе го учела и јазикот , немала да има никакви проблеми. Ама ќе видиме најточно следната недела што и како ќе се одвива во првата година , каква им е програмата и се тоа . Од други работи сигурно вакцини и прегледи ќе треба да средиме се до септември , по наш календар има примано се , од тие тука ќе видиме што е задолжително уште не ни е запишана кај педијатар и тоа тек сега ќе трчкаме да најдам некој , оти до сега не ни затребал и лабаво тераме , знам само дека за во градинка кога поднесуваме прочитав дека ја барат да ја има ммр обавезно при упис.
Секаде е така. По 5-6 аптеки минев за да најдам антибиотик, не може ни да се порача. Вчера во 4 аптеки немаше парацетамол и ибупрофен, од лани е вака. Прееска почнав божем да пишувам за антибиотикот, ама дете викна и оставив телефон, па останал еден збор вон контекс. Веќе пишале и другите.
Има по некоја разлика од школо до школо. Во нашето до 15ти јули најкасно тоа дете што ќе има наполнети 6 години почнува од 15ти септември во школо. Не знам дали секоја година е 15ти септември или се менува датумот. Го пријавивме во Јануари мислам ни беше терминот ни стигна по пошта мислам термин. Ама од септември 2022 или и тоа не се сеќавам точно кој месец ама најкасно беше јануари 2023 одеа секој понеделник во школото. Во школо ќе оди со посебна група прво одделение и фактички јазик ќе учат. На крај ќе одлучат дали ќе треба пак исто да оди една година или ќе продолжи во нормално прво. Во меѓувреме пуштај и цртани и детски песни на германски јазик, ќе научи многу до септември. Ти никако не и зборувај и не ја учи ако не знаеш бидејќи ќе научи погрешно. Јас сеуште не им зборувам германски на моиве, не знам ни дали треба уствари, само македонски им зборувам и ми враќаат македонски. Кога ќе доаѓате? Да не е касно за од септември. Ама секако мислам дека и во било кое време ќе ве примат, нема да треба да чекате до нареден септември. Детски песнички и цртани на англиски ќе се од огромна корист. Да не и дојде од 0 се ново. Друго е кога ќе знае некои зборови ќе се почувствува посигурно и посамоуверено.
важи Јас сум дома не работам сеуште , ќе почнувам на курс сега од мај и сакам на јазикот да се фокусирам макс и за да можам поскоро да се вработам по струка , и ќе барам нешто флексибилно со време некоја мини џоб. За чување и свекрва ми се во истиот град и имаме помош , џокерче исто добро ти кажа за школо и тие работи , и јас знам исто од блиски тука , и од 15 септември дека почнуваат така нешто , али најдобро се ќе ми се разјасне во школо кога ќе одиме . Не ме фаќаат некои паники оти децава ептен брзо се привикнуваат и учат јазици посебно. За син ми најлесно ќе биде мислам од сите нас , тој е 2г и тек одгодина ќе почне во градинка , и како сунѓер е уште сега , обавезно и он поздравува на германски со нас.
Следната учебна година ќе доаѓаме така ни е планот. Овде во мк ќе почне прво сега, 6 ќе полни во октомври. @Poppins Фала многу девојки, ќе ве замарам уште јас
На мојата и пломбираа заб и и правеа коронка со целосна.Готова беше за 30мин и уште 30 и требаа да се освести.Јас бев со неа кога ја донесоа во соба.Си спиеше најнормално .Кога се разбуди сакаше да стане ама јас едвај ја сопрев.После некое време не пуштија да си одме.Беше расположена исто како и вообичаено.Сама си се движеше ,се нормално.Не беше никако страшен процес како што јас си правев филмови.Најтешко ми беше да ја држам гладна до 12ч пладне.Ама и таа не сакаше да јаде бидејќи разбираше беше веќе 5 години.
И мене тоа ми е нај со јадењето , се надевам ќе ни дадат наутро рано термин и да ги миниме тие саати без храна вода лесно , уште немаме саат само датумот , а времето ден предходно ќе ни го кажат , ај за јадење и така не е јадач не е опасно ама за вода може да драме малку Коронката после и сметаше ли а осеќаше ли кај тебе ? тоа е оноа како круна што го викаат врз забче што им го ставаат нели , ми покажаа мене некој модул на клиника , они ни кажаа као нема ни да смета ни ништо и само ќе си падне со млечниот заб ама ја па си викам зар до толку нема да ја осеќа сепак е страно тело во уста а ќерка ми само ги анализира сите ситници општо и знае да комплицира , пример кога и пломбираа заб во мк , пола саат устата а држеше може ако не и повеќе отворена после тоа , оти да не а голтнела пломбата супер ќе биде се немој да се грижиш
Не и сметаше ,ниту ја осеќаше ,ниту ја гребеше.Јас се чудев и ја прашував нон стоп ,ама таа само велеше не . Да тоа е како круна.Мене ептен бојата ме нервира оти е метална.На почетокот не ја коментираше ,сега не ја сака и само прашува кога ќе и падне. Вода смееш до 2ч пред операцијата,др течности не. Ќе биде мајка не е страшно.Неа пробаа да и го прават забот со локална анестезија. Откако ја боцнаа тоа и мене ме боли и затоа заби без анестезија поправам, не отворила уста.Тогаш беше со мм јас бев само што породена и не можев да отидам.Инску ќе кажев без анестезија да пробаат. Порано ептен плакаше кога одевме на контроли ,сега се смее и дава да и ги исчиштат забите.Добро поголема е веќе.
Минатата година и ние кога дојдовме син ми исто имаше 6год. Прашавме за во градинка и одговорот беше дека нема место и детето ќе мора да се запише во прво одд.(иако им беше речено дета тој не знае ни еден збор германски). По некое време ни стигна писмо од училиштето каде што треба да го запишеме и отидовме на разговор, но по неколку недели ни стигна друго писмо дека не е примен на училиште и мора да посетува förderklasse. И сега со 7год. ќе почне во прво одд. Туку, да си олеснам и тука... И по една ипол година по барање педијатар, се уште не можеме да најдеме. Прашано е кај сите педијатри во околината (и тоа секој месец се јавувам и прашувам, но сите се со одговорот дека не примаат нови пациенти). Бев и во АОК и таму не можат ништо да ми помогнат. А имам потреба од логопед за помалото дете. Незнам веќе каде да се обратам...
Во германски фб групи имам прочитано дека АОК морале да ти најдат, инаку зошто плаќаш осигурување. Оди пак во АОК и објасни им дека имаш потреба од логопед, и додади измисли, прашај што ако итно ти затреба педијатар. Прашај некоја од тука да не е во близина на твојот град па да те предложи на педијатар. Најди фб група од твојот град и прашај што треба да правиш, опиши ја ситуацијата. Визуелизирај како веќе си нашла педијатар.
Првиот пат кога бев во АОК вработениот рече дека не сме единствени и ме разбира, ама не може да ми помогне. И на моето прашање дека што ако се разболат децата, каде да ги носам, тој ми рече да одам во болница. Мислам навистина и јас истото го мислам, зошто плаќаме осигурување. Во градот каде што живеам има само 3 педијатри и сите се жалат по групите на фб дека тешко се доаѓа до матичен педијатар. А, и исто кога го однесовме малото на преглед за да тргне во градинка, педијатарот ни рече дека кога се болни децата може да ги однесеме, ама не може да не земе за пациенти. И истиот тој ни наплати 25е за прегледот (ако може да се каже дека беше преглед, ни даде потврда дека може да оди во градинка).
Што е ganache? Се става под Fondant на торта. Или што друго може да се стави под за да се залепи фактички?
Ова со лековиве нема брзо да го снема. Уште долго ќе бидат дефицитарни изгледа. https://www.dw.com/en/health-ministry-confronts-germanys-dire-medicine-shortage/a-64733080 На англиски само најдов. Ама статистиката е таа. Во Германија фалат околу 425 различни лекови. Тука во Македонија исто. Еден од родителите во школо е ОРЛ лекар и вика тешко е да се работи во моментов. Многу лекови што редовно ги препишувам како кортико спрејови и антибиотици се дефицитарни. Ама скарај се со Кина, а сите репро-материјали ти се од таму или си преселил производство таму, скарај се со Русија (а енергенсите ти се од таму, дел од лекови исто од таму) па прај се јак пак. У меѓувреме колонијата видела дека е појака од тебе (Индија и Африка) па па ти прај се голем господар. Пошто дедо ти навистина бил јак и борбен и трезвен, ти си само размазен Европеец кому долги години се на тацна му било сервирано и сега си го подизгубил компасот. @gjoker4e топено чоколадо со павлака за готвење (не знам како да го објаснам ама во Македонија во тетрапак се купува на англиски е rich cream). Во суштина служи да го залепи фонданот за тортата. Можеш и шлаг убаво изматен да употребиш тенко намачкан за да не се слизне фонданот.