@gjoker4e тоа е чоколадо стопено со Sahne . Се става како подлога врз торта , ако ставаш фондант . Мм дома прави тешки торти , со кремови чуда . Јас колачи знам да печам ☺️
Ужасна е кризава за лекови, докторите не знаат веќе што да препишат па се јавуваат по аптеки прво да се информираат што има на располагање за тој ден. Баш слушнав од доктор за амоксиклавот кој е прв избор за уво па и грло, речиси и да не се наоѓа, па мораат да се снаоѓаат... Последно ме мавна реалноста в лице, кога матичниот препиша 500ка парацетамол апчиња за детето и ми рече да му кршам по пола и да растворам во вода па така да го пие. Катастрофа
Јас би направила класична Buttercreme за под фондант, не би упропастувала ganache за тоа. Реално никој не јаде фондант и би отишло и ова зијан, а е еден од највкусните преливи за торта.
Кој бараше некои лекови со мк рецепт од Германија? Сега читам во фб групата Македонци во Швајцарија дека со мк рецепт може да се купи во Швајцарија ама да се плати на приватно и дека имало некои интернационални аптеки во Швајцарија па може да ми прати членката слика од рецептот и да прашам.
Ќе даваат 1240 евра во Јуни или јас нешто грешно прочитав? Да знам дали да почекам со отказот. Кажете некои новости на пример кога штрајкуваат автобусите или дека веќе без маски се одело на лекар. Сите прво ми викаат не ли виде на вести, а јас ни телевизор ни телефон, само фемина, ако не кажете вие појма немам што е ново.
Темата е поопширна откако би можела да стигнам тука да пишувам.Не сакам лично никој да навредам - немам против ништо за секој што си има бг пасош , си се трудел, мачел ,чекал добил.Конкретно се однесува на тоа што задолжително мораш да посетуваш часови по германски јазик и тоа одкако ќе дојдеш тука да живееш.Друго е да има опција да одлучам да одам да учам на пример еве да речам по година дена одкако сум се прилагодила одкако сме дошле итн .Да се привикне човек да ги среди другите работи . Затоа што на почеток постои голема веројатност да треба и на две работни места да оди човек за да ја стигне тука скапотијата и живееачката.
Јованти фала на идеите, подршката.. за шетање не можам да се пожалам ,сме ги виделе сите атрактивни места низ пошироката околина на Минхен,Германија по тој поглед е преубава и богата и М. е само трошка со она што можеш доправа да го видеш,посетиш.Но тоа е нешто што е моментално и минливо , јас во овој период од животот тежнееам кон нешто по духовно, ништо од тоа не ме исполнува ни коли ни куќи ни облека...како што кажа @ gjokerce неа и е се убаво тука но си има др проблеми .Секој со своите маки .
Mene me intersira dali znae za sigurno kako e zakonski ova so Grillen na terasa dali ima ogranicuvanja ili nesto, prv pat ziveam vo zgrada pa ne sakam da bidam kako cudak nekoj posle ke guglam ama ako znae nekoj neka spodeli. Za steuer sto diskutiravme 3/5 zadolzitelno mora da pravat , a site klasi ostanati za 4 godini unazad moze da podnesat. I uste nesto ako davate otkaz pa zemete podocna krank, krankot moze i da ne vi bide prifaten ( ova imaat izmeni vo zakonot i moze da go primenat bez problem). Ubav den
Да не има опција онлајн да се учи? Верувај ми дека подобро е што е така. Маж ми е со БГ пасош и јас не мораше курс и еве ме 5 години тука без курс! Баш и пред некој ми се жалеше една мајка од Виетнам дека морала Б2 да положи сега за да и го продолжат. Пример ти се сите од Романија што не мораат курс да посетуваат и после 10 години зборат катастрофално германски. Значи не против тебе фактот, туку стварно е во твоја полза и корист. Ама ок те сфаќам и тебе што мислиш. @SanelaS Јас не успеав да најдам одговор за скара. Изгледа електрична е ок. Ама помисли на алиштата на комшиите. Според мене сепак не треба на тераса. Има места кај нас кај што можеш надвор во парк.
Ne e dozvoleno alista na terasa kaj nas. Imam jas i gradina ama me intersirase kako e neato najdov vika 3 pati godisno e dozvoleno, ama ke vidam sto dr ke najdam.
Ние пред 5-6години многу често правевме скара на терасата секој викенд.На струја.Имам комшија со јаглен си прави редовно.Ама знаеш ние сме див запад се е дозволено. @ines.h од прв месец кога дојдов одев на курс.Немој да мислиш дека дојдов со пари.Не со 400евра и јас и мм.Прва плата му беше 800 евра си плаќаше приватно здраство од 250евра со плата од 1200 евра.Без здравство бев 9 месеци.Мм беше со бг пасош и тогаш немаа бугарите право на работа,само со гевербе се работеше.Јас одев на црно чистев во една вила на 3 спрата 100кв спрат.За 600евра. ММ беше на раб кај братучет му.Баш ова што ме малтретираа ми беше доволна причина да учам.Одев на интензивен курс 4 дена од 17:30 -20:30ч.Дома си доаѓав во 22ч оти курсот ми беше 1,5час од дома. Си велев сега сум еден чекор понапред.Двата денови кога не одев на раб учев.Мм исто се запиша одма на курс Работеше претешка работа,ама знарше само така ќе се отарасаме од "родите" и нема да сме зависни. Така сега ако некој ме види ќе рече лесно и е си работи по струка,ама како стигнав до таму само јас си знам.Мене круната не ми падна што работев чистачка ниту велев дека нема да работам.Тие пари многу ни помогнаа во тоа време.Курсевите сама ги плаќав.На крај не ми вратија пола пари оти сум немала договор. Курсот е предност ако сакаш овде да живееш неопходен е.
Има некоја причина поради која нема да биде исплатено? Еве јас дадов кундгунг до 31 мај,од 16 мај ми завршува одморот и стварно сакав да пишам кранк оти сакала-неќела секако не можам да одам поради глупи смени. Каде можам да прочитам за измените? Еднаш во 4 години кранк ќе се решам да пишам и види…
Добро до толку ли се неорганизирано тие од Теди? Почнав со мини џоб пред 2 месеци, уште пред 2 недели шефот го напиша планот за цел Мај. Кога го видов, видов дека ме нема на планот и кажаа дека посебно за мене ќе го напишал,ок. Помина и минатата недела уште не го средил планот, му кажав 2 пати на работа, ефнаш му пишав порака кога можам да работам, ми рече, ок утре ќе ти го пратам планот за работа, ок ајде помина, вчера му пишам дали го средивте планот, ми врати не е се уште напишен, до вечер ќе ти го пратам, чекав до 12ч вечерта да видам дали сум денеска на работа, втф!? Сабајле порано станав, ај викам може ќе го прати, ма како да не. И сега што да правам!?
Секако , напишав цел реферат но ми се избриша и само ова останало. Но на никој не му е лесно кога ќе дојде. Ние живеевме скоро една година во WG додека да најдеме стан , за една соба плаќавме исто колку за еден стан. Еден од нас да кажеше се враќаме назад , готово ќе си отидевме . Но си бевме поддршка еден на друг. Да не кажувам за сопругот до работа пешачеше секој ден по 40 мин во еден правец и работеше по 10 часа на дожд снег ветер. Јазик не знаеше воопшто , па и стресот на работа . До ден денес немам пријатели овде ете тоа ми фали социјален живот. А тоа дека веќе се е поскапено точно но и во мк цените се како тука . На сопругот му бараа јазик за продолжување на визата но од работа не му дозволија да оди на курс , па така остана без јазик , а визата му ја продожуваа на една година и последен пат на 3 . Ако сака наредно да земе унбефеист ќе треба Б1 да полага.
Да ама шефот е на одмор околу 2 недели, да имам договор. И колешките цело време ми викаа незнам тоа шефот.