Мора да има некој кој е негова замена , тој треба да го напише планот. Ако не јави се на Bezirksleiter од ваша околина .
Јави се пак ќе речам на Bezirksleiter и објасни ја ситуацијата. Јас работам исто во Теди . Пред 6 години почнав и се како ќе си одам ама дали поради колешки и сл останав до сега . Плус сега се договорив да работам само петок и сабота , поради мало дете . И дека искусна , покрај скоро 90 посто нови колеги . Работата како работа е напорна да ама пак кај и да отидам ќе бидам нова а за тие пари и саати каде ќе можам да работам како мене ми одговара. Вака секој месец имам полни саати . Сега веќе плаќаат и празници кај мини џоб. Одморот го зголемија од ден . Овој месец само два пати ќе се појавам и плус одмор имам полни саати . Од одење на пописи и нови отварања и затварање запознав и колеги од други филијали . Кај и да отидам на испомош сум добредојдена . И така сега за сега останувам тука ☺️
Де речи им да ме земат. Стварно сум добар човек. Дека рече напорна, се работи и нешто плус освен роба што се реди и на каса? Не знам позади што се случува.
@gjoker4e епа тоа редење роба и плус на каса знае да замори . Зависи колку роба стасува . Плус ако имаш строг шеф , кој замара со уредно местење роба. Бараат невозможни работи . Да плацираш нешто каде нема место . Да биде се под конец наместено. Петок обично нашата шефица (да ја наречам) си оди порано и клуч и се што е нејзина работа остава на мене . Сабота е ден каде скоро сите колешки со кои сум на смена немаат веќе желба , поради цела недела работење и викаат остави за понеделник ☺️ Инаку јас сум многу комуникативна . Дали дека од Балкан ама си наоѓам со колеги теми на муабет и ни лета времето . Види они секогаш бараат нови вработени. Има сега и такви само за роба местење ама тоа се два дена само од по 5 саата . Или да работиш и на каса . Таму повеќе саати се собираат . Испрати CV и јави се одма на Bezirksleiter дека си аплицирала. И биди упорна .
Здраво, мајки.Дали некоја знае од вас како оди постапката за отпишување дете од градинка. Од Септември ќе биди прваче, а колку што се сеќавам 15 Август рекоа последен ден у градинка им бил .Сакаме да одиме за Мк летово , и тоа би било дел од Јуни ,Јули и дел од Август ,два месеца скоро .Сметајќи дека треба да оди во прво одд ,што би плаќале за овие месеци ,подобро е да се отпише дете.Што се прави лесна е самата постапка или комплицирано е можи ќе им текне и тужба ???
@ines.h јас не би опишувала дете. Додуша тоа е твое право , имаш во папката од градинка во тие листовите имаш и лист за отказ . Се дава месец дена порано или два од прилика . Ама мислам дека и така градинката над три години е бесплатна . Само зависи кој модул е се доплаќа и плус за храна . Ама дека нема да е присутно детето нема да плаќате .
Мораш договорот да го прочиташ или да прашаш во градинка. Секоја градинка различно. Кај нас ако кажеш однапред само за јадење не мора да платиш. Отказен рок во дог мора да видам. Тие месеци да не има некои важни термини за во школо? Во јули кај нас ќе има забава за сите деца што ќе одат во школо и родителска во школото па затоа нема да одиме во јули.
Треба да си стои во договорот колку е кундигунсфрист и дали може баш кога сакаш да откажеш. Јас моето го отпишав од една градинка, дека не бев задоволна, отказен рок беше само месец дена, но имаше само 4 датуми во годината кога можеше да се даде отказ, инаку не можеш, од кои едниот беше 31ви август мислам, ама имаше и некои посебни датуми и точки за деца на кои што им е последна година во градинка. Прочитај си го убаво договорот, се пишува таму.
Вие што работите тајлцајт плус мини џоб подлежите на данок? Претпоставувам да, ама колкав е данокот, дали е исто со фултајм? И дали така мораш да си индивидуално осигуран? Ај ако сака некоја од искуство да ми појасни околу ова. До колку евра не се подлежи на данок? @Ava.84 Ти си инспирација и мотивација дека се се може кога се сака.
До 520 евра мини џоб не плаќаш данок. Тајлцајт на 1000 евра нето плаќаш околу 100 евра данок. Фултајм на 2000 евра плаќаш околу 250 грубо кажано. Повеќе се исплати тајлцајт и мини џоб отколку мини џоб. Колку повеќе заработуваш толку повеќе данок плаќаш. Колку повеќе данок плаќаш поголеми се шансите да ти вратат кога ќе правиш повраток на данок.
Значи затоа имаме голем повраток на данок. Јасно. Кога се работи тајлцајт и мини џоб фактички се даночи само тајлцајтот, а не и миниџабот? Или збирно?
Не е исто. Мм е на фолцајт и он има повисок данок за разлика од мене. (Јас сум на тајлцајт) Ама и платата му е доста повисока од мојата. Што значи, на поголем приход, има повисоки даночни стапки. На тајлцајт, данокот е понизок. Миниџоб до макс 520 евра не подлежи на данок. Се што е над тоа, подлежи на данок. Можеш да комбинираш миниџоб со тајлацјт или со фолцајт. Не те разбирам што ти значи ова индивидуално осигуран. Секако ќе бидеш осигурана и здравствено ќе имаш. П.С. Се плаќа данок и за црквата, а за да не ти кинат многу, уствари за да не плаќаш, една коса црта на документот кај тој дел. Ох Боже! Иначе, има некој од вас шо плаќа за ова? Живо ме занима.
@Lianna Anna па не разбирам како сум сега осигурана?! Мислам имам осигурување, ама дека овде уште немам работено сум на маж ми нели? Више толку папири имав на почеток, треба да разлистам што и како беше. Се прашувам дали маж ми плаќа повисок данок оти сум и јас осигурана на него? Па дали со мини џоб или парт тајм ќе можам да се осигурам посебно…
Кога отидовме во општина да ме пријави мм ме прашуваат религија јас кажувам ортодокс и овие ми набројуваат грчки, руски бла бла мк нема. И јас викам добро стави ме католик мм е католик не ми е важно и таа ми вика ама зашто да плаќаш ако не си. Е тука свативме дека се плаќа па мм зема да проверува по платни листи и правец да се откаже. Таа година и данок доста ни вратија дали и тоа имаше удел незнам. Инаку познавам луѓе што плаќаат и се тие што секоја недела се на миса, па важно им е…
Ќе бидеш автоматски осигурана на самата себе кога ќе се вработиш. Сега имаш фамилијарно осигурување, значи преку мт. И јас бев така на почетокот кога дојдов. Сега не се сеќавам, ама мислам дека ништо екстра не се плаќаше за ова. Ако ти не работиш, он треба да е на класа 3, така најмногу се исплати мислам со данокот. Ќе имаш здравствено и на миниџоб. Нешто ситно паушал се плаќа во миниџоб центар или како и да беше. Може да пише некој шо има миниџоб како е точно.
Фактички е скроз исто како во Македонија и Грција здравственото осигурување. Кога маж работи, жена не работи- жена и деца се на маж. Кога маж работи, жена работи- децата не знам како се одлучува на кого се, моите на мене се, па ваљда жената и мажот одлучуваат кој има поголема желба за папирологија децата на него нека се, или мајка како мајка дека мајка. Мене ме интересира дали некој од вас научи ‘р’ да ја кажува на германски. Децава знаат и р на македонски и р на германски. Јас пробувам ама сеуште не успеав и малава вика дека не зборам точно германски и дека ништо не ме разбира, па можам да си замислам другите што мислат, од Кина дека сум. Сум и се запнала и мора да ја научам па сите можни финти има да ги испробам. Не можам зборот rühren да го кажам и крај! Се газат од смеење децава со мене.