Да да, фамилијарно е, сеа го прашав, не знам што се збунив. Класа 3 е ама пак висок данок плаќа, а проверивме данок на црква не е вклучен. Како и да е.. Фала @Gosh на линкот. Ќе го зачувам за идни пресметки.
@gjoker4e за р ми кажуваше мајката на другарот на син ми, он оди на логопед и р го кажува како нас т.е го изговара некако од горниот дел на устата со јазикот го изговараме што логопедот рекол не значи дека е погрешно. Германското р е од грло барем женава така ми објаснуваше.
Мене ми се смеат моиве кога кажувам Eichhörnchen. Смешно сум го изговарала. Guilty as charged, утка во умлаут, никако не го можам зборов еј. Лол! Батали изговор, до каде сме со дер, ди, дас, ден, дем, дес и целата таа бесконечност у Genus кај шо логика ич не помага. А до кај сте со баварскиот дечки?
Има видеа на јутјуб со различни вежби. Еднаш успеав по грешка и толку беше. Треба секојдневно вежбање може. И како демек учам која буква треба да се Betonung ама кој може тоа да го научи. Време треба. Со дер ди дас откако рече шефицата дека и Германците грешеле, не знам до кај сум битно никој не ме поправа. Само една колешка ме поправи кога реков Hab mir nijemand nix gesagt. Требало без nix. А јас сеуште мислам дека таа е нешто грешка. Дека на нашки е- никој ништо не ми кажа. А таа вели- никој не ми кажа- е сосем доволно. Баварски каков е не знам, кај мене е alemannischer, ги разбирам од збор до збор, зборење за едно десет години. Денес една рече наместо bitte бити како демек послатко речи во, е си викам за вака можам и јас како сакам да зборам и да им биде слаткоречиво. Пишете на Гугл alemannischer Schweizerdeutsch Beispiele е така зборат тука. Еднаш кога нњ прашаа некои од Франкфурт дошле тука да шетаат викаме па нашиов германски се сме знаеле; кога ќе ти прозбори некој од тука се прашуваш кај си; ама сега се ги разбирам уште одамна
Sodele кај нас Швабски се збори. На ш удараат. (Weißst du)Ваишт ду, (bist du) Биш ду… цво (zwei) , mädle(mädchen). Јас обожавам да ги слушам, ама муабети да слушам во слободно време, ако треба да се разбереме преферирам хохдојч. И во Македонија сум од внатрешноста па зборам на дијалект сигурно ми се приметува и по пишувањето и покрај тоа што се трудам И јас да се пријавам дека со дер, ди, дас сум скарана. Додуша во некои прости речениви во номинатив или ако го знам родот на именката некогаш ќе погодам ама ова со падежите ја убива целата работа, и така е тешко тие прават да биде невозможно.
Гледав едно видео на инста.Учи австриски ученикот и почнува дер.Учителот му вика тука ти е гршката во австрискиот нема дер ди дас се е ДЕС. Викам овие на генетив зборат.Ама се друго ништо не разбрав.Инаку има добра логика во артиклите ,учителот викаше кому му оди мате ги разбира и артиклите. Мене хохдојч не ми е проблем ама кога ќе дојдат некои фрази и поговорки.Не можам да сфатам, па се смеам оти др се смеат,а може оти сум плава па не разбирам.Јас мразам кога ќе почнат белински ,едвај ги следам.Имав колега на претходната работа од баерн ништо не го разбирав иако хох дојч збореше.Сите германци го прашуваа од каде е.Мене ми мирмолеше нешто. Туку детето учи во школо сега артикли и множина ама тешки и се.Р германско кажува ,мк не може да го погоди и во Мк и се смееа на македонскиот.А се мачам да ја научам. Како ги учевте со децатата дер ди дас и плурал?
Добро утро женски . Вчера читајќи ве се прашувам како имате време да работите и Teil Zeit i Mini job. Јас дали дека со три деца , две во школо едно дома па немам време за ништо па се прашувам . Едното е 5то гимназија другото 3то па секогаш завршуваат во 13 ч и се враќаат дома . Најмалото е уште дома тек во септември во градинка ќе почне. Како одите вие по две работи ? За изговор , моите се овде родени со татко германец . Па затоа може природно им оди изговор и der die das. Мене пред 13 години кога дојдов овде и јазикот ми беше смешки . Еднаш изговорив погрешно и еден ми се изнасмеа . Се смеев во моментот и јас ама во себе си знаев како ми е . Уште му памтам .. јас имам проблем со нивните нивните ü ä и сл. Не ми е природен нивниот изговор ама тоа е. Мене на работа знаат муштерии да ми зборат на турски . Ме сметаат за нивна . Дали дека црна коса
Со едно дете дома и за мини џоб би било проблем кај мене. Двете се во градинка па немам проблем за тајлцајт и мини џоб прва смена само ама мини џобот сеуште го барам. Децата ќе ги научат der das die и се по ред, ќе им биде како мајчин јазик да учат, во градинка, во школо, со деца во парк. Дали постои работа само прва смена? Може било што да е од чистачка до хирург. Само дали познавате таква работа ако не би ви било тешко да наброите. Денес една нова ги покажа роговите. Не се однесуваше на мене ама исто како да се. Цела недела ја ставиле втора смена затоа што еден колега е во школо од сабајле, а една колешка има две деца, и рече дека тоа не било нејзин проблем туку нивни проблем кој треба тие да си го речат. А прв пат е цела недела втора дека шефицата имаше одмор. И сега испаѓа дека шефот е во право дека ако ме стави само прва ќе му скокнат сите нему. Стварно се изненадив. Па и таа некогаш била мајка, сега има 50 години отприлика појма немам. И сега испаѓа дека јас стварно не можам да мрднам од 20 саати. Не знам дали е во право што се лути ама па не е секогаш втора и прва смена е, ама тоа што го рече во срце ме погоди. Гајле и било две деца што имала таа, таа нека се снаоѓа како знае и умее. Јас не сум во тој дел ама исто како за мене да кажала. И пак не ми кажавте што значи Beruf und Familie ама ајде ќе ви простам. Нели тоа значи дека мајка со мали деца може само прва смена, дека мајка смее одмор да земе три недели во август додека се мали децата… Се надевам ќе ме прочита некој до крај и детално. И ќе ми одговори за Beruf und Familie Малава вика сестричка да сум и купела и ме прашува дали сум можела и кузине да и купам. Нема кузине во фамилија и многу е тажна сакала и таа да има.
@gjoker4e на жал овој баланс помеѓу работа и фамилија тешко функционира. Верувај оваа твоја колешка те мислела и тебе кога збори за другите . Beruf und Familie би значело да се усогласат работата и семејството. Ама тешко тоа . Незнам фирма каде ова функционира. Може има да. Терај си и ич да не ти чуе Имам една пријателка се знаеме веќе 12 години . Имаме деца на иста возраст. Она има само едно 11 годишно дете , јас имам 11 годишно плус уште две едно 9 друго 2 . Она секогаш се жали како и е тешко . Јас незнам што да кажам. Нема врска . За некој со едно е тешко за некој 4 се ок. И таа секогаш коментира како секоја жена мора да биде самостојна , да не зависи од маж . Сама да заработува . И се тоа кога бев останата со мало бебе дома и бев зависна (и уште сум ) од мм. Мислам малку безвезе . Мислам некогаш мора мајката да остане дома и да се грижи за децата . Како мајки да се поддржуваме едни со други ние си сипаме сол на рана.
@gjoker4e како што кажа @MacenceEna тоа значи баланс помеѓу фамилија и работа. Но тоа не значи автоматски дека ќе се добие или дека фирмата во која работиме ја практикува оваа политика. Би му дошло како некоја еутопична идеална средина, но не значи дека автоматски ни следува. Во однос на случката, па да, организациски и проблем на менаџерот е. Доколку некој има еден договор за работа и наеднаш сакаат да му ги сменат условите за работа, не е нејзин проблем. Искрено ниту јас не би се жртвувала себе или своето време за никој кој не ми е фамилија или многу близок. Никој нема фала да ти рече(а и не дека некој аир од фала).
Кај мм на работа има една женичка , она работи само навечер. Од 22 часот до сабајле 6 некаде. Плус сама е во фирма. Со работи никој не и смета Е јас таква работа сакам . Децата школо градинка , имам време да спијам сабајле до 13 часот некаде. Ама и тоа не е живот . Ќе се поремети организмот со такво темпо ..
Да да тоа никако трета смена. Посебно не секој ден. Па и еднаш неделно да е пак би се пореметил човек, посебно мајка. Кога се мора да ама секако еден ден ќе дојде ден да не се мора. Мене ми се посреќи од 6 до 10 да работам ама јас сум сама во тој дел, немам колеги кои би се лутеле. Ново прашање сега. Аусбилдунг е само прва смена? Или и тој на Аусбилдунг работи и втора?
@gjoker4e зависи каков Ausbildung правиш. Има некој и со скратено време . Не сум многу запознаена со оваа тема . Пред неколку година шефицата на мм ми понуди ( за време на прослава) да работам и учам кај нив на пола работно време . Ама незнам ништо не бидна од тоа . Инаку дали и вие сте како мене . Јас цело време сум како збркана , неможам мирно да седам . Само се вртам наваму натаму . Една работа ќе почнам , па друга. Не е чудно што навечер во 9 легнувам мртва уморна . Едно дете заспивам во меѓу време другите доаѓаат . Со нив натаму наваму . Неможам да седнам мирно. Цела енергија ја трошам некако безвезе . Неможам да се фокусирам на една работа .
Јас медитирам веќе две недели ама сеуште не секој ден. Немам гајле сега. Значи седни и остави светот нека се сруши гајле нека ти е. Нит брзам нит трчам, вчера хаос оставив цел стан, денес средив. Едно по едно. На работа исто. Си праам една платена пауза. Само да продолжам вака се молам, да не се вратам старата јас. Мене срцето требаше да почне да ме боли за да се освестам. Инаку цело време бев како да ме брка некој.
Ете тоа е. Како да ме брка некој. Се додека не ме стрефи нешто ќе се свестам тогаш. Јас сакам секогаш дома да е средено . И секој ден иста песна. Јас секое попладне сум зафатена со средување . Живееме во голема куќа . Секој има своја соба плус игрална(соба за шиење) и додека средам пак е растурено. Затоа и баталувам и шиење, проекти започнати па оставени . Нови почнувам ..и така до бескрај . Почнав со планери , да планирам се .. ништо од тоа . Значи немам фокус во денот . Треба да намалам со ова темпо дефинитивно
Јас една година работев мини џоб од 6 до 8 па фолцајт од 8 до 16 па во 16 земав двегодишно дете од градинка што заспиваше после 22 некогаш и во 1 вечер. Данокот кога тогаш мора да се плати. Можеш истото да го правиш скроз ама поинаку. Како не знам. Ама така викаат. Мене чистење ми е на последно место. За собите може треба веќе децата да се одговорни. Одма имаш две соби минус. Јас моментално дремам во шпилплац. Порано би стремела и би мислела дека треба во маркет, треба вечера, треба дете од градинка да земам. Сега дремам и стварно само дремам.
Од градинка ќе ги носат само забавачињата во друг град 38 минути со воз? Мислам само што прочитав одговорот ми е НЕ дека нема да оди ама да не имате некоја причина поради која би требало да се премислам? Знам заедно сите деца ова она ама што не одат во соседниот град што е 8 минути со воз?
Џоки ма.Мојата лани беше на Китафарт 4 дена 1ч од дома одалечена во др град.Знаеш ли колку убаво си помина што пак дакаше да оди.Не му скратувај на детето дружба, ние сме родители не другари. Мојата моментално е надвор со другарка сама зарем треба да трчам цело време по неа? ЕДИТ:Сите што строго се држени прават глупости зарем немаш од друштво такви другарки?
Прво што направив одкако се породив беше сите доктори да ги поминам. Цела за ремонт а не иде време за мене. Е си го зедов и најдов. Сакала нејќела со четири деца сме под строг распоред за да можеме да функционираме. Сабајле спремам три кутии со јадење( значи барем два пати неделно пазарување свежо овошје/зеленчук). Ели ја зема малтезарот Оти е во специјално училиште, после спремам двете за во градинка, па термини( доктори, лого, физио, пазарување, мајстори) се што треба да де прави да биде во овој дел од денот. Додека тропнам дошло 12.00, Ели си иде. Јадеме, домашно, час два одмор ( перење, пеглање, раскревање) па земам двете од градинка. Измеѓу секако бебе и ранење, пресоблекување, круг околу куќа. Негативно многу голема куќа за чистење, многу алишта за перење и многу народ за готвење. Позитивно трите се веќе опркнати, самостојни, бебуш најмирен до сега од сите четири… па полесно ми е одколку кога имав само едно дете. Се е во рутина.