Па се дружат децата, се договараат те кај едно те кај друго. Со едната мајка (на Лиа) се знаевме од порано . Со другите се запознавме преку децата . Хемијата беше тука , децата уште се гледаат . Со две мајки од на синко пријателите се дружам . Со најмалото ќе видиме како ќе биде . Децата ќе си најдат секако нови другарчиња. Од градинка , школо , од некој спорт . Од маало .
Да и дома некогаш доаѓа најдоброто другарче и некогаш мојот оди таму, а на игралиште веќе и сами се договараат па се случува мајката да ми пише да ми откаже дека имаат термин, а јас не ни знам дека требало на игралиште да одиме. Отприлика околу 4 години беше кога почнаа така да се дружат и надвор од градинка.
Имаше уште еден инцидент, далеку пострашен за мене, кој се обидоа под нормално да го окарактеризираат, па за малку до судови ќе допревме. Се заканивме со адвокати, па разговори, преструктурирања… Сменија целосно персонал на градинката, од стариот остана само една, која ја презеде раководната функција, сите заминаа во нова филијала заедно со се старата директорка. Новите додека де уходаа имаше милион пропусти. Далеку од тоа дека и тука е супер, има и неубави искуства, кој како ќе го фати.
Секогаш може да се случи нешто што не е е во ред, и секаде.Бог само да не чува . Работава е што овде во земјата на законите очекуваш подобри услови и затоа си дошол, но стојам на тоа дека далеку се од одлични ,многу голем дел од нив одбивни со таа нивна вештачка љубезност, огромен грб имаат позади нив и си се штитат.Сметам дека ништо повеќе процентуално не работат повеќе од македоснките воспитувачи и тоа со упола помал број на деца.
Имаат подобри услови, број на вработени во однос на број на деца, добра програма со баланс помеѓу активности во двор/природа и активности во просториите итн. Но на крајот на денот најпресуден е човечкиот фактор и искуството професионалноста на воспитачките. Инаку да, проблемите и те кои гледаат во четири ѕида да ги решат и да не испадне ништо нанадвор за да не се руши “репутација”.
Ти може имаш навистина лошо искуство, ама јас не би рекла дека е така. Пропусти има насекаде, ама децата се секој ден изнесени надвор, прошетани, ги учат на самостојност, имаат добра програма, денот им е смислен и се е достапно за нас родителите, дури и да кажам во рандом ден дека ете детето ми е чудно и сакам цел ден да го поминам со него таму, нема да има никаков проблем и имам право на тоа како родител. Мислам дека нема споредба со Мк навистина, како што читам тука, родителите и воопшто немаат пристап во градинките, може грешам за ова. Ми кажува пријателка од Мк дека детето и кажува дека "тета фон" им дава да гледаат цртани и да бидат мирни. А ако се побуниш, одма ќе ти го одделат детето или ќе ти викаат "за тие пари што сакаш". Тука јас никогаш не сум помислила дали да преќутам, ако нешто не чини и дека на тој начин детето ќе ми биде одделено. Навистина, они може пробуваат да прикријат некои работи, ама секогаш сум сослушана ако нешто не ми чини и излезено ми е во пресрет. Може сум имала среќа и може навистина не е насекаде така, не знам.
Последно, на детенце со дијагноза, лекот кој треба ректално да се даде при напад му го дале во уста. Нормално наместо да се стабилизира дојде до животозагрозувачка состојба и со денови во болница. Среќа брзата помош одма дојде. На опаковката стои дека е за ректална употреба. Човечки фактор, 10 да знаат да го дадат лекот, една да не знае, доволно е за беља. И уште не знаат која воспитачка го дала по грешка. Сега на ново прават сите прва помош курс.
Koga pocnaa vasite deca da imaat cvrsta stolica?? Vo smisla da ne e tecno tuku slicno ko nasata stolica? Poshto nonstop mi se javuvaat od gradinka deka proliv ima...3 godini ima deteto moe
Тотално се сложувам. Значи децата во овдешните градинки се стално надвор во природа. Во Македонија, градинките немаат асален двор . Плус поголем број на деца се па две учителки немаат време да облечат адекватно на времето толку деца .. децата ретко се вадат надвор. Незнам дали се има преголеми очекувања од оваа земја , па после следат разочарувања . Никаде не е идеално . Ама факт е дека е земја каде реално повеќе работи функционираат него ли во Македонија. @Mantisa епа од мали бебиња имаат тврда столица . Зависи и од исхрана .
Нас штотуку ни дојде известување дека школото на Ели добило кундигунг и од Септември нема да може да се одржува таму настава. Како ќе успеат за 3.5 месеци да најдат зграда, да ја опремат, за ново школо, е голем прашалник . Се надевам нема да ги делат класовите и неколку деца во едно село неколку во друго, во постоечките филијали на училиштето
Јас и да видам дека во Мк им пуштаат цртани нема да можам да поверувам. Тука се повеќе надвор и во природа, храната е убава, не е млеко и бисквити за појадок. Во глобала би требало да се подобри условите тука, а случки има и ќе има секаде и секогаш. Кај малите се минимум четири жени на 10 деца, а најчесто пет жени на пет деца дека секако пола деца болни се најчесто. И многу им е полесна работата на воспитувачките овде па со тоа и тие се подобри. Ако ти дадат одеднаш сама 20 деца нормално дека ќе полудиш. Значи што вика психологот што кружи на инстаграм- системот не чини, а не градинките и воспитувачките. Овде од тие пет на смена една да не е ок одма ќе се бунат другите четири. @Mantisa од бебе. Консултирај се со педијатар. @danichap Јас затоа никогаш не би работела во градинка или во болница дека знам дека грешам. Дома по сто пати го гледам сирупот дали е тој. Маж ми за да даде сируп мора прво мене да ми се јави за да се осигурам дека има точен сируп, точна доза, точно време. Јас на моиве едвај им давам лек, на друго дете нема шанси, значи ништо поврзано со здравјето на човек не би работела, па дури ни во аптека. Ниту јадење да правам во ресторан, ништо.
Неколку пати напоменав дека не пишувам овде за да солам памет, а најмалку да влезам со некоја од вас во конфликт .И да дојди до таква ситуација не сакам да влегувам во кавга и би се полекла во скеој случај.Како некои што имаат пријатни искуства така има и такви кои имаат не -толку пријатни искуства.Баш е добро што ви е убаво , и така нека остане ској човек залужува убави работи .НИКАДЕ НЕ НАПОМЕНАВ ДЕКА НЕ Е УБАВО тоа што ги вадат надовр што имаат услови итн.А пак дел од вас се свесни дека на секакви буквално на секави услови ги вадат надвор .Од тоа голем број деца биле болни потоа.Јас сакам кога ги вадат надовр еве лично и кога е врмето лошо и тогаш е подобро малце на воздух откако цело врмее в училна и така од болестите нема да се раатиса чоек. Тоа што е реалност понекад нема бегање, а ниту молк. Еве конкретно вчера имаше еден голем пропуст кој ме направи таму да се расплачам на сред обејкт , не би за тоа сега пишувала , беше доста болна тема за мене и доста не пријатно искуство.Секој кога е за свое дете ако нешто не е во ред ни држава ни систем ни природни убави ќе гледа , ами ќе си гледа да му е арно на своето дете па и на себе си . Треба малце повеќе да ценат каква работа имаат , каква плата , какви услови и да се вложуваат повеќе затоа што с о деца работат.Дворот , игралните , справите ,опременоста не ја прават целината на институцијата , ами има многу повеќе од тоа.
Никој не се караше. Смирено само. И јас скоро не заплакав кога по трет ми се јавија да земам здраво дете од градинка. Ама и тие не се криви, следат правила. Кај нас само една со вештачка љубезност имам приметено и тоа од прв ден видов дека е дволична, постара жена во септември почна да работи. Сакав да кажам дека тука се треба дипломатски. Никако не смееме да се караме или замериме со никој. Гледам сите така прават строго дипломатски. Ако ти згрешат нешто, ги опоменуваш културно, па одиш кај одговорен на градинка, пишуваш писмо до врвот на градинката итн Те сфаќаме и тебе Ме сфаќате и мене И кажавме веќе еднаш, не е Германија совршена, совршенство не постои. И треба да пазиме каква енергија шириме, јас со тироидната бев многу негативна и се од лошо полошо ми се случуваше. Сега кога тироидната е ок не ми се случуваат веќе лоши работи. И не беше Германија крива, туку тироидната, односно јас што ја уништив тироидната дека се собирав во себе и сите не изречени зборови во грлото ми стоеја. До кај стигнав со муабетов. Беруф унд фамилие значи е како законите во Мк што се само на хартија. Ете имало и тука нешто што само на хартија е, а во реалноста не постои.
Вчера морав да одам до работа имав купено нешто го заборавив во саботата . А бев во средата за друго до таму и пак заборавив. Вчера го сретнав колегата од саботата , вика виде како е нервозна одговорната ? Викам не ме интересира. Влегувам она скисната цела , а ден претходно дискутиравме .. и пак така нервозна . У себе со мислам ..па предлогот да сменам филијала може и да го прифатам. Може дека не знае да раководи со тим и уредно да работи е така . Плус имаат големи очекувања. Незнам Инаку @gjoker4e ела да се гушнеме ние со проблемите со тироидната. Да негативноста привлекува негативност е факт . Само оди смени mindset . Треба работа сам со себе . Пред години ми даваа упат за психолог, се лутев . Глупава една си мислам сега . Ќе решев некои работи во глава
@gjoker4e те гушкам и јас имам проблем со тиер. гледам и @MacenceEna се јави, нека ни е добро, подобро на сите и да се чуваме. А да дека негативноста негативно привлекува и те како. Туку дајте некој предлог за тел не сакам скап телефон. Значи нешто поскромно. Препорака имсте ли?
Ме изнасмеа . Од кај до кај стаса муабетот еве седам надвор и ја гледам тревата како пораснала и ме нервира. Да ме научеше мм како да ја стартирам косилкава до сега ќе беше на нула тревата . Од другата страна знам дека има и гуштери. И змија еднаш искочи . Ама таму не се коси убаво, тоа дивите свињи направија масакар. Го ископаа цел двор . И јас до моево мењавање на тема. Инаку да германците се дистанцирани . Секој си гледа свој двор . Имав една негативна случка со комшика , мајка на дете кое учи со мое . Плус се дружеа со ќерка ми.. И од тогаш само општ муабет . И толку
Јас немам искуство со телефони . Од време на време кога ќе рикне телефонот добивам нов . Сега не ни знам што марка е. Не беше скап знам . Гледам да има добра камера тоа е предуслов за добар телефон. Не ми е на сметка , имам картица со полнење . Но тие пари не ги трошам . Интернет на тел немам . Економична сум од тој поглед