Да дворот е преубав ( кога е искосен) на ова време е предност , во било кое време си надвор . Децата безгрижно си играат . Имаат и лулашки со лизгалка . Ама е работа огромна . Средување трева , дрва . Тек црешата кога ќе созрее ќе има цреши за извоз. Јаболката некаде покасно .
Кај нас не е многу голем дворот ама едвај чекам да го досредиме. Барем уште една недела не смееме да газиме на тревата, после ќе ставам некоја куќичка со лизгалка, лулашка. Поради законите за градење мора да има оддалеченост од комшијата, па спрема еден штракнат комшија имаме 3.5м широка и 15 м долга патека, па таму ќе може ролери, точаци да возат. Во еден ќош море и трамболина ќе пикнам и само неколку метри зеленило ќе останат. Ама важно се за децата да ми е на дофат и нив да им е погодено. Еднаш градевме и никад више, доволно стрес за цел живот
Јас многу сакав да децата да имаат кај да играат во двор . Покрај куќичката с лулашка и лизгалка имавме и голема трамполина. Се додека пред година кпол не дувна еден силен ветар и ја однесе на кров од кола кај комшијата. Е тогаш немавме веќе добресоседски однос . Пробавме се да осигурување плати штета ама од таму викаат тоа е невреме со голема јачина и тука неможат да направат ништо. И овој неарен се запна да платиме . Се спогодивме да го платите неговиот дел кој мора да го плати неговото осигурување и толку . Па почна да се ценка за повеќе . Мм пресече или ќе ги земеш овое пари или ништо . Бог да чува . Од друга страна друг комшија се бунел за куќарка која не била доволно оддалечена од неговата ограда . Па мораше да се премести Абе бог да чува . Така да ,@danichap кога ќе имате трамполина, обавезно да ја зацврстите за земја да не ви се случи вакво и на вас
@danichap сосем те разбирам за куќата, ние тазе праевме 2018 се вселивме, комплетно ново се, посебмо, свое, заработено со свои пари. Патот е трнлув но барем знаеш твое е и то е куќа вреди. Можи и една од причините за мојста одбивност кон де е и тоа. Таман се средивме дојдовме тука за као подобро,и плаќаме ужасно многу пари за стан кој ми е многу грд, мал, без двор... Делиш со куп луѓе, а знаеме какви се луѓе има. Но ајде со годспод напред па моѓе нешто ќе се промени.
Ние сме нон стоп по судови, со адвокати поради штракнат комшија. Уште додека градевме икс пати контроли ни идеа поради негови жалби, ги вреѓаше работниците, нас не слика и следи, секаде се жали дека грешно сме граделе… Последно на суд му дадоа забрана ако пак ни влезе во двор до 6 месеци затвор. Имаме огромен висок ѕид накај него бетонирано, за да немаме контакт, сега стои на улица со дигитален апарат и од таму слика деца и нивните соби. Икс пати иде полиција. Смее да не следи, смее да не слика, смее од улица да демне децата под детските соби…Полицијата вика може. Полицијата не ја ни пушта во двор, не им отвара врата. Минатата недела покажа среден прст на еден од работниците кој го правеа дворот, па и за тоа по судеви. Така да ќе мора по пропис да правиме Оти одма на орднунгс амт ќе се јави тој. Најголема казна ќе му биде децава цело лето да викаат цркаат бо двор и да ги слуша цел ден Да частам, стаса новата кола. Летово ќе се ужива во полн здив
Честитки за убаво да ве служи, нека ви се множат прилите, богами за сите маки ивде што ги кркаме заслуженооооо.
Многу е битно да се погодат комшии . Вакви неарни ко твојот @danichap среќа немаме ние. Можам да замислам како ќе му биде кога ќе ги слуша децата надвор . Какви неарни луѓе има еј. Да слика деца, нивни соби , да ве следи .. болесник.
Aј што е штракнат, ама и полицијата ништо не му може. Смее да те следи, се додек не те запре и нешто да ти направи. Смее да слика, Макар и деца, се додека не ги објавува сликите(а од каде да знаеш за што му се сликите), смее и на улица да стои карши куќа и да демни… се му се може, и знае.
И тоа не држи вода, што фактор полицијата отписле ако недај госпид напрај нешто. Не бе не ги можам . Нека биде се добро за сите. Од срце го муслам тоа иако не се познаваме лично.
За него треба само некој штракнат со умот ист ко него , па да си прават закачки. Некои кој нема да го толерира неговото однесување . А јас па се нервирам кога комшијата од прозор не посматра . Прозорот му гледа директно кај нас у куќа . Ама тоа не било ништо .
Он тоа чека, па да те тужи и илјадници оштета да бара. Сме му ја гребнале оградата стара 60г бара пари, па идеше вештак, да процени штета дали стварно имало
@MacenceEna @danichap Немате ролетни и/или завеси. Нас од едната страна нема кој да не гледа ама од другата е главна улица и од таа спуштам ролетни. И Дани како отишол во полиција без докази па и плус да дојде некој да проверува? Вака изгледа како врски да има во полиција или таму некаде. Не може за него за се да иде и да му поверуваат, а за вас да не реагира полицијата. Мислам да е Мк не ми е ич чудно, знам дека врски се во прашање ама значи и тука комшијата ваш со врски е штом дошол некој вез докази да ја провери оградата. Тој голиот комшија поинтересен беше.
@gjoker4e се јавил на Ordnungsamt пријавил нешто , пр. Работници како работат , неправилности (во негова глава) и ќе дојдат . Тие и така немаат што да прават . И ќе бараат влакно во јајце . Имаме ролетни , може и јас претерувам и се замарам . Неговиот прозор директно у нас гледа а овој стално отворен прозор , дреме
Ролетните се спуштаат само навечер, кога се пали ламба. Во темно инаку треба да се седи. Доле имаме пердиња, горе имаме ролос. На старт не беа ставени ролото, сега има и не се гледа, но сепак не е нормално некој да те демне и да дреме со камерата во рака преку улица. Во дворот кога седиме или работиме одма почнува слика. Нема врска проценителот со полицијата. Те тужи преку суд дека си му направил штета, нашиот адвокат одговори дека нема штета, он не прифаќа тоа. Зато судот праќа вештак, како неутрално лице, да види и процени. Кој ќе изгуби ќе ги сноси трошковите.
Орднунгсамт и бауамт другари ни се веќе. Сто пати имаат дојдено. СТО. Пријавува секакви глупости и мора да дојдат да проверат. И никогаш немало неправилности и тоа повеќе го иритира и продолжува и продолжува. Последно е сега со уредувањето на градината, после веќе ќе нема изговори да пријавува.
@danichap колку треба некој да нема живот за да го прави сево ова... Дај купи му за примирување некоја конзола за видео игри да ви се мавне од глава
Те читам со овој будалава комшија. Добро не може полицијава да го спречат да манијачи и да сликува. Да го испрати во некоја институција на лечење?! Па нека сликува таму. Леле значи нозете да му ги искршиш. Колку години има вампиров?
Последниот пат кога дојдоа рекоа дека е во сивата зона, не може многу да направат. Смее да те следи, демек си вози позади тебе. Ако сликал не смеат да му побараат камерата да бришат слики а без да ги објави не одговара кривично, демнењето е на улица, нема забрана таму да стои. Еднаш туживме Оти ни влезе во двор, добивме, не смее веќе, во спротивно ќе оди во затвор или дебела казна. Ама прв комшија е и е неизводливо некаква забрана од 50м на пример. За се останато пак на ново треба да тужиме. Џабе е псигурувањето за адвокати кое го имаме, ни рекоа околу 10 000 евра треба да доплатиме за цел случај да се поведе. Резултатот би бил повторно опомена или казна при нареден сличен случај. Околу 70г е, уште долго ќе живее
@danichap и јас баш се прашував да не е некој стар . Ама чим 70 годишен ако е некој држечи има да замара долго . Освен ако не го стрефи нешто
Друга работа што ми текна за (не)одењето со воз е што ќе и тежи ранецот со појадок, ручек и вода до 14:00. Не знам дали претерувам? Во наредните месеци ќе ги носат во полиција, во библиотека и во пожарна. Тоа ок ми е онака кажувам само. Ама возов, за него до 10ти мај треба да кажам дали ќе оди или не.