Hebamme Muterschaftgeld Elternzeit Beschäftigungsverbot Здраво, јас сум бремена, па ме интересираат тие поими, каде се пријавува,што се праи, мојот дог. за раб е до април 2024. Треба да пријавам во Agentur für Arbeit? А какво е тоа Rente од чување на детето дома, што секој го следувало отприлика 2-3год. стаж? Фала, ми требаат инфо. и плус нешто што ќе ви текне вам.. Аа, кога се пријавува дете в градинkа, што е тоа Tagesmutter? Кого да прашам за возење на новороденче в Smart for two? Дали смеам и ако да како да е свртено седиштето, до колку месеца итн.?
Preteruvash. Ama, ti si majka, ako tvojot vnatreshen glas ti veli Ne, togash Ne. Mislam ako vekje znaesh deka tvojot vnatreshen glas e vo pravo. Jas za mojot sum 90% sigurna.
Бабица. Ти помага во бременоста, за време на пораѓај и после пораѓај со бебето. Убаво е да имаш ако ти е прво. Многу е тешко да се најде бабица. Пиши одма на Гугл хебаме и твоето место на живеење и почни да се јавуваш на една по една. Многу малку има и зафатени се, но можеби ќе ти се посреќи. Јас немав бабица, немаше слободна. Платата месецот пред и после пораѓај. Ќе ти каже работодавецот што и како. Времето после пораѓај. И за тоа ќе ти стигне писмо од работа и треба да напишеш колку ќе седиш дома, една или две, некаде и три години може. Забрана за работа кога си бремена ако работиш на место што не е за бремени жени или ризична бременост. Треба ако ти дадат отказ после елтернцајт. Ќе ти стигне дома писмо. Јас сеуште го немам потполнето, а две години поминаа. Ќе го потполниш и пратиш. Тоа е колку време ќе седиш дома толку ќе добиеш пензиско осигурување платено. Во некои уште бремена, во некои после пораѓај. Треба да прашаш во градинката. И што побрзо да го пријавиш. Тагесмутер е жена што чува пет деца дома, не ти препорачувам, подобро е градинка. Не знам, ќе видам на Гугл. Ќе прочитам и тоа. Накратко одговорив ама ако те интересира уште слободно прашај.
Претеруваш За неколку месеци ќе биде прваче и ќе треба да носи ранец полн книги, флаша вода и кутијата со појадок. Воопшто не е тешко една кутија и флаша вода. Баш ќе дојде како првите чекори кон независност пред прво одд.
Даааа. 1.Школскиот рабрц празен е 900гр плус спорт захе мин 3кг и плус книга некоја и брот дозе минимум 5кг .Мора да го носи 2 дена. 2. Тоа што ќе ја разделиш од другарка. 3.Не паѓаат сите феца во шини . 4. Премногу заштитување му прави лошо на детето. 5.Возење со воз е доживљај за нив. Имам уште ама ме мрзи да куцам. Вчера на раб еден кол. се жалеше колку 13 год неговата ќерка била депресивна и колку булинг имало преку социјалните мрежи.Коментарите од соучениците како била дебела , па како сокласничките имале секс на 13 год итн.Сето ова ме преплаши толку многу за иднината. Колешките се согласија дека треба да им ги укинат социјалните мрежи ,Whatsapp,Тик Ток за деца.Што мислите вие?
Они по дефиниција не се за деца. Ама ако има петиција за забранување на ниво на ЕУ, кажете кај е, прва ќе ја потпишам. Оти ништо не правам јас што не давам смартфон, ако 20 од 25 деца имаат пристап до истите.
Алармантно е однесувањето на децата и што се учат или читаат на интернет.Девојчето исто е исплашено да оди во школо од тоа што чула за повредените деца во Берлин.Некој лудак со нож избоде 2 девојчиња 7и 8 год во школо. Еве цел ден мислам што да преземеме не само да седиме ,па мислам да дојдам во контакт со Manfred Spietzer еден невролог и автор кој предупредува за штетноста од смартфоните. Ама прашањето е што кога ќе им ги земеме телефоните ќе добиеме река од зависници кои ќе станат агресивни. Се си мислам ќе имаме уништени генерации полни со психички проблеми. Во разговор со психолог минатата недела ми потврди како многу родители кои доаѓале кај неа имале ист заклучок како мојот после контакт со екрани децата се поагресивни. Барам решение Биљарка
Агресивни зависници без смартфони, абе ајде. Да, се создава зависност и да, се поагресивни, пораздразливи, фокус да задржи внимание нула. Ама без организирано општествено решение, индивидуално решение нема. Ко што реков, јас ништо не постигнувам со забрана на нешто до кое 80 посто имаат пристап. Да, ќе имам пофокусирано и помалку оштетено дете, ама ќе расте со такви оштетени. И ако не е дебела, ќе биде чудна. И со тоа немам проблем, и јас сум чудна, ама пак имам потенцијална жртва од дете, од некои испуштени од раце. Психичките проблеми веќе се тука, не е дека допрва ќе ги имаме. Барам решение и јас. Освен утопии, друго не сум смислила. Ајде, да го постирам пак по повеќе теми https://www.childhood2movie.com/
@gjoker4e и јас мислам дека е малку претерано. Па како што рекоа во школо ќе носи исто ранец , со јадење пиење , книги . Плус и опрема за физичко . Ќе мора да се навикне . За употреба на смартфони , ќерка ми има телефон од 4 то одд. Има пола саат пристап на телефонот после и престанува време и неможе ништо да прави со него . Ние родителите мораме да контролираме што и како се прави со нив. Јас прегледувам и чатови. Со кој што пишува. .и самата знае и нема што да ми скрие. Инстаграм и тик ток нема а и нема да има во блиска иднина. Не ги разбирам родителите што на своите деца им отвараат Инстаграм (ги имам во фамилија)не зборам на памет. Од која причина ? Неможам да си објаснам . Знаеме што и каква содржина на Инстаграм има или на тик ток. Употреба на електронски апарати, телефони , Нинтендо, Пс4 или слично треба да се контролира колку се користи .
Јас само за смартот ќе ти одговорам, Џоќерче одговорила се друго. Смееш, ама мора Airbag - от да биде исклучен. Додека е во транспортер, го возиш обратно од правец на возење, после тоа со нормално седиште, свртено напред, освен ако немаш изофикс на седиштето, па од старт да земеш седиште што ротира. Моево некаде до годинка го возев во транспортер, обратно значи, после тоа земав седиште што не ротира, пошто немам изофикс (не знам ни дали воопшто некои модели имаат) и свртен е напред.
многу ти фала, а дали ако сум потполнила формулар дека ќе седам дома 18 месеца , тргне порано детето в градинка,автоматски се преќинуваат тие 18м. ?
фала на одг. а со што се изнесува бебето од болница? мора некакво јајце? и каде наоѓавте трудничка облека ?
Треба да го прашам сопруг . Од негов телефон прави проверки. бебето се изнесува со транспортер . Труднички облека во H&M купував .
Брат ми чекаат овој месец бебе . Снаата земала од дома ваква корпа зс изнесување. Му монтирав во кола изо фиксот и транспортер од малото . Да го носат возат во такво. Овде не смееш да возиш бебе во вакви корпи. Позади да седи мајката (бабата ) во наш случај.
И не е некаква мода и не е неудобно за бебето . Да ,не смее повеќе саати да лежи во него . Ама најсигурно е за пренесување со кола . Земав да испрскам спреј еден мал регал за соба на синко. Ај што си прснав во око , ја офарбав и тревата (ќе се коси и така ) него се околу е зелено сега од тој спрејот. Аматер , земав со голи раце да правам . Сега не се мие тоа . Да идам си легнам да го завршам денот ?
Family link имам јас. Буквално контролираш се. И апликации можеш да ограничиш и/или блокираш. Можеш да гледаш каде се во моментот и што најмногу користат. Значи буквално се има апликацијава. Ограничуваш колку време смеат да се на телефон. Кога ќе истече времето телефоните се блокираат. Има само нотруф и да се јават кај родител и можеш да им вртиш. Може да се одблокираат само преку телефонот од родителот, со код или пасворд. Ова, пошо деца нели, а ние одамна сме ја изгубиле контролата изгледа, за нас нема апп. Мораме самите да се контролираме и плус и плус и децата да ги научиме на контрола. Моите имаат по еден саат дневно малата, 2 саати поголемата. Син ми ич. Обично ги распоредуваат во текот на денот. Тикток, инста, фб и останати им ги имам целосно блокирано. Темава со нив ја имам разговарано мал милион пати и пак слушам од време на време, рецимо, зошто не смеам инста да имам. Тоа е. Деца се да прашуваат, наше е да им објаснуваме.
Ја заборавив @gjoker4e. Пушти ја малата да иде, ќе си помине супер. Не ти се добри изговорите, некако премногу заштитнички делуваш, што не е баш добро.
На мм му стигнала СМС порака дека неговиот пакет е во цоламт и дека треба да плати 2,99евра.Нема ништо порачувано има ли некои фејк СМС што кружат?