Значи кога дете плаче треба да го смират и крај. Ја извадил да се смири ок, ама што не останал со неа, што не ја изнесол во двор. А не да го изолираат детето. Тоа само контра ефект дава. И каква погрешна слика, сега и на очи ли слепа ќе те прават. Пристапот воопшто не бил добар и типот е очигледно свесен за тоа, па сега се правда. Епа касно му е. Страшно значи! Па уште и јазик на комуникација да бираш, шо не му рече грчки. Англиски 2 збора нормални не знаат да сврзат. Иди разговарај со одговорната таму и погрижи се да не се повтори. Мислам, дај им до знаење дека не смее да се повтори. Кажи им што предизвика кај детето оваа ситуација, а исто и кај тебе како родител. Боже господе, ако толку не можат да се справат, секогаш постои опција да ти се јават. Ама во таква ситуација ич не би чекале да ти се јават верувај. Не мисли сега како било претходно. Искрено чисто се сомневам и дека би кажале после толку правдање. Само да имаш мир кога ќе ја носиш, да имаш доверба во воспитувачките, општо во градинката. Затоа ти треба разговор со одговорната.
@Yowannty одма, ама одма да разговарате со одговорната на градинката! Ептен се вознемирив кога прочитав!!! Кај нас уште од лани, Н ја одвикнав од пелени и нормално додека да се научи со тоалет да се брише требаше период. И преку ден кога беше во градинка и кога мочела гаките извалкани, и кога какала гаките лом извалени со кака, и додека да си дојде дома газенцето и беше црвено и со рани, џабе мачкав маст кога секој ден исто беше, мм им кажа за ситуацијата и не се повтори повеќе. Сакав да прашам, не можат да го најдат зимскиот комплет во градинка, им покажав слика како изгледа, рекоа ќе се потрудат да го најдат, ама од тогаш поминаа 2 недели сигурно, и сега!? А нов и беше оваа година купен
@Yowannty ужас, воопшто не претеруваш. Искрено би ги испердашила да не знаат накаде да фатат попрво. Има воспитувачи што стварно си замислуваат дека се којзнае што, со долгогодишно искуство и многу се повредуваат доколку родител има некоја замерка. Многу е деликатно како да се изреагира во ваква ситуација, барем од мој аспект, дека сепак дете им оставаш во раце цел ден, а и те како си ставаат при срце доколку родител изреагира за било што. Ама ова не би го оставила така. Имаше и кај нас ситуација, нешто се заинатил син ми и не сакал да се врати од тоалет во училница па го оставиле во ходник да седи на подот така некое време, бидејќи бил тврдоглав. Исто и на почетокот имаше едни тесни кондурчиња јас едвај му ги облекував, одам да го земам го наоѓам на под бос. Па уште и се потсмеваат, како цел саат седел на земја и не знаел сам да се обуе! И поради вакви и слични ситуации, и бидејќи јас ниедна не ја оставив така да помине, одлучив да појде во нова градинка.
За Kindergeld се чека неколку недели или се додека не ги пратите сите документи комплетно. Kinderzuschlag би требало да ви следува поради малите примања, тоа е додаток до максимум 250 евра по дете во зависност од вашата ситуација. Ако сте во Баварија за 2-годишното дете ќе добивате Familiengeld (250евра секој месец се додека не наполни три години). Можете и за Wohngeld да поднесете. Тоа е финансиска помош за плаќање на киријата и трошоци поврзани со неа.
Мајки дали знаете која е цената на казна за неправилно паркирање? Еве денес и мене ми се случи, како и секој ден веке една година одам во тоа училиште и немаше паркинг каде да се паркирам, видов една кола излезе и набрзина јас се паркирав на тоа место без да забележам на знакот дека не смеам да се паркирам таму бидејќи излезе кола од таму не ни помислив. Кога излегов ор училиштето имав црвен лист каде пишува дека не правилно сум паркирана и дека овие дена ке ме известат што ме следува за овој прекршок. Но сепак би сакала да знам да бидам подготвена
Да ми препорачате некој шампон што можам да го купам во Германија против првут? Користев Фитовал порано во Мк и баш имаше ефект, ама веќе не се произведува...
Во која продавница има убава облека за женско бебе? За моите купувам од различни места, ама сега ми треба поголема количина наеднаш, па сакам од едно место да купам се'. За првпат нарачав вчера од апликацијата Трендиол, дали се оригинал од брендовите што ги има.. Де Факто, Котон итн. или се турски копии? Ако има некој нарачувано да ми каже.
Јас баш пред некој ден го земав Алпецин и шампонот и тоникот од Росман. И за мене и за маж ми оти двајцата имаме перут. Фален е доста па ќе видиме дали ќе има ефект.
Девојки, апдејт за ситуацијата од минатата недела, денеска во 13 бевме на состанок со одговорната. Зборевме, се објаснивме иначе мислам дека малку не потценија, ама кога спомнав дека знам како и поинаку да реагирам, односно дека има и правни начини ама не сакаме така затоа сме тука ако може да се среди со разговор, одма поинаков тек доби разговорот. Разговарав и со втората учителка која минатата недела не беше на работа дека беше болна да и објаснам како стојат работите и дека за нас е неприфатливо детето да е оставано само во темна соба оти плаче. Со неа имам многу коректна комуникација и од претходно, се труди навистина не можам да се пожалам иако и таа е нова само 3-4 месеци. Најинтересниот дел беше, кога завршивме со разговор со одговорната излагаме и учителот не чека на врата да не известел за ќерка ми дека плачела денеска пак и што правеле за да ја смират. Нејзината канцеларија беше на 3ти, а училницата е на прв спрат. Не знам колку долго стоел зад врата и слушал што сме збореле. Просто не ми се верува дека не чекаше горе кога слободно можеше да ни каже долу и онака ќе ја земавме тоа време. Не знам ни како воопшто знаеше дека ќе бидеме таму. Стварно се надевам дека нема да се повтори таа ситуација, иначе ќе се оди и следен чекор ако е потребно. И така..
@Yowannty се надевам дека нема да се повтори ситуацијата. Ние имаме неубаво искуство во делот со признавање на некаква вина или снесување на одговорност околу пропусти(се обидуваат да го окарактеризираат како нормално) но сме добиле извинување и дефинитивно имало промени после разговорите.
Џабе. Ја мислам дека не можам да сум раат. Мислам ич немам мир. Не знам како да имам. Не можам да знам дали нешто ќе се промени и тоа ме јаде по малку. Иначе токму тоа што го кажа. Минатата недела сакаше да го окарактеризира ко нормално. Пошто ај што се случи еднаш, два дена подоцна кога ја земаше маж ми таа пак таму. И тој го пречекува маж ми и најнормално му вика дека самата си барала. Прво не можам да верувам оти се плаши од темнина и еве вечерва сама не отиде до другата соба да го земе базенчето што и го купивме, не пукна дур отидовме, второ, за сама да побара значи тој редовно и правел така и таа сега си мисли дека така треба, дека ако плаче мора да оди сама во соба. Што ми е недозволиво и неприфатливо така да мисли. Не сакам така да мисли. И плус кога сакавме да се видиме со одговорна малку не промавтаа минатата недела мислам си се штитеа меѓусебе, ај средата не беше тука, ај не во четврток ај ќе видиме петок за датум, и во петокот ни кажаа за денеска. Што знам можда мислеа ќе се откажеме. Ништо. Сфатив само дека мораш многу да туркаш ако сакаш нешто да постигнеш. Да си најдам мир ја ако успеам, или ќе ја префрлам во друга градинка, друго нема.
@Yowannty кај нас голема стана тогаш, ептен стравот во коски им отиде, па темелни промени направија. Инаку си тераат по нивно. Се надевам дека разговорот ќе биде доволен за промени. Сакам да им испринтам маички со текст на децава за сликањето во градинка. Обичен џинс и бели маички на кратки со текст. Сите текстови кои ги најдов се за со три Geschwister, за четири никако да најдам. А може и браќа/сестри кои не се во градинката да дојдат за групни фотографии, па сакав нешто интересно за сите четворица. Да не му испаднало на некој такви маички, текст, за четири деца?
@danichap влези на пат пат страната имаат еден куп мечинг комбинации не знам дали има баш за 4 деца. Текстови послабо ама може да земеш некоја идеја за апликација.