Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    6.566
    Koga sme veke kaj gradinkite da prasam i jas nesto moze i banalno prasanja ama me intersira kakov e pristapot vo drugite gradinki.Kako se odviva procesot nautro na predavanje na deteto vo grupata. Samo go pustate onaka od vrata ili nekoj od vospitacite doaga kaj vratata da go prevzeme deteto ili nekoj drug nacin trae toj proces. Detevo mi ide vo gradinka od 1 godina, na 3 godini smeni gradinka poradi preselba se dobro prifati i sega posledniov mesec kako da odbiva da ide... mislam nisto onaka kako da ne mu e zanimlivo i privlecno tamu.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    И јас само црнава ја најдов. Ќе разгледам на интернет страната.
    Сите се седнати во занималната и не се помрднуваат. Дете само треба вратничето да си отвори и да влезе. Ептен ако не бива, па да се мрдне некоја дете да внесе |(
     
    На ines.h, Yowannty и SanelaS им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.315
    Допаѓања:
    37.232
    Пол:
    Женски
    Кај нас го следат детето. На 1 година ги чекаат на врата. Моето на 17 месеци почна, на 20 месеци почна самото да влегува. Од 3 години нагоре се очекува самото да влегува бидејќи Германија и самостојност нели, што всушност е сосем ок, кога ќе се големи нема да има страв пред публика да излезе. :D Ама ако е ново дете треба да го чекаат на врата. Јави се и кажи им што те мачи без да слушне детето.
    Можеби е период.
    Наместо да го прашаш дали не ти се оди дека ти е досадно, зборувај позитивно, утре во градинка ќе има многу деца и ќе биде забавно. Секогаш негативното пробај да го откриеш преку него со позитивно склопени реченици.

    Беа денес со воз. Цел ден врнеше и ладно беше многу 12 степени. Едвај чекав да ја видам како се симнува од возот што беше точен чудно 14:38 стварно пристигна. :D Ете некој за возови прашуваше. Јас бев сигурна дека ќе касни. 8)
     
    На Gosh, mal.ecka, ines.h и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    33.997
    Пол:
    Женски
    Што вика детето како било?

    Кај малото доаѓаат до вратата секогаш оти уште не сака без плачки да влезе.
    Кај големата најчесто имаше ред една еден ден друга друг ден беше во близина на вратата и ги пречекуваше децата и обавуваше мал разговор со родителите, а другите две го спремаа доручекот.

    Инаку вчера ми се јавија во 14:30ч дојди детето има 40 тт.Одам ја зимам мерам дома 36,6.Дури ми напоменаа да ја донесам понеделник|(.
    Не е проблем ќе си ја чувам здрава дома ама глупо ми е на др како да кажа ,а плус денес среда ден кога нема акут спрашстунде:(.Ќе им кажам во понеделник дека немаше тт.Би ја однела уште денес имам така правено ама овојпат ќе ги оставам:envy:.


    @Yowannty не коментирам за случајот оти стварно е деликатен и не сум добра во справување на вакви ситуации(т.е не знам да се карам со никој:bandit:).Ако немаш мир барај си друга градинка:hug:.За елитна градинка како што ја опиша персонал толку да менат е нон сенс.Кај нас се веќе 6 години исти и плус нови ацуби имаат, ацубите станаа воспитувачки и уште се таму.Така да таму и внатрешно не штима.
    Инаку страв од темно има секое дете.Внук ми е 4 год има страв ,ќерка ми скоро 7 год пак има страв од темно.Период -фаза е веројатно:?:.
     
    Последна измена: 17 мај 2023
    На mal.ecka, ines.h, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.040
    Допаѓања:
    42.814
    Пол:
    Женски
    Јас поминав две деца со градинките , сега остана уште едно од септември. Ќе видиме како ќе биде во оваа градинка .
    Како малото ќе се вклопи.
    Овие двајцава ученици , неможам ред да им фатам. Треба нон стоп да контролирам. Тестови им се собираат . Основното е (беше ) лесно. Можев да помагам. Веќе во 5то е потешко.
    Математика на малата не и оди лесно . Ќе бараме дополнителни часови со некој кој се разбира .
    Германски, е донекаде лесно. Граматика .
    Средното е 3то одделение. Само учи , има добри оцени . Не ми треба контрола . Има предност што на часови многу пази и не треба да вежба дома.
    Се тешам за него , дека веќе имам искуство од поголемата . Ќе знам каде и како да помагам .

    Така да , мали деца мали проблеми..:o
     
    На mal.ecka, ines.h, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Добро утро мајки.
    Не стигнав да пишам кога прочитав за случката @Yowannty
    Не да е погрешно ами и тро глупо е , а да не збораме колку е не професионално.Ако он или тие зависно кој како е се вклучен за случајот , тоа го направиле сметај како би се однесувале за други ситуациии каде нема да има можност да видеш,чуеш... кои се шансите да си направи пак нешто кое смета според него дека е ок или правилно.Крајно не професионално, кога работиш со деца ќе ги гледаш и чуваш како да се твои.А ќе ги гледаш исто и така како што ти е одговорноста и професијата.Јас од мое лично искуство можи и тоа да се кажи професионална дисформација се наежив кога прочитав, мислел ли на детенцето како сето тоа ќе го доживее.
    А и не сметам дека е ок , ако укапираат дека некој е поотракан и знае упатен е кои му се правата што може да направи ,да го променат своето мислење.Тоа им е работа и без тоа , мора и треба да работат прописно .Ви поскаувам добро да сте и д ане се повтори кај никој. ..

    Како не утопил вчера еден , не сте свесни која вода на нас беше .Многу беше непријатно и страшно (за малово ).Имаше бара ама не зборам за мала баричка, огромна беше баш пред да не испрска тој со колата ја поминавме улицата , поголемото дете кога влезе точно до над глуждот му се измокрија патиките буквално 15 цм имаше вода , тоа беше кон крајот на тротоарот и дел од улицата .Поминувајќи еден со кола вожеше брзо буквално цела вода од таа бара во нас отиде , на малово и мене в лице и норлано по цело тело, а на поглемиов поамалку од нас од друг агол него го фати .Вриштеше малво незнајте кој жал ме фати , во очи вода му влезе многу вода на лице цела тиња во нас отиде.Знам дека се случува но да вожеше каде треба и не толку брзо можеби немаше ни да не испрска ,никаков знак на извунување немаше виде дека станува збор за мали дечиња ај јас кој ме тркала.И да запоменв регистрација што , како ќе докажеш.На автобуска станица бев на место каде се чека значи по автоматизам дека на тоа место можно е во секој момент д аима луѓе.Рикав како мало дете , се ми се собра..цела недела не убај вести..На сето тоа врнење морав д аизлезам земав место за ручек и пелени за малото, и да мрднам од дома пошто мислите ме убиваат и незнаеш дали дома да си лелекаш и се обливаш со тага и досада или надвор да излезеш па да се покаеш.
     
    На danichap и Yowannty им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    33.997
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што ви се случило.Кога човек е нов во Де има многу тешки моменти и секогаш сите се збираат истовремено.Ама полека ќе помине невремето и ќе дојде сонце:hug:.
    Сега барав дали можеш да го пријавиш возачот.Не можеш вели ADAC. Пешакот требал да пази зошто возачот ако го избегнал вирчето можел да направи сообраќајка(facepalm).
    Некогаш за некој работи германциве се смешни.Кај нас знам дека се казнува ама кој е казнет не знам.
     
    На Biljarkata, mal.ecka и ines.h им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Свесна бев дека не може ништо , сметам дека не беше толку проблем барата туку брзината ..псоле тоа поминуваа и други коли тие што возеа со нормална брзина прскаа но водата не стигаше ни до пола тротоар .. не битно човел што викаш додека е во туѓина лошо е многу
    го .. ..а ќе си прогуташ и то е то .Ме теши ова што еве овде има подршка , ке си олесниме и со само еден муабет.Многу повеќе треба да се држиме заедно.Не против нив ни заедно да си сме сепак свои си сме една нација еден менталитет.
     
    На danichap, gjoker4e, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ве читам ама се нешто ме мрзи да пишувам, сепак решив денес да бидам вредна:)
    Елтерн цајт ми привршува и паника ме фаќа малата ќе почне в градинка на полни 16 месеци со привикнување, ќе имаме 6-7 недели време и после јас стартувам со работа.
    Работата моја не е флексибилна а богами и на 40-50 минути од градинката ми е, како ли ќе се функционира немам појма и преплашена сум.
    Со полно работно време, на смени (прва, втора, трета) и викенди и празници, лудило :sweat: а детево мое, од доење уште живее, а за толку кратко време треба се да промениме.
    Ме теши тоа што ептен сака деца и пресреќена е во нивна близина, па се надевам брзо ќе се адаптира.
    Да не ви кажувам колку ме вознемири случката што ја опиша членката со детенцето што го затвориле само дека плачело леле луѓе ужас (facepalm)
    Деца на доверба им оставаме кој би помислил дека такво нешто може да се случи.
    Не треба ќутење, поарно да те знаат дека не ќутиш повнимателни ќе бидат.
    Туку и друго нешто ме изнервира денеска, бевме со малата надвор и како што живееме во блок згради, зад секоја има зелени тревници каде што често си играат деца, се прават скари итн.
    Е арно ама денес место зад нашата зграда, малата тргна на тревникот од соседната. Значи отворена зелена површина со патека, ко една жена на прозор ми вели ти не живееш во оваа зграда и не смееш овде да шеташ, ова тревник од нашата зграда?!
    Иначе ме знае женава често се сретнуваме на улица откако ми е детево ние шетаме, таа го шета кучето.
    Едно време дури и "хало" и велев ама како да не беше воодушевена па престанав и сега си мислам зошто? Дали е можно да се току намќори ова Германциве или е стварно приватно место ( иако никаде нема пишано и не е заградено) еве не знам кажете вие.
     
    На Ava.84, Chantal и ines.h им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Пак јас прва ќе мрчам :D..шала на страна секој со своето мислење.јас ги доживувам така и тоа добар дел од нив.мене ми се како коњи само право гледаат и робови на тие нивни закони.не можам да замислам деца да ми растат во земјата на чудесните закони каде живо пиле нема после 5 саат,кафе поќе кучињата имаат право од луѓето ,каде.....итн
     
    На Honny му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Искрено и мене колку што порано ме нервираше во Мк што мора да кажам "добар ден" и како сум на 10 души патем ако тркнам до малското маркетче да купам набрзинка, сега некако ми недостига таа блискост што ја имаше соседството.
    Одам на игралишта со детево, истите мајки отприлика сме, ниедна нема желба за комуникација. Чак и децата ако почнат да се мешаат, ако се приближат многу ги опоменуваат. Секое само да си игра да не е овде правило еве не знам (facepalm)
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.083
    Допаѓања:
    188.419
    Можно е да е, а можда и има некоја станарска функција жената:D. Ми се деси еднаш, на игралиште пред соседната зграда, ама тоа е баш оградено игралиште, и вистина иди таа жената го чисти, можда и заклучува капија. Ама реално сите игралишта, бар кај мене, се од градот, така што поверојатно некој нема друга работа па раздава бардиња.
    Времево заникаде, ни сонце, ни деца надвор, ништо|(. Мислам дека олку тапа година немало во последниве 12.А на сите ни фали сонце за расположење.
     
    На ines.h, mal.ecka и Honny им се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.040
    Допаѓања:
    42.814
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски .
    Јас сум веќе 13та година во Германија. Мажена за германец, имаме 3 деца . Само едно од 3 разбира и знае да одговори онака најопшто на македонски. Добро малото уште не збори не го смеам него .
    Јас кога дојдов овде бев во германско семејство. Со тогаш 3 деца , бев убаво прифатена.
    После сменив семејство, друг град . Посетував курс некаков за интеграција. Каде учев јазик.
    Јас секаде каде бев запознавав нови луѓе. Мада сите беа женички , од 40 и нагоре . Кои овде години живеат и учеа јазик . Се сеќавам на завршен час бевме на пица договорени .
    Го запознав мм. Па се вратив на кратко во мк. Па пак се вратив во Германија кај второто семејство. И почнавме да се гледаме со мм . После се венчавме и сторивме семејство.

    Гледајќи од оваа страна , јас имам секакви видено . Германците се народ кој се позатворени . Тоа да. Они се такви . Секој си гледа за себе . Работат од 8 до 5. После работа сакаат свој мир . Мислам и јас кога сум на работа гледам да си дојдам дома и да не ме замара никој .

    Ама секаде сум запознавала нови луѓе. Дали на курс за бремени. Со бебиња мајки , комшики.
    Никаде не сум се почувствувала како странец и непожелна .
    Незнам дали се смениле времињата .

    Како што и се случило на @ines.h да ја испрска некој . Мене во Скопје на споредна уличка , ми се случи да еден млад дечко на кој му покажавме да намали брзина .. ми се развика типот почна да не вреѓа. Гуски гускосани . Вие ќе растете дете . Мене стомакот ми се преврте . Мајка ми со кревко здравје .. да еден сељак и се дере . Вреѓа . Значи сегде има идиоти . Од друга страна пак , во Веро во тоа книжарите се погоди еден дечко. ми го стопли срцето . Мил , отворен .. значи за пола саат два различни типови на луѓе сретнав . Да правам според тоа претпоставка каков народ сме не можам .

    Јас сум интегрирана овде , да бев во друга земја и таму ќе се прилагодев. Ние Македонците сме да топол народ ама и сме први да пикнеме нос каде не треба . Да се замараме со комшиите , кој каде како бил . Не зборам за сите , има отстапки нормално . Лицемерие има кај нас на големо .

    На работа еднаш дојдоа едни , ги слушам зборат на македонски. Јас цела среќна , им прозборев . Од жената добив еден укорен поглед . Мажот беше среќен да види некој наш . И почесто доаѓаше он , па си зборувавме . Се среќаваме на пазарење. Жената до ден денес е таква , како да кажам малку чудна. И кога ќе ја видам не и ни зборам веќе.

    Се надевам ќе се прилагодите полесно и побрзо . И Македонија не е тоа што беше порано .
    Носталгија ме фаќа се поретко . Гледајќи сега , сите пријателки се веќе мажени и раселени низ цел свет . И се што ме влече назад е мајка ми. Друго не . Зашто се е веќе отидени во неповрат .
     
    На dunika, Honny, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.040
    Допаѓања:
    42.814
    Пол:
    Женски
    Постот е каша попара. Имав многу што да кажам (напишам) . Испомешав се . Мислам ќе ме сфатите . Испив две кафиња . Се смрзнав надвор . А треба да одам до пошта да враќам пакети . И така .
    Имајте убав ден (иако денес е ладно и тмурно)
     
    На mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  15. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    :l:(y)
     
    На mal.ecka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    33.997
    Пол:
    Женски
    Игнор на бабата шетај си каде сакаш.
    Кога дојдовме овде вујко на мм му прво што кажа пазите се од старите тие ептен се намќори и не сакаат деца.Стварно е така.Ама не само стари и млади има такви.
    Колешка ми германка пред некоја недела се жалеше како некој татко и се дурнал дека ќе го згази детето, а таа возела на тротоарот велосипед.А колешката е толку внимателна сигурна сум дека скоро и да не се движела па таа му рекла убаво.На крај заклучивме може го прекинала во некоја игрица па затоа бил лут.

    На нас исто пред некоја недела.Паркирани на паркинг тревник за некој фест во село и јас менам пелена во кола , а вратата ја птворив толку полека за да не ја допрам колата на комшиите и да не си ја изгребам првенствено нашата кола.Доаѓаат во тоа време сопствениците ,јас со главата внатре се борам со змеј, а типката искоментирала види колата ни е изгребана.Мажот рекол не тоа е кал.Леле имаше среќа што не чув како што бев препотена изнервирана имаше да посака да ми ја исполира колата со јазикот:envy:.Мм ми кажа откако заминаа за среќа.

    Пред некој ден така со на ќерка ми другарка и мајка и германка одиме на едно игралиште заедно, а јас со малото се теглам и не слушнав како една дебил жена со уште подебил син ги скарала децата дека им дувале со глуварчињата во очи.А децата не ги ни видоа.Па кога им се опна жената лом ги направи .Дури и таа кажа колку многу луѓе во Де се вакви и не сакаат деца.

    Исто и јас како MacenceEna никогаш не сум се почуствувала од некој непожелна.Фирмата ми е 80% германци и сите се коректни и помагаат.Дури ме прифатија и како дел од нив ,за разлика од кол германки што не ги сакаат.

    Издржете уште денес и од утре 27 степени ќе биде:dance:.
     
    На Yowannty, ines.h, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам колкави се шансите да ми дадат wohngeld? Јас сум невработена, маж ми има фирма, станот ни е 900 евра , и детски зимаме.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    33.997
    Пол:
    Женски
    Овде можеш да пресметаш.
    https://www.bmwsb.bund.de/Webs/BMWS...ng/wohngeld/wohngeldrechner-2023-artikel.html
     
    На ines.h и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    16.051
    Зависи колкави ви се примањата. Исто така не треба во ист момент да користите некоја друга слична социјална помош. Може и да пресметате на линкот погоре.
     
    На Adidas888 и ines.h им се допаѓа ова.
  20. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Убаво сте си кажале, да мериме ние Македонците имаме и повеќе мани од Германциве. Мене искрено најмногу ми смета времето, да имаше барем малку повеќе сонце.
    Иначе тука сум 5 години со работна виза, како студент предходно работев 3 лета во Минхен пред едно 10 години. Тогаш бев воодушевена, прв впечаток топ. Плата, ние слободни, млади, работа, шопинг, шетање, студенти, никој не не сфаќаше озбилно ниту ние бевме озбини :Dабе Мк не ми се одеше ич. Знаев уште тогаш дека сакам да се преселам по секоја цена.
    Подоцна научив јазик, зедов виза, почнав со работа, па памтам еднаш една колешка Германка кажуваше дека Германија прави голема грешка што зема ауслендери да работат. Затоа што нели не биле исто едуцирани и способни, јас нормално како нова не можев од прв ден да водам смена. Почетокот беше тежок, ќутење и работа, поддршка добив од колегите после 2-3 месеци кога видоа дека работам и ич не се штедам. Тогаш конечно слушнав пофалби.
    Јас имав цел и ја исполнив да добие сопругот виза.
    Пријателства нови претежно со Ауслендери, со Германциве коректен однос ама некоја блискост не можам да остварам.
    Еве на пример една колешка што во исто време бевме бремени и бебињата ни се скоро врсници, се слушавме и си пуштивме пораки цело време. Да излеземе некаде заедно сме рекле 100 пати, ама на крај секогаш не може. Се нешто Понеделник одела кај мајка и, вторник одела на јога, среда гледа серија, утре требало да чисти, петок оди да купува... боже, боже. Зар толку е тешко комфорт зоната да си ја нарушат? А висиме на телефон по еден сат.
    Ама да не генерализирам, мм е посоцијален тип и преку него имам запознаено многу кул Германци. Отворени за дружба, често не викаат за некаде и сакаат да се дружат. Е сега за по дома одење претежно не се, како што ние Македонците имаме обичај. Дома ни да ти идат, ни да им одиш:D
    Поладни се, службени, кај нив нема промена на планот дека некој се јавил за дружба. Од една страна ова се предности а не мани.
    Мене до денот ми е, некогаш си мислам живот со луѓе е убав, па ми фали македонското, да дојде некој спонтано, да пиеш кафе кај комшиите во двор итн. А некогаш си викам фала богу што се преселивме да си одморам мозок од се. Работа, дете, маж и доста е :D

    Поздрав жени. Ми стана детето од сон по пола сат спиење, се си мислам дека ќе се журкаме до 2-3 дур призаспие:yawn:
    Ами на работа кога ќе почнам што ќе правиме вака8-|
     
    На mal.ecka, SunnyGirl2, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.