Мајки дали ги пуштате децата на училиште кога им тече нос. Моите веке неколку дена се така и одат на училиште, но ќерка ми ми рече дека некоја од нејзиниот клас и рекла зошто доаѓа на училиште кога е болна, но не е болна само носот и тече Е сега сум во мисли незнам дали нормално постапувам, по цел ден играат не им е ништо навечер и наутро е потешко бидејки им се затнати Ве молам совет како правите вие во вакви ситуации
Ако е само нос тече, пуштам во школо нормално. Не се мали деца во школо, знаат да издуваат нос, не гледам проблем.
Не беше класична операција на крајници. Оперираа полипи во нос, во ушите како резови и правеа и ги кратеа(намалија) крајниците. Трите зафати наеднаш. Беше во дневна амбуланта, после зафатот остана уште пола час, час, потоа не пуштија дома со препорака доколку има некое крварење да одиме на итна. Немаше, се беше супер. И беше втор пат под наркоза, супер помина.(3-4) години беше тогаш.
Мајки овде што се имате породено. Син ми овде се роди, немаше пасош и еве сега направивме. Сега која е процедурата за ауфентал карта, сопругот е со бг, ние со ауфентал. Дали треба сега со пасошот да го пријавиме во општина или да резервирам термин за ауфентал одма. Во резервацијата ми дава да ставам дата од кога е овде, и тоа не ми е јасно?
Ако на секое течење нос не ми одат децава во школо, повеќе од пола година треба дома да седат. Со благи симптоми на настинка, значи без температура е дозволено и од самото школо. Ако не се фит и покрај тоа што немаат температура, значи уморни и само спијат, имаат малаксаност, тогаш јасно дека седат дома. Ако има во класот корона, шарлах, тогаш школото ги известува родителите и секако дека го тестираш детето ако има симптоми.
Зависи каде се наоѓате, но во овој случај многу веројатно е да ти кажат дека треба за детето бг пасош да извадите а не виза. Знам многу такви случаи а ниту еден да се има извадено виза за детето при европски пасош на родител.
Крај на маките им нема некад,ролеркостер.Во паника сум,мислам малиот проголта нешто.касно стигнав чистев ,машини пуштав..никакви реакции нема,кога го видов легнат беше а тоа деловите од тоа,што го наводно голтна беа покрај него и од сите нив само едно не беше комплетно го прашувам вика в уста,не знае да кажи.сега удинезе на лекар најверојатно ќе го снимат.ептен сум дотрескана одкако дојдов овде се надолу ми тргна.сте имале ли слично искуство???
@ines.h за какво делче станува збор ? Мало кое го проголтал? Колкаво е детето ? Јас нон стоп имам уплав дека нешто ќе голтне , некое делче . Некоја паричка. Се надевам дека е добар малиот
Делче од тие што се фрлаат на пикадо,маж ми има дојде од работа но треба дури во 15ч да не прими докторот.нема никакви знаци дека нешто не му е во ред. Но тоа не значи дека не го голтнал.има 3 годинки
Боже децава ќе не остарат пред време . Второто кога имаше 3 или 4 години си пикна перла во нос. Од тие од ИКЕА што се перлите. И приметив дека направи нешто ама он вика не. И другиот ден случајно ја видов во носот. Го грабнав и го однесов на детска клиника . Не примија и ја извадија со пинцета . Не беше длабоко поикната ама ете . Неможеш да ги допазиш , колку и да си покрај нив ќе им текне во секунда ќе направат нешто . Господ само да ги чува
Ќути,замисли цела одговорност на нас ние сме со нив поголем дел од времето. Мене сето ова ми е чудно со првото немав никакви случки буквално ништо немаше пикнат в уста.но со него куп други проблеми.24 човек да пази и пак ништо.Бог да не чува.фала ти @MacenceEna подршката.
Штом детето си дише не е страшно ќе го искака ако голтнало.Обично го ставаат во уста и го фрлаат надвор.
Мајка мојата на 6 месеци голтна ластичиња за коса од тие мини што се. 2-3 дена ги какаше и фала богу ништо др не бидна. Се си мислам дека ќе го искака и твоето, ако голтне нешто оштро може да направи проблем. Ама кога сакам да сум мирна и не сум раат за секој случај звонам кај матичната, обично сестрите одговараат и со нив се консултирам или 116 117 си прашувам. Они мислам и за тоа се.
@ines.h Како сте? И јас со двете деца имам различни случувања. Второво за да седи мирно му го давав телефонов и го глодаше, имав дрвена маска. Кога еднаш гледам ептен се смири и џвака нешто, а на маската фали делче. Наредниот ден искака три дрвени остри делчиња. Штом тоа го искака значи чудо е. Не ми е јасно како поминале надоле. Околу шест месеци имаше, имаше горе и доле по два кеца. После тоа изеде нешто што ми рекоа на форумов дека е отровно е и морам на итна ама ништо не му беше. Сега еве не ми ни текнува што изеде. И знам дека уште едно нешто изеде ама пак не се сеќавам што. И од моите црвени кромиди голема лушпа на спиење му се залепила горе на непцето баш кружна и вдлабната како горнкот дел во устата. Што и да изедеше се давеше и маж ми вика нешто се случува со ова дете и цел ден така и викам ај скришум да проверам во детска, дека маж ми паника прави бетер од мене, и гледам во уста лушпата кромид и одма ја извадив со прсти, среќа на ја подгурнав надоле па да се задави. Инаку @ines.h провери ја тироидната како ти е. Додека не ми беше во ред буквално едно по друго лошо ми се случуваше и се некои вакви дешавки мали но големи работи и тоа секојдневно без сопирачка едвај издржував.
Туку да прашам, ова пакувањето пред пат толку страс ми прави само мене или има и други такви? Посебно за Македонија ко ќе си одиме. По ново практикуваме по нешто да се купи само за домашните и ретко за другарки, звучи едноставно ама не е. Тоа домашните не се еден, 5 души се, па еден сакал ова, друг она и дури најдеш по желба лудница. Искрено дури не ми беше детево уживав да шетам по трговски, ама сега со година ипол црвче што не седи в количка, а да оди треба некој да ја брка и ела купи што треба. Решив да не прашувам овај пат кој што сака, ама навика пуста сами си порачаа Па дури да спаковаш, па мм:" блузата нова да не ја заборавиш, а патиките да ми ги испереш? И чорапи да ми купиш негде, ами кеш од банкомат ај тркнете..." и така луд ни ца. И на крај не ми верува дека полесно ми е да појдам на работа а некој да ми организира се. Ете се пожалив да ми олесни. Сега одам да пуштам една машина а кога ќе се суши немам појма
Го однесовме чекавме можеби два саата,но нели то не е чудно. Докторот беше ок,рече ако не го искска за 7,8 дена тогаш ќе мора интервенција.значи ту мач,пред 3 ,4 дена се изгуби во лего ленд,пред очи.Страм ме фаќа којзнае каква мајка ќе ме мислите.Седеа до мене ,татко им беше качен на др спрат и само што го видоа тргнаа по него а ги предупредив,но џабе у минутата се случи тоа и не потресе,среќа добро заврши.Ненормслни во Минхен колку сакаш ,сиријци миријци...не дај боже.Фала @gjoker4e многу ти благодарам за убијте зборови.Сп тироидната имам 10 години мска.Е сега оддамна не сум проверила,морам ...се морам но од што да тргнам. Жал ми е што тука се истурам и сум негативна особено за ДЕ но животот жи се поремети одкако се почна со оваа Германија.Црла година сама бев маж ми тука,дојдовме тука не можам да,се привикнам,животот наопаку.не можам веќе да издржам.Мајка ми по лекари не се знае...Бракот ми трпи од сите маки...до недоглед е работава. Убава ноќ,мајки .Фала ви на секој збор.
Стресот верувам горе доле кај сите ист.Со подароци не се замарај, и од таму можеш да купиш.А и до трк на време ќе сватиш пола од нив ни кафе не заслужуваат да им однесеш.Лабаво и со позитивна мисла таму кај треба,поважно од секој подарок.
@Honny да секогаш имам голем стрес пред патување во Македонија. Ми требаат неколку дена да се стабилизира кога ќе стасам во Мк. Инаку порано да купував , носев поклони за внуци . Тоест деца од први братучеди, дека немав друга поблиска рода што имаше деца . Па како сите очекуваат поклон. А на моите деца никој ништо не им даваше . За фала беше оставање на деца преку цел викенд за чување , да може они да шетаат .кај моите тогаш две плус нивни две. Последно беше јас со мои 3 деца , и ги треснаа и нивните две на чување . Последно одење купив само некои работи за мајка ми . Немам ни време за шетање и купување, ни па желба. Одам да се видам со мајка ми и тоа е . Како што кажа Инес некој ни кафе не заслужува. Жално ама точно
Ми се плачеше кога ќе се спомнеше одење мк од тоа пазарување за секого по нешто, па да не речеле вака,па да не речеле така... секако ќе речат кај го најде ова од 3 евра,најефтиното (ако не е 3 евра.) Одкако си леткам со визер раат сум, едно ранче и ајт. Има се да се докупи и таму.