Јас мислам уште многу многу години нема да отидам. Од самата помисла четири деца, не сме ниту за во авион ниту за со кола, па и стан таму…. Ме здрмува и стресува нешто. Со три беше на границата На издржливост, со четири ќе чекам полнолетни да станат.
^Дани секогаш мислев дека си ладеш и децата не ти се стрес туку уживанција. @ines.h мислиш нашите до нас одат како да се врзани и не се губат? Големата на аеродромот во Мајорка бевме во веце ,беше 3,5 год и се плашеше од автоматите за сушење.Одиме да си миеме раци и ја пуштам чешмата и и објаснувам како да си миеме раци и гледам во огледалото ја нема.Ма не беше ни една секунда таа се уплашла од бучавата и избегала надвор.Нозе ми се пресекоа.Излегувам по неа аеродромот огромен не знам кај да фатам ми иде да се упуцам и да почнам да плачам.Се дерам по неа и еден човек ми покажа каде тргнала таа стои кај лента за куфер чека куфер мислејќи татко и е таму.А татко и после 3-4ленти ништо ни виде ни слушна. Кога беше 4 год на плажа беше цело време со татко и јас 3 месец со малата трудна и лошо ми беше.Доаѓа од водата и се фаќа за песокот и ми вели да отишла да се измие.Ја пратив.Мм само што седнува на крпа и ми вели ја гледаш ли јас велам не ,ај ќе станам.Одам ја нема му вела на мм ја нема.Вели како ја нема ,а јас веќе истрчав голем дел од блиската плажа.Ја нема, а тој пак ме зезаш ли?Трчам јас на една тој на др страна.Па едно време решив да се вратам на местото кај што бевме.Кога го гледам мм иде во рацете ја држи.Не се гледаат од далеку.Ја нашла некоја жена среќа во Де бевме па и рекла ќе ја бараме мајка ти.Плака не не видела и така па тргнала да не бара со трчање и така. Малата пред два дена на шетање бев до неа цело време и големата ме викна да гледаме низ двогледот јас зарежав мало и едно време го гледам мм трча избезумен.Само подголтнав и одам гледам ја држи во раце.Истрчала накај безна 30м арно ама оти немало пат застанала.Така ако преживеам уште некоја година од овие деца арно ќе биде. Да вклучам турбото да се се спремам за раб имајте вие убав ден.
Мене малото ми се сокри кога беше година кпол , одејќи накај дома од игралиште . Јас со количка напред одам , он позади мене . Две секунди не го гледам , се вртам го нема . Почнав да викам ок него , нема реакција. Ме фаќа паника. Устата ми се исуши секундарно од стрес . Го барам по дворови од куќи го нема. Седнал позади црквата кај нас, седнал до едно прозорче и си ќути. Го прибрав накај дома. Беа секунди во прашање ама мене ми се виде вечност. Исто така кај нас дома се прикраде , јас мислам мм го пази ,он мисли со мене е И го најдов напред пред куќа. Среќа комшијата го забележал и го посматрал. Секое искачање со него ми е стрес. Стално да ми е пред очи , оставање сам ни секунда .
@Ava.84 дома си имаме рутина и ред по кој одлично функционираме. Од страна може делува дека се ладам, ама треба многу работа за да делува дека течат работите подмачкано. Било каде ако тргнеме ќе се наруши тој ред, посебно ако треба да се затвориме во стан, во центар, и да не испаѓаме пола ден од него бидејќи надвор е +40. На децата им треба занимација, активности, а пола куќа да ја дигнам отитаму ќе треба пола ден дома да го седат не можам. Прехлани бевме Берово и Охрид, топ беше. Јадеме, пиење, спиење а измеѓу нон стоп шетавме во бачила, природа, планини, се бањаа. Тоа е одмор и за некоја година пак би баш така, кога нема да мора да клацкаме количка со нас. Со бебе пак цела таа тура не е изводливо. За во стан не фала. Другиот аспект. Патување со четири деца би било далеку од едноставно, посебно едно бебе кај кое сега вкусови ќе треба да воведуваме. За со кола не собира сите, ама би било кнап до простор поради багаж и количка. Плус 3x ми се јаде, ми се моча…и ранење/менување пелена. Низ нос ќе ни испадне таа авантура. Значи кола отфрлена додека бебуш не опркне. Со четири разбрани подруго е. За со авион еден треба нон стоп со бебе, другиот 3 да пази…и кога ќе имам предвид дека имам до аеродромот 1.5 час пат, таму 2 часа порано, лет 2часа, додека испаднеме од царинска да зедеме куфери, да не зедат, товарат, однесат до стан уште толку пак. Едно да рече ми се моча ќе не избаци од колосек, еден веце да бара со него, друг минимум 15минути со три деца. Па не дај боже на некое од трите нешто да му текне или да бара. Буквално цел ден малтретирање на децата. А за што? Пола фамилија им е тука, од на мм страната. Од моја останати се само мајка ми која е со бугарски и е тука или иде нон стоп и брат ми со фамилија кој не ни живее Македонија. Со сите останати, колку и да ми се мили….цела авантура не вреди бидејќи децата ниту ќе ги интересира ниту ќе имаат некакава забава. И така. Дома ми е уживање, сето погоре набројано би ми било стрес кој не ми треба во моментов ниту било кога под овие околности. Поради би на Малидиви кога ќе опркне малово.
Да дефинитивно е мрцварење одење за Македонија. Посебно со повеќе деца . Со авион , треба да тргнеш порано . Ние до Дортмунд имаме саат ипол возење . Саат и повеќе треба да си на аеродромот. Да се чекирам , додека влезеш. Лет 2 саата . Додека се симнеш , куфери земеш. Па пат до дома. Со кола не сме тргнале никогаш. Далеку ни е. Порано патував повеќе сама со децата , знаев како поминував. Последно бев со најмалото .ќе речеш едно е ќе му најдеш крај . Ама сирот не е научен да седи во едно место . Ни телефон ни ништо што имав земено не му беше интересно @gjoker4e малото кога и да има телефон во рака иако е заклучен успева да сврти на 112 . Два пати се има јавено
Не да ми е стрес спремаме за Мк, ама почнав само чоколади да носам само за децата на сестра ми купувам нешто повеќе. Е едно одење во лето со кола носам за повеќе луѓе, ама со годините кругот се смали доста. Едно кратко прашање на кое ми треба брзо одговор. Јас уште барам работа, до сега едно 4 места извисив заради работното време. Подоцна одам на проба за мини џоб во бутик, јас барам тајлцајт. Вчера ми се јавија од друго место каде имав пуштено цв ми закажа све за проба што да земам со мене ама јас во паника не прашав за работно време. Сега се мислам ако одбијам ова денес па тоа другата недела испадне дека не ми одговара работното време пак сум на ништо. Пробав да ѕвонам за да прашам за работното време ама никој не крена. Некоја идеја како да постапам денес да седам на две столчиња до следната недела?
Нема да го одбиеш ова денес. Овде нели ништо не се одбива од одма туку им велиш ќе ви се јавам до утре. И до утре упорно ќе ѕвониш на другото место ќе ти крене некој.
Ау Дани пред срцев удар сум само што прочитав.Поклон до земја како се снаоѓаш и како остануваш смирена.
Posle 9 godini mknenje na kuferi so podaroci za bliski i pomalku bliski licnosnosti, godinava patuvame samo so ranci i po nekoe cokolado vl niv. Ama sepak mene sekoe idenje za Makedonija so dete mi e stres, treba i fizicki i psihicki da se pripremam. A i 40 stepeni vo sred Skopje vk Avgust voopsto ne mi e odmor.
Да си кажам нервозата значи во самиот меил и нагласив дека можам сабајле и сабота да работам со точно саати наведени за на крај да испадне дека за попладне им треба некој, дали тоа и беше начин да ме откачи или не читаат меиловите? Стварно не делуваше дека е друго проблемот, ама кога сум пишала сама кога можам да работам не ме викај на проба ако не ти одговара. На другово место добив на телефон ама не беше шефицата ми зема број девојчето рече ќе и рече да ми се јави, таму поголем колектив е па се надевам дека нешто ќе може да се комбинира ако не здравје ќе барам се уште.
Исто беше и кај мене во Woolworth. Отидов на интервју за да ми каже дека за попладне бараат некој. Убаво напишав дека од сабајле до 13:30 можам.
Сегде по такви дуќани е така . Бараат за попладне и да си секогаш флексибилен . Кога им текне да можеш да работиш. За тие пари што го даваат и таа работа што ја имаат тешко некој повеќе од месец да остане . Кај нас секој месец некој си оди . После се жалат зошто било се хаос . Овој месец 33 саати само ме пишале . Сами себе си начукале саати , нас што сме Aushilfe така спорадично не ставале на смена . Вријам
Јас во теди и кик кога прашав одма ми рекоа флексибилни бараме, ова некој поозбилен бутик баш двократно работат и баш наутро работното време им е од 09 до 13 и пауза еден саат па од 14 пак. Па си реков да пробам. Да сум флексибилна ќе си барам цело работно време, стварно не сваќам.
И јас тој дел не го сфаќам. И за мини џоб треба да си флексибилен. И секаде фалат работници. Наместо да направат едни прва смена една втора или да најдат некое решение.
Како ве читам така мислам дека никад нема да најдам асална работа во ДЕ.Ех како ми фали работата.Со срце си работев,радоста на лиценцата на дечињата ми фали ид овде па до небеса.
@Chantal не требало да биде не се нервирај ќе најдеш нешто сигурно. За одење во Мк секогаш ми е стресно и мене.Бевме за Велигден сега во Април.Само мислев како ќе биде со бебето дека летот е касно во 22ч ,ама стигнавме 3ч порано на аеродромот и имавме време па вечеравме таму .Па во авионот само што ги изгасна светлата малото одма си легна и си заспа.Големата не заспа до 3ч од возбуда за баба и дедо и. Имав време само еден ден да купам нешто и така влегов во C&A и потрошив многу.Ама добро добив и за моите толку облека. Да немав тт сигурно ќе одев и ќе барав уште поклони. На моите купував првата година ама се некако не им беше погодено па престанав.Инаку џепарац многу трошиме , а неам поима на што. Така за одмор во Мк ни одат добри пари како на еден ол инклузив одмор.
јас одам само петок и сабота , може ако се договориш и имаат разбирање дека немаш кој да чува деца. Мене не ми е баш фино , дека одам сабота( тој ден сме сите дома и можеш негде да отидеш, прошеташ) ама друг ден па неможе . Бабата не соработува. Работници има ама никој не сака да работи во мизерни услови . И да е тотално флексибилен .
Прва кака,копав и барав деловите што најверојатно ги проголтал ,но ништо.Нека ги искака оти слудувам.Кој стрес и благослов во исто време се.
Во април 2023 се јавив за термин за тироидната во радиологија ми рекоа април 2024 има термин и не направив ама матичната ми рече да се јавам пак и да направам термин април 2024 подобро некогаш отколку никогаш и еве дури сега се јавив и термин имаше 14ти септември 2023 во 16:30. Да наздравиме!
Тие што сте порачувале торти од deinetorte.de, колку време пред роденден треба да се порача за да е спремна? Ви благодарам