Нема таква процедура. Мајка ми( пензионер) кога беше со македонски пасош не можеше да добие виза. Па адвокати фанавме за сосема друг вид на виза, нега на ќерка ми( со многу медицински документи и препораки) па едвај таква виза зеде. После веќе испадна бугарскиот пасош и немаше веќе проблеми.
Здраво девојки....може да ми каже некој каде во МК се вади документ дека не сме примале детски додаток и како се вика истиот? ...фалаа
Социјално. Баш така се вика, уверение дека немате примано детски додаток. Барем маж така барал на шалтер, го разбрале што бара
Пред недела- две ми рекоа од градинка дека имала анксиозност и панични напади. И јас тоа туку така си го сфатив, викам грешка се нешто и скроз го избришав од главата. Пред некој ден и се слоши, мислам дека дехидрира, и сега на саат- два вика дека и идела мислата во главата дека ќе и се слоши и ќе биде мртва. И на моменти се плаши и се тресе. И ослабена е во лицето па може да е тироидната како кај мене, а може и стварно анксиозност и панични напади. Ама зошто едно дете би имало??? Ќе се јавам утре на педијатар. Многу е слаба во лицето, ептен е пропадната. Во веце сеуште нема отидено. На саат- два и се повраќа вика. На саат- два и се слоши. Претходниот пат исто вака пред три месеци и крвна слика правевме ок беше ама сега може ќе треба пак. Ама за тироидна треба од вена. За дехидратација само електролити? И дадов кисела вода и овошје. Како да ја натерам да кака? Како да ја натерам да јаде? Ама сега не смеам да ја терам да јаде дека нема какано. Трпи цело време, а течна кака излегува, значи не е тврда нема да ја боли. И викам ќе и пуштам телевизор, ќе и купам што сака и ми вика да престанам дека никогаш во животот нема да кака и крај.
Немој да потценуваш мислам од многу работи дете може да биде анксиозно, пример слушнала за смрт од некое дете. Може и научено однесување да и е гледам по пишувањата твои премногу се оптеретуваш со работи како на пример кришката леб што ја изела дали е здрава или не. Гледај да направиш термин на психијатар обавезно што побрзо и за какањето и за ова. И тактика со телевизор ќе ти купам ти е скрос погрешна, ќе и купиш телевизор ако кака еднаш следниот пат што ќе и купиш? Мора да е свесна дека е природно дека сите какаат и не е страшно и не боли само стварно немам идеја како да го постигнеш тоа. Биди онлајн да не најдеш нешто да прочиташ како да пристапиш при таков проблем.
Цело време ми кажува дека некое дете Maher и кажувало за смрт дека ќе биде тод и цело време тоа ми вика дека и е страв тод да не биде. Од толку мала работа може да стане анксиозно? Детето е од поновите во група не го знам кое е. А за телевизорот се мислам дека ти ми рече. Нема да успеам да го најдам мислењето сега да видам кој ама се мислам дека ти беше. Да и пуштам телевизор, не да и купам.
Мајка незнам како ќе ме сфатиш, ама читајќи те во неколку теми сфатив дека не си добра психички. Тоа детето го чувствува, колку и да пробуваш да сокриеш. Најдобронамерен совет, да си побараш помош на време. Добро ќе биде и за тебе и за децата. Може е и плус некоја ситуација и од градинка која допринесува, истражи и тоа.
Може да сум ти рекла да и пуштиш за да се опушти ама сега сватив да и купиш , иначе има деца што зборат такви работи знам и мојот ми кажуваше како некое девојче му кажувала такви некој работи. И да може секој различно ги доживува тие работи, а и може да се повеќе работи се собира.
Психолог ваљда? И какање и анксиозност може да се поврзани со тироида, прво се исклучуваат физички фактори. За стравовите психолог. Крв од вена му земаат на моево од 3 години, ако не може од прелом кај лактот, знаат да погодат вена на дланка @gjoker4e . Психолог, да повторам уште еднаш. Ниедна родителска тактика мислам не е соодветна, ако не се најде коренот на проблемот.
Можеби форумов дава погрешна претстава можеби стварно психички не сум добра, ќе го прашам маж ми кога ќе дојде од работа што мисли. Ви ги послушав претходните совети во другата тема и не се замарав ниту со јадење ниту со вода ниту со какање со ништо буквално и за две недели почна страшно да ја боли стомак вриштеше и не можеше да се помести и ја однесовме одма на итна клизма и ставија и кога се искака и се слоши пребледе и од рече дека мислела дека ќе е тод и многу се исплашила кога и се слошило. И педијатарот пак иста приказна, да пие еден литар вода на ден и да јаде храна богата со Ballaststoffe и пак морам да и висам над глава и лаксатив да пие по 4 пати на ден и на секои два саати во тоалет да оди и пола саат- саат после јадење. И така и вака- не оди во вц, се стиска цело време.
Психички проблем е Џоки кој не осетил може само да обвинува.Одете на психолог и најдете го причинителот. Пуштам среќа за брзо решавање на проблемот.
Јас не знам шо е проблемот со какањето, ама проверете убаво физички фактори, ако не се проверени. Има психички аспект со одбивањето да кака, ама неколкуте случаи со деца што ги знам, завршиле со исход од физички причинител, дали глисти, дали интолеранција на храна, нешто имало. За тоа тод дека ќе била, децата околу некоја возраст, од за мене непознати причини се фиксирани околу спознавање на феноменот смрт. Памтам мојава од нигде никаде со денови ме гњавеше да и објаснувам, е како е тоа, е шо е тоа, иако никој во фамилија ни немаше починато. Објаснував најдобро што знам, си ветивме дека никој нема да умре, дека ќе бидеме сите заедно во наредните 50 години (толку и беше доволно) и фазата некако помина. Ако е изложена на нефилтрирани и несоодветни, застрашувачки информации, може тоа да ја праи бељата. Разговарај, објаснувај...и најди детски психолог.
Едитирав погоре, види. И не гуглај сега, доктор треба да знае што да провери. ... Сега ми текнува пополека, се објаснувавме еднаш околу тоа што јаде и не јаде, не знам на која тема биле други дискусии, кој што советувал. Јас до ден денес лупам, рендам, сецкам овошје и зеленчук, пошто инаку не и текнува. Тоа е.
Се гледа дека е психички фактор ама ок нема да на исклучам можноста и за физички. Сега скоро прашував на форумов што да правам за да се искака, пред две недели отприлика, и реков ќе и дадам далинско ако кака, а претходно плачеше викаше ќе ја болело ова она и кога се искака рече дека ич не ја болело. Само тоа е значи, страв од некогаш што ја болело. Ми рекоа и вецето да е удобно со боенки со стикери со се ама до сега се е џабе, си кажа одлучно дека нема никогаш да кака. Можеби ќе смислам нешто до сабајле. Утре маж ми е слободен па може ќе успее да ја убеди. И самата си кажува дека не сака да кака дека се плаши дека ќе ја болело.
Би рекла дури и да си лекар, специјалист по психологија и психички проблеми неможеш да направиш проценка на некој за неговата состојба според коментари, мислења и искажувања дадени на форумот. Незнам дали сепак си во состојба да процениш која тежина ја има твојот коментар. За мене овде би требало да има извинување!
Некогаш треба да пазиме што ке напишеме . Не знаеме како ќе дојде до тој за кого е наменето . Посебно ако немаме знаење за проблемот . Најдобронамерно е да не напишеме ништо или веќе ако се дрзенеме да кажеме нешто да биде со почит према членката, да не делиме дијагнози . Не знаеме самите низ што поминува секој . @gjoker4e јас сочуствувам со тебе и се надевам на побрзо наоѓање одговор на твојот проблем .
А јас со искуство може да пишам или не? Кога веќе некој бара совет, секакви одговори ќе добие. И одговорт на @mariz беше баш добронамерен. @gjoker4e Јас не те следам многу по форумов, ама и јас имам сличен впечаток добиено за тебе дека си психички напната. А и самата имаш пишувано мислам. Децата чувствуваат. И тоа многу. Јас кога бев анксиозна ќерка ми чувствуваше се, ама баш се. Мислам сите мисли кои ги имав, она ми ги раскажуваше. Ме прашуваше дали ќе умреш, дали ќе се разболеш.... итн... Ми требаше време додека не се освестам, за да преземам нешто. Така што... ти си знаеш, ама бидејќи праша, сметав дека треба да ти го пренесам искуството. И јас инаку имам проблем со тироидната и анксиозноста ми почна од неа. Ги средив хормоните на тироидната, ама анксиозноста ја третирам со терапија, не се повлече автоматски откако се среди тироидната.
Јас ниту сум била анксиозна, ниту болна, ниту ништо, ќерка ми на одредена возраст исто прашуваше за умирачка, како што објаснив погоре. Џокерче побара совет дали е можна анксиозност кај дете, и наведе конкретни проблеми во постот во темава погоре. Дали Џоки е анксиозна, никако не води кон брзо решавање на проблемите со детето. Темава постои како издвоена, оти поинакво здравство има во Германија, со поинакви проблеми се соочуваме ние во странство, ете немаме другарки за смолток во секое време и секој соодветен совет е добредојден. Не си добра психички-ниту е совет, ниту решава некој проблем, напротив.