Што може да купам без рецепт за железо, хемоглобин за 6 годишно дете? Ferro Sanol капки ми излегоа на Гугл, јас такви апчиња пиев па сигурно се добри Ама предложете и друго Не знаев дека постои брис од око. Хемофилис била бактеријата така нешто кај помалово Да одам прво крв од прст да и земат или да давам железо на своја рака? Бледа е во лицето, усните, нема енергија, спие повеќе од вообичаено, па се надевам до железото дека е, а не нешто друго, баш ми текна и коцки мраз дека зема од фрижидер и ги лиже
Ова пишува може од 4 години, ама железо може да ствара запек па во вашиот случај подобро прво консултирај се со доктор, уствари јас секако железо не би давала на своја рака.
Прават крвна слика за деца преку викенд во болница? Мала од прст за да се види железото. Цела недела ѕвонам во О2 и денес реков чекам до крај, ми кренаа после еден саат и 7 минути и ми рекла да се јавам во понеделник, денес дека сабота е.
Ако има баш загрижувачки симптоми, комлет крвна слика на итна. Ако не, во понеделник, исто комплет крвна слика. По можност цела историја да им ја кажеш, се да испитаат. Може да е ниско железо, ама може и железото да е ниско од нешто друго, пример малабсорбција. Значи барај комплетно решение.
Комплетна е од вена? Не знам дали ќе успее.За од прст се собраа сите да ја содржат. За од вена се плашам иглата да не ја помести.
И за вена ќе ја држат. Мојава уште ја држат, јас не знам како да ја држам, тие знаат. Ништо страшно. Или ти кажав, од вена од горната страна на дланката, мада викаат тоа повеќе болело. Некогаш ни е позгодно така од дланка, пошто кога и земаат од кај лакт цел ден е инвалид, не мрда со рака, не може да си игра. Сдк извољева, ама како што расте, се помалку извољева. А како помала стварно не можеа да и најдат добра вена на лакт, па така научив дека и од дланка може.
@gjoker4e препарат за железо никако на своја рака и без крвна слика. Инаку за проблемите анксиозност и стравови се јавуваат кај деца. И секако треба третман. Може тоа со какањето да е поврзано со паничен напад може и да е потполно неповрзано. Ако добро се сеќавам треба да појде во школо, тоа може да и е дел од анксиозноста. Страв од смрт и општ интерес за умирање се јавува баш во периодот во кој е таа. И тоа може да е дел од сликата. И рефлектирање на ваша анксиозност може да е во прашање (не викање и кршење по дома напротив повлеченост, разговори за тежок живот, разговори за проблеми итн, итн). Што и да е се надевам ќе го решите.
Мислам дека е буквално се од ова што пиша. Устата и е розева па сигурно е слабокрвна. Утре ќе одиме на педијатар. За крвна слика од вена ќе и земат повеќе епрувети? Како на нас четири што ни земаат? Долго ќе трае и може да и се слоши. Многу сум исплашена. Се надевам дека е само слабокрвност, а не нешто друго.
На мојот баш во Германија му земаа крв од вена. Освен што рикаше зашто првпат од вена му земаа крв самото земање крв не траеше долго. Мислам беа две епрувети а крвната слика беше комлетна. Подобро неколку минути рикање од олку време мислење што е.
Слабокрвна е железото или хемоглобинот треба да е 12, а 10 и е. Од стрес како низ магла ми е се. Утре да однесам примерок од кака како за инфекција да рече да проверат ама фактички мислам крв ќе проверат дали има во каката. Мала крвна слика и капки феро санол. Многу стварале запек, а она секако го има. Па рече прво со по 5 на ден да пробам па 10 па 20. Белите крвни зрнца ок, тоа значи не е леукемија? Ќе видиме каката што ќе покаже. Не реков за голема крвна слика. Се гледаше дека железото и е ниско. Се надевам на тоа и ќе остане. Дека нема да испадне нешто друго. Не да работам баш добро односно скоро па ич во медицина, стеав ми е од тумор или рак на црева. Па од него да не може да кака и да губи крв. Фала на помисла Не знам за колку в време има резултати од кака и после колку време максимум треба да ка однесам?
Ти ги кажав можните дијагнози во лп. Стално го тупат за окултно крварење и стално наопаку. Мм имаше железо патос, по ковид, од ковид, нееее, не можело од тоа да биде. На гастро го праќаа, ама богдачува да испитаат антитела. Не можам ништо да тврдам,само искуства кажувам, а искуствава се , што би се рекло, кој в плоча, кој в клин.Сигурна сум дека ништо страшно не е, ама земањето крв е најмалку стресен метод со најбрзи релевантни показатели. За железо кревање, природно, мед и семе од коприва. Не знам колку брзо делува ама нема несакани ефекти. За протерување, цреши на гладно- не прашувајте од кај знам.
Знаеш Џоки од слаба крв може и да нема апетит.Ако не јаде тоа повлечува други проблеми и така во круг.Јас давав кај моите феро санол капки не им правеше опстипација,ама кај вас е друг случајот. Цреши @Biljarkata и во голема количина исто протеруваат.Ама црешите овде се 1,10евра за 100гр.Па 1кг ти е 11 евра што ако ги изеде детето само може и да помогне. Поефтина варијанта за јадење богато со влакна е кромидарник .1-1,5кг кромид сецкаш ,јас ставам и топчиња кофтенца ,смелен патлиџан и ловоров лист, сол ,вода и ставам да се пече.После 2 дена има смрдеа во станот , ама за празнење црева е прва лига. Зимо јадеме туршја од карфиол и морков ферментирани само со вода и сол.Се што е на база на ферментација има позитивни бактерии битни за цревната флора кои исто го олеснуваат празнњето и го јачат имунитетот. На времето мајка ми правеше и домашно кисело млеко. Сега дали овде тоа е изводливо не знам. Гравот ти е богат со растителни влакна, а леќата и грашокот со железо и влакна(Ballaststoffe ). Имаш 3 дена во неделата од овие по една манџа, останува уште компир манџа.Со 4 дена во неделата манџи за 1месец сигурно ќе има подобрување во столицата.Само уште ако јаде. Ај звучам како баба да се самоиспратам сега.
Појма немам колку се, маж ги купува . Две недели ги има во годината, нит побогати нит посиромашни од нив. Е, повеќе од 100 грама на ден не требало да се јадат, незнам зошто, ама јас немам вага дома и така