На нештиклираното не знам како да одговорам? Не знам што се подразбира тоа. Дали работодавецот ќе ми плати?
@Kaetana Ти благодарам. На истиот линк читав ама не е објаснето на која адреса. Адресата подоле не ми личи како за ова. Утре ќе одам до АОК нашево да видам што ќе кажат, можеби може тука да ја оставам. И значи вистина е кој имаше пишано дека германциве појма немаат за киндеркранкгелд, значи и колеги и шефови истото го кажуваат, а не е точно. Да ме исплатат само па ќе им објаснам како треба. И докажам воедно.
Јас пишав дека појма немаат. )) Кај мене во канцеларија од 25 души меѓу кои пола и повеќе имаат деца, појма немаат што е ова и што значи, и како се користат деновите. На крај секретарката во доверба ме тргна на страна и рече - земаме денови ко ние да сме болни. Верувам дека една од причините е и што не земаш фул дневница, а да не грешам душа дека се сите такви, но многу од нив за евро очи ќе ти извадат.
Ти треба и копија од кранкшрајбунгот на работидавецот да го дадеш.За да ти намали од платата и да даде информации на кранкен касето. Ако си Аок пиши Anschrift AOK во кое место си. Не знам ама АОК има Аок Nord, AOK Ost... па види под кое сте.
Кранкшрајбунг- што е тоа? Секако не ми го платија на работа тој ден. Копијата од артц бешаинигунг од двете страни да ја копирам за работодавецот?
Го оставив во АОК во градов, ми рекоа на вистинското место сум дошла тука требало. Точно потполнето. Ми направија копија само од предната страна. Ми рекоа дека ќе се јават на работа да прашаат некои работи и штом ќе добијат повратен одговор од нив ќе ме исплатат ама ми рекоа дека можеби ќе потрае додека да ги добијат па тие требало во централа бла бла. Колку едноставно, а колку комплицирано за прв пат. И знам дека сум досадна ама уште тоа ќе пишам колку ќе ме исплатат кога ќе ме дека на работа се убедени дека 100% ќе ме исплатат.
Само ако мерките на карлицата говорат дека треба широк повој. Тогаш добиваш упут за ортопед. Мислам дека у2 беше прегледот.
U2 беше во болница кога нѐ испуштија и не направија никаков ехо преглед (само на срце заради слушнат шум). На U3 ни даде нашиот педијатар упат за на ортопед. Бевме вчера ама ме заинтересира дали е стандарден или не. Во книшката има за штиклирање демек зошто се прави - пишува дека се прави од 3 причини - породување од карлична позиција (влечење за нозе), фамилијарна историја на проблеми, и видливи проблеми. Па дилемата ми беше дали нѐ пратија заради породувањето (бидејќи баш беше влечен за нога) или сепак сите бебиња добиваат упат за ехо на колкови. Затоа што во мк сите деца ги носиме на ортопед на ехо на колкови со цел да се види дали е сѐ ок. Широк повој не помага за ништо. Ако не дај боже има проблем - има соодветни помагала.
Овде матичниот мери на ехо колкови. Кај малата едниот колк не беше под аголот под кој треба и доби месец ден широк повој. Тоа овде е дупли памперс меѓу нозе. За месец ден на контрола кај ортопед не прати и таму повторно мереа и се беше во ред.