Џокерче, се извинувам вака што ти упаѓам во муабет, но бидејќи спомна дека му ги имаш пропуштено систематските, ме интересира дали ти правеа некаков проблем. Нас ни стигна писмо дека од 34ти до 36ти месец, заклучно со третиот роденден, треба да го однесеме на систематски и после тоа докторот да им прати таму нешто, некој документ. Ама сеуште немаме матичен за малиот, ни на 20 км од нас не сакаат да го земат, викаат преполни биле и примаат само новороденчиња. Сега во мисла ми е да не има некој проблем за понатака со школо и слично затоа што не сме го однесле.
Сите кога пишавте за црешите да кажам и јас. 0.99 центи се 100 грама од убавите. Денес видов во реве кесичка од пола килограм за 3,50 ама помали и понеубави ми се видеа. Знае ли некој како ќе биде со новите даночни класи? 3/5 ќе немало веќе ама затоа 4/4 ќе била по поповолна. Ава вие добивте државјанство германско? @Ava.84
Денес читав, тестирале јагоди од 18 различни понудувачи низ сите најпопуларни маркети, 16 од нив буквално удавени во различни видови на пестициди и отрови. За нас не е проблем ама како на дете да му се објасни зошто не сакаш да купиш... Не знам зошто ама во Био и не верувам баш
Здраво, како оди сега процедурата за престојот? Мајка ми ми беше дојдена 50 дена остана тука..е сега дали мора 3 месеци да остане во Мк за да дојде повторно?
За првото дете еден систематски пропуштив, немаше никаков проблем за во школо. За второво дете два систематски до сега, ќе видиме колку ќе бидат до крај. Кај вас па и не е ваша вина, не би требало да има некаков проблем. Мене уште малку мислам дека на советување ќе ме пратат: Само заборавам и во градинка да однесам или шешир, или крема за сончање, памперси кога ќе ми речат јас минимум после 3-4 дена носам. Ако има некој како мене нека ме утеши барем. И термин за вакцина успеав да заборавам еднаш. Се ми е запишано ама нормално заборавам дека е запишано.
@gjoker4e не си едниствена за заборавање . Запишувај си во телефонот. Направи си мемо. Што рекле да донесеш. Јас два пати заборавив дека имаат воншколски активности. Еднаш ми се јавија дали ќе ги донесам . Втор пат утнав ден . Термини за забар , педијатар имам на фрижидер закачени ливчиња . Инаку ќе ги заборавам . Имаме многу во глава , од пазарење , дома средување. Оваа моја свекрва еден ден ќе ја отерам од кај е дојдена . Петокот беше да чува деца на два саата . Ми ги обрала цвеќињата, да си ги стави во вазна . Ден претходно си викав , колку се убави ќе си ги ставам во вазна .. Друго почнала да збори на мм колку и е мака, дворот порано толку убав и бил а сега нема ни едно цвеќе останато. Вчера ја седнав и реков се и ми вика ама јас сум педантна .. сакам да ми е чисто . Мене ми се стемни. Незнам што сакаше да каже . Се нервирам уште
Запишувам во календар хартиен во кујна, или лепам ливчиња на табла. Ствари што треба да се однесат во школо, ги редам на клупа во ходник, да бодат очи, да не ги заборавам сабајле. Не дека ова покрива се, ама барем нешто. Минатата недела, пишала учителката во вторник, дека ќе одат на екскурзија во петок и се околу тоа, јас прочитав, забораив и во четврток и пишувам -а кога ќе се вратите.Не е деменција, само толку ствари имам за праење и памтење, што инстантно заборавам понебитни работи. Арно ме потсетивте, да откажам ручек во школо за наредните денови, секој ден има нешто, не памтам што, заокружувам на тоа дека треба ручек да се откаже, доволно е
Po kolku deca se vo grupa kaj vasite vo gradinka ? Kaj nas vo starata se 10, sega vo novava gledam 22/25
До 3 години се 10 деца во група. Над 3 години 22 деца. Денес сум слободна. Почнав секоја недела да барам слободен ден. Ме ставаат без слободен. Не дека имам некој проблем со тоа ама тие ќе имаат проблем кога јас ќе имам слободен па сакам проблем да имаат и да ме ценат малку повеќе. Може конечно ќе се опаметам 30 години кога ќе наполнам.
Од понеделник до сабота. Недела и празници не работам. И сега оваа недела четврток е неработен ама фактички треба уште еден ден слободен нели. И сега на шефот “проблемот” му е што од јануари до сега имав шест недели стар одмор. Во короната скоро сите трудни бевме и сега многу имаат по 10 недели одмор оваа година и нема кој да работи. Ама ако немам слободен ден нема да сфатат колку треба да ме ценат. Ќе сфатат само ако ме нема. А и јас нив ги сфаќам. Таа најмногу што може да ме замени има исто две деца, 10 недели одмор, и покрај шесте недели до сега урлауб се пиша и четири недели плус кранк, дека германка нели. А јас само два дена бев кранк до сега за децата нели. А таа се пишува кранк како таа да е кранк. И не е дека нешто со сила не тераат туку порано работев без слободен од 6 до 13-14-15 и ми плаќаа прекувреме и земав плата како фолцајт, фактички знаат дека немам проблем со работа ама сега сакам да глумам дека имам за да ме ценат повеќе. Не дека не ме ценат де туку да почувствуваат како е кога ме нема. Мислиш незаменлива сум јас како се опишав. И плус од 6 до 10 работам, секој ден ми е слободен мене фактички. Ми направија термин за систематски 21ви август. Ми рекоа дека ќе имам проблем со кранкенкасето. И затоа ми направија. Дека го имав пропуштено претходниот. Каков проблем не прашав.
Дали може да се примат во исти ден ммр и варичела во една рака и менингокока во друга рака? Педијатарот рече дека може ама сакам да се осигурам. Терминов го влечеме од годинка. До две години мора да се прими втора доза ммр заради градинка. Ќе прашам и во соодветната тема ама во Мк не е исто со овие три вакцини па џабе ќе прашувам.
Јас би ја оставила стрептококата на страна оти варичелата и ММР се силни вакцини и прават рушум на имунитетот.Па после или пред би била стрептококата сама.
Итно ми треба одговор... Кога се дава Kündigung за работа, околу датумот не ми е јасно како треба да стои. Значи договорот е од 2021 со важност од една година и потоа е продолжен пак на една година. Меѓутоа на документот за продолжување на договорот не стои датум, туку само дека е продолжување на постоечки договор. Е сега на отказот треба да се пише првичната дата од 2021 или треба да стои кога е продолжен? Не знам дали напишав јасно...
Бидејќи си на истото работно место цело време, си го пишуваш датумот кога започнал работниот однос, значи датумот на првиот договор.
Како да не делува ибупрофенов После саат и пол спушти, после пола саат од тој саат и пол пак 38,1 тт Не ни се оди на итна сега дека многу се чека Сабајле од 8 до 17 не се чека брзо се завршува Цело време и како пролив кака ама многу малку Постои таков вирус? И после парацетамол чепче одма крена тт Нз дали работава е за на итна? Од ноќеска 1-2 до сабајле 11 немаше температура и мислев оздраве