Мислам дека е вирус и мојата имаше темп. сега нешто каки пролив. И на другарката исто. Кај нас растат и заби па може и тоа да е . На доктор не сум била.
Бевме сега на итна и рече владеел таков стомачен вирус со температура поради топлото време. Прво нејасно ми е дека нели до сега беа децата па и возрасните болни “заради времето”. Сега еве е топло. На какво време не е болен човек? Рече може да потрае 4-5-6 дена. И најинтересното е што само ние бевме во болница. Немаше никој ниту пред нас ниту дојде после нас и завршивме одма. Од 8 до 17 секако брзо се завршува ама од 17 до 8 се чека за време на неработни денови.
Девојки, дали за убод од крлеж се оди на итна овде? Само да ме ѕирнат дали останало нешто внатре би ме примиле или би ме пратиле дома?
Да ,со големата двапати бевме.Немам намера сама да го остранувам чудото, коса ми се крева само што ќе помислам ,а плус да го видам. Ама не даваат ништо само да следиш да не ти се појават црвени кругови на местото или по телото. Нека мине со лесно и без последици. Многу ги мразам ми го уништуваат уживањето во природата.
Се оди, нека видат. Мада јас не сум од тие што одат, а до сега ме имаат угризано неколку пати. Местото околу убодот не треба да шири црвенило. Нас мм ни ги вади со картичка. Има во аптеките специјални. Не можам јас, некако ми се одвратни и плус страв ми е да не остане некој дел од нив внатре. Децата ги имам неколку пати однесено. Ама увек не враќале назад со препорака да се следи. Иначе сега последниов пат, син ми имаше крлеж во глава. Леле колку ги мразам и јас. И многу се опасни. Спрејот дефинитивно не заштитува 100%.
Ќерка ми полани исто имаше на главата. Кутрата ми вели утрото пред градинка: -Мама имам нешто во главата ама ме боли многу и не ти давам да го видиш.Кога видов ,уште што не се онесвестив . Спрејот ни од комарци не заштитува не па од крлежи.Вчера лом не направија комарците ,а само што се напрскавме.Изгледа спрејот е само реклама.
Леле ќерка ми исто имаше во глава, не знам ниту како приметивме, оти долга и густа коса. Многу случајно беше тоа, онака уз галење по главче напипав. Од тогаш навака, редовно ги проверувам и во глава. Кај син ми одма видовме оти кратко косиче. И кучката ми е со ампули редовно и спреј и прскам и сега пред два дена пак крлеж. Значи нема спас. Ние сме вакцинирани фсме. Ама шо правиме со борелиоза и останато.
Kolkavi se sansite da Mi dozvoli maticniot da napravam krvna slika da ispitam zelezo? Shok me udri koga Bev vo Mk, ispitac krvna slika, zelezoto 4. Pocnav so tableti i plus vovedov ishrana bogata so zelezo, ama tolku mi e Loso, dekocenrirena, umorna i Samo mi se spie.
Ќе си закажеш термин и ќе си кажеш дека не ти е добро. Исто ќе кажеш дека си патиш од анемија и земаш терапија и мора да те провери. А инаку еднаш на три години имаш право на крвна слика без причина. П.с. јас скоро секогаш добивам што сакам да испитам..не знам оти. Кога ве читам некој пат како во друга држава да сме. Или јас не барам пречесто крвни слики. Ете лани на ендокринолог цела палета ми испитаа. Витамини, минерали, хормони, шеќер и ехо на тироидната. Да чекав 4-5 месеци за термин, ама ко не сум/бев итен случај воопшто не ми беше проблем. Кога била ситуацијата поитна сум добивала и термин соодветно за ден /два или недела/две зависи колку итна сум била. Во случај кога нешто сакам да си испитам, само заради моја сигурност си плаќам на приватно и не се расправам и надмудрувам. (Ова само кај предходната гинеколог ми беше случај, па ја сменив. Повремено што си плаќам ехо на пр. на приватно и тоа е тоа). Цените а овде платил на приватно, а во мк исти се. Бар од мое искуство.
Како што паметам наш од Балканот ти е матичниот? Кај мене може крвна слика кога сакаш односно кога ќе кажеш некој симптом. И за големи и за дева никогаш немало проблем. Не знам стварно каде има проблем можеби каде што е густо населено. Кај мене за ништо нема проблем. Инаку железо и со нешто од дм се испитува по ново ама сеуште не истражив што е тоа па можеш и така да видиш ама секако и термин на матичен.
Дали планирате да си одите од Германија? Работава како само за селење да е дојдена или јас сум нешто грешка? Ние со една нога преселени сме, уште со другата. Каде не знаеме.
И јас имам некој таков нагон, последниве месеци се по изразен. Знам и каде ама дали и таму ќе ме собере незнам само...
Да најдам шугрдеди и ќе се селам ,вака без пари еднаш се селев втор пат не трпам таков стрес. Ама јас и ти сме повеќе 10год разлика стара сум јас за експерименти.
Јас секој 3 месеци правам крвна слика за штитната, мм поретко ама прави еднаш годишно ако побара и почесто би му дозволила мислам на 3 месеци е границата, и железо и холесерол и шеќер… ми се има случено да барам плус феритин и трансверин си платив екстра ама не беше многу. Јас со гинекологот имам проблем секое ехо е по желба си го плаќам и вагинално и на гради. Сега имам проблем од септември навака еве денес 13 ти пат добивам ( крварам). Едвај ми дадоа термин по сто пати јавување за да ми рече што доаѓаш нормално е со годините по богу 37 имам. Па си платив ехо за да сум мирна, пап ми направи два месеци подоцна кога ми беше регуларно закажан све во ред ( порано нема шанси нема причина). Ми рече ако не сакаш толку често да крвариш може да ти дадам хормонална терапија без да ми испита хормони или некој природни па ги пијам тие ама еве три месеци беше све ок и сега пак по старо ќе пукнам. Дали Хаусарцт има право да ми провери хормони? Гинекологот нема шанси да ми даде, незнам ни што би правела со резултатите. Што друго да барам да проверам?
Ме фаќс понекогаш желба. Почнува и овде да ми е претесно некако. Не знам како да го опишам. Ама после ќе ми текне кои ми се опции. Америките се премногу капиталисти за мене. Некако не ми се сака да работам по 18 саати на ден. И со здравсвен систем и се екстра плаќање. Некако не ми е филм. Тука некако и Швајцарија ми е у исти ќош сместена. Истиот впечаток го добив, а Менхетен, а Цирих. Мех. На север да одам ладно ми е. Ќе фатам депресија у зима 100%, си се знам. Холандија можеби. Ако најдам место кај што не дува ветер постојано и не врне толку стално. Башка јазик сличен на германски им е и со англиски сегде скоро се оправаш. Австрија не е за мене. По планини се заколнав дека веќе нема да се селам. Колку сака нека е убаво, месец два убаво е, после е само за гледање на разгледница е. А по рамното не знам искрено. Австралија и Азија ми се предалеку сега за сега. Си реков дур се нашите живи, преферирам да сум на макс пола ден оддалеченост со авион од мк. И на крај се сведува на балкан. Таму у Копер можам да си се замислам, иако пола мое село таму е. Или Хрватска на пример. Е сега животен стил/пари и сл. Не е баш најсјајно. Италија и Шпанија се еу, ама не се. Менталитетот леле мајко. Прегласно за мене. Башка па и нов јазик сега со скоро 40. Не дека не е можно, ама па само тоа ли да правам . Сепак овде сега ок е. Иако моментално кога го правам штојерерлерунгот ми се плаче искрено. Обично да кога поднесуваме за данокот ми доаѓа таква желба да си одам од овде. Забележувам дека уставри ко германците сум станала и само мрмкам за нешто. Значи редно време е да си се повлечам у некое село/мало гратче, може помирно ќе ми е. Некако поголемите градови, да имаат можности поголеми за работа стварно, ама во последно време не ми се допаѓа тоа што гледам низ улиците. Не ми е тоа што сакав. Еве сум у поголем град, не се сеќавам искрено кога последен пат сум отишла низ центар без потреба. Дал да купам нешто или да седнам на кафе/ручек. Чисто без повод. Цело време преферирам он лине да нарачам и кафе/бранџ кај мене у парк. Среќна сум што имам барем таква можност. Саботно возиме до едно селце во еден Едека и Алди центар, пошто не поднесувам луѓе и гужви. (Монолозите на Џолин, да не ме остави човек два дена дома, не знам што со себе, ама сите други знам да и оправам.)