Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    1.160
    Ја да си кажам пак околу селењево.... Значи ептен ми е во глава периодов. Причините се како што и спомна и @gjoker4e плус и додатни зошто да одам и зошто да не останам. Економски значи на глобално ниво е секаде лошо после корона кризата и војнава така што не се надевам на подобро во однос на тоа при селење. Мене тука климата ме убива ама кај што има подобра клима па стандардот и менталитетот е крш. Прекуокеанскиве земји и кај мене не идат предвид од истите причини набројани од членките погоре и да нагласам далечината. Ако би се селела од тука единствено би било во Австрија. Нешто истражував околу Грац и уште една област била климата добра, потсетувала на медитеранската. Поблиску е до Мкд за со кола и за нашиов Божиќ е изводливо да се оди:nod:. Голем дел фамилија имаме со маж ми и двајцата таму. Друга причина ќе си правам летно време продолжени викенди во Хрватска на плажа, или Словенија 8).
    Поголем избор на "наша храна". И јазикот кога веќе го почнав, друг ќе ме оболи ако треба да учам.
    Сега околу платите мислам му доаѓа исто со Дојч до некаде. Таму е поскапо ама со 13 и 14 плата компензираат некако и некои бонуси за деца.

    Отприлика јас така си размислувам а како би било не знам. Ех да беше Македонија Германија во географска смисла :mm:
     
    На јolene, pdb123 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    8.561
    Пол:
    Женски
    Леле јас поима немав дека така сум се пишала. Не било намерно. Пошто користам четири јазици на тастатурата, вајда ми била на кирилица, па сум сменила на латиница, автоматски и несвесно. Мене не знам дали би ми текнало да пробам така :)
    Млада си ти штом те привлекува уште галамата, гајле немаш, имаш сили за селење.
    Приближно. Пишав не знам што со себе кога сум слободна, во смисол кога не сум на работа немам рутина и најчесто губам време еве или на форум, кај шо ум делам, или на други глупости, без да правам нешто смислено. Ама се освестив и го спасив денот од пропаст. Сега може на раат да си легнам, без нечиста совест.
    Инаку пооправена у живот не сум била, знам точно што сакам и кои ми се приоритетите. И план Б и план Ц имам :). Е сега не врви секој пат по план, ама ми помага бар да не загубам правец.
    Ти сепак прашај ако имаш нешто, ко шо кажав деновиве сум расположена за ум делење и мудрување.

    Кој испит точно ќе го полагаш? Телк или Гете или пак оној другиот што е за престој, го заборавив како беше. Кој и да е не дека многу разлика има.
    Побарај на нет пример модални тестови од испитот што ќе го полагаш. Чисто да добиеш ориентација на што треба да обратиш внимание. Имаш во секоја книжара книги за точно кој испит ќе го полагаш, за подготовка за испит. Имат супер типсови и примери и тестови и вежби. Баш она што ти треба. Додуша и од библиотека можеш да си ги изнајмиш. Или ако имаш време у библиотека одиш и си се спремаш таму. Не мораш ни да се зачленуваш. Или на клеинанцеиген на старо можеш да си ги купиш за поевтино. И на интернет имаш купишта материјали и граматички вежби. Пиши кој тест ќе го правиш, ќе видам може ќе имам да ти пратам нешто линкови.

    Да те запознаам со мајка ми :rofl::rofl::rofl:. Она уште повеќе знае. Право чудо еј :rofl::rofl::rofl:. Еве не знам како може сегде у светов да се снајдам, само у роденото ми село со 500 жители да морам инструкции да добивам, шо како и каде :devil:. Или па у последно време ко ќе почне да ми дели совети на нит видено нит чуено од 1700км далечина. Мислам она изгледа има измислено како да патува низ простор, па се гледа, само уште физичка форма и фали. Да е жива и здрава само. Умна не знам дали сум, ама инает и истрајна сум.

    Многу корупција Билјо по Аргентина. Ти уствари за Чиле ми стоиш..веќе ако мора да е по јужаната америка. Ја пред три години за Еквадор препекав, од шо ми беше смачено од долго зимо. Ама фала богу ми се размина идеата :D.
    Сега би пробала уште еднаш овде во некое помало гратче или селце. Идеално на Боденско, или некое по баерските езерциња. Само не знам како во зимо со маглата би се справила. Па пошто не е итен проект, си оставам време да подразмислам. Пошто нели и други услови треба да се исполнат. На пример работа. Кај без пари :D. Џабе муабети ако нема пари. Е може и Швајцарија на некое езерце, ама не знам бе некако, дојчланд на ногу удобност не научи. Одмор ти регулиран, боловање те следува, мајчинско и породилно, здравство какво такво, сепак функционално, пензиско, советувалишта, за се и свашта, ти само знај шо сакаш, се има некој кој да те поднасочи. Можности за преквалификација и на постари години и то поддржани од агенција за вработување можат да се најдат. Или еве прекувремено или платено или екста одмор. Нема премногу, ама има доволно.
    Ти мислам не беше дојчланд, туку негде по на север или у некои комшии? Како е кај вас?
     
    На Chantal, Ava.84 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.832
    Допаѓања:
    186.242
    Ете видиш, до буквата Ч уште немам стигнато:D, стигнав до Н ама ме бендисува многу.
    У комшии нормално, има ли земја со која не сте комшии. И кај нас комшиски, тревата не толку зелена, крлежите активни годинава|(.
    Ај да одам на буквата Ч да видам8-|.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Штрајкуват ли кај вас аптеките?
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.514
    Допаѓања:
    288.549
    Добро утро
    Денес иде фотограф бо градинката кај децава, исповозбудена сум. До сега три пати правеле Geschwister Fotos и преубав спомен ми се сликите:inlove:. Закачени ми се на ѕидот кога се качуваме по скали.
    Градчево кај мене е околу 15000. Блиску е до селото каде што живеевме. Минус е што поради шпарен шпарен затворена е болницата и пак мора во централната, во која одевме и кога живеевме во селото, која е и така преоптеретена.
    Шпарен е и во централната, еден педијатар е секогаш дежурен на три оддели и плус на итната. И ти чекај со саати :devil:. Сега најново мора сите педијатри да преземаат смени и во болницата, Оти се нема кадар.
    Се грееме со luftwasserwärme Pumpe 400еу секој месец. Плус струја, вода, за müll, осигурувања…1500 ни одат за такви работи (facepalm).
    Поим немам за аптеки е, последно онлајн нарачувам.
    Се полошо и полошо е, ама секаде е така, во цел свет. А сили на ново да бидам млада невеста, со деца плус, немам.
     
    На ines.h, mal.ecka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    37.124
    Пол:
    Женски
    Да, денес. Има дежурна аптека исто како за време на неработни денови. Само денес е штрајкот.
     
    На mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    37.124
    Пол:
    Женски
    Малиов сеуште има пролив, а веќе е 6ти ден. Може да трае толку долго стомачен вирус? Од денес малава. Ако ја држи и неа 6 дена и повеќе ќе полудам. Ваков стомачен вирус немам видено до сега. Нас сеуште не не фати. Имам дома бускопан мислам за над 6 години па ќе и дадам. Уште и нас ако не фати готови сме. Јас како мртва сум кога имам стомачен вирус паѓам по земја.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Малата фати норо вирус само пролив.Ја дршеше повеќе од месец.Рекоа траел од 2-3недели . Ние дававме и примерок во гедундсхајтамт на 16ден уште имаше норо.Рекоа да остане ние седевме над 3 недели дома и тргнавме на раб.Се чудевме како е можно ама било.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    37.124
    Пол:
    Женски
    Леле и кај моиве е само пролив, без повраќање. Ама не ми кажаа кој вирус, не ми ни текна да прашам. До сега стомачните вируси само по еден ден ни траеле. Ова е рекорд.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Кај нас имаше норо во градинка и затоа претпоставија прво дека е норо и после испитаа и потврдија.
    Нека минува побрзу.
     
    На gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    37.124
    Пол:
    Женски
    Ние градинка немаме видено две недели. Прво беше затворена па сега не ја носев ни малата. Се немам ни јавено ни известено преку апликацијата дека е болен.

    Цело размислувам за тоа јас кога ќе се пишам кранк. Отказ нема шанси да ми дадат. Плус дека кажувам дека дете е болно, а не лажам дека јас за 100% плата, уште повеќе ми веруваат. Проблемот лежи некаде во мене. Јас немам ниту од школо отсуствувано ниту од работа. И прво отсуство ми е со малата кога требаше кранк да се пишам и јас се оболев од размислување и грижи. Стварно не знам што ти е. Размислувам дали некогаш во детсвото ми рекле дека морам и болна и во школо и на работа ама не можам да се сетам. Некој психолог или коач на темава? :D Не дека не ми е гајле што се болни децата, секако дека ми е ама да објаснам пред да ме сфати некој погрешно, ама кога треба кранк да бидам јас не можам да се помирам со тоа. Не знам која дијагноза е тоа.
     
    На SanelaS и Ava.84 им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.004
    Допаѓања:
    42.434
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e нема што да се мислиш , кога си болна си болна и со мирна душа ќе седиш дома.
    Јас не би се замарала.
    Мм е ко тебе .
    Имаше корона закачено , го пишаа недела дена болен. Овој уште 3от ден вика поарно ми е , негативен сум ..ќе се вратам на работа . Кога сум го подбрала. Сите колеги , буквално сите завлелуваат боледување со недели , мува не ги лази .. мојов поштен се прави .
    Плус он е тој кој мора да ги замени болните , како главен раководител на тимот .мора да менува некој секоја недела буквално .
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.004
    Допаѓања:
    42.434
    Пол:
    Женски
    Нас ни стаса покана од градинка , не канат на едно попладне кај нив од 14 30 до 16 30ч. Да се запознаеме :$
    Мм ќе си ја види учителката :wasntme: што му била пред 30 и кусур години .
    Ќе видиме како малото ќе се понаша таму , дали ќе е срамежлив и затворен или ќе му се свиѓа таму .
    Ајде уште малку и ќе почне.
    Има организиран превоз од селово до градинката . Ги носат сабајле и го земаат на пладне .
    Може за понатаму ќе ми треба . Сега на почетокот ќе го носам јас додека се вклопува .
    Може подруго ќе е кога ќе биде неколку саати таму , ќе имам друг
    Mindset. Ќе имам време за мене малку .
     
    На danichap и gjoker4e им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    15.844
    Девојки, знае ли некоја да ми каже колку алкохол е дозволено да се пренесе преку граница, конкретно вино? Литро, две...? :?:
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    37.124
    Пол:
    Женски
    Преку која граница? Германија- Швајцарија дозволено е само еден литар.
    Ако го купиш на аеродром може и повеќе да е дозволено.

    Туку од кога сакам да ве прашам кој израз се користи на германски за: од Б биол, во смисла кога некој од мравка прави слон, односно нешто што ќе го кажам на една личност и додека тоа стигне до некоја последна преку неколкумина други и од б направат биол, како расипан телефон. Ме сфативте мислам, не знам на германски како би се кажало, со точен израз за да сфатат од одма. :D Уште не ми ни притребал изразов ама знам дека ќе ми, па да дознаам на време. |( Ич не е лесно во мојава глава. Или главава не ми е во ред или премногу слободно време имам и треба паметно да го потполнам. ]:)

    Комшивкага со 4 деца, едното и оди со комбе во некоја грАдинка, има 5 години и веќе само го чека комбето. Најмалото 2 години беше само во шпилплац со третото 6 години што има. Исто како јас да ја пуштам мојава со малиов. И ај не се прашувај дали некаде грешам стварно. Па јас и 15 минути да ги пуштам сами и да испијам едно кафе на раат ќе се преродам. Ама не ми изгледа возможно. Не знам како е возможно кај нив. Или да ја пуштам малава сама до градинка и до дома? Би била поодморена. Ама нели ги мислат? Што ако се случи нешто? Ако ги киднапира некој? Јас кога го видов нејзиното само се враќа од градинка и трчам да ја стигнам и викам ќе одиме заедно накај дома, не можев ни да замислам да ја оставам сама да оди накај дома, а секој ден оди де. Иста градинка, зградите ни се споени.
     
    На Ava.84, mal.ecka, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Јас
     
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Зависи од каде ќе доаѓаш, на нас на Хрватска не тресеа, се ни извадија надвор, од човек може само по 1л ракија и 2 кутии цигари, иначе казна од 90е и плус ќе ти го фрлат алкохолот.
    На мене розевите гаќи ми ги видоа во куферот и одма го затворија:rofl:

    Ќе ги носат од градинка на театар со автобус, прв пат ќе оди и мојата ма да немаше список кој ќе оди а кој не, незнам само јадење да и пуштам без вода или? Ептен ми е страв многу е разлошена мојата како ќе се понаша таму
     
    На mKdevojce и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.514
    Допаѓања:
    288.549
    Јас секогаш ставам флаша вода. Таму се мирни, подруго се понашаат одколку дома:D
     
    На Ava.84, Neda997 и Chantal им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    37.124
    Пол:
    Женски
    Немате апликација од градинка преку која детално ве известуваат?
    Храна, да нема јогурт, флаша вода која што се затвора, ранец по можност да се затоплува напред за да полесно да го носи, крема за сончање намачка а од дома, шешир или капче за од сонце, соодветна облека, удобни патики, или и удобни сандали ако постојат нека сподели некој кои да им ги купам и на двајцата, да нема течна храна, и да нема лубеница на пример. Ако јадат и ручек таму тогаш две кутии во ранец, една појадок една ручек
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.004
    Допаѓања:
    42.434
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e јас не би ги пуштила сами децава со најмалото да одат некаде сами . Ако е кај нив во соба тогаш можам да се шмугнам да испијам кафе на брзина . Ама за друго нешто не. Додека играат надвор во куќарката нон стоп сум на штрек да не ми текне да се преврти од неа како што се натега надоле со главата од висина . Они дома играат брканица и малово трча ко мува без глава , не гледа напред , па ќе се заака негде од некој ќош.

    За одење сам во градинка , сигурно не оди кога ќе е доволно свесен дека ќе оди сам . Тоест ќе биде возен со комбе .

    За тоа правење од мравка слон .. Овде викаат Aus einer Mücke einen Elefanten machen.
     
    На danichap, Ava.84, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.