4 мајки сме, шо си ги вардиме децата на игралиште, 9 годишни деца. Од 3 то одделение, чат пат, сами одат до школо и назад, ама школото ни е на 200 метри, преку парк.Другите се пуштени од 3 години со други деца или од 6 сами. Јас-во лошо друштво се паднав, мајките од децава шо се дружат, си ги гледаат. Ама не е само гледањето Џоки, знам дека ние што ги гледаме надвор, ги гледаме и дома, ги бодиме да учат, да имаат некој ред.. Е сега, сигурно тие што се пуштени сами, побрзо ќе станат самостојни, ама на долги стази, мислам ќе се исплати ова нашево повеќе. Не крадат овде деца да речеш, ама па не е ни рајската градина, бездомници, пијаници, наркомани се мотаат и дење и ноќе, иако ноќе помалку, сите си легнуваат во 9 ваљда.
Имаме апликација ама освен дека ќе ги носат на театер и од толку до толку саатот да биде прием и зимање на децата, друго ништо не пишува, ај утре ќе прашам. Незнам зошто, ама најсериозно, од кога се вративме од Мк, толку да е разлошена, на мојот збор она 5 нејзини збора, се дере, писка, вриска, буквално веќе една недела неможам на крај да излезам ни јас ни татко и со неа. Беше многу културна, мирна, стварно немав проблем со неа, што и се деси после Мк појма немам
Можеби и фали некој од таму,па на таков начин ги изразува своите чувства.Биди трпелива, следи.Ако е тоа ќе и пројде со време.
Нашето школо е 10мин пешки.Значи не е многу блиску.Ама од класот на ќерка ми има многу деца кои си одат сами иако се 6-7 години пешки. Ние пробуваме заедно да оди сама ,каде да се движи каде да пази ,ама сама и е страв. Сама со другарка си игра пред зграда ,а ние ја гледаме од балкон.Секако после се симнувам и јас со малата , за и неа да ја прошетам.Ја имам пуштено и сама до поштенското сандаче што е на некој 200 м од дома и мора да помине покрај пешачки.Ја гледав од прозор ,трчајќи отиде и си дојде ,со страв. Нејзината другарка од градинка ја зема сестра и од градинка од 10години одат сами. Од класот имаа и деца што се 9 год и тие редовно ги зимаат родителите. Кога е границата да се осамостојат јас не знам?Да не ги гушиме децата многу?
Кога се преселивме овде во селово пред 3 години , средното имаше другарчиња кои родителите ги пуштаа сами надвор. И нашево го викаа .. Тогаш имаа кое 7 кое по 6 години . Сите имаа смартсаати. Во било кое време знаев кај е , во која куќа се отидени . Плус селово мало , секој со секого се знаат. Па се привикнав да е сам надвор . Од прв ден одат сами во школо , автобуската е блиску до нас . 8 деца се во еден клас . Куќа до куќа сме . Во 18ч кога ќе зачукаа камбаните од црквата сите се враќаа дома. Ние родителите се знаеме меѓу себе. Ако се дојдени кај нас јас со нив надвор бев , кај другите исто. Значи пак имавме контрола врз децата. Летно време сите по дома со базените, пак се собираа те кај едно те кај друго . Значи сами не беа во ни еден момент. Сепак може да се случи нешто . Деца се .. Него вчера не додржав и морав да му кажам на мм дека ми пречеше што беше пак негде после работа со работата може требаше да си преќутам и да си легнам и така време ми беше ама не додржав и морав да искоментирам. А знаев долго дека ќе имаат нешто планирано , трка и то слично ..ама ете Мислам дека капак на се беше кога видов дека една жена на колега негов била и она таму . Дека јас сум задолжена за чување деца а он може да си тера слободно време. ( Грев е да кажам дека е често , не е ) ама ми се собра од цел ден . А тоа неговите колеги се понашаат ко да се најдобри пријатели. Ќе имате тимски ручек , вечера , кино .. аманте . Кај цел заедно на работа и после работа се собираат. И така сега малку ко скарани . Ама денес ќе бидам тро иронична. Без причина човекот си го изеде
Добро утро мајки, на тема осамостојувањето на децата јас многу станав претпазлива откако прочитав за киднапирање на 2 годишно дете во Хамбург. Мајкава го возела на велосипед го симнала и се наведнала да го заклучи велосипедот, детето некој психо во меѓувреме го кренал и почнал да бега. За среќа го фатиле луѓе кои го виделе случајов и детето е вратено кај мајката. Ужас... Ама одтогаш кога сме надвор и кога ми трчка околу мир немам ако не сум на метар -два оддалеченост. Да не креваме паника ама да не оставаме на случајност си мислам најдобро. Безбедноста е најбитна. Иначе цуца моја тргна во градинка, се адаптира, по сат време со мене, пола сат без мене супер до сега. Ама со полно работно време по еден месец ќе видиме Иначе гледам надвор 19 степени, групата со поголеми деца ги соблекле по купаќи и ги прскаат со вода со црево од чешма Децава пискаат, врискаат, модри од студ ама им е забавно. Јас седам по долги на сонце и ми е малку свежо, и веќе не ми е чудно што се сите со мрсули. Ај нека ни е господ на помош, друго не знам што да речам. Убав ден ви посакувам.
Искрено и јас често му замерувам на мм и се чудам како после работа не трча дома да си го види детето туку пие кафе/пиво со ортак. За работата збореле де ...аха да. Ама па и не ми смета многу, тој губи... До душа со 2 работи е човекот и напорно темпо па можда тој пола сат/сат му е издувен вентил, така да и го разбирам.
Мислам дека мене ми се собра од цел ден стресот и на крај се истурив на него . Големата беше дома , цело време со школски обврски. Скоро цел ден беше над биро , нејзе ја контролирав до каде е , ова не напишала ова заборавила .. во меѓувреме малото до мене се мота .. и тоа ми на зема енергијата. Ова по цело време седење дома и чување деца знае да допре до нерв . Цело време пазање да останат здрави и живи до крај на ден не е лесно . Исцрпува мајчинството ако се нема издувен вентил . Мм пример ако има нешто договорено , секогаш е кога децата се веќе во кревет . Го легнува малото и иде кај има планирано , што не е често тоа негово искачање .
Здраво, женички! За осамостојување ваљда иде по некој природен пат повеќе ..ќе си оцениш ситуација луѓе околина... и детето дали е спремно за било каква акција да направи само па тоа било и 15 мин негде надвор или на улица..шо знам можи и не сум паметна. Сепак сметам дека тука е по ризично во ДЕ не викам по небезбедно , сепак за многу случки сум слушнла зимаска баш беше негде кај Халбергмос за киднаприање станувало збор. Дали сум јас како не треба или сепак е неправилно ајде кажете. Пред извесен период идам да го земам од градинка и го гледам качен горе на покровот од оние куќичките што имаат и лизгалка висина на таа куќа е 3 метри засигурно, а можи и повеќе , глетката беше страшна значи недај боже да би паднал без скршеница тешко или друга беља .И јас збеснав од далеку како идев и како ме гледа му кажувам да се симне , а свесна сум дека го гледаат учителките зошто во двор се стално и тоа траеше додека јас стигнам до дворот од градинката улицата поприлично долга е ,а се се гледа ..знам дека они го имаат видено а и чим се качил не му е првпат сигурно.Они ладно туш, буквално не се замарат како и по обичај.Сериозно ама баш сериозно сметам дека сисемот му е поприлично нефункционален за мене сепак не е професионалност да не се замараат дотолу се со цел да ги научат на таа нивна самосталност од мали нозе буквално од бебиња така ги остават како некое животинче да го пуштиш па иди снаоѓај се .
А ти ако видиш др дете качено исто на високо се замараш да му кажеш високо е ќе паднеш?Не. Така и они знаат дека не може ништо да му биде пошто долу е песок и ако падне ќе се повреди.Ама ќе научи да не се качува пак.Така да не се сеќирај,може и му рекле затоа се симнал. Во нашата населба често има исчезнати 13 год деца.Ама се надевам дека своеволно исчезнуваат оти не го гледам по вторпат огласот.
@ines.h Јас мислев дека Германија е врв со такви ствари ама каков шпилплац имам видено во Швајцарија леле. Нај трагикомичното беше што и деца од 3 години се искачуваат и се пуштаа по лизгалката. Јас отидов со мојата и ниту до пола нозе ми се тресеа и сакав да ме спаси некој. Таа плаче да и помогнам јас не можам сама себеси да си помогнам само викам Господе да дојде момент да се вратам до доле. Јас ја пуштам да прави се што прават и другите деца ама овој пат еве и јас не можев да стигнам ни до пола, а деца мали се пентарат како ништо да не е и не паѓаат, не се сопнуваат, не се плашат, ништо. Всушност и нашите треба такви да се ама еве сеуште не можам да се помирам со опасноста. Значи ти глетката која си ја видела за нив била како тротинет да вози по прав пат, не е тоа страшно како во твоите и нашите очи. Маж ми ми има речено дека ако нешто се случи некогаш дека само моја вина ќе е, дека тој не дозволува така и нема никогаш да дозволи, а јас не сакам да ја двојам, штом можат другите може и таа, и така сме создадени како луѓе најверојатно ама нас сигурно сите исто не растеле, не оди таму ќе паднеш, немој таму, тоа не смее. И сигурно и психолошки удел има ова кај успеваат овие деца да се качат. Денес на работа. Срцето на место ми дојде. На работа значи ич не ми е тешко. Ама дома… Се скршив во рок од саат време и седнав со кафе. @MacenceEna јас од три дена полудев па тек повеќе. Најтешко е дома. Маж ми вика помалку да гледам инстаграм и психолози што објаснуваат за брак. Јас би му дала три саати максимум неделно издувен вентил. Како демек би ме прашал мене ама па мојов маж многу ретко излегува, и скоро секогаш тој готви, со тироидната кога бев само тој садови миеше и готвеше и ѓубре исфрлаше плус на работа оди цел ден, сега ги носи децата во градинка и ручек прави, и се што му е на пат дома не прескока како што имам гледано други мажи и да рече ова направи туку се самиот тој завршува. Уште многу вака добри карактеристики има ама има друга маани или па само јас бубачки во главата, ќе видиме наскоро за сигурно. Тој вика од инстаграм ми било. И за симпатијава моја знае, буквално ништо не кријам од него, тој од мене секако дека не знам, само тој си знае. Ич не ми се одеше од работа ама не беше главниот шеф тука за да го прашам дали може подолго да останам. И сабајле една колешка што работи подалеку од мене ми кажува требало станот да и го реновираат и ми вика дали знаеш што е тоа реновирање. Ау косата ми се запали. Ич не сум зборлеста и мисли дека појма немам од германски. Дури и шефот кога му реков за да ме смени ми рече морам прво германски да научам, викам шефе не сме 2020 година, три години поминаа. Морам да почнам да зборам па Макар и за џабе и од вишок да е. Си зборам јас со најблиските ама со другите ич не зборам дека нели од б биол ќе направат.
Кој рече нема крлежи во град на бетон -ја.Си повлекувам збор.Во вецето ме полаза крлеж како е донесен не знам.Сега се тресам цела не ми се оди до веце Добро што мене ме полази па го видов и мм беше дома инаку свест ми се сврте. Сеа генералка ќе правам. @gjoker4e ти завидувам што одиш на раб се мислам утре да појдам и јас дома полудев од досада.
Мајки дали затнат нос може да е алергија? Син ми веќе еден месец и повеќе е со затнат нос и тоа баш затнат неможе ниту да спие ниту да дише.Носен на лекар на гради нема ништо нема температура не кашла и се враќаме дома дека не му е ништо ке помине. Но оваа е навистина долг период и се мачи премногу навечер. Дали јас би можела на своја рака да дадам Лортадин за алергија или да не се обидувам сама оваа да го правам. Ве молам ако некоја имала сличен проблем како да го решам оваа
За спиење пробај прво со црвен кромид на пола пресечен. Навлажнувач за воздух дома. Луфтирање. Лоратадин сама не.
Решение пак на лекар, јас на своја рака не би давала ништо. Биди упорна и кажи дека детето не спие ноќе поради носот. Иначе кога слушам какви мажи има ми иде развод да му барам уште вечер кога ќе си дојде од работа Кај нас мислам да ме нема 2 дена станов ќе се распадне, ајде што не мие садови туку ги остава по маси каде што јадел. Облека за перење низ цел стан, крпа после туширање в дневна на тросед, ѓубре фрлање ако му речеш и пак ќе ти рече дека брза сега. Се нешто е на брзање, па затоа не завршил. Свеки е крива, јас кавги со години правам и не успеав да ги поправам работите. Хигиена и чистење е "нормално"само моја обврска. Купување по маркети и готвење јас. Често добивам и обврски од типот да испратам писмо, платам, земам кеш од банкомат, сметководител, рецепт и слично што он не стига да заврши. До душа од прва си иде кај 4 и во 6 трга за трета така да откако почна со ова приватното му се чудам од каде му толку сила да издржи да работи, а не уште да му дадам обврски. Ама сепак стига во тие 2 сати да скубне 30мин, сат за кафе е тоа ме нервира понекогаш ама батали. Кога е слободен обично шетаме фамилијарно. Највеќе ме нервира ставот и често замерувам кога мисли дека јас имам време за се, слободна сум и одморена, па секоја моја жалба не е сериозно сфатена. Некогаш му велам колку е раат што си оди само на работа и сите други обврски друг му ги завршува, а некогаш си велам ај да не бидам вештерка, да не мрчам само и тој сат-два да не му се влегува на човекот дома
Дали следува еднаш годишно бесплатна Schufa? И ако да, каде да ја поднесам? Имам слушнато такво нешто, лани вадев за прв пат, ама ми наплатија по 30 евра од една. Е сега, не ми била актуелна, пак ми бараат нова
Каде да барам работи за домаќинство, со поволни цени. Ќе ми треба се, од лажици, чаши, садови, до постелнини, пешкири. Другата недела одам, па да разгледам во меѓувреме. Знам за Akcion, Ikea гледав, друг некој предлог?