Woolworth , Kik , Tedi , Kaufland исто знаат да имат добри понуди . Исто и по другите маркети како Lidl , Aldi сврти им флаери знае да има на понуда убави постелнини , пешкири..
Женски да ве прашам, бидејќи ќе се селимо во друг стан ( нова адреса), дали има опција некоја без да се малтретираме многу поштата да стига на новата адреса или ?
Мислам маж ми , ми има кажувано дека треба да одиш во пошта и се плаќа 20-25€ и системски а мењат адресата секаде кај што ти е заведена , и новата пошта ќе си стига таму на новата адреса .. Али незнам дали е секаде така со сигурност , ние сме во BW покраина..
Само адресата за мојот престој ќе треба да ја смениме т.е лично да идеме до таму како и во АОК исто, само ме интересираше за другите институции како радиодифузна, возачки и слично.
Имавме ние пред 9год нешто вакво направено но не стигаа сите писма кај нас стигаа и на страта адреса. Како го направивме не се сеќавам.
Пополнување на документите за градинка има по два примерока еден за градинката друг за нас треба ли двата да ги потполнам ? Ова цела книга од 70 страни било
Двата. Па тие за нив ќе ги скинат и ќе ти ја вратат книгата. Не треба се. Би требало да ти имаат обележано кои страни. Прочитано немам ништо. Само потполнето кај што треба. И од библиотека сега што се ми дадоа, кај имам време да го читам тоа. Се почуствувам како во нешто ризично да навлегувам, а не во библиотека како да се запишувам, тоа со членови со којзнае што. Ама сепак ми се допаѓа се бидејќи на крај нема вака така туку се знае како е напишано така е и точка!
Да цела тетратка е ама не се пополнува се, мене ми штиклираа што треба да пополна одприлика половина. Мене ми бараа и двата примероци да ги пополнам и тој за нив и тој што останува за мене. Мислам дека некој прашуваше за тестови. За железо или нешто слично пред неколку страни. Овие тестови во дм ги видов. Туку да си кажам случки со балканци од денес… Седиме на шпилплац со ќерка ми, таа си играше јас отворив шишенце вода да пијам во меѓувреме малата се лизна и јас го оставив шишето на клупата малку подалеку од другите работи и отидов да ја утешам. Ете ти ја една си го зема шишето ја истури водата и си прибра пфанд, толку се изнервирав оти приметив дека е читава, не и фалеше ништо. И се свртев и си го побарав шишето, таа наудрена се прави… виде дека не се откажувам и ми викаа “аа ти наша “ а таа Бугарка и вака така ми го врати шишето, не ми е за 25 центи ама се изнервирав. Следно денес во соседството имаме балканска пекара, прават многу убав бурек и најмногу поради бурекот доаѓаат луѓе, ама имаат едни пецива многу убави и ќерка ми многу ги јаде, купив едно и директно и го дадов и го гледам детето не јаде, го фаќам камен тврдо, не од вчера од задвчера… Тоа беспари не се дава на човек а не по нормална цена! И така.
Sega citav edno istrazuvanje deka kaj decata vo gradinka vo prosek 14 pati vo godinata imaat nastinki , pa mislam deka go fakame prosekot znaci 2 nedeli max tri e okej i pak pocnuva so tecenje na nos. A vo gradinkava kaj sto odi sega ne primaat so rastecen nos.
Ова со шише вода во шпилплац и мене ми се деси ама појма немам кој го зел. Нецела минута отидов до малата, се враќам го нема, а лето пекол и плус ни пари не носев да купам вода некаде во близина. Тоа со тироидната кога имав проблем и кога се лошо ми се случуваше. Ми се плачеше тогаш, а деца вода ми бараа. Додека стигнав дома цркнав. Од тогаш ги кријам шишињата ако се со пфанд или ги носам флашите од градинка. Инаку убаво си им направила. Јас така се однесувам само 7те дена пред да добијам. А баш би сакала 365 дена таква да сум. Со ваквите што се прават на Тошо. Чадам од нервоза со малава Ова не е состојба или болест или нешто такво Ова е карактер Страшен карактер Кревам раце Се разболев веќе Во фамилија има еден ваков тежок карактер со кој мака виделе и сеуште гледаат човеков веќе 40 години има Не знам дали карактер е наследно Ама ова не се издржува Тешки апчиња ми требаат за да преживеам
На работа доаѓаат многу бугари , повеќето се Роми . Каков лом знаат да направат тоа чудо . И тоа секој петок истите. Почнав да им кажувам да не растураат , зашто јас истото морам да го прередувам и стварно ми е преку глава . Еднаш намести , они ќе растурат за минута . Како кула од карти се се руши. Плус се срамам да зборам со децава на македонски, зошто ме сметаат за нивна . На работа кај мм работеше еден Македонец , ром. И го викаат девер на мм . Еден колега мој ги собира нашите празни шишиња со фанд. И стално се гребе за цигари Малово ќе биде агроном. Секој ден исти видеа на Јутјуб бара. Со трактори , орачи, собирачи на сено. Секое дете различно. Едно интерес има за компјутери и програми , друго за цртање и креативен хаос . Трето со трактори , багери .
Еве ме пак отказ ќе давам денес. Значи шефицата е неписмена. До 13 години одела во школо. Секако некој може и до 10 години да оди па пописмен да е ама оваа е несреќна жена. Имам некои прекрасни колеги ама кога ќе ставам се на вага оваа значи најмногу тежи и морам да си отидам. Три недели имам одмор од крај јули. Може отказ да дадам дента пред да отидам на одмор? Ќе си остане одморот? Дали ќе издржам до тогаш прашање е. Многу сум нежна. Можеби. Не е решението отказ. Ама што е тогаш решение? Престанав да и зборам, ништо не и реков и не ни отидов чао да кажам. Сабајле ни добро утро нема да добие.
Најлошо е да си имаш работа со прост човек , без разлика дали е со основно , средно па и факултетски образован. Јас не би седела во таа фирма. Размислував пред некој ден ако во саботата колешката нешто ми преречеше ќе си ги спакував работите и ќе заминев. За среќа пак е одговорна , и кога работам со неа постигнувам нешто . Со другите ко да не сме работеле ..
Мајки знаете tagesmutter колку чини? сигурно зависи и колку часа ќе го чува, но од септ.полниме 1 год.нема шанса за градинка барем уште една година па нз дали би ми се исплаќало да плаќам или да седам дома без работа :/
Мене ме изнервира денес ова. Пред да се породи снаата , дојде брат ми на гости . Се што имав дома од децава , облека , количка , транспортер со изофикс. Кадичка .се буквално ми дадов . Облеката не сакала снаата да ја облекува на бебето . Била стара , носена А се беше од најмалиот што остана . Значи ние све ново купивме. Толку ме повреди кога ми кажа мајка ми не знаете . Они ќе си купиле се ново . Да е некоја од богата фамилија ќе кажам да ајде нека е. Ама ова сиротинче. Јас сите тие работи од децата ги чував за него , еден ден кога ќе има деца ... Ама незнаев што ќе ни дојде .. Како да се осеќам после ова незнам Сакав само да им помогнам за почеток . Да не купуваат големи работи . Секој почеток е тежок . Почнуваат од ново се да купуваат за стан , барем за бебе да не се трошат ама ете
Луди се по празни шишиња. Немам лично искуство некој да ми џапне шише, ама гледам цело време се претураат канти. Па и германциве исто праат по кантите. Откако распролети нон стоп има ивенти низ град, де некои фестивали или свирки и мали концерти. Приметувам дека многу Германци, особено стари обавезно проверуваат канти и собираат шишиња. Не знам како не им е мака на ова сонце, минатиот викенд Сара Конор имаше настап, два дена по неа Стинг, абе помини-замини се некој отвараше канта да види дали ќе најде шише. Пред скоро нарачував перници. Попладнето тркнав на кратко до супермаркет и се вратив одма дома, дали 20 минути не бев, баш тогаш ги доставиле. Ги оставиле во комшии, ми оставиле нели картичка точно кај кого се да ги побарам, одма отидов никој не ми отвара, никој не ми отвараше за да си го земам пакетот и следните 3 дена. 4 ден го наоѓам кај мене во влез отворен и разбуричкан. Перници беа па не се потресов. Пред недела дена чистам вц и слушам низ прозор некој збори македонски и влегува во куќава до мојава, а влезовите ни се карши на некој метар. Кај неа и ми беа перниците, ама дека Иванова, помислив дека е бугарка. После година ипол дознав дека имам Македонци скроз до мене и баш тие ми ги расчепкале стварите. Па уште ко глувци се криеја не ми отвараа, туку искористиле некој од девојкиве што се над мене да поминуваат за да ми ја фрлат отворената кеса пред врата.