Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.276
    Допаѓања:
    37.123
    Пол:
    Женски
    Само што ми текна дека денес во 10:45 има малиов термин за вакцина, втора доза ммр и варичела. Не знам како ќе се јавам пак на педијатар. Морам да си поплачам сега. Се ми се собра. Дури и во градинка им кажав дека денес има термин за вакцина. Ако запамтиле сигурно се чуделе зошто го носиме во градинка. Баш убаво сум нашминкана денес ама морам да плачам.

    @Yowannty Може Иванова во темава да е. :rofl:
     
    На mal.ecka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.319
    Допаѓања:
    182.094
    Пол:
    Женски
    Не си земај при срце. И јас не сакав облека од други. Особено за првото дете толку имав мерак сама да купувам што купував како дупната не само јас, маж ми бетер беше. :bandit:
    Кај мене свекрва ми, само што дознавме дека е девојче леташе специјално до Атина кај сестра и нејзина и дојде дома со кеси облека од внуките од сестра и. И јас ништо не бендисав. :tmi: Прво ја разбирам пукната за внука беше, ама не ме ни праша дали јас сакам нешто од внуки од сестра и, си отиде сама. А јас трудна хормони ме маваа многу бев лута. :D И на крај решив да не се замарам, си одбрав она што беше ново со етикета што не стасале да го облечат другото и остана кај неа. И реално бебешките секојдневни работи ко бодиња и шпикозни перени преперени ни боја имаа ни апликации веќе на нив.
    Кој како може и сака нека си користи и јас испратив од малиот мој по мајка ми за Македонија за малото од братучетка ми и она се си искористи. Ама ја прашав прво дали сака. Мојот напреден многу и многу работи ми останаа скроз нови само испрани и такви и пратив.
    Имај во предвид дека е трудна и хаос со хормони и можеби на крај и ќе ги искористи. :)
     
    На mal.ecka, MacenceEna и Chantal им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.319
    Допаѓања:
    182.094
    Пол:
    Женски
    Може да е. :) Ако е, поздрав од комши :P
     
    На mal.ecka и Chantal им се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.415
    Пол:
    Женски
    @Yowannty да и јас гледам стари луѓе како ги пребаруваат кантите за да најдат некое шише. Тоа е затоа што стариве Германци се дојдени до просјачки стап . Неможе секој да си го дозволи овој луксуз наречен живот . На работа во саботата кај 15ч дојде една муштерика постара жена . Почна да се извинува што доаѓа пред затварање на дуќан , ама морала да излегува преку ден зашто во станот над неа и под неа живееле фамилии азиланти со по 3 4 деца и биле премногу гласни . Навечер до 23 часот лумпувале децата, ми падна ептен жал искрено . Жена од 80 години да неможе да си мирува не нејзини години , да мора да се сели на тие години зашто дома нема мир.
    Колку стари Германци биле избркани од становите за да се вселат нови фамилии од Украина.

    Друго , значи океј е . Прво дете и е . Се роди пред 2 недели .
    Хормоните лудуваат ама она е дојдена со раце во џеб. Плус мајка и е тука 3 месеци . На мајка ми вчера и се развикале зошто сакала да го види бебето преку камера . Немало 40 дена .
    Ова дали е нормално ?

    Се е на грб на брат ми . Се буквално . Може и он по дома им готви .
    Он треба да купи се , да донесе.
    Јас значи ајде облеката нека не ја носи . Ама детето во корпа го става во кола а не во транспортот.. и тоа е нормално ?
     
    На mal.ecka, Chantal и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    За шишињата да кажам дека кај мм на работа Германец ги собираше некој шеф беше, млад, убав ама ете ажурно секој денар си го цени . Сега е на подобра позиција не е веќе таму, знам истиот имаше гаража купено на старо за мали пари и све во гаражата препродаваше.

    За давање работи јас скоро све си продавам ( освен облека) тоа или фрлам или на сестра ми нешто што е унисекс е сега почнав на една комшика ама она стварно му ги облака работите и не ми е криво. Морам да кажам дека дадов книгички на една тука на хрватски беа они Хрвати викам еве ги. После три дена одам кај нив книгите испокинати низ соба и реков веќе не нека стојат не ги давам, многу ме заболе незнам моето дете не дека е сјајно ама книги уште од бебе една со музики ја има скинато и една со храна измачкани зошто хранеше животни никогаш не кинел без везе. Германските ви продавам македонските на сестра ми, хрватските незнам девер ми тешко дека ќе има деца ама никогаш не се знае.

    Јас дадов отказ заради колешка исто така со 6 то одд. беше, новите за две недели си одеа со плачење од неа јас јуначки 7 месеци издржав со неограничен договор отказ си дадов ама мирна глава. Е после скоро цела година работа барав да ми одговара работното време и конечно чекам да ми пратат договор од следниот месец почнувам. Се надевам на ок колектив, другарки не ми требаат ама нормална работна атмосвера да.
     
    На Ava.84, SanelaS и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.319
    Допаѓања:
    182.094
    Пол:
    Женски
    @MacenceEna јас уште со јазикот слабо стојам, ама приметувам низ интернетов дека кај германциве се повеќе расте отпор према украинциве. Гледав тик ток пред недела дена, исечок од ток шоу или утринска програма со јавување во живо. Се беше јавила германка повозрасна жена и кажа дека се изначекала во бјути салон две украинки пред неа праеле се туто комплето од коси, трепавици, шминки, мени педи. И на крај не платиле туку рекле да се јават во ратхаус мислам беше или која друга институција е задолжена за нив и тие ќе им плателе. И стварно се им е платено. И на страна оние што стварно се во незавидна ситуација, овие другиве се повеќе и многу ја користат ситуацијава.


    За другото што да ти кажам а да не згрешам. Ти си ја знаеш ситуацијата најдобро, јас само од еден аспект искоментирав. Не знам дали да поразговараш со брат ти можеби, не знам каков ви е односот, или ако нив им е арно седи си на страна… Ама зборни со брат ти околу транспортерот барем, за безбедност на бебето се работи. Стварно не знам што да ти кажам.. :doh:
     
    На danichap, Ava.84, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.415
    Пол:
    Женски
    Јас и брат ми сме близнаци. Од мали сме неразделни , он од секогаш беше наивен . Јас морав секогаш да го пазам , помагам . Тоа беше до нашите 20 години
    После секој си почна со свој живот . Јас се омажив , створив семејство .
    Се слушаме секој ден .
    Си помагаме . Децава мои ги сака многу . Тука сме за било што , да си помагаме . Ако не фамилијата тогаш кој ќе му помогне .

    Е сега значи , јас сум многу избувлив карактер. Значи со кое трпение и нерви зборам со нив сега , самата на себе се чудам . Пазам да не кажам нешто лошо .
    Не се мешам . Самата каша сам ја надроби сега нека ја срка.
    Ние од негова страна сме биле лоши сите. Значи како му е него кога слуша такви работи .
    Детето го немам видено со денови . А не се многу од кога е роден.
    Мене ми е битно тоа дете да е сигурно кога се вози . На само кога збориме со брат ми му кажувам обавезно да се става во транспортот и да се врзува .

    За облеката нека е , нека не се носи . Јас ја дадов за да им олеснам на почеток (пак ќе речам)
    Се треба да се купува а се е скапо . За двете купував се ново. Немаше кој да даде . а третото добив од пријателки. Многу работи . Ги износе мали и ги вратив.
    Германците немаат срам да побараат. Тетка на мм кога ќерка и остана бремена одма се јави да праша што има да дадеме .
    Или купуваат од secondhand продавници .
    Германците секое евро си го ценат. Таму каде можат да заштедат штедат . Нов не им е срам на детето да го обележуваат во носени алишта. Посебно бебе и мало дете . Тие работи остануваат и така не износени.
    Јас што имам од ќерка ми давам на мали девојчиња од пријателки.
    Сите ги износуваат работите и ми е мерак што е така.
    Барем овде секој има и преима.
    На германец не ми е битно што детето ќе носи фустанче дадено од некаде. Тие 10 евра што ќе ги заштеди , ќе ги уложи во некој краток одмор .. излет со детето .
    Тоа е нивниот mindset.
    Јас ако купувам нови книги за децата од книжара .. ќе се прочитаат и после дремат во библиотека он ќе ги купи на старо и после ги препродава .
     
    На Bozica1980, dunika, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Како сакате можете да ме разберете ама јас затоа со наши се немам, само на едно здраво и тоа е тоа, некогаш ако сум наапена нешто и ги одминувам, толку се злобни, толку оговараат, ама мош мислат ќе исправат уште една крива Дрина.

    Јас кога се породив пред 4ипол години, земавме ствари зачувани од на вујна ми ќерката, а ќерка и денеска има 20 години.
    Нормално сочувани, исперени, испеглани, буквално како нови.
    И ние исто многу ствари и купувавме, ама сега да сум на тој мозок, шанси нема толку ствари да се зима и купува.
    Едноставно наместо фала да ти кажат @MacenceEna, ни фала не си добила, и од горе нема да ги носи стварите, абе Бог да чува, не заблагодарна. Леле исти брат имаме, и јас сум близнак со него, и исти карактер има како твојот брат.
    Сега кога се враќавме од Мк, баба му на мм ми прати ствари за низ дома за ќерка ми, и реков ок, што ќе ги флека новите летни алишта низ дома, нека ги носи старите од братучедка и, вчера и зимам едни панталони да ја пресоблечам, скинати ок, зимам една блуза со флека, луѓе кога и навезав една порака, кога земав сите ствари во ѓубре, само ме гледат дома што правам.
    А ние кога им однесовме поклон, верувате ли ни едно фала не ни кажаа, ниту пак не викнаа на едно кафе, јас не сакам ни софри некој да ми спрема, ниту обрзував некој да ме чека дома, ама едно фала да не напишеш. Ете неблагородни луѓе
     
    На danichap, Ava.84, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.415
    Пол:
    Женски
    Со здрав разум сум барем , знам што давам . Што е исфлекано , искинато го фрлам . Се беше ново што дадов. А фала до ден денес не добив. Не ни прашав дали и се допадна се што дадов. А цела кола ја накрцав со ствари .
    Коритце за бањање . Ќебенце шиено за моево , Bettschlange , релаксатор . Да можеш и дрвеното креветче не користено ќе го дадев ама немаше место . 4 вреќи за спиење од Alvi . Постелнина за бебе и ај да не набројувам. Ништо немало да користи од облека . Ќе си купиле се .

    Абе кај шуто па и боде.
     
    На danichap, Ava.84, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Мене пред 3 години еден човек ме чекаше да ја испијам водата за да го земе шишето. :?:
    Ми вели ја испи вотата сега можи да го земам шишето. Јас така останав. :|
    И јас бев со став се сакам ново и убаво за бебето и фала богу си купивме се што сакавме, инвестиравме повеќе за убава количка, хранилка.. и еден куп други реквизити. А за облека една другарка од тука ми даде за бебето и фала и многу, ми се најдоа првите неколку месеци. Бодито што го носи под блузата и шпикозните за спиење не се толку битни како изгледаат.
    Сега е поголем и можам повеќе да го дотерувам.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.415
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e јави се , кажи малото качило тт го извинуваш и да ти дадат нов термин.
    Или среди веќе .

    Да ви кажам како растат децата така растат и трошоците. Со оваа економска криза е тешко.
    Минатиот месец платив 400евра за школски активности. Еден летен камп од 5дена и тридневна екскурзија . За едното дете.
    Второто исто фудбалски летен камп 200евра. И тоа не е се .
    Треба да се спремат тие деца. Да купиш што треба , летна гардероба за големата.
    Средното има од лани уште и ми се точни . Големата ептен се извиши . Нарачки од Зара Манго нон стоп стигаат .
    Малото носи што останало од брат му и плус ми шијам јас .

    Мм е таков он сака за неговите деца се најдоброто , најубавото . Што немора да значи дека ако е добиено на носење е лошо . Значи за најмалото најмалку трошок имавме . Дали е битно сега што носел такво работи ? Појма нема он

    @Neda997 да не сме ние крвно поврзани? 8-|

    Инаку никотински шок ќе добијам. Се препушив денес цигари од нервоза. Душата ми смрди мислам . А што не сум јадела е друго..

    Денес ќе одам да почнам фрижидери .. ќе летнат 200евра :envy:
     
    На danichap, Ava.84, Neda997 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Сигурно сме, јас и вчера и денес препушив, денеска гратис стомачна болка и дијареа. Мм што би кажал амам на Недо само со цигарот си во устата, ќе те закопам со Pall Mall и чашата омилена за кафе:D
     
    На Chantal, MacenceEna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.415
    Пол:
    Женски
    Јас само пушам коа мм не е тука . Дека се префалив како ги оставив и сега ми е незгодно да си газам на зборот .
    Вчера бевме кај пријатели на скара и пиев бело вино па запалив една пред него .
    Инаку кога сум сама со дете , само кафе и цигари ми е паметот.

    Ела на кафе @Neda997 да се расчуриме :D.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    17.127
    Пол:
    Женски
    Јас имам една комшика Германка е, нејзиното девојче е 3, мојата уште малку 2 откако се запознавме цело време ми дава и играчки и облека зачувана, чиста, скоро нова ми ги дава кесите и ми напоменува да си изберам што сакам. Ако нешто не ми се допаѓа да ги вратам таа ќе ги дадела на некој друг. Играчките сите се едукативни и дрвени и соодветни за возраст. Исто и јас се што ми е зачувано од ќерка ми давам и ниту мислам дека е срамота ниту пак мислам дека на тие што им давам не можат да си дозволат, напротив! Лето е, мојата ја пресоблекувам по 5000 пати на ден.
    @MacenceEna во ред е и да не сакаат да прифата ама во тој случај секако требало да си обезбедат барем транспортер пред да се роди бебето, тоа е основно.
     
    На mal.ecka, danichap, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    8.550
    Пол:
    Женски
    И мене би ми било криво, ама пробај да не се нервираш. Знаеш како велат, на човек на сила можеш да му земеш, ама не и да му дадеш. Колку и да сакаш некому да помогнеш, ако не прифаќа, неможеш да го присилиш. Треба сам да е свесен што е добро за него. На крај сите од нашите глави си патиме.
    Те разбирам дека ти е жал и криво ти е, ама брат ти мора сам да се освести и да си постави граница. Лесно секако не му е штом му трубат и му полнат глава цело време, сигурно се осеќа растргнат и не знае што и како да прави. Затоа поарно не му додавај масло на огнот и да се осеќа притиснат и од твоја страна. Прашувај го како му е, биди му поддршка и кажи му дека си таму за него секогаш. Повеќе и не можеш да направиш колку и да сакаш. Смирено само кажи му дека бебле има право и другата баба да го види, и дека не биле фер.
    Со сила убавина секако не бидува. Следно подобро продај си или донирај негде, нека се снаоѓаат на крај како знаат и умеат.

    А штета стварно, бебешки нешта, па и за дете, воопшто не се износуваат. Штета е да се купува цело време на ново. Јас лично немам компекс да купам на старо и гледам да купам на старо, па и да е исфлекано што, и онака ќе се доисфлека.
    Новата брза мода и производство на облека како прво прави огромна штета врз околината во која живееме, со сите тие хемиски процеси и бои што се употребуваат за продукција на алиштата. А плус транспорт, пошто се што гледам низ дуќаните е Индонезија, Бангладеш, Кина. Европа ептен ретко.

    Од друга страна, посебно за бебешки облеки колку повеќе се перени, толку помалку се токсични. Бидејќи и самите принтови и бои не се толку безопасни, без разлика на сите сертификати што стојат на етикетата.
    А и самото купување постојано ново освен продукција на огромни количини на ѓубре на глобално ниво, ништо друго не носи. Не е и се во заштедата на пари, иако тоа најмногу се осеќа на сопствен џеб.
     
    На dunika, danichap, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.319
    Допаѓања:
    182.094
    Пол:
    Женски
    @MacenceEna ние кога се селевме тука не можев се што сакам од ќерка ми да донесам нели. А имавме пола камион наполнето. На пример, релаксатор, кошара огромна имав од ќерка ми, хранилка, коритце, останаа кај свекрва ми и тука морав за второто да ги набавам одново. И во право си и јас се сложувам дека супер работа е да се споделуваат работи и дел од тие работи тука ги зедов на старо. Плус за ќерка ми користев рејузабл пелени што исто останаа кај свекрва ми. Пред месец маж ми беше конечно таму и зема се и тука се што имам ми е во план да продадам. Гледам дека тоа функционира така тука и ми одговара пошто немам ни простор да складирам веќе а и зошто би ги чувала и понатаму ако не ги користам. Алиштата од ќерка ми и играчките сите ги дониравме во домови за деца без родители, не можевме се да земеме. Тука искористивме многу работи на старо што е реално.
    Ама за алишта немам осет колку купувам, јас сум дефиниција за импулсивен купувач, ама и маж ми е па не можеме да си помогнеме еден на друг. :D И не, не ми е проблем да износат и нешто дадено, ама да е солидно зачувано. Она што го добив јас во голем дел не беше. И битно ми е боди и шпикозни да се солидни, квалитетот на памукот опаѓа со милион преперувања на пример, а за бебе ми е битно она во што е најголем дел од времето да има каков таков квалитет.
    Ама ти ја разбирам поентата.

    За брат ти не знам што би те советувала, јас со мојот немам никаков контакт. Ако не сакаш да си нарушиш однос со него, стои си на страна. Што знам, ако мислиш дека од дома е напукан дека вие не чините како што велиш, уште ти да не го донапукаш од друга страна. Верувам дека не ти е сеедно, ама тој си ја избрал и тоа е тоа… Фамилијарните односи се најкомплицирана работа.:doh:
     
    На mal.ecka, danichap, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    3.540
    Ова за облекава, моево го пораснав во дадена, шефот на маж ми од работа со што се не не обезбеди. Не праша човекот, со задоволство прифатив, баш на маж му реков - тоа е со љубов дадено, ствари од дете, јас баш со почит си ги користев. И ич не се замарам со облеката, до ден денес си користам уште. И тоа за мене е избор, јас бирам попрво парите да ги потрошам пример на скапи и што е можно побезбедни седишта за во кола, што коштаат реално доста, за стабилна лернтурм пример, затоа што ми е битно да биде самостоен или куп работи што мислам да сум трошела куп пари на алишта, не би можела да си ги дозволам. Ваљда се приоритети во прашање.
     
    На arontt, mal.ecka, Neda997 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.276
    Допаѓања:
    37.123
    Пол:
    Женски
    Најчесто комплекси се во прашање.
     
    На Mantisa, arontt, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.508
    Допаѓања:
    288.490
    Добар ден
    Јас купувам на тони но и голем дел имаме добиено на поклон. Точаци, тротинети, трамболината, играчки и многу други работи имаме добиено од еден колега на мм.
    Сега, за Конте,едни пријатели чии деца ни одат во градинка, ми дадоа вреќа алишта и некоја играчка.
    За момите не ми е жал да трошам Оти се доизносува и душа им вадат додека ги надрасте и најмалата. Штедам на Конте:rofl:.

    Имам и јас брат, над 10г веќе, неколку пати годишно, при промена на сезони, праќам патики, трењерки, други обувки, јакни…
    Секогаш се заблагодаруваат и знам е изнесено.
    @MacenceEna на жалост друг е мајндсетот а очигледно и приоритетите. Штета..
    Јас би се повлекла и сочекала сами да увидат некои нешта.
    Еден месец водев есап колку трошиме на супермаркет и дм. Собирав сите сметки. Ме фрсна глава:worried:.
    За сега не одат на никакви активности, чекав преселбата за да запишам тука. Утре Викториа има прв час карате, ќе видам дали ќе и се допадне. И за другиве ќе треба да барам нешто. И така сум цел ден како таксист. Важно скратив породилно на 6 месеци. Сите дуплираат, две години дома да седат, јас кратам(facepalm)
     
    На Bozica1980, mal.ecka, Neda997 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.415
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите женски , многу ама баш многу ми значи што пишавте и споделивте мислење . Да не ве тагирам ќе се пронајдете. Значи во вакви моменти се повлекувам. Ќе покаже времето се . Само смирено .

    4то кафе тегнам. Мали се покапа неколку пати, го пресоблекував ама сега се откажав и трча по пелена само . Се мачка со крем за сонце
    Големата има тест англиски во среда . Малку вежбавме , за утре оставивме пак . Треба работа со нив . Ја оставив сама и почна да црта по книгите . Ко полицаец сум станата .
     
    На mal.ecka, Marge, Neda997 и 2 други им се допаѓа ова.