Исто Едно школарче имаме, па драми драми драми. Германскиот тежок тежок. Догодина со две школарчиња, годината после таа со три, коса ќе ми побеле додека кај сите контролирам. Ние наполнивме базент а пумпа нема стасано за да затоплува вода, од сонце не е доволно и ладна е…сега падар и џандар изигравам за никој да не се нурне. Пишува секаде за рестрикции на вода. Може да воведат забрана да се полнат приватни базенти, па страв не фати и го наполнивме
@danichap и до детето е. Едното секогаш ќе има потреба од помош. Вака е од прво одделение, стално седам со неа и учам со неа. Второво е посамостално. И многу пази на час па не треба дома да вежба. За ниеден тест не сме вежбале . Повеќе го бунам само . Учителката кога ни се јави во прво полугодие да ни каже до кај е со материјалот . Ни вика , се гледа дека Д дома многу чита Јас си мислам , да ги чита Switch игрите . И англиски знае вика учителката .. да од користење конзоли си мислам За водата баш падна вчера муабет. Немало доволно дожд и веќе почнале да ги трошат резервите за вода. И ќе правеле рестрикции . Нема да можеме да полниме базени и да вадиме двор. За базенот не ми чуе . Ќе купиме нов и ќе го наполниме по втор пат. @danichap вашиот базен е преубав . (Како и цела куќа) Мене ми се гледа како голема инвестиција. За место ќе имаме каде ама сепак е луксуз. Нека уживаат момите во него . Сега треба пазење , 100% поглед кај нив .
Кај Ели поради проблемот со говорот се провлекува и тешкотијата околу германски. Совладува добро, но со дополнителен труд и работа дома. Викториа ми делува далеку посамостална но ќе видиме кога ќе почне на школо. Најмалово е многу срамежливо, се надевам ќе се “отвори”. Дојде еден за да мери за покрив врз базентот, тие како стаклени/плексиглас елементи на шини. Најсигурна опција ми е Оти деца не се допазуваат. “Мал” проблем е што покривот за базентот е 13.000еу. Тоа е, ваљда ќе го нарачаме Оти се друго е ризик со мали деца.
Сите деца се различни . Со едно секогаш има повеќе потреба од работа и вложен труд. Секое лето купувам книги за вежбање и летото го користиме за повторување , учење материјал . За цената на покривот незнам што да кажам . Кога си со мали деца сигурноста е на прво место и треба да е заштитен . Ама цената е огин . https://www.hornbach.de/projekte/po...xHXzPKrOE4BAx58MRK_PWOsdoLqE7NhRoCxH8QAvD_BwE Ако на некој му текне да прави базен сам дома.
Мајки сакав да прашам дали овде има како кај нас пример да го носам детето дополнително на час по Математика? Имам многу пишувано по темата дека имам голем проблем со син ми не сака училиште и крај. Денес донесе дома тоа што им пишуваат си пишува дека не го интересира ништо дека сака само во конфликт да навлезе,дека се закачува со сите деца и дека нема интерес за да ја следи наставата. Многу ми е тешко кога оваа го читав,незнам каде грешам значи зборувано зборувано мал милион пати на ден и пак исто. Ниту зборење ниту казна ништо не помага. За разлика ќерка ми е супер во училиште, ем со него јас секој ден седам и објаснувам додека таа сама си решава се. Најголем проблем ни е Математиката. Незнае уште до 10 да собира и одзема јас работам со него но едноставно не сака ке рече не сакам и крај,па затоа сакав дали има некаде да го запишам да може да оде дополнително. Да напоменам сеуште не знае добро Германски
Приватни часови можеш да му платиш. Има наставници кои нудат наххилфе. Он е и мал, така да кај него може подобро е некој воспитувач/ерциер кој работи со бетројунг на шулишенкиндер. Леле термините се извинувам што ги пишувам вака, ама повеќе ми е да ти доловам каде и кај кој да се обратиш. Не знам, останува ли он во целодневна или после часови си оди. Може да прашаш некој од персоналот таму ако нуди приватно такви услуги. Не мора да е од наставник. Бидејќи математика за прво одделение не е ништо тешко( спомна до 10), па претпоставувам прво е, целта е повеќе визуелно низ игра и слики да најдат логика за собирање и одземање. Заљубененте парови, односно групација на два броја кои прават 10. И тоа. Друго не ми текнува, сум заборавила што се учеше во прво одд. Туку дел од проблемот на кој вие мора да работите и од кој можеби се поттикнува целиот проблем со однесувањето е веројатно и јазикот. Иако му е тешко на германски, ако веќе сте одлучиле тука да останете, мора да го научи. И да загуби одделение не е ништо страшно, овде не го драматизираат толку многу тоа како кај нас. Инаку децата знаат да бидат брутални и да се групираат и да го одбегнуваат или исмеваат поради неговиот јазик. Па кај него може се јавува несигурност и ја демонстрира на погрешен начин. Или неговото однесување може е одговор на тоа дека по некаков начин тој не добива доволно внимание. Не од вас. Ама може од учителка или од друштвото со кое сака да биде или едноставно такво си е детето и му треба постојано некој него да го занимава за да биде мирен. Ама со недостатокот од кадар не е можно да се постигне сето тоа. Јас би препорачала психог ама на германски. А за вас советувалиште како да се помине проблемот и каде да се обратите. Побарајте на Каритас или Ева или Југендамт имаат и нудат најчесто бесплатно. Друго социјализација во тимски спорт/игри. Во некој клуб, не знам дали сака фудбал или некој друг спорт. Да исфрла негативна енергија. Или да се осети дека во нешто е добар. Ако постојано е под критика, му фали и малку пофалба. Потребна е многу работа и мора да де делува чекор по чекор. Досегашниот пристап очигледно не донел ништо. Значи е погрешен..ја сфаќам немоќта твоја, да се бориш со однесувањето на детето, ама едноставно он има други потреби и тука треба некој со искуство да делува. Да пронајде каде лежи проблемот и од каде доаѓа целото негово незадоволство и после да се обиде да му објасни на начин на кој тој ќе разбере и сфати. *Имај на ум дека ова е само мое мислење, не ме земај здраво за готово, не сум стручно лице.
Од градинка требаше да одат во библиотека да гледаат Bilder Buch Kino ама малиот беше болен и таа не сакаше да оди во градинка, а јас заборавив нели дека дента баш тоа е и не ја однесов, ама одма по некој ден ја однесов во библиотека да види што како се зачленивме и си избра книги и игри и видов дека има термини за тоа bilder Buch Kino и се пријавив одма ја однесов, и сега може требаше лонг стори шорт или курце реде шнеле вег ама кога отидовме се плашеше многу, пребледе и се тресеше и рече дека сака да си оди, и се вртеше лево десно гледаше и виде едно како зелен кревет по болници што се, ме прашува тоа што е и дали крв ќе и земаат и ги криеше рацете, кога излеговме видовме дека тоа е подлога за пресоблекување на бебиња. Има некој страв од доктори после се. Кога ја носев во библиотека дента ме прашува на доктор да не ја носам и дали има доктори таму. Мора психолог за ова? А јас што заборавам се повеќе и повеќе исто треба на матичен да кажам??
Не сум веќе интересна сфатив. Туку сериозно кажете ми, имам три недели одмор, кога треба отказ да дадам? И што ќе испадне со одморот? Убаво е тие три недели да ми се платени и веќе да не мора да се вратам на работа. Од друга страна што ако ова не сум јас туку хормоните? За 10 дена отприлика треба да добијам. Еден проблем го провлекувам веќе ова е шести месец. Две саботи во месецот можам само до 9:00 да работам. Во сабота е сабота. Наредна сабота исто. Што да измислам овој пат? Богами би измислила од оваа до следната сабота и раат да сум. Идеи?
Зависи од фирмата и од шефот ова за одморот мислам. Кај мене, кога некој даде отказ, секогаш му се рачунаат и внесуваат останатите денови од одмор за време на отказен рок и само ако има преостанати денови се изработуваат. Или ако е многу кнап со луѓе, па да се изработи отказен рок и да се исплатат на крај преостанатите денови од одмор. Сега зависи и отказен рок колку е. Мислам најдобро е кога ќе се вратиш од одмор, да дадеш отказ, за да не ти направат некоја неправедност, кај мене често знаат тие од фервалтунг да "погрешат", посебно кога се работи за преостанат одмор. Моево искуство е такво. За саботите, не те сфатив
Колку време е отказниот рок во фирмата, Најчесто е 4 недели, но некаде е и повеќе. Напиши отказ една недела пред одморот. Отказот ако го напишеш на крајот на месецот или средината значи тој месец мораш да го обработиш и отказниот рок почнува од почетокот на месецот. Така беше во фирмата кај што бев јас исто и кај маж ми место 4 недели тој работеше 5 бидејки го напиша отказот пр 25 ти. Незнам дали ме разбра? А ти можеш и сега да го напишеш отказот со важност од датата на завршетокот на одморот . Ти тој одмор секако ќе го искористиш. Ако е фирмата како што треба . А за сабота немам идеја а и не те разбрав работиш до покасно па сега можеш само до 9 да работиш?
Не го знаев ова, мислев ако дадам отказ на 10ти јули значи до 10ти август значи тоа, немам слушнато или прочитано дека има врска почеток или крај на месец. Сабота треба да работам од 6 до 10 ама јас можам само од 6 до 9. До сега нормален човек ќе кажеше на работа дека има проблем две саботи во месецот ама ненормален како мене измислува. Сеуште никој нема приметено дека имам проблем во сабота.
Нема што да измислуваш кажи нема кој да ги чува децата тој саат и мораш да си одиш. Секако планираш да дадеш отказ не се стресирај толку.
Мислам дека ќе и помине и нема ни да се сеќава. Приметив, откако тргна детево во школо, скоро ништо не памти од претходно. Мене ми е логично, мозокот на училиште се полни со нови информации, нема место за стари и небитни. Ќерка се лути- школото и ги украло детските спомени. Значи прајте шо ќе праите пред да тргне на училиште. Ти, што не памтиш, да не одиш и ти на училиште? Да кажеш на матичен, може не е ништо, може е.
Леле не а кај нас во месарница стално бараат работници ама незнам колку е саатница. А има секогаш многу народ муштерии и во куфланд исто .
Здраво мајки… синчето за скоро време ке полни 2 години.Пред некое време бевме на у7 се добро помина само имаме проблем со зборување. Кога беше помал си мислам кажуваше многу повеќе зборови а сега многу малку.Ни дадоа упут да го носиме на оторинголаринголог да видат дали добро слуша.Јас си мислам од што му се мешаат 2 јазика.Какво е вашето искуство, дали и вашите деца се имале проблем покасно да презворат баш поради тоа што слуша дома македонски а во градинка германски. Малку сум загрижена
^ оде ли на градинка? На нас педијатарот ни кажа на Мк да зборуваме со неа, во градинка Германски зборува, и мислам дека на ќерка ми од што и се мешаат двата јазика многу тешко и оди изразувањето, на пр пола реченица ќе ја каже на Гер пола на Мк, некои зборови не ни знае да ги изговори на Мк, а разбира се што ќе и кажеш на Германски, прегеска и зборувам јас на Гер дека ќе одам на работа, со тато ќе шетат, ќе одат да пазарат итн и она на Мк ми враќа даа, ќе бидам умна и ќе го слушам. Којзнае како се разбира во градинка ..
Мојата е 4 години, од лани од Април почна во градинка. До сега педијатар не ни рекол ништо во врска со зборувањето, само ни кажа дека малце ќе и е потешко заради јазиците, она прво на англиски преговори, па мк, па германски, сега го батали англискиот. Што мислете за невремето, толку јако невреме ќе има како што го зборуваат ичи?
Германец педијатарот е или? Чудо да ве прати со толку мало дете. Уствсри ако бе пратил слух да се провери ок е тоа. Не му провери ја слух одма после пораѓај?