Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    А што ви кажа ортопедот? Само дека е сѐ ок, или ви кажа дека заради вториот памперс сега е сѐ во ред?
    Мене ортопед ми има кажано дека широк повој (што во мк значи памперс, па две тетри и шведска) на никој досега нема помогнато. За неразвиени колкови си има соодветни помагала. Знам деца кои ги носеа и знам како изгледаат.
    Нејсе. Не ми беше ова муабетот.

    Кај нас матичниот не мери ништо. За сите мерења нѐ праќа кај специјалист. И не е затоа што не знае.. напротив.
    Ах, не можам да го прежалам дека нема веќе да работи од 2020...
     
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Некогаш си ми многу интересна:)

    Она за помагала е за поголем степен на несовпаѓање на колкот си има проценти и се знае од колку до колку се оди на широк повој, а ако е нешто драстично се иде на помагала. Широкиот повој сепак помага чим сеуште се препорачува во вакви случаеви како нашиот.

    Кај нас матичната мери се. И ехо на бубрези има на У3 мислам. И одлична е во тоа што го прави. Ако во нешто се сомнева добиваш веднаш дополнителна контрола кај специјалист.
     
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    Само некогаш? ;)

    Никој не рече дека не ја бива вашата матична. Ниту пак дека мојот матичен нема апаратура па затоа нѐ препраќа цело време. Ако е за тоа, во болница на испуштање го гледаа срцето на ехо заради шум - го гледаше ама педијатар неонатолог, истиот што беше на породување. И си рече - јас не гледам никаков проблем, ама одете кај кардиолог, затоа што сепак, јас сум "само" неонатолог и не ми е тоа специјалност. Кога мојот педијатар примети оток кај скротумот, нѐ препрати на клиника на ехо на абдоменот долу и на тестисите. Па тргам од тој момент дека за потврда на некоја состојба обично се оди кај специјалист. Како што и во мк педијатарот те праќа на ортопед на ехо. Знаеш дека уште пробувам да го сфатам системот тука... Па затоа прашувам.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Да се надоврзам на германскиве муабети. И во мк широк повој даваат 2 пелени една врз друга. Едната регуларна, другата ставена наопаку :)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    34.176
    Пол:
    Женски
    Кај нас сите одат на ортопед.Има доктори што го прават прегледот они со ехо за да не мораш да одиш.Претходната педијаторка немаше ехо па не прати да одиме.Не бевме само ние .Со мојата во истата година се породија плус 3 македонки што ги знам и сите имаа ехо на колкови.
    Ние бевме само еднаш.Да беше после У3.Ако педијаторот нема ехо го прави ортопед.Нашиот преглед траеше 20 секунди ама јас мислам беше 20 минути .Многу добро се сеќавам оти плакаше малата.Кажа др се ок.
    За широк повој и јас знам дека е заостаната постапка и дека не ја даваат тука,ама гледаш секаде има исклучоци.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Секогаш те читам со задоволство, али понекогаш си ми многу интересна кога наместо факт земаш сопствено мислење и градиш цела кула врз основа на тоа мислење :)

    Многу е едноставно. Овде само ако има сомневање ќе одиш на специјалист, бидејќи се верува на системот дека оној што земал диплома за доктор или специјализирал за педијатар сепак си ја знае работата за да те прати или не на повисока инстанца. Бидејќи за да стане педијатар веруваат не носел 50 марки на професорот и при тоа направил илјадници ехо на колкови додека завршувал.
    Едноствно се трга од тоа дека секој си ја знае работата на која е поставен.

    Да се надополнам на мислењето во врска со широкиот повој. Застарено е мислењето да се става широк повој од раѓање бидејќи кај повеќето бебиња јадрата на колкот правилно се оформуваат. Во тој дел е застарен широкиот повој.
    Секако ако има потреба и јадрото е со мал степен одстапка се носи широк повој кој помага за оформувањето. Самите пелени се така направени денес да помагаат на овој процес. Затоа се става плус пелена.
     
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.896
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Мајки преку Wish дали имате порачувано?
    Од кои страници е дозволено да се порачува бидејќи тука немам до сега никогаш правено порачки онлајн. Додека бев во мк од алиекспрес мн работи си порачував тракатанци. Ама за овде не знам од каде да порачам.
    Гледав на Wish некои ситни а и големи исплатливи работи. Дали вреди страната или не?
     
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Ја збореше Дани странава али не сум порачала.
    Од Алиекспрес порачав нема царини и ти доставуваат до дома. Брзо ми стасаа некои работи али воглавном се минијатурни.

    Порачав бели лампиони и не сум видела димензии. Ми стасаа едни сосем малечки лампиончиња:)
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    34.176
    Пол:
    Женски
    Сваќе можеш од секаде низ светото да порачуваш ако имаш кредитна картичка, ама имај на ум дека може да треба царина да платиш(zoll).До кој износ стварно не знам.Така да најдобро порачувај си од страници што имаат на крајот .de . За голем процент на страниците не ти треба кредитна картичка можеш преку vorkasse или sofortüberweisung(Klarna).За мене Sofortüberweisung ми е најпрактично иако имам и Paypal i кредитна.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.896
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Значи од али експрес може да се порача тука , без проблем ?
    На мене ми е тракатанци за аквариум да си земам плус нешто за по дома ситници не за некоја голема сума.
    Ма кредитната сеуште не е стасана хаха маж пред некој ден поднесе неговата беше обична од Post Bank сега му дадоа на Visa мислам дека така рече ама ипак ја до време да си планирам каде да трошам пари .:D
    Нова сум во ова овде со порачување, додека доле во МК правев парампарче стално си порачував нешто.8)
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Слободно порачај. Неколку тракатанци ми стасаа така да испробано.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.896
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Уште нешто да ве прашам, минатата недела бевме со мм кај неколку педијатри тука кај нас во градот што се одалечени најмногу на 7/8км имаше и на 1.5км ама сите као демек зафатени полни се скроз неможат да примаат нови пациенти.
    Дали има некој закон за тој што ни е најблиску до дома дека мора да не прими? И што да направиме еве веќе пола година седиме тука а педијатар сеуште немаме.
    Некој совет?
     
  13. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    8.808
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа дека 30 км не ми е далеку да си одам кај стариот педијатар. ( ова во една ординација каде пробавме да се префрлиме).
    Јас решив да почекам, а кога ќе ме води патот до општина ќе прашам или во аок ( или која и да сте здравствена каса) можеш да прашаш. На мм му спомнале колеги да прашаме дали имаат листа на чекање па така да се пријавиме кај некој педијатри.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Јас се запишав во VHS, е сега ме интересира како се одвива наставата и како се полага, ќе учам по делови пр. А1. 1, а2. 2 итн, бидејќи сум запишана на интензивен курс од 8ипоч до 11ипол секој ден.
    Исто така аплицираме за стан, од општината градат нови згради, е сега мм беше до општината кажа дека е внесен во компјутерот, плус ни дадоа листови од станот, квадратура, колку се плаќа итн итн, да отидеме пак да прашаме дали е сигурно да си знаеме на што сме, кажаа дека ќе биде готов до декември, а сега кажуваат дури на пролет.
     
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    Не земав сопствено мислење, напротив земав мислење на Видоевски кој важи за еден од подобрите ортопеди во Македонија. И тоа така го споделив. А со тоа мислење се согласуваат и други ортопеди во мк.
    А сопствено мислење земам како факт само во конкретна ситуација кога сум искусила нешто на својата сопствена кожа. Затоа што од моја перцепција е тоа факт. Мој личен факт. Не универзален или генерален. Ама ок, со тебе имаме различни мислења за здравството тука.. т.е. јас пробувам да го разберам и едноставно не верувам слепо на сѐ што ми е сервирано.

    Еве на пример не можам да го скокнам фактот дека ми се појави сомнеж во врска со остеопатија (знам дека е алтернативна медицина) како метод за детекција на проблеми кај мали бебиња. Особено што плаќаш приватно и не е покриено од кранкенкасето (делумно е од некои куќи). Бебето ми било блокирано заради неможноста да го почувствува родилниот канал и да помине низ него (дека со царски родено). Не велам дека сигурно не е така. Ама сепак, не можам да ја негирам мислата што ми се сврте низ глава дека за приватно платени пари може ќе ѝ требаат повеќе термини да го "одблокира".
     
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски

    Јас и ти можеме да разговараме со денови и денови за здравството тука и таму. Штета што немаме толку време па да отвориме една тема и да разглабаме. И знаеш што е интересно? Што секогаш изворот на податокот ти е македонски лекар, а мене ми е германска медицина.
    И знаеш што е поинтересно? Што секоја втора става широк повој од раѓање во Македонија каде ете еминентни ортопеди не веруваат во “помагањето” на повојот. Чист парадокс нели :)

    Во врска со остеопатијата ја однесовме малата кога имаше два месеци, по сугестија на педијатар во врска со разглибавање на врат (само на една страна лежеше). Чинеше 40 евра и малата плачеше после тоа три дена без прекин. Дали некако младичот ја стисна покажувајќи ни вежби не знам што се деси. Знам само дека срипав од стол и си го земав бебето кое ми беше во некоја сумо позиција нагмечено и плачеше без прекин. Се разбира никогаш не се вратив повторно и не планирам некогаш да отидам.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Грешка си. Ретко кој ортопед препорачува широк повој во мк.
     
    На slavica999, eli25, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    Нормално дека изворот ќе ми е македонски лекар, кога тука сум "новодојдена" и правам споредба со она што го знам цели мои 30 години. Башка ич не сакам кога се зборува контра наши лекари од кои повеќето се тука дојдени и се ценети во тоа што го работат (чинам како и твојот сопруг, нели). А во МК скоро никој не става широк повој и тоа веќе години.

    Фала најмногу што го сподели искуството за остеопатот, затоа што баш сум целата во прашалници денес. Од една страна си велам дали да ја слушам што ми направи тешка паника дека не смеам ни да помислам да патувам со бебето сега, дека не било за патување, целото било блокирано... И кога плачеше за цицање и ќенкаше како и секое бебе, таа некако сакаше тоа да го искористи дека ете, бебето било немирно во стилот вознемирено. Демек ми вика - кога е буден, вака е цело време нели.. викам не. Некако ми делуваше дека неговата желба за цицање и ќенкање, ми ги презентира како симптом некаков, а не нормален момент на неговото бивање бебе. Си велам - ќерката да ја видеше како бебе, бог знае што ќе речеше со оглед на тоа што плачеше многу.
    А од друга страна сум самокритична па си реков да не мрчам премногу затоа што јас не верувам во работите што ми ги кажа... И ми изгледаат премногу некако... Чизи. Му фалело да се роди низ каналот. Па симулирање породување спомна. Па не било свесно заради тоа дека е родено. Не знам. Мене ми е сето тоа too much.
     
    На kukla21 и eli25 им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Не е точно. Во Македонија кога има потреба се препорачува широк повој. @Petra777 ако не се лажам од Систина го доби широкиот повој. Да не ги тагнувам другите.

    Напишав толкав пост и го избришав. Имам многу да кажам али заеби.

    Чудни се остеопатите али ги користат овде. Со аусбилдунг три години се како физиотерапевти.
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.396
    Најчесто мене ми викаат да набјудувам, не ми даваат упути така лесно. Некогаш недели, некогаш месеци некогаш со години ми рекле да набјудувам.
    Се случило да се чуствувам како во некој паралелен универзум да живеам или во земја од трети свет. Сеуште чекам да ја доживеам цела таа стручност и ефективна дијагностика. Дај боже да не му треба на човек, ама ми треба а ја нема.