Леле почна среќа маж ми е дома инаку не знам во комшии ќе одев Се смирува сега 12 минути значи траело Дрвја нема откорнати Зелено небо прв пат гледам Ситен град Едни знамиња само се откачија Засили пак ама ваљда најстрашното помина не знам ќе видиме
Кај нас немаше многу невреме. И ние сме Хесен ама подалеку од Касел . Овде малку истури само. Кај нас дома изби курслуш. Имавме мравки во кујна и мм земал со вода и некој гранулат да ги истреби. Истурил и во местото над штекерот. Синоќа пред легнување затворам ролетни и гасам светло и снема струја. Пак нешто избило . Долниот спрат не ги функционираат штеќерите , светло има ама се друго не функционира. Сабајле исто . Фрижидерите без струја . Среќа имаме на горниот спрат еден фрижидер за длабоко . Па таму напикав се од замрзнато. Од школо ми се јавија , големата паднала го удрила коленото и мора на клиника . Со две деца во кола трчам по трето. Среќа мм од работа се врати го презема двете и отидовме да ја снимаме ногата ѓ ништо страшно ама ете ..изгубивме два саата чекајќи. Терминот за фризер го откажав. И само сум заспала до 15 30 .. Денот ептен арен .
Кај нас сега почна, ние сме Хесен (Ротенбург). Страшно е ептен, звуков од ветерот што е силен, од дождот и од грмотевиците ептен е језив. Се надевам дека рекичево овде до нас нема да се излее, ниту пак некоја поголема штета да има. Маж сега доаѓа накј дома вика: не возим, пливам со колава значи хорор е, подобро да останев кај што бев.
Лелее… се надевам сите сте безбедни. Нас веќе ни стаса известување процурило и во градинка па утре нема да работи. Молови и универзитет поплавен. Над 1000 повици во пожарна. Кога стаса алертот, за помалку од 5 минути стана попара и јакото траеше некои 15-20 минути. Иначе таман се потсмири излегоа германциве околу мене сите со метли и лопати го собираа ѓубрето пред дворови, абе како можеше сите ко договорени, работна акција беше надвор. Нели за нив нема лошо време само лоша облека. Па ајде и ние излеговме да не речат овие дошлациве за к не ги бива. Ама заврна пак и земав децава и назад дома. Демек нема да престане, нема да има шанса за чистење па мора одма и на дожд да се мете. Остана маж и исчисти. Излезе дека колата сепак има повеќе оштетувања и баш ми е мака, ама тоа е тоа, ние да сме живи и здрави.
Тука само ветер подува и тоа отворено ми е све за промаја значи ништо страшно. Е сега дали тек ќе дојде ќе видиме. Видете колите барем да не ви се паркирани околу дрва кога има невремиња, за другото ако немаш гаража не можеш да спречиш тоа е
Јас цел двор го расчистив од страв да не фати некој силен ветер и да не однесе кај комшиите нешто . Колите ни се на паркинг пред куќа . Тоа треба да бидне нешто , ќе бидне . Материјалното не е важно , да сме живи здрави само
Kaj Nas uste nema Nisto, Samo silen veter, Po nekoja kapka dozd, i Samo svetka, Kako KE bide nsznam. Kolega na mm Mu rekol Deka Stuttgart e katastrofa, nie sme blizu Stuttgart Dali KE ne fati neznam, ama crno e neboto
Кај нас во 23ч беше многу силно и гласно.Ме разбуди од сон ама беше мислам кратко.Вакво гласно грмење нема тука .Во Мк си е нормално. Денес ќе се изладиме малку
Добро утро мајки, се надевам мирна ноќ имавте сите. Детето си го оставив плачејќи в градинка и грутка ми тежи во градиве. Адаптацијата тешко ни оди, може дека нема уште континуитет во спиење ноќе па често уморна оди. Се чувствува ли детево издадено од мајка му? таа почнува да плаче, а воспитувачката ми вели "едноставно чао и заминуваш" Едноставно аха да, многу едноставно Има деца што не се навикнале и не ја прифатиле градинката? Ептен ми е жал, па и со доењето капак, се и фали сега на почеток. Па и наивно дете е, се ја удираат, туркаат, она ќе се расплаче и не знае да реагира поинаку, да се брани мала е. Се надевам ќе биде во ред, имам уште месец дена дури почнам на работа. Ако не се навикне и отказ ќе си дадам, а ваму сум со работна виза што исто за месец треба да ја продолжувам, абе лудило.
Ќе де навикне мајка не се грижи , кај некои деца е побрзо кај некои поспоро затоа тој период на адаптација може да трае до 6 недели мислам . Јас мојата од октомври ја праќам во градинка, немам искуство , но си бевме во Мк и таа нејќеше во никој па дури ни кај бабите, цело време беше залепена само за мене или татко и. Со текот на времето се опушти. И баш така како што ти кажале воспитувачките чао и си одиш, или ако може некако да не те види дека си одиш. Барем кај нас таа финта палеше кога излегувавме без неа. Кога не не гледаше нас не не бараше, ќе јадеше спиеше ќе си играше без проблем. Кога ќе де појавевме иста песна почнуваше да плаче да ја земеме во раце. А уште ли ја доиш? Со спање еве и кај нас уште не е средено постојано се буди, се надевав кога ќе наполни една годинка нешто магично ќе се смени.
Мојата оди во градинка 1,5 скоро и секое утро си плака и кога ја земам пак си плака.Во оваа група е скоро 7 месеци ама бе може да се навикне многу и е голема и гласна изгледа.Кај старата група без плаќење одеше. Штом ја оставам маѓично прекинува ама еве и мене ми се крши срце ама морам на раб.Ем мојата ја дметаат како асматичар и многу ми е криво дека не си ја чувам дома. Од др срнама скоро 2,5 години и зборува многу на дојч што како позитивно го сметам од цела мака до неа. Големата исто плакаше 2-3месеца и после се навикна и никогаш не е плакала после тоа на оставање.Секое е различно ќе се навикне само збори и позитивно за градинката колку е убаво таму и колку слатки деца како неа има смеј се секогаш кога ја оставаш и земаш.
Колку време е веќе во градинка? Точно те разбирам како се чувствуваш. Јас за првото исто така се чувствував. За второво не. Второво плачеше страшно и без престан, месец и пол само по еден саат идеше на сила, после месец и пол магично престана да плаче и не сакаше дома да си доаѓа. Маж ми почна да го носи и од тој ден и не плачел повеќе. Пробај и ти со маж ти да го носи ако е возможно.
Оди три недели веќе, останува 2 ипол сати, и во тоа време 3 пати плачела денес Сите седнати да јадат, таа стои и плаче. Кога и е време за јадење и спиење јас најмногу и требам ваљда. Ама ај боже поможи, ќе смениме нешто белки, 16 месеци доста ми е и мене доење и дома седење. Само да профункционираме некако. Маж ми скоро стално е на работа, така да не може да ја носи. @joana18 јас мислам само од цицање живее детево, останатите оброци по лажичка едвај. Вода- сок со молење голтка-две цел ден Имам надеж дека со градинката ќе се разјаде, уствари нека пие да не дехидрира, па за јадењето се помирив дека не е јадач.
Децата што сега седат и јадат поминале низ истото низ кое проаѓа таа сега. Уште малку и таа ќе седи и јаде ама ќе дојде ново дете на адаптација кое нема да сака да седи и ќе плаче. Нормално е да не сака да седи за јадење и да плаче. Три пати во два саати ништо не е. Малиов без престан цел саат на сила го чуваа дека требаше да тргнам на работа. Таа што беше за него одговорна цела потресена беше кога одев да го земам. Изгледаше како никогаш да нема да се навикне. И многу е важно како што ти рекле сабајле да ја оставиш како ништо да не е, колку подолго ја оставаш толку потешко ќе и е, значи ја носиш, ја гушкаш и викаш чао мама оди на работа иако не одиш и ќе те земам после и си одиш. Ако се испраќаш пет минути само потешко ќе му биде на детето. Значи колку подолго толку потешко. Го носиш, предаваш и чао. Колку и да звучи за никаде. Го носиш и земаш смирена и среќна.
Мене ми кажаа вчера од градинка дека многу зборувала Н, ама süß и било тоа на учителката Ме буни нешто, незнам дали е во Donner или е во Blitz gruppe. Каде можам тоа да го проверам? Многу ми е мака, пријателите што ги стекнав на работа сите си дадоа отказ, уште еден остана,којзнае како ќе се снајдам со новите колеги
Кога веќе сте збореле за градинки, моево одеше во една, веќе сум пишувала за тоа, скроз незадоволна бев и дадовме отказ. Сега се префрли во друга, се беше супер, од март оди, адаптација одлична и сега наеднаш почна да плаче со солзи, да не сака да оди, го оставам, плаче таму со саати. Прашувам, викаат ништо не се случило. Завчера ми се јавија и да го земам, чуден им бил, уморен, ај го земав. Вчера го оставив дома и денес исто и знам дека не правам паметно вака, ама па не знам како. Кога ќе го прашам дали сака во градинка, ми вика - не, не и плаче. Дури криво ми е и за нив таму што толку плаче, они само креваат раменици, не е само он што треба да му се посветат. Ве читам, викате, после адаптација толку било со плачки, а кај нас баш лошо. Не знам што да направам, малку и криво ми е пред некој ден кога го оставив, као со пола уста ми викаат - ако нема тт, ајде ок. Демек не е за оставање дека плаче, ама ај ако не бил болен, нека го. А морам да работам. Како би се поставиле вие во ваква ситуација?
Колкаво е детето и во колку голема група оди, што не можат да му посветат внимание?Збори ли доволно, за да разбереш зошто ,,не,,?
2 год и 2 месеци е. Тука се крипе до 3 год и киндергартен над 3, он во криппе е, не знам дали е насекаде така. Немаат многу деца, они се 12 во група, 3 воспитувачки. Зборува доста, ама кога го прашувам, не знае да каже зошто не сака да оди. Нешто пред некој ден спомна нешто некое дете го скубнало, ама не го сфаќам тоа како нешто сериозно, а и реално не знам ни дали навистина се случило. Само знам дека пред тоа сакаше да оди во градинка, па имаа фериен недела ипол, мислев поради тоа дека се плачките, ама станува се полошо и полошо. Многу ме мачи што плаче така, тешко ми е за детето што е толку вознемирено, јас сум по цел ден како на игли на работа, а и они ми имаат некој однос, како дека не треба да оставам такво плачливо дете, ама па што да направам. А скоро па сигурна сум дека нешто се случило, сигурно нешто ситно, може и не приметиле, ама детето ми е многу чувствително и памти.