Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    17.125
    Пол:
    Женски
    Јас од градинката до сега сум презадоволна, кога почна плачеше многу и цело време до мене си седеше. Кога мораше да се разделуваме воспитувачките ме советуваа да не и се кријам, туку да и пријдам да и кажам дека ќе дојдам за да прифати и да знае дека мама ќе оди на работа, ама мама и ќе дојде, истото и тие и го кажуваа “мама дојде” воспитувачката што го водеше процесот на привикнување кај ќерка ми е русинка па и тоа беше олеснителна околност, знаеше зборови како: дојде, вода итн. Малото беше 18 месеци кога почна, исто и јас мислев дека никогаш нема да се навикне ама еден ден кликна и после тоа без проблем одеше, имаше период и трчеше во прегратки на нејзината воспитувачка, жената е навистина мила и јас многу ја сакам, и ден денес ја успива ќерка ми во раце. Инаку ќерка ми е дете што е многу темпераментно и шилеже не можеш ни две секунди да го оставиш се пентери и каде што треба и каде не треба, кога имаат некој активности со седење на клупичка и пеење или претстави, ќерка ми е прва што станува и шета и никако не можеш да ја смириш и малку ми е жал за нив. Со јадење откако престана да цица е за никаде! Ни грам нема качено откако ја откажав а и претходно што беше болна, 10 месеци стагнира!

    Туку денеска исто така едно дете, идно прваче, имаше последен ден во градинка. Ги наредија сите деца во круг на средина душек и воспитувачките едната за нозе ,едната за раце го “исфрлија” детето од градинка пеејќи му! Колку беше слатко! Сегде вака прават? Баш е интересно!
    @Neda997 ќе да сме некои комшии ние околу Штутгарт :)
     
    На ines.h, Chantal, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.818
    Допаѓања:
    186.127
    Ок, и кај мене беше исто, јасли до 3 години и малку деца во група. Реално, од 12 запишани, пола дали се таму, стално пола болни беа, и искрено јас задоволна бев, 3 воспитачки исто, по 2 3 деца има да занимава. Ако ти кажало дека го скубнало, веројатно се случило, зборни со нив да се надмине ситуацијата (претпоставувам стручни се, не се рандом луѓе што работат со деца). Мојата исто со плачки ја оставав, одбиваше таму да спие и работев пола работно, ми кажуваа се , со кого се тепале за играчка, што јадела што не јадела, ама главно немаше проблем. Имаше проблем првата година во големата градинка, значи потоа, ама се разбравме дека воспитачката и се потсмевала, и фино лепо сменивме група во истата градинка. Ако нема проблем со воспитачките, нека менаџираат тие, ти разговарај со детето- не дали сака во градинка, туку што, како, објаснувај, да се чувствува разбрано...
     
    На ines.h, Ava.84, Poppins и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    5.673
    Пол:
    Женски
    @Neda997

    и јас сум ви комшика изгледа :bandit:Штутгарт ми е на 10км:wasntme:


    Инаку мајки незн мн да ви кажам а редовно ве читам сите , нова сум јас во Германијава :D за совети (6-7мес сум тука со децава ) мм и неговите , години се тука ама друго сум јас ..
    Кај нас ќерка ни од септември почнува на школо , во исчекување сум на конечното писмо дали ќе е нулта или прваче , од школо последно кога бевме на разговор ни кажаа као има доволно деца за нулта клас и се надевам тоа ќе биде али дури не видам црно на бело нема раат.
    Реално после многу дискусии со луѓе околу нас што се долго тука да е прваче/прв клас ми стое дека ќе и е напорно , а можда и се лажам , и ми створиа паника само, вака она доста прима лесно нови зборови и употребува германски веќе и се прилагоди одма на околина и промените , али здравје ќе видиме..
    Додека син ми тек од март натаму ќе почнува во градинка откако ќе наполни 3г , засега не го пуштаме, треба во приватна , а доста скапо е во околинава наша , а само таму може да оди со неговата возраст моментално , а и јас и така сум дома па ќе се подруже со мене уште некое време :bug: и не сме нешто интересни за споделување :D оти сеуште не сме ни во градинка ни школо не сме во тек со настани :wasntme::D
    и јас сум дома , не работам , едино што одам само на курс онлине , другото време во шетање и лежачење :tmi: јули планираме до Мк да одиме на некоја недела па после тоа можда некоја мини џоб да барам и да работкам дури почне син ми во градинка .. Што би препорачале ? Јас сакам да работам на клиника или сл побрзо по струка сум мед.сестра , ама морам со јазикот да се средам убаво , и до тогаш , само на тоа да се фокусирам , а во меѓувреме нешто колку да не сум дома , само да е флексибилно со работно време за да можеме да се организираме со децата , пошто мм работи во смени..


    Друго , како анимирате тодлер (2г 5м) 20часа па и плус во кола :whew: ајде дел ќе спие ама останато :whew: прво долго патување ќе му е , а и општо не е возен многу во кола па и на долги релации , кратки само , со ќерка ми ќе се справиме поголема е ама малиов :devil:


    Еи едит: :D за времево да се искажам можам :Dкај нас е мирно пред два дена имаше малку дожд со град на кратко али ништо страшно , денеска облачно беше и малку ветер , цела ден мислев ќе почне да врне и ништо , ама барем залади да се дише на раат , пекол беше изминативе две недели:sweat:
    Со лесно кај сите ако имате полошо време и мене ми се панични тие појави и лоши за гледање :x
     
    Последна измена: 24 јуни 2023
    На ines.h, mal.ecka, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    ^ па реално подобро ќе и биде нулта одделение, да научи латиница, знам дека во градинка ги спремаат за прво одделние, ама повеќе нека кажат на таа тема @gjoker4e и @danichap .

    И јас сум медицински дестра, сега во Септември ќе полагам за б1 па со Господ напред и јас малце убавини да видам:D
     
    На mal.ecka, Poppins, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    37.122
    Пол:
    Женски
    Дали е ок да најдам бејбиситер за две саботи во месецот? Ќе треба да ги чува некој од 9:20 до 10:10 или 10:20 најкасно.
    Работа по мои мерки не се наоѓа. Не можам да ви опишам кој стрес ми го прави ова, а тек од 14ти август ми почнува нов стрес, а од 15ти септември трет.
    Гледано на долгорочни стази најдобро е да дадам отказ на 14ти јули и да барам нова работа од 1ви октомври. Ама тоа се два и пол месеци без плата или ако си стои одморот сепак до 14ти август тоа се месец и пол без плата.
    Прашање е и дали ќе најдам работа од 1ви октомври никогаш не се знае. Школото во петок е до 12 и маж ми две саботи во месецот треба да излезе во 9:20 од дома.
    Можеби па сепак ќе најдам работа од понеделник до четврток.
    Мислам дека постои 30 дена неплатен одмор ама пак нема да ми заврши 100% работа.
    Ако некој има слободно време нека ми пише некој во лп за разговор околу мојот проблем и работата.
     
    На ines.h, Poppins и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.393
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e некоја комшика да најдеш да може да доаѓа за толку малку време да ги гледа малите додека се вратиш ?

    Јас моите ги оставав сама за малку време додека се вратеше мм од работа. Ама поголеми беа. 4 и 6. Ќе ги седнев пред телевизор и знаев дека нема да стануваат .
    Имав доверба во нив .

    Тешко е ептен да најдеш работа која тебе ќе ти одговара . А да напуштиш е лесно . Ама пари ќе фалат. Сите сме зависни од тие пари.
    Кај вас проблемот се саботите .
     
    На Neda997, Poppins, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    17.125
    Пол:
    Женски
    Каков договор имаш, на неопределено?
    Ако планираш да даваш отказ пиши се кранк саботите. Јас кога давав отказ во старата фирма си ги изработив деновите до крај, ама на деновите кога не можев пишував кранк.
    И мене пишувањето кранк ми ствара анксиозност и многу не убаво се чувствувам! Ама некогаш мора!
     
    На joana18, Chantal, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Јас не би напуштала ако другото ми одговара. Јас напуштив заради колешка ама цела година ми требаше да најдам работа со работно време што ми одговара. И сега постои можност некогаш во сабота да се поклопиме со мм. Мене девер ми ми е тука ама воопшто неможам да се потпрам на него па имало случаи каде пријателки т.е мајки што ги знам од парк ми го причувувале. Два пати во месец не е многу, и јас сум чувала и ми го чувале. Мене вака ми е подобро зошто пак ги знае тие жени и они имаат деца па поинтересно му е. Баш еве две недели по ред една мајка од градинка ја носи ќерка и 3 пати неделно кај мене во 6:30 и во 7:30 јас ги носам во градинка. Ако неможам си кажувам прифаќа без лутење. А проба да кажеш на газдата дека не можеш саботите, да почнуваш порано или покасно? Можеби ќе ти излзезе во пресрет.
     
    На joana18, Neda997, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  9. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    910
    Бебе од 1 год, како да анимираме во авион? И како да не и се затнат ушињата. Значи кога полетуваме или слетуваме се ќе прави само не сака да цуца цуцла . Ќе ја држи само во устата и не шмука. И потоа најверојатно и се затнуваат ушињата и плаче, неможеме да ја смириме.
     
  10. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    910
    Со силна верба ќе се навикне. Може и треба подолго време на адаптација.
    За цицањето свака ти част. Имам блиска исто како вас, бебето не сака да јаде воопшто, живее од цицка. Јас сум сведок значи ќе проба една лажичка затвара уста и не сака . Само јаки нерви .
     
    На Honny и ines.h им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    37.122
    Пол:
    Женски
    Ако доиш да ја доиш.
    Капки или спреј за нос пред полетување и слетување.
    Има бебиња кои што и на глава да стоиш пак ќе плачат.
    Теши се дека се само два саати, а не 18+ саати со кола.
    Теши се дека е едно бебе, а не две- близнаци, или две на мала разлика.
     
    На mal.ecka и joana18 им се допаѓа ова.
  12. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    910
    Па во процес на одбивање сум така да доењето отпаѓа, ќе пробам со капки за нос.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.393
    Пол:
    Женски
    Ако сака цуцла можеш да дадеш. Ако не...:worried: ќе истрпиш.
    Малото кога патувавме во април имаше проблеми , не седеше мирен воопшто . Му се затнаа ушињата .. склет го фати .. абе што да кажувам. А порано како сум патувала со две под 3 години :?:

    Кај нас да се смири додека полетувавме и слетувавме помагаше телефон . Да го чачка ..
    И за среќа имаше патници до нас кои беа разбрани .
     
    На joana18, ines.h и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    37.122
    Пол:
    Женски
    Да се исповедам па да продолжам. Си викам ајде толку деца на педијатар сигурно и заборавиле и ѕвонам сега и викам термин за вакцина и ми вика нели имаше на 19.06 :o ауу едно напнато девојче, секогаш и за се во право е ама кај има толку сила до детали се да плесне на некој (сакам и јас таква да сум ;)). И викам болен беше и ми рече дека треба да се јавам и да кажам да го откажам терминот Дојче речник нели кај нив ништо не проаѓа онака. :)

    Термини имам на 3ти 4ти 5ти и 6ти јули, а на 7ми затворена е градинката. Не знам како да се дуплирам. :drunk: И плус саботава 1ви јули не можам да работам. Не знам како да се опуштам. Можеби постои решение за се ама од што сум потресена не го гледам…

    Денес ок ми беше на работа, сакав да му пишам на маж ми дека нема отказ да давам ама одма ќе покренеше постапка за развод или термин на психијатар ќе ми направеше. :x На 1ви ќе добијам па ништо нема ни важно да биде ни толку значајно, ама до тогаш…
     
    На Neda997 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e зошто сакаш да дадеш отказ?
    Ако ти е проблемот за сабота букирај Tagesmütter само за сабота,од саат зимале околу 12-13е зависи.
     
    На јolene, gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.881
    Допаѓања:
    8.547
    Пол:
    Женски
    И знаеш дека се во право шо ти пререкле. Можеле да го дадат терминот на некој друг што може и повеќе му требал. Сигурно ти паднало незгодно, ама и они вака дирекно кажале, за да не ти се повтори. Знаеш колку сериозно ги земаат они сите термини. И тебе сигурно нема да ти е сеедно со некој да се договориш нешто и после без трага и глас да те извисат.
    Мене еднаш ми се јавија дури да ме прашаат зошто не сум се појавила на термин, иако беше нивна грешка. Некој заборавил да го избрише терминот кој јас недели предходно го презакажав за друг ден. Небитно ова.

    Твојот проблем со заборавње на термините се решава уствари толку едноставно и за две секунди. И нормално е да не може човек се да памети. Ама затоа има алатки шо може да и користиме и да помнат за нас нели.
    Еве на пример си закачуваш календар на некој ѕид и си бележиш секој термин од колку часот. Или што јас преферирам, апп на телефон календар имаш секако..си го поврзуваш со емајл, па ти е достапно на секој е- уред шо го користиш. И си пишуваш се внатре. Си бираш опција, дали сакаш да те потсетува ден однапред или саат два однапред..и секоја вечер/секое сабајле си отвараш и гледаш што имаш за денес или за неделава, следните денови...
    Мислам извини вака, ама толку непотребно драмиш со термините, а решението е толку едноставно. Или може само онака сакаш да си се искажеш. Извини ако сум многу дрска со коментров.

    Друго за саботите, исто го повтри неколку пари. Ама тоа е нешто шо мораш на работа да си го разрешиш. Или ко шо ти предложија, друга мајка или бејбиситер или еве штом има и тагесмутер. Ќе седнеш ќе се јавиш ќе се организираш некако. Решение има. Мора да се најде. Ама пошто ова е дојчланд, мораш шо поскоро да си го решиш. Оти тука нели се се планира и месеци однапред.
    Ама штом успеваат да се организираат луѓе со 100% работно време и со помалку флексибилно работно време од тебе, вајда и ти ќе си најдеш решение. Прашај некоја од мајките од другарчињата на твоите деца, може имат некој проверен контакт од бејбиситер.

    Мене искрено ми оставаш впечаток дека не можеш да се фокуираш и организираш. Може убаво е да си земеш некој ден одмор, да пратиш деца у градинка и да одмориш и отспиеш малку. Па да седнеш на раат, и да си направиш листа уствари што сакаш, а што неќеш да правиш. И во ред е ако не ти се допаѓа работа, да сакаш да најдеш друга или да се прекфалификуваш. Можеш да се јавиш во агенција за вработување на пример и да си направиш термин за советување. Да ти направат мини тест, во која област е најдобро за тебе да работиш, кои услови треба да и исполниш и да се докфалификуваш нешто. Пошто овде од твоите постови, како што разбрав, немаш некоја официјална професија и квалификација.
    Значи за тебе една умшулунг или аусбилдунг се исплааќа, пошто си млада, а времето брзо лета, бар после ќе земаш повеќе плата. И тие се можни теилцеит да се правата и се спонзорирани од агенцијата за вработување, ама само еднаш добиваш таква шанса. А они радо подржуваат инаку кога некој сака да се докфалификува. Ама мораш малку да се заангажираш, оти од само зборење и планови фајде нема, мора и акција да се превземе.
    За давање отказ, исто мораш да си прочиташ у договор како ти стои, оти секоја фирма си има сопствени рокови и правила. И ако си одлучна, треба што поскоро да го доставиш, и да си разјасниш како и шо со денови од одмор ќе правиш.
    Извини ако ти стојам и јас малку предирекна и сурова со кометаров, ама како и ти шо рече, најлесно е на друг ум да му дадеме и проблемите на другите се секогаш помали од нашите.
     
    На happygirl, Lianna Anna, Neda997 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.393
    Пол:
    Женски
    Добар ден женски .
    Денес отиде ќерката на 3дневна екскурзија. Среќа времето ќе им биде погодено ќе имаат убав помин.
    Во средата ни јавија од гимназијата на ќерка ми, дека некој ученик од 10от клас извршил самоубиство.
    Толку не потресе веста не знаете .
    Зборевме со децата , да бидат секогаш искрени ако нешто ги мачи , им тежи на душата да ни кажат .
    Самоубиството не е решение за проблемот.
    Инаку ние дома немавме струја два дена . Прво не знаевме што е проблемот. Имавме само во поединечни соби струја ,штеќерите не работеа . Неможев кафе да направам , фрижидерите со продужни кабли беа поврзани, ролетните спуштени со струја само се дигаат. .
    А без кафе не знаете , кои главоболки ги имав. Еден телевизор функционираше само . Па сите на купче собрани , јадевме сендвичи од Мекдоналд. Неможевме ништо да зготвиме дома. Ужаш.
    Среќа на работа бев два дена па ми помина времето работно .. а дома се среди се во петокот .
    Моторот од ролетната во дневна прегорел. И направил спојка.


    И да ви кажам дека сватив сите проблеми кои го мислам дека се битни во моментот се уствари толку не битни .
    Сега уживам во мирот надвор .

    Денеска средувавме двор, носеше трева мм. Живите огради ги скастри. Дрвјата ги доведе во ред.
    Јас го заспав малото , сум заспала и јас и ко комирана бев два саата . Изгледа премногу спиев , длабок сон ме фати .. па едвај се разбудив.

    Сега се истуширав. И се мислам да пијам кафе. Мм ги зема другите две и отидоа да пазарат и бираат нова туш кабина.


    @gjoker4e запишувај и лепи лифчиња на фрижидер. Ќе те потсетуваат на термини. Или купи си планер и запишувај се во него.

    Денес втор пат ни влегува лисица во двор. Ме фаќа страв зашто си шета слободно и не се плаши од луѓе. За диви свињи да не зборам . Секоја вечер се симињаат кај нас и јадат овошје од дрвјата .
     
    На ines.h, Lianna Anna, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.508
    Допаѓања:
    288.489
    Јас имам огромен планер на ѕидот од кујна и секој ден кога седиме да јадеме или кафе да пиеме гледам во него. Поголем потсетник здравје.
    Плус секој термин веднаш го нотирам во телефонот со опција за потсетување. На пример од вчера нотирав дека петок помеѓу 14-17 часот треба пелени те да ги фрлам:D. За некои работи ме потсетува ден унапред. На пример четврток вечер ме потсетува дека петок има Ели пливање, нели, за да спремам торбицата. Море и најобичните термини, лого на едната, на другата, карате и сл што се секоја недела, стои запишано, да не ми се поклопи со друг термин.
    Зарем некој памети се:tmi:. Да не ми се планерите ќе крахирам:D
     
    На ines.h, Lianna Anna, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.393
    Пол:
    Женски
    3 важни термини си запишав во телефонот баш сега .
    Да ме потсети зашто не се памти се.
    Па и обично термини да се треба да се запишуваат како што кажа @danichap да не се поклопат термините .
     
    На Lianna Anna, mal.ecka, Neda997 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.508
    Допаѓања:
    288.489
    Утре испраќам едната на школо, па носам другата градинка, со третата на логопед, јас трчам фанд флаши да вратам. Па ја враќам таа ос логопед во градинка и трчам на физио. Дома сум во 11.00 а 12.30 иде првата од школо. Јадеме, учиме, вежбаме, па ги земам двете од градинка , па одиме на карате, па дома со сите се враќам.

    Да може во планерот да си нотирам Конте да не го заборавам некаде:rofl:
     
    На Lianna Anna, Ava.84, Neda997 и 4 други им се допаѓа ова.