10 недели урлауб имам, четири дена кранк за дете, пет дена кранк за мене, четири пати отидов дома порано еден саат. Во рок од шест месеци. Уште Kur и шефот јавно ќе крене раце од мене. Не дека ми е гајле за шефот ама тоа Kur не е за мене освен на кирилица де. Ми касни пет дена. Кога ќе добијам се ќе биде подобро. Ќе полудам што не добивам. До сега ќе ми завршеше. Еден тон благо изедов ми се лоши веќе. Инаку ама ич благо не јадам ни трошка. На 24ти јули имам три недели одмор кој како и секоја година едвај чекам да помине ама сега така се тешам дека уште малку и одмор. Во Мк на првото коментирање за децава срцев удар ќе добијам. Малава е ослабена и прво за тоа ќе го тупат. Денес на педијатар кажав и мереше висина и тежина и рече дека BMI е сосем во ред и дека намалена вредност на тироидната кај деца скоро и да не постои таков случај. Малиов па здебелен кило и пол заборавив да прашам за него. Како 3 години да има изгледа. До олку негативен човек и јас немам сретнато. Не сте сами. На никој ништо не кажувам и се собира. Се дружам и тука по кафиња и дома одење идење ама формална личност сум. Како бесчувствителна и како се да ми е подредено во животот. А длабоко во себе душата ја убивам полека но сигурно. Идеална работа за мене би била во Шпаркасе на шалтер ама многу течен германски треба. Млада сум ќе научам течно.
На мм ми открија шеќер. Од денес ќе почне со инсулин. млад е многу . Ептен ми е жалче. Ќе треба да се боцка сам и да мери шекер секое сабајле.Треба да смени исхрана , ќе мораме и ние покрај него . Јас со моето Хашимото требаше оддамна да сменам ама не се најде докорт да ми одреди исхрана па со терам по старо . Животот што ни носи
@MacenceEna , @gjoker4e , @Ava.84 знам дека вие имате 2-3 деца, капа ви слегувам за тоа, абе мојата еден ден ќе остане дома, луѓе денеска разбрав колку ми е од помош градинката, притисок ми го дига, од чоша-полоша, на сите звони на месенџерот, замара, јака ми душа на мм во петок како ќе ја чува незнам, а 3 смена е. Надвор веќе не ја играат децата, само рика и плаче за без везе па идат на мене и на мм да ни кажат дека стварно ништо не и направиле, а и верувам поголеми се од неа. Не дај Боже да влезеш да се истушираш додека е надвор, на 1 спрат сме чука, тропа на прозорецот од вцто, им кажува на децата како се бајнеме и како одиме по вц Заборавив да ви кажам, кој сака нека честита ми дадоа термин за вадење на крв конечно, да виде докторката стварно дали ми е слабо железото, пред 1 месец стварно ми беше 4, ај сега да видам, плус малце ми бил качен притисокот, ме праша дали имам апарат дома, ама немам, и ќе ми го мери притисокот пак на контролата. А немав ништо јадено, 3 турски и 1 еспресо испив може од тоа да ми е? Плус на мм ми открија 2 фиброми, ако може да оде пак на операција
@Neda997 Со две деца е многу полесно отколку со едно. Со едно ми беше како со сто. Со две ми е како со ниедно.
Dali nekoj ima angazirano zena za cuvanje na dete nekolku casa vo nedelata, ako imate iskustvo spodelete sto kako ?
Ми треба ваша помош. Ми треба некоја страница за домашни мали апарати (кафемат,тостер) или каде што има чаши, украси за домот, ама да можам да платам онлајн и да ги достават на адреса во германија
^ Otto, Amazon. Бев на термин за крв, сега ќе чекам резултати, ама луѓе многу се исплашив, пак ми е качен притисокот а најнормално си функционирам, нити глава ме боли, нити ми е лошо. Можно е да ме стават на терапија?
Знае некој колку приближно заработува pfarramtssekretärin, и какви услови нуди црквата како работодавач?
Цц пак јас со моите црни мисли, Ви дадоа полномошно од болница за рецепта и резултати да ви ги зема некој друг? Сега додека не дојде нареден термин да знам на што сум, ем ќе се побркам, ем нови дијагнози ќе си нсоѓам, и се ме боли, мислам грбот не е мој, да не ме фаќа некоја жолчка
Да не ти е тебе тироидната. Како 99% од исселниците да имаат проблем со тироидната. Се си мислам поради “невидливата” грутка што кога си одиме ги напуштаме нашите родители и браќа/ сестри. Што и да е ќе помине. Болеста го напушта човекот кога ќе престане да го препознава.
А што ќар има болеста да го нападне? Ако нашиот организам ја препознае ќе ја убие ,ако не таа ќе го убие и што ќе и е мртов човек?
Мајки во Германија сме на гости, детето е 4г се жали дека неможе да голта на моменти и на моменти закашлува суво. Што да земам од аптека за смукање или? Совет?
Добро утро женски. Конечно се стопли Денес ќе имаме дете на преспивање, сакале да кампуваат во двор па сега треба да го вадам кампот , да вадам душеци . Се сме опремени , поткровјето (збор кој не ми текнуваше па морав да преведувам ) е полн со ствари . Во средата бевме во градинка на два часа да се запознаеме со учителките и новите деца . Мали ќе биде во жолта група со деца над 3 години . Со него има уште едно дете . Беше интересно да се види која разлика има во години помеѓу родителите. Ние веќе постара генерација 35 нагоре со мајки 25+ . Нив прво дете , нас трето .. Прашуваат дали сме посетувале некои групи .. викам не . Само со првото посетувавме све можно . Со трето нема шанса. Ова го мкнеме секаде каде одиме до големите . Тие со едно дете . Ние посетуваме Krabbelgruppe, Schwimmkurs итн. Моето дете оди само босо , јаде специфична храна Нашето прави се што прават поголемите , уствсари он е дома шеф , го строи сите . Едно дете сме имале од селово , ќе почнат заедно во група . Ќе се здружат може . Уште да има симпатија помеѓу нас мајките. Ама јас сум отворен тип па ќе биде. Мм се знае со нејзините браќа , се тепале на фудбалски терен И така .
@MacenceEna ме потсети, вчера бевме на грилплац од градинка групно сомерфест имаа. И така тоа тестото што го печат на стап ( првпат го гледам) застанати децата во круг родителите кој покрај нив кој не и едно малечко гледам јаде од тестото живо и само јас од мајките му реков немој да го јадеш тоа ќе те боли стомак другите си ќутат. После дојде мајката ги виде дека јаделе од тестото па ги праша дали било вкусно . Јас сум таа со едно дете другата е со три . Да беше @gjoker4e верувам дека одма ќе се спакуваше на итна да ги носи. Да се редактира кажете како да извадам флека од друга облека примила блузата бела е ќе ме убие мм втора блуза му упропастувам и тоа од поубавите, добро оваа носена му е некое време минатиот пат на прво перење и …. Мајката
@Chantal тесто живо обавезно јадат моите и кога печам благо го дојадуваат тоа што останува во пластичното . Јас не би јадела , татко им да. Не ми пречи ако е мала количина .
Вчера предпладне ми се јавува ќерката од школо , го удрила прстот на раката сега , помлдрел.. да не треба да ја носам на доктор. Викам дојди дома , ќе го средиме прстот , ќе ставаме облози ладни и то. Не ми се оди веќе по лекари , само ќе се изначекаме . А не е страшно. Секој четврток веќе одиме на итна . Аман.
Од благо јас како мала го лижев пластичното ( нели живи јајца има и брашно) ама ова тесто со квасец брашно и вода онака тегаво јас одма ги замислив децата како се виткаат од болки во стомак. А може стварно ништо да не е страшно. И јас не носам за све на итна имаме на пар пати испаничено во моментот па додека се спремаме за на итна да свативме дека детето е добро и нема потреба само следиме сами и не сме згрешиле.
Значи бевме еднаш кога го удри коленото во школо, мораше да ја однесам од школо не упатија . После ни дадоа термин за контрола , се погоди со тоа што имаше и крлеж на прст. Три пати во две недели . За крлежот мораше , беше неизбежно . Ама за коленото не баш . Ама ајде од школо рекле да одиме. Инаку не сме биле преку 10 години на итна. Полека се спремаме да заврши школската година. Купив материјали за вежбање како и секоја година . Стандард . Големата ќе почне 6то. Па не ќе е лошо да повтори материјал од 5то. Да е спремна , зашто овде и те како е тешко школото . Не те чекаат ако не сватиш
Да се убацам во разговорот и јас. Нека исфрли леб и благо од исхраната, ама ни тровче леб. Месо, салати, јајца, зеленчуци, многу вода и за 2-3 недели ќе се стабилизира шеќерот, нема да има потреба од инсулин. Блиска особа имаше 35+ падна на 5 и веќе со месеци е ок со ваква исхрана.