Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.365
    Пол:
    Женски
    @malerozna незнам по кои вредности е кај вас . Овде во Германија му бил 11 шеќерот .
    Затоа и одма доби термин на дијабетолог :wasntme:
    Вода пие многу , исфрли енергетски пијалоци, кола кола и сл. Само на вода е.
    Бел леб не јаде. Само Dinkel незнам превод .
    Зеленчук јаде многу и тоа. Од овошје смее да јаде само цитрус , киви .. другите се полни шеќери (банани, лубеница ..)
    Screenshot_2023-07-07-10-59-58-02_92460851df6f172a4592fca41cc2d2e6.jpg
    Се придржува на исхраната за овие два дена .
    И од 380 денес мерен е 190 а треба да биде од 80 до 120. Значи намалено е .

    Во среда има контрола . И од ноември курс за дијабетичари.
    Како и да е. Он е позитивен и вика дека ќе се среди набрзо.
    Ќе се придржува на исхраната , ќе готвиме тоа што треба да јаде и така . И се надеваме ќе не потреба од инсулин.
     
    На danichap, mal.ecka, Neda997 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    37.105
    Пол:
    Женски
    Многу течности односно вода. И бонбони за деца од аптека.
    Џокерче до пред три месеци. :!:
     
    На ines.h, mal.ecka, Neda997 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    сакав да пишам сега ќе пише не е таква и погодив:rofl::rofl::rofl::rofl:.



    Ама ептен ме насмеа:D.
     
    На ines.h, danichap, Dancewere и 5 други им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    78.012
    Пол:
    Женски
    Шеќерот беше над 30 неколку месеци. 20 дена на инсулин и падна на 5.
    Сега се одржува низок со таква исхрана, малтене кето диета.
    И нормално, глукофаж.
    Многу читав на темата и сфатив дека многу луѓе со строга исхрана не ни пијат глукофаж
     
    На mal.ecka и MacenceEna им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.365
    Пол:
    Женски
    @malerozna да исхраната е многу битна..него тоа нема да му е проблем.
    Се надевам ќе се среди и кај него
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.365
    Пол:
    Женски
    После работа ќе имам чест да спијам во шатор ⛺ IMG_20230707_204137.jpg Јуху
     
    На mal.ecka, joana18, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Macence не се секирај можно е и со исхрана само да се среди или со апчиња, не мора веднаш со инсулин.
    На гладно беше 380? Или после јадење.
    Инаку брашно смееш секакво само да е vollkorn и ќе нправите една промена на исхраната, таман за сите подобро.
    Мене од на гладно над 120/130 почнаа да ме следат, ама јас ептен сериозно си ја сфатив работата. Еве ме после години, не ни станува збор за инсулин или терапија, сега уште само еднаш на ден мерам и водам протокол. Порано и по 4+ пати на ден проверував. Движење и балансирања храна чуда прават.
    Имам пишувано скоро во темата дијабетес како се исхранувам. Можеш да побараш таму.
    Јас и лубеница си каснувам со по некое парче со сирење или со јатки. Колку стрв да ми мине. Понекогаш и пола банана со путер од јатки знам да изедам. Се лежи во правилно комбинирање и колку ќе изедеш.

    Искрено пирамидата на исхрана мене лично не ми се допаѓа како е претставена. Ако се водев по неа повисоки вредности ќе имав у секој случај отколку сега. Нит пак менито за пример што го добив нешто ќе донесеше кај мене. Со тоа мени ќе никој пат немаше да се намали кај мене. Едноставно премногу едноставни јагле хидрати беа тоа за мене.

    Мора сам да тестира шо му одговара, а што не од храна. Шо му дава повискои вредности. Во суштина комбинација на храна со низок гликемиски индекс и ласт е идеално. Барај табели на нет. Месото го држи нивото на шеќерот бар кај мене многу стабилно, за разлика од растителните протеини и се помирив со тоа, дека морам стално да јадам месо, колку и да не ми е тоа по ќеф.
    А и внимавај екстремно! Лебот од пекара мене ми го крева секој пат шеќерот до плафон. Едноставно користат ектра глутени и шеќери за да им нараснува тестото. Читај декларации шо има во лебот пред да купиш. Најдобар ми се покажа од реве и кауфланд еден рогенволкорн брод од 1 евро, ептен тенко насечен. Ама досаден за јадење. Затоа сама си печам само со брашно (микс најчесто од волкорн вајцен, волкорн динкел и волкорн роген) квасец и сол. Си ставам и семиња внатре. На почетокот е тешко дур го погодиш оти се меси различно, ама со машина за печење леб дома е можно ако не можеш да го измесиш на рака.
    Јас веќе си печам колачи, мафини и пица и кифли само мора да се пази брашно да е волкоорн 100%. Наместо шеќер се користи еритрот или ксилит, ги имаш секаде веќе. Од алди си земам јас. Овие протеинските пудингчиња се ок да ти мине стрв за благо. Лоу карб рецепти имаш еден куп, можеш да си ги пренамениш како тебе ти одговара. Еве последно од роденден на мм што славевме и тортуле цело. 20230623_182001.jpg

    Важно е само дека не смее 100% да ги одбегнува јаглехидратите, туку едноствните да ги замени со комплексни, а десет и овошје веднаш после јадење да се зема, за да не се оптеретува дополнително панкреасот.
    Имаше еден инстаграм профил што мене многу ми помогна додека најдов во кој правец да се исхранувам..alicja_kurzius insulin resistenz се викаше некако. Иако групата е повеќе наменета за жени со проблеми за бременост и инсулинска резистенција исхраната е таа. Има и книга напишана женава, со рецепти. Јас ја препорачувам со драго срце, пошто ем најден, ем здрав, ем шеќер под контрола(y).
     
    На joana18, Ava.84, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    @MacenceEna кога бев трудна со првото ми откија труднечки дијабетес, ама тој утрински малку над границата шеќер си го влечам од порано (од стресен живот).Со големата со регулиран начин на исхран го држев ама пешачев многу.Ако видев шеќерот ми е висок и ми е лошо станував и одев да шетам сама.
    Со втората па за жал ради анемија немв сила иако шетав со големата ама не беше доволно, завршив на инсулин.Одвратно нешто .Тенки игли ама бев модрици целата по стомак и нози.Кога отидов на пораѓај сама си го прекинав.Една недела пред да се породам толку се пораѓав со провокација не примав и бебето не ми беше големо 3,5кг.
    Муабетото ми беше за време на првата бременост гледав на јутуб видеа како луѓе со дијабетис и голема количина на инсулин со диета на овесна каша и пешачење многу намалија во кг и инсулин сменија на таблета.
    Како што кажаа и погоре исхрана и движење и може да го регулира доколку е дијабетис тип 2.
    Не вилам да не оди на др и постепено да смени навики.
    Јас не сум била после пораѓајот пак на др нити сум мерела :bandit:.Од мрза и одбивност:tmi:.

    Туки овие
    колку се безбедни се прашувам цело време .Мене ми се одбивни од самото име и не сакам да ги пробам:(.Имам многу рецепти со лоу карб ама штом слушнам еритрот одма менам:$.А сакам да ослабнам|(.
     
    На јolene и Neda997 им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам :D. Спротиставени мислења има во секој случај..сум читала доста ама официјална студија дека се поштетни од кристал шеќер нема. Има шпекулации демек можат да предизвикаат проблем со циркулацијата, со варењето на храната, демек вештачки се и сл. А од друга страна има научни тврдења дека кога шеќерот обичен се разградува во организмот, се разградува всушност до таа алкохолна форма на еритит.. практично ерититот и ксилитот се веќе разградени шеќери во форма на на алкохол која нема импакт врз нивото на инсулин. Пошто веќе се земаат во таа разградена, за организмот позната форма.
    Е сега како и се друго, во количество лежи и отровот нели. Јас ги користам у ерено. Да кажеме дека 1кг до 1.5 кг на година трошам. Ама мене толку многу ми е истенчен вкусот за благо, што и немам потреба од многу. И секој пат ако во рецепт стои да кажеме 100 гр., јас ставам на пола. Инаку ми е преблаго.
    Ако готвам десерт со протеин на пример кварк или рикота или скир може и наместо засладувач да ставам берис и урми. Зависи од комбинација. Наместо млеко обично ставам кокосово млеко, оти е помаслено и на вкус поблаго. Па така ставам помалку масло и помалку засладувач. Наместо скроб или нишесте за згустиување користам јоханисброткернмел, желатин, или агар агар зависи шо сакам да постигнам.
    Јас сум многу скептик за аспартам и сличните засладувачи и нив не ги користам никако.
    Во тесто секако не ставам шеќер, нема потреба оти брашното си содржи доволно шеќер за да се развие квасец, шо велат дојчовци квач е да ставаш ексрта. Мус од јаболка правам без грам шеќер, рендам јаболко, стискам лимон и воала комбинација чудотворна, од пектинот се згуснува и конзервира само од себе. Ставам само цимет и лажичка carob, шо го спомнав погоре.
    Сум пробала со кокосов шеќер и со агаве и мед. За жал кај мене не функционира. Т.е ми го креваат шеќерот.
    Некој пат ќе се опуштам и ќе си речам еве се е супер, ќе си купам некој бронзен од пекара и има шо да видам после. А купувам динкел или роден. И баталив, не се ни лажам веќе. Ако ми дошло да купам надвор бар купувам шо ми се сака и заминувам, па после јадење шетам и така. Еднаш во месец јадам и повеќе нешто во ресторан освен салата и месо(lalala). На пример кезешпецле или бургер и помфрит или пица или шо и да е, без да мислам леле леле. Јадам и уживам и после шпартам 5-6 км и така. Ама на гладно веќе не е над 100. Дури последно околу 80-90 се движи. Што повеќе да посакам. После јадење еден час веќе е 120 просек.
    Е сега нема јадење шо сакам и колку сакам. На крофни се стрвам цело време ама па ни терапија немам ни па шприцеви . Кога ставам на вага поарно така, отколку насекаде со терапија уште сега да се влечкам, ама важно чоколади и кроасани ќе кркам.
    Јбг како беше, некој наследува милиони некој дијабетес. Прифаќаш шо е како е и тераш напред.
    Инаку од мое искуство, -18 кг. Без јо јо. Без враќање на килограми. Енергија полна и најдена, оти всушност јадам се и јајца и месо и млеко и житарици и мешунки и јактки. Овошје умерено, ама зеленчук и салати без мера. Десерт одбегнувам оти забележувам дека прави зависи тој благ вкус. И полесно ми е да не јадам оти на исти принцип е, без една можам со една не. Е затоа пак со овошје се заблажувам. Сега и сладолед си правам од банана замрзната, бледнам зане малку, банана, путер од кикиритки и чоколадо 80%. Вкус одличен се здраво.
    Исто откако се хранам вака забележав дека ми се средија хормоните и многу многу поретко се разболувам. И кога и да се разболам побрзо ми поминува.
    Ама важно ко ќе видам препорака од некој нутриционист за доручек млеко, овес, урми, мед, банана мене коса ми се крева колку многу шеќер е тоа. Па јас после таков доручек нема цел ден да можам да станам од кревет. Или сокови цедени и смутис. Дирекно шеќер исто ко да си се напил.


    @MacenceEna има толку многу книги со рецепти сега, како преку храна да средиш дијабетес тип2. Побарајте пробајте, нема ништо да изгубите може само да профитирате.
     
    На joana18, MacenceEna, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    За аспартан се чека официјалниот запис од СЗО за биде запишан како канцероген.Инаку докажано е дека е канцероген.А го има во гумите за џвакање|(. Кога почнувам да мислам се колку е штетно канцерогено ми се пали главата и фрлам и диети и исхрани здрави .

    Мене за слабеење не ми треба многу 5 кг максимум.Се нервирам оти 64кг бев во 8 месец со големата , а сега сум толку не трудна:$. Сакам да бидам 58кг , а сум 170цм висока.
    Стомак имам и да вежбам сакам ама некако да идам килата да ја оперирам|(.
    Ама балансирана исхрана се трудам веќе долго време да воведам ама тешко оди.Не сум јас месар, а за децата морам мин 5 пати неделно оброк со месо, а тие колку се скарани со јадењето што да кажувам.
    Така си се вртеме во круг плус болести и така.
    Ама пак ќе се потрудам летото и убавото време буди надеж на промени:D.
     
    На Dancewere, јolene, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.365
    Пол:
    Женски
    Јас редовно проверувам крв и сега за сега немам шеќер .
    Може треба да се боцнам со тие за проверка да видам да не нешто и јас имам .

    Ќе смениме сите исхрана дома , вчера правел мм пица со динкел брашно. Нема некоја разлика во вкус само помалку шеќер.

    @Ava.84 јас имам исто 10 кила за симнување . Од пород останаа тие , беа повеќе ама полека симнувам. Тироидната прави проблем .
    Треба да сменам исхрана и јас дефинитивно ама не знам од кај да почнам . Глутен треба да избегнувам , шеќери и сл.

    Со тек на време доаѓаат болести чуда .. не менуваат од корен
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    910
    Фасадата од куќата ја прават и маж ми ја оставил колата на улица одма до куќа. Дигнал рачна но ваљда не до крај, полека колата се придвижила и удрила во колата на комшијата(мслку е удолница) . На нашата нема ништо другата многу малку има мала гребнатинка. Вечерта кога се случило тоа комшијата ми испрати слики, јас видов наредниот ден и му вратив , тој ми испрати слики од штетата пиша дека е многу малку и ќе го средиме наредната недела. Имате ли искуство што е следно , треба ли да ѕвонам во нашето осигорување?
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    37.105
    Пол:
    Женски
    Најпрво прашај го комшијата сигурно се разбира повеќе. Со него договарај се пред да направиш нешто.

    Јас имам 61 кило и 154 цм висока. 59 кила кога имам сум таман, сега со 61 онака скоро таман ама делот околу стомакот ми е голем, ректус диастазис 5 прсти.
    Пред некој ден приметив дека газот ми се спуштил и дека градите ми се помали од што ми беа пред 7 години и маж ми искоментира дека некако ми ги снемало. Или накратко телово плаче за вежбање. 9 евра неделно е фитнес, скоро сите колешки и колеги одат, јас прв пат не знам како и кога ќе се одлучам. Се викам од понеделник.

    Во последно време многу јадам затоа што не преземам ништо во животов.

    Туку за школото. Идеален ранец за во школо е 270 евра направив скриншат од тука. Една мајка ми рече дека ќе купела некој од 50-60 евра. Ранецот им е само за до школо и дома? Блиску ни е школото. Не ми е јасно зошто 270 евра за ранец? Повеќето мајки не работат па и не верувам дека ни 5% од децата би купиле таков ранец. На детето му е битно да е убав на изглед. Па дали може да ме просветлите зошто толку скап? Освен да му лежи на грб и да му е лесен нели ама школото ни е блиску. Дали освен до школо и дома ќе одат некаде со ранец на грб?

    Книгите за во школо ние ги купуваме? И колку пари?

    Опрема за физичко имате спомнато. Што се има во таа опрема и колку пари?

    Постои забава за деца што ќе почнат во школо? Гледам секаде се продаваат работи исто како за роденден само за во школо. Забава сигурно нема да правиме. Читам во групиве и за тоа 500-700 евра трошеле.
     
    На Ava.84 и Dancewere им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.508
    Допаѓања:
    288.472
    Ранец според можности и вкус. Има многу фирми и убави дезени кои се квалитетни, во различни категории со цени. Јас дадов околу 250, мене ми се допадна квалитет и рецензии, нејзе дезен/боја.
    Планирам четири години да ги носат.

    Некои ранци се со бојтел за опрема, некои не. Треба да се докупи доколку немате. Јас ставам патики, трењерки и маичка.
    Кога имаат излети или се без настава од икс причини, викаат ранец, мислејќи на некој помал, само со вода и кутијата за храна. Така да ранецот е само настава кога имаат.
    За Викториа до сега добив само листа со што се треба да купиме. За книги претпоставувам накнадно ќе ни кажат.
    Забава може за нас домашните да направам. Една тортичка 20-30 еу китење 5-10еу.
     
    На gjoker4e, Ava.84, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.365
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e ранците за школо се ергономични , прилагодени за децата . Да се распредели тежината . Немора од најскапите и најнов модел да се купи има од ланската сезона поефтини.
    Во нов како сет иде и Turnbeutel.
    И може некаде едно некаде две Mäppchen со боички и сл.
    Се користи 4 години и искрено вреди да се "инвестира " .
    Од школо ќе добиете листа што треба да се купи , тетратки , моливи , водени боички и сл. Учителката собира пари и нарачува за сите работни тетратки по математика, германски. Другите книги го добиваат од школото.
    И за водени боици има препорака кои да се купат . Да бидат Пеликан , зашто имаат искуство и знаат дека тие најдобро бојат.
    Значи тоа се ќе ви биде кажано на прв ден школо.
    За забава , кој како сака со прави.
    Можеш и да не прославиш. Не е морално .
    Има во Теди гледам балони, гирланди и сл. За првачиња. Мене ми се преубави .
    За моите правев забава . Тоест се собравме фамилија кај нас на ручек (скара) и прославиме во најтесен круг .
    Доби големата тогаш велосипед за подарок. Од фамилија доби ситници за школо . Brotdose, Trinkflasche. Имавме и торта направено .значи кој како сака .
     
    На gjoker4e, Ava.84, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    280 евра ранецот за првата ќерка и 250 за втората. Првата го носеше 4 години, втората ќе почнува трето од септември со истиот. Квалитетни се многу и се уште како нови. Значи еднаш дадов пари и 4 години мирна глава. Значи вредат за секое едно евро што го дадов. Јас ги земав комплет со ранче за спорт. И несесер за боички имаше во комплетите.

    Ќе добиеш листа за се што ти треба, а книгите ги даваат од школо. За спорт исто ќе имаш листа, ама у глобала е тренерки/шорц, маичка, патики.

    Листата за купување школски прибор беше негде околу 100 и кусур евра.
     
    На gjoker4e, danichap, ines.h и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.000
    Допаѓања:
    42.365
    Пол:
    Женски
    @danichap Бела 4 години го носеше ранецот . За физичко тоа уште го користи .
    На Даријан е како нов , уште оваа година ќе го носи после ќе купиме нов.
    После тие се поефтини до 100 и нешто евра се.

    Само на почеток има поголеми трошоци додека се купи се што треба. Ние им купивме бироа , столови и сл. Ама кај нас домашна пишуваат во дневна на трпезариска маса . Бироата им се така за слободни активности, боење и сл. Може за почеток и да не се опремува соба со биро и стол. Малите деца најчесто работат со родителите и пишуваат домашни , чуда.
     
    На gjoker4e, Lianna Anna, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Го купив лани на попуст кај Check24 пребарав и истиот ранец кај беше најефтин тоа беше 180 евра.На мојата е Ерго ама пак ќе кажам толку тежок не верувам дека ќе и купам на малата.900гр празен.Нејзиниот ранец има спорт бојтел ,некojа папка и два несесери едната опремена со боици беше.
    Што треба имате сигурно од школо листа.Кај нас за спорт имат шорцеви и мајца на кратки-зимо/лето.
    За излет одат со нормален лесен ранец не го мнктат овој.
    Инаку кога им е првиот школски ден(сабота) се прави Schultüte кое се полни со глупости еден куп и се носи ранецот празен.Мојата имаше претстава што ја гледаа и после отидоа да се запознаат со учителката и да видат кај ќе седат и со кој.Таму им дадоа шултуте од школото добиено од некој спонзор и го добија плус нашето кога се симнаа.Замисли колку благо имаше.Јас шултутето сама си го правев и ми требаше 8ч за да го завршам.После школо прават забава или одат на некое специјално место.Ние имавме дома многу убаво украсено.Украсите со салфетки, чинии , мали шултутиња , украси за ѕид ,балони ми ги даде една колешкана која и останале од претходниот викенд.Тогаш беа баба и и дедо и и со нив јадевме торта , а после тоа бевме ние 4цата во еден забавен парк во нејзина чест.Нејзината другарка беше кај братучет па и даде поклон .Ние дадовме на комшиското дете и тие на нас што децата се заедно во школо.
    Исто и од братучетка ми доби поклон . Многу убаво беше како втор пат роденден да имаше.

    Инаку кај нас е 25 евра цел месец во теретана , пред короната беше 19,99евра месец ама со 1год або.
     
    На gjoker4e, Lianna Anna, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Можеби некоја имала искуство или инфорирана е па ќе ми помогне.За прием во градика нели како и секаде и ДЕ бараат примени потребни вакцини. Моментално сме во Мк па ги прими сите редоследно што му следеа според вакцини календар следна ми рекоа на 6г.Вкупно три прими.Е сега му фалела уште една а тоа е ревакцинавија за мали сипаници и заушки ,(дали тоа на германски е Масерн.)Он вакцината ја има примено но не ревакцина.3 годинки има.Ми е шубе да му ставам уште една 4 по ред ќе му дојде.А знаете колу тешко се добива место в градинка,а без тоа неможе договор да,се потпише.Барем да можам септември да му ја ставам.
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    37.105
    Пол:
    Женски
    Од кога е примен во градинка? Преселени сте Германија нели ама вакцините ги прими во Мк кога отидовте?
    Разлика помеѓу две вакцини секако треба да е минимум еден месец.
    До 2 години мора да ја прими втора доза ммр. Во Мк се прима само ммр, а тука заедно ммр и варичела на една година и шест месеци подоцна втора доза. Втора доза може да прими и еден ден пред да тргне во градинка па затоа те прашувам од кога е примен во градинка. И зошто ги прими во Мк вакцините? Не можевте тука педијатар да најдете? Не сум во тек.
    Договор можеш да потпишеш ама прв ден кога ќе почне во градинка мора да има две дози ммр Макар и вчера да е вакциниран. Масерн е да.