Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
  2. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој да ми објасни што е Krupp,дијагноза од педијатарот денес е ова
    Не можев да го разберам најдобро па би била благодарна ако некој ми објасни
     
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Тоа е воспаление на грлото на нашки ларингитис, заради тоа што се зголемени и воспалени горните дишни патишта се добива како грчење и тешко дишење, заедно со кашлица. Тоа е најчесто од вирус 99%. Се дава кортизон и адреналин ако е акутно, а ако не е акутно се дава чепчиња тоа педијатарот одредува.

    Хемофилуси инфлуенца тип Б ако ја има примено ( тоа е 6 валентната вакцина во првата година) ја исклучуваш хемофилиус. Таа е бактерија. И стафилокока може да доведе до овој вирус во многу мали проценти.
     
    На Kaetana и Mari* им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.947
    Допаѓања:
    36.935
    Пол:
    Женски
    Ларингит да не е?
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Добивме чепчиња ама само 2 :wasntme:
    Него нормално е да има болки во стомак и повраќа (некоја жолта течност) ? Многу сум уплашена леле
     
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Од кашлицата да не повраќа бидејќи ако е силна стимулира и нагони за повраќање. Жолта течност ти е желудечен сок. Ако поврати уште еднаш одете на клиника во итна да го видат. Зависи како се осеќа малото клиничка слика ако е омалаксано и не се подобрува за пет, десет, дваесет минути не го чувајте дома нека го видат.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Бевме сабајле и му кажавме на докторот ни даде вомекс чепчиња и од кога и дадов нема повратено
    И зедоа крв само и тогаш ни ги даде чепчињата за ларингитис
    За омалаксана е многу,има болки и во стомак на некои 2часа ама не повраќа повеќе
     
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Нека одмара ја има терапијата ќе и се стабилизира се. Од градинка најчестите вируси. Не се плаши Мари ќе биде добро за ден, два.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Mari* вомексот се за повраќање а за ларингит се дава кортизон како што кажа @FreeMind ама само доколку се утврди дека има блокада на дишни патишта - прати дали ќе кашла многу длабоко и засипнато или ќе има не дај боже отежнато дишење. Тогаш одма на итна.
     
  11. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Дали по наша инцијатива може педијатар кк да направи на бебе?
     
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Ако му објасниш зошто сакаш да ја имаш ќе ти ја направи.

    Може ли некој да ми слика што е шлаг пена или шлаг крем овде за торти? Треба да набавам за мајка ми резерви, а поим немам што е тоа и како личи за да го земам. И нишесте и густин ако знае некој би била благодарна на фотка. Ах да и маргарин како од Благој Ѓорев коцка така да стврднувал во смесите.
     
    На Nenna97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    8.752
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20191025-215420_Chrome.jpg
    Ова е од Лидл ама има во сите маркети различни производители само се мати со шеќер. Стои во фружидер кај јогуртите. Ова второто е прашок ист како кај нас го има во поголемите маркети како Едека. Screenshot_20191025-215353_Chrome.jpg
    За маргарин има еден санела мислам беше специјално за колачи ама јас имам фрлено торта со тој ептен многу стврднува па би ти препорачала путер место маргарин.
    За густин сигурна сум дека имам купено во лидл ама ич не ми текнува сега како се вика.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    А секогаш му се чудам што бара таму. Колку шеќер му ставаш за матење?

    Ова второво прв пат го гледам ќе го најдам во едека. Фала ти мила.

    Не сака со путер да готви цело време се жали дека ете не се погодила оти со путер била. И сега сум во потрага по магичниот маргарин:)
     
  15. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    8.752
    Пол:
    Женски
    Шеќер од прилика ставам секогаш ( само по себе не е воопшто слатко).
    Маргарин еве слика од тој што е за колачи јас и не сум некој мајстор во кујна па може до мене е неуспехот :D . Screenshot_20191025-221846_Chrome.jpg
    Може некој друг ќе ти пише искуство за маргарин или нека проба со овој.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Нишесте / густин е Speisestärke.


    Screenshot_20191026-014642_Opera~01.jpg
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @FreeMind мислам дека ти ми имаше пишано за документи вадење, па би те изгњавила ако имаш малце време да ми пишеш.

    Се јавив за патен лист во конзулатот во Минхен, ми кажаа дека истиот ден се зема патниот лист (сакаме вечерта да летаме од Меминген па со едно патување да завршиме работа).
    Од документи ни кажаа две биометриски слики, интернационален извод родени (не морало апостиле), наши пасоши на увид и копија од наши пасоши, и наши изводи (ќе земам оригинали и копии од родени од двајцата и од венчани). И 30 евра. Дали пропуштам нешто?

    После тоа, се стига во мк, и се поднесува барање за упис во матичната книга на родени и со тоа вадење извод. Дали требаат стандардните документи што се и за бебе родено во мк што се наведени на сајтот?

    Screenshot_20191026-101623_Opera~01.jpg

    Им ѕвонам 2 дена и тоа по цел ден, телефон не креваат.

    Од вашето искуство - колку траеше процедурата? Важно ми е за да знам колку време да планирам да останеме во мк. После изводот, за пасош ќе го сликаме по итна постапка, па за тоа знам дека требаат два дена. Ама до добивање на изводот (а со тоа нели матичниот број) не можеме да го сликаме за пасош.
    Колку време отприлика се чека кај изводите?

    И што друго од документи треба? Извод веројатно од родени од тука.. имаме интернационален со апостиле.. еднаш ми спомна дека и судски превод ти барале на интернационален извод??
    Некои лудории што треба да ги имам на ум за да заштедам време (и нерви)?

    И патем како да направиме најлесно биометриски слики за бебето? Планираме во фото студио. Бевме во дм ни кажаа не сликале деца помали од 3 години. Сами мислам дека нема да успееме да го сликнеме...
     
  18. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    @Kaetana јас им пишав меил одма ми пишаа.
    И на нас ни кажаа копија од пасошите и личните карти ама не ни ги побараа.
    Ние во мк чекавме 2 недели за извод за новородено, претпоставувам дека беше многу гужва, ама сега би требало за околу 1 недела да излезе изводот. За пасошот чекавме 2 недели, стандардна процедура, јас дека бев сама со мм вадев и полномошно кое се вади исто во Минхен, и прашуваат од таму дали треба само за влез и излез од државата, дали за вадење на документи, мене полномошното ми го земаа во МВР.
    За сликање на бебе бевме во фотостудио, 20е +10 слики и цд со слики од бебе.
    Исто носејте си со Вас и поситни пари, на нас не пратија да раситнуваме низ цел Минхен.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски

    За патен налог ти објаснале точно. За слики во фото студио и никако поинаку 8 евра 4 слики во Минхен беше таму ја сликавме.Јас многу нерви изгубив со дм и слични глупости. Работата за патниот налог во ист ден е да си сигурна дека конзулатот работи и дека мрежа, систем нема нешто да им падне. Во разговорот со конзулот ми рече ако легнам болен нема кој да ти даде патен налог ќе мораш да дојдеш кога ќе оздравам. Иако внатре во конзултатот има вработени јас добив такво објаснување. Празници наши и германски не ги работат затворено е. Внимавај на тоа. Внимавај и на работното време и да не е петок околу пладне.

    За доле ти треба извод интернационален со апостиле кој го имаш и плус преведен на македонски од судски преведувач и заверен на нотар (wtf нели). Ова во Велес ми го побараа. Плус документите кои се за мачедонци на листата, јас како и нена бев со полномошно доле.

    Од трикови за побрзо:

    - Врски како и за се доле. Јас со телефонски повик директно од канцеларија на министер завршив за еден ден работа со извод на новоредно за кој ти требаат десет дена во нормална процедура ако немаш врски до две недели.

    - Сите документи ископирај си ги во два три примероци оти не знаеш кој ќе им го снема

    - За пасош по брза постапка од Скопје мислам дека си од таму се зема за ден тоа добро функционира. Од Скопје од мтв каде се земаат пасошите е после 15ч.

    - Во случај да бебето има име кое македонската ценета администрација не го има во секојдневие спреми една шака дијазапами. Од извод до пасошко насекаде имаш кавги и стасуваш до шефови. Во пасошко исто не знаат да сменат од кирила на латиница и апсолутно не им е јасно како би го завеле y во систем. Ме советуваа да го сменам името покрај извод доставен бидејќи не можело така да ја заведат (wtf again). Се додека не збеснеш и отераш у три лепе материне све неписмено и ти најдат човек кој знае да работи на компјутер. Тоа е најстрашно. Ако има македонско име ќе завршиш без нервози.

    - Се плаќа со картичка насекаде по институции. Ако си со кеш ќе мораш да бараш пошта/банка. Носи со тебе некој кој има картичка да завршиш веднаш плаќање.


    Ти посакувам да не поминеш како мене. Помини без нервози и проблеми:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Мајки имаме шанса за селење во Гер.
    Мм би одел прво секако, после јас со син ми.
    Претпоставувам дека ке е тешко од почеток, ама да ми кажете искуство за адаптација вие што сте биле ко нашиов случај. Јазикот се учи ли брзо? Да почниме тука курс или полесно е таму?
    Да имам услови тука воопшто не би ризикувала со бебе, ама како што сме за никаде ваква шанса не се пропушта.