Кај нас се гледаше дека е страшно некаде ама нас не промаши овој пат. Од кога сакам да ви речам да споделите тука кога ќе има попусти некаде и сега случајно на меил гледам од утре во Такко над 5 купени артикли 50% на се. Мене најмногу за тој попуст во Такко ме интересира ако некогаш ви текне случајно па да споделите. Едит: онлајн од денес е попуст ама јас до мене имам Такко па затоа нема онлајн да порачувам
Такко неколку недели е веќе попустот. Во едната филијала каде бев немаше ништо, во друга ептен избор. Јас од Sergent major начекав на пола цена плус уште 10% работи како за прв ден на школо. Момите не ми се по ваква облека обично, ама за поводот да ги дотерам. Имаше уште поинтересни работи по приступачни цени, ама зависи боја, модел, големина што е останато.
Добро утро женски. Уште една недела школо и после распуст. Уште сега ме фаќа нерва како ќе истераме 6 недели дома со 3 деца. Ко маче и куче се. Сите тројца . Најмалото ги строи сите . Јас имам две недели одмор . Не дека нешто менува . Ама ај. Мм уште не смее да вози па јас сум таксист . И ептен ме уморува тоа. Невреме немаше , нема ни да има. Надвор е спарно . Од летни активности пола го одбија децата на само 3 ги примиле . Ќе одат во посета на еден замок и во зоолошката. Бабата ќе ги земе во петок на спиење 2 од 3 деца . Една недела е фудбал камп . Ќе бидам таксист пак . Јас конечно најдов време да сошијам за мали неколку маички . Не се совршени ама за мене се преубави. Он се радува сака да ги носи. Планирам после неколку шорцеви да сошијам. Да си носи . Штоф порачував, секој ден пакет стануваше . Денес да исперам и материјалот од последниот пакет . Како го поминувате времето со малите за време распуст ?
Многу убаво си ги сошира,шаренки , детски.Браво. По совет на Џоки почнав да викам дека моите се здрави деца и малата си преспива цела ноќ па чекам резултати.Резултат ушибол на малата.Ама моите се здрави деца никогаш се немаат разболено. Јас уште оваа недела сум на работа и после имам две недели одмор.Една сме заедно со маж.А што ќе правам со деца сама зависи од времето.Среќа само ќе измислиме нешто(порано велев здравје само ама среќа немав па сега ќе пробам со среќа само ептен ги менувам мантрите).Исто ново ми е многу е убаво да имаш деца и секој ден си повтарам по 100 пати наместо да им се дерам се смеам,за да го издржам лудилото со нив. Мојата е на распуст 2 дена веќе.Велам да дојдат баба и дедо да те чуваат да не одиш на школо.Ми вика не, ќе си одам на школо епа што ќе ги викам тогаш да ми солат памет не ми требат. Невреме имаше ама не ми изгледаше на стшно светкаше без да грми и со ветер.Што убаво беше вчера жешко -летно.
Исто Им рековме на децава ќе земеме кутре. Сега на глава ќе ни се качат. Има ли некој зедено кутре од тиерхајм?
Isto i nie sme na zoom no odime po ucebnikot i strikno site videa se slusaat. Mozes vo privatna porakta da mi pises probav nemozam da ti pratam. Me interesira podetalno, mojava nesto mn poskapa, za A1.1 od prilika kolku casa treba za da se pomine jas uplativ 200€ za 20 casa
Во врска со германскиот, јас почнав online на групен курс од десетина луѓе, тука во Македонија и по само неколку часа сфатив дека не е тоа за мене. Премногу губење време на часови со домашните, па дури прочита некој што напишал, не сакам да навредам никој но имаше некои што едвај нашата азбука ја знаат, па додека почнат, па страната во книгата да ја најдат, бесмислени прашања и половина час и повеќе отишол. Имајте го тоа предвид кога запишувате групен курс, а можеби и јас имав таква среќа со групата. А1 положив со Дуолинго за 2 месеци, во просек по половина до еден час дневно, и пред испит гледав видеа како изгледа испитот. Сеуште учам само од Дуолинго, 5 месеци веќе секој ден, и мислам дека сега сум на ниво блиску до А2. Ова теоретски нели, во пракса бев претходниот месец две недели во Германија и можам пример во маркет да прашам ако ми треба нешто, ме разбираат, е сега јас малку потешко нив, ама вака така се снаоѓав некако. @gjoker4e и @Poppins ви благодарам за помошта околу училиштето. Се грижам и тоа како ќе се разбереме таму кога ќе ги запишуваме, читам и ќе ги тестирале па малку не ми е јасно како кога не знаат германски, големата ајде одеше една година на курс и има некоја основа ама малиот ни збор не знае (да брои само до десет ).
Добро утро женски. Л-тироксин испив во 4 па сега може и одма кафе да пијам Ставив едно лепчиња да се печат и да спремам деца за школо. Надвор е ладничко. Деца јакни да земат ќе треба . @danichap за куче од Tierheim немам искуство. Ние сакавме да земеме ама некое расно уште пред 2 години. Ама маж нејќе веќе . Сакавме и маче од една пријателка ама и за тоа се буни маж. Ќе оставиме за понатаму. @Honey Eyes јазик најдобро се учи на лице место. За децата има класови за интеграција. Таму ќе бидат на почеток додека научат малку јазик . Барем кај децата во клас има и такви деца со тек на време го пуштаат во нормални класови . Децата ќе научат побрзо со комуникација со деца . Моиве па македонски не знаат да зборат , разбираат ама говорот им е ко на странци . Тоа е , деца кога растат само со мајка Македонка а цела околина е германска . Најголемата ќе учи од 7мо и шпански како втор јазик. Има да бира помеѓу франциски , латински и шпански .. па ќе одберела шпански .
Леле тоа е многу , и 5/6 во група да се е многу и хаотично , и ја не би можела така . Јас сум сама со професорката и може затоа ми е погодено така , оти е кон мене само и повеќе време има да ми објаснува. Дуолинго е добар да и јас терам на него и многу ми е од помош , али сето знаење се зацврстува со комуникација со други луѓе само ко што кажа MacenceEna . Нема да ги тестираат одма , ќе бидат во класови посебни и плус може да имаат дополнителна настава , и за некој месец ќе имаат пресек , ќе ве викнат и вас па ќе се дискутира како ќе продолжат натаму дали во следен клас или ќе ги вратат назад еден , па дали е потребно плус дополнителна настава. Сега прво ќе остават да видат како ќе се прилагодат они и колку ќе напредуваат , за да се знае што понатаму е најдобро за нив.
Супер идеи. И јас вака нешто претпочитам пред само и само чоколатца како што обично носи дома. Ќе набоцкам овошје да личи на торта и сладолед за учителите да не е без ич. Мислам дека е ок ко за прв пат.
За да се научи германски најважно е да се “прештелуваш” односно најпрво го менуваш јазикот на телефонот во германски. Телевизија само на германски. Книги на германски. Песни германски. Од секаде ќе влегува по малку. И гледам овие од Романија бидејќи многу ги има и зборуваат меѓу себе романски и немаат поим од германски. Пред некој ден на комшивката над нас сакав да и се извинам што сме толку гласни, а она ме сфати дека кучето нејзино ми сметало. Јас мислев дека знае германски бидејќи е повеќе од 10 години овде па одма и пишав на фб и и преведов на романски што сум и рекла. Јас сега купив Aussprache курс и вилицата и лицето ме болат. Ама решена сум и едвај чекам да го нагласувам точниот слог и да звучам така убаво и милозвучно и да работам со луѓе со кои ќе мора цел ден да зборувам. Дефинитвно мора да се над 18 години, со деца нема шанси било каква работа, посебно не деца под 6 години. 90 дена трае курсов па да видиме што ќе испадне на крај како ќе звучам
Добри сме еве по дома . Вие како сте? нема никој на темата да не се разбегавте по одмори? Патем каде на одмор?
Затоа и пишав тука, дека Ве нема, да проверам добри ли сте Крајта на мај и почеток на јуни бевме во Мк 2 недели и 1 недела во Грција. Во Август одиме за Хрватска