Во двор и на тераса. Македонија само умор би ми било, било која одмор дестинација стрес, па ќе чмаеме и ќе преживуваме во познати четири ѕида
И јас оваа година тешко дека ќе се брцнам во вода. Имаме две недели да се спремаме, одморот ќе биде преселба во Германија. Туку пишувавте за ранец, се мислам дали од тука да земам или таму да барам. Може ли некои страни да предложите каде да гледам ранци.
@Honey Eyes ако е за поголеми деца еве линк за ранци https://www.satch.com/de/schulrucks..._Ob2csPxCqdEQxsUxGH20LTInULcwH-AaAkL8EALw_wcB За помали основци https://www.stepbystep-schulranzen....AJFs7U6tJRBRd8Ma_C1WJ3C72B6ecWT4aAoUwEALw_wcB Зависи што сакаш. Има секакви марки . Нашите се од овие марки . Ептен задоволни . Годинава нема одмор за нас . Ќе одмараме дома. На есен може да земам деца да одиме во мк ако има повеќе од една недела распуст. Ако не, здравје за Велигден.
На ќерка ми "другарка" родителите и давале по 50 евра неделно за џепарац . Некогаш и повеќе . Кога се искочени негде низ град , девојчево троши пари и се расфрла со работи . Ќерка ми е отворена и кажува , што како прават . Последен пат бев од Мекдоналдс и морав да ја земам од таму зашто немаше можност да се врати дома. Девојчево не сакаше со нас , зашто со родители било глупо да се вози Дали се претерува со давање преголема слобода на деца од 11 години ? Моето добива 10 евра секоја недела . Ја прашувам на сред недела дали има пари и дали и треба нешто .. козметика , школски материјали и сл . Да се докупи . Ако сега добива 50 евра неделно , колку ќе треба да се даваат понатаму како растат ?
Јас незнам по колку пари се дават неделно на пр кога е прво, второ, трето одд, нели имаат ручек во школо? Гледам секое сабајле децата што одат на градинка влегуваат во пелсра, под 5-6е не се надолу, де кифла, де сокче и чоколадце. Вие по колку пари давате на децата кога одат на школо?
Јас на моите од прво до четврто сум им оставала нешто ситно во новчаник . Ама да давам секоја недела не , на нив не им значат тие пари .. им се собираат само. Моите не јаделе во школо никогаш. Само малата додека беше во другото школо во првото второ чат пат беше запишана за ручек . Инаку јадење од дома им давам , вода и нешто благо .имаат кантина во новото школо ама ретко да купат нешто . Ако се продава нешто како што има акции , прават вафли .. ни кажуваат и им давам екстра пари. Од петто па нагоре сметам дека треба џепарац. Плус во голем град учи големата , знаат да отидат до трговски да шетаат , да купат помфрит и сл. Па и затоа и давам по 10 евра. Што е сосема во ред .
Ние не сме стигнале до давање пари мал е, има околу 200 денари во едно негово новчаниче дедо му за да не му бил празен новчаникот му ги дал и му наоѓам расфрлани низ соба и знае сам ми каже сакам нова играчка имам пари ај да одиме да купиме, па објаснувам дека со тие пари само кај баба и дедо може да купи нешто. Мене ме мачи ова прашање што понатака ако сега добива нешто големо. Пример имаме голем забавен парк баш близу, и многу родители купуваат сезонски карти и најмалку еднаш неделно се таму. Јас одлучив да не купувам сезонска зошто сметам ако оди еднаш неделно не е никакво доживување не само овој туку сите паркови од тој тип. Прехлани беше еднаш, лани бевме во Хрватска во забавен пар годинава планирам или тука или леголенд ама да биде еднаш во годината евентуално два пати не секој ден. А ова со парите некако баш многу ми делува толку мало дете да има толку пари одеднаш, дури подобро би давала секој ден по 10 евра место еднаш неделно 50, ама прашај ме како размислувам за 5 години сега рано ми е можеби ќе сменам мислење. Одмор оваа година мк и грција ќе одиме, а по најновите случувања изгледа ќе мораме и до Загреб на два пати викенд да тераме ( не се бунам иако тешко ми паѓа зошто едниот пат порано треба да си заминеме од мк).
Ау, баш читав некој весник, на деца од 8 години можело/требало картичка да им се извади, па џепарацот таму го добивале, па ќе се научеле да менаџираат пари. Јас досега не научив да менаџирам пари со картичка, тоа се троши како лудо абе златен кеш. Мојата има ручек на училиште, и би и го оставила тој ручек додека е можно, ако ништо друго бар супа да не правам. Потреба за џепарац не сум приметила (сега трето заврши), ако одат негде, во кино, на излет, по потреба давам. И мислам дека умее со пари, знае да процени скапо, ефтино, ми треба , не ми треба, од мала икономист. А реално, пред зграда да сме, една вода и сладолед од продавничка пред зграда, ете ги 2 евра отишле. На плоштад или во трговски, сигурно 4, 5. А едно мени во Мекдоналдс е 8 евра или колку
@Biljarkata да да златен кеш. Со картица кога плаќам трошам повеќе .. а најчесто со картица и плаќам ..па кога ќе проверам колку пари отишле натака навака Вчера бевме во ДМ да купиме поклон за едно девојче и големата со купи нешто за неа , некои обетки.. сакаше сама да плати и во ред . Дава 10 евра и кусур добива 5 евра ама цела лепена . Значи искината и залепена со салотејп. И приметив јас и и викам кажи да ти ги сменат . Зошто ако го земе , може наредно плаќање негде да не и ги прифатат . Дали видоа дете па ај ќе му подметнеме или случајно беше незнам .. ама се изнервирав. И чекавме касиерката да отвори каса пак , после нас се погодија сите со картица да плаќаат .. па на друга каса ја пуштив да ги смени . Јас работам со пари , па никогаш не сум дала на некој искината пара . Ако добијам таква заскината , ја ставам најдоле .. и така ќе се уплаќа во банка . Не сакам некој да оштетам а најмалку па некое дете .
За џепарлак давам само кога имаат нешто во школо.Еве сега на хорт имаат цела недела некои активности и одат некаде Ги учеше парите ама уште не и одат.Па прашува колку да земе.Инаку во школо имат митаг и другите оброци јас и ги праќам. Кога прашав за идеи каде на одмор не ми кажа никој затоа сега не кажувам ни јас каде ќе одиме.
Ме насмеа D Ние сакаме гран канарија или тенерифе но со дете од 1 година што не седе мирно не ни се лета 5 часа . Е сега гледаме мајорка или турција . Незнам со 5 оброци треба да е алл ин . Веќе бевме во Мк така да за оваа година сме завршиле со мк освен ако не испадне нешто непланирано се надевам ….
Nie bevme Majorka, a sega se spremame za Makedonija i Grcija. A jas veke planiram za sledniot pa taka da iskustvo za Egipet nekoj ako ima neka spodeli.
Може ли подетачно импресии конкретно на кое место бевте , Цените , јадење пиење имам слушнато дека е доста скапо . На плажа како е , лежалки дали има? Египед не сум била .
Египет не би одела, особено не во топ лето и со мало дете. Брат ми беше пред сезона, во сезона многу жешко, и често со стомачни проблеми се враќаат луѓе. За со летање сега, многу штрајкови се во најава, и тоа да си проверите. Ние по копно ќе одиме, ваљда ќе стигнеме до најблиското топло море. Гледам температури на вода, вика како во затоплен базен била водата
ние лани бевме на гран канарија, температура за со дете идеална. Повеќе од 28 степени температурата не се качуваше, ептен беше пријатно по цел ден бевме на плажа и базен не мораш да се повлекуваш. Ама па водата е ладна, океан е...ќерка ми беше 10 месеца кога бевме, не правеше проблем во авион, малку спиеше, малку цицаше, малку цртани гледаше и помина. Оваа година во дојчланд ќе си седиме,двајцата со нови работи, јас одмор имам три недели во август поради градинката што е затворена а маж ми не му дозволија да користи одмор во август оти е нов и така ќе си пукнам.
Едни познаниници тука лани беа и се жалеа од хигиената, детето повратило дошол келнерот избришал па продолжил и масата ја избришал со истата крпа. Египет ми е на листа ама да порасне детево да може убави тури да се прават шетање за бањање не би одела до таму.
Гледајќи понуди пред почетокот на јули за почетокот на август мајорка алл инклузив беше најефтина. Ама ние бевме во 2019 и не сум нешто фасцинирана.Како на пустина да си со по некое цвеќе тук там.Големата тогаш ми беше 3год и се плашеше од брановите.Плажата не беше убава морето плно со големи камења.Мене ме боцна медуза па за инекција платив 150евра.Болно беше како некој со игла да ме боцна. Ама хотелот беше ок со храна и забави преубаво.Па се бањавме на базен. Да ви кажам од што од 2019 одиме само на базени големата мисли дека мирисот на хлорот е мирисот на море. Мене оваа година се ми беше над 3500 евра пошто касно барав.Добро ние кога одиме на одмор одиме секогаш со храна минимум полупансион.За Турција и Грција не давам толку пари.Гран Канарија ми е далеку , затоа ќе си одиме пак на север ем ни е 3 ч до морето ем нема да добијам алергија од сонце. Инаку ова ни е трета година по ред како одиме на Балтичко Море или по дојч Остзее. Во Мк бевме во Април ,сакав сега пак да одиме па од таму до Грција ама не најдовме согласност со мм . Дали ви се верува дека на шефицата ќерка и е во Мк на одмор.Еј германци со две деца отишле во Мк.Да имаше море ќе разберв вака не можам да сфатам.Шефицата ми праќа само стандорт кај биле.На повеќето места од западна Мк сум била со екскурзии како дете.Источна почесто ја шетавме.Што знам да и препорачам Смоларскиот водопад,Охрид,Пелистер,Берово ,Радика ,Матка што ми е убава од Ск и тоа.Не знам што сакаат да видат?ѓубре сигурно не.Кажете вие нешто поубаво?
Мене колешка овдешна ми го испофали Охрид, им се бендисал на деците, ќерка ми појма нема што е Охрид. Секое возење во мк е потфат, никако Охрид не испаѓа во комбинација за нас. Друго, околу Бигорски, мене тој предел ми е многу убав. Е сега како е со пат и чистота појма немам. Пазете вие во Берлин на лавот, преѓе ми излезе на вести-лавица шета во Берлин
Јас бев пред 2 години бо Мајорка- С Аренал мислам се викаше местото. Многу беше бучно, млади вриеше во тој дел и се работеше до сабајле ..плажата и морето просек. Последните два дена земавме рент а кар и бевме на 2 други плажи што беа топ за фамилии. Центарот или Палма е убав има што да се види. Нашата понуда не беше скапа како за време корона. Не памтам за лежалки а храната како тука се цените во ресторан.