Што ми текна да отворам разговорот со шефот, и да го прелистам планот за Јули, направен крајот на мај, и пишува дека сум на урлауб. И сега што да му направам во понеделник? Дали е реално тоа што ми се дешава Плус во телефонот ми е зачуван планот од 24.06 за цел Јули, јас ако ''лажам'' телефонот не лаже.
Јас би му кажала на шефот еве го планот стои дека сум на одмор. Слична ситуација имаше маж ми со претхониот шеф за одмор секогаш беше проблем. Ниту кажуваше дали е одоброен ниту дали е одбиен …
Жени, што да се прави кога нема да ми достават пакет, а не ми одговараат ниту од Карго, ниту од испраќачка фирма? Пакетот го немаше неколку дена, пишуваше дека е во Пакет шоп, таму вработениот ми тврдеше дека не е стигнат. За по неколку дена сами од карго да си напишат на Тракинг кодот дека е доставен, што нема благе везе. Не ми се опростуваат 60€. Нема ли некоја заштита за потрошувачи во вакви случаи?
Темата е преименувана и префрлена во Општи дискусии. Нема поента да стои во Дете, да е за мајки, кога е полна со општи прашања, па вака ќе биде инклузивна за сите.
Ако се поминати повеќе од 7 дена без да го подигнеш пакетот, го враќаат назад и автоматски ќе ти ги вратат парите. Во такви случаеви исто пишува дека е доставен пакетот на тракинг. Ако не, оди пак во пакет шопот, прашај уште еднаш, може пакетот бил кај нив, ама уште не бил внесен од нивна страна во самиот систем, него само од страна на курирот, и уште не бил изложен за подигнување. Да го подигне некој друг со потврдата само, без аусвајз и потпис, не може.
Не. Пакетот цело време го следев. Денот кога се напиша дека е во Пакетшоп - уште истиот момент отидов. Во моментот таму продавачот и доставувачот растовараа роба. И кога ја побарав нарачката, продавачот ми кажа не е ова овде. И се врти овој вработениов од ДПД вика кој број е нарачкава, јас - тој и тој. Проверува со тие малите компјутерчиња и му вика на продавачот, ејј ова е нарачката шо ти викав дека ја нема. И како фино ме изигра, си растовари роба и ми вика, ќе идам до комбе да видам да не е таму. И јас ко блесава стоев, го чекав 20 мин. дур не сфатив дека само си избега. И кога видов дека го нема, продавачот ми вика, дојди утре пак. Тоа утре уште четири дена по ред се стори, нарачката не беше таму. За после 4 ден, да се напише демек ми ја доставиле истиот ден на адреса (првиот кога бев таму).
Можи овде да и го честитам роденденот на големата девојка на @Ava.84 Па ќе и текни да ве почести барем по едно парче торта,ако не нешто повеќе... Среќен роденден на снашката, здрава, жива и повеќе да ве слуша. Гушки до девојките
Ах бе сваќе ме издаде сега во арчови че се клада. Значи сваќе браво за меморија никогаш не забораваш. Фала ти многу, бацки за зетко. Еве торта мојата голема девојка полни 7 год.
Каква е оваа дискриминација зошто само македонки зарем мажи не можат да постават прашање? Изгледа јас повеќе нема да пишувам на темата оти 100%нема да ја најдам. А во потфорум Дете сите не наоѓаа на кој им требаше помош. Активна е нашава тема.
Е ова веќе не знам што да ти кажам. Како и да е, пиши у фирмата од кај си нарачала, што како било. Имаат они увид во се, ќе видат дека не е подигнат, оти пакетот не може магично од пакет шоп кај тебе дома да е доставен...
Конечно ми вратија на мејловите од Stylevana (страната од каде што нарачав) побараа подетални податоци, па се надевам ќе ја оправиме работава.
Мајки ми треба добра болница за генетски испитувања Имам пишувано по форумот за ќерка ми има генетски мутации и ризик за тромбофилија Во Мк примаше клексани и потоа е на орална терапија за коагулација на крв Бевме во клиника во Münster таму испитаа се пак и ни одговорија дека нема потреба да пие повеќе и контрола по 4 месеци и тоа телефонски ми го рекоа и резултатите стигнаа по пошта,на што јас не бев сигурна и продолжив на моја одговорност Сега сме во Мк овде термини нема закажав на трансфузија отидовме објаснив ситуација се како е на што ми рекоа дека мора детски хематолог тоа да каже они неможат но ете нема термини а коа кажав и дека сме во Германија ме направија од магаре подоле незнаев како излегов од таму И сега јас незнам што да правам Во Германија каде бевме некако докторите ми изгледаат како многу лабави ко ништо да не е,овде уште полошо поминав и сега незнам кај да фатам Поминав многу лош период со неа и затоа имам страв да прекинеме да не направам грешка која носи живот Ако некоја мајка знае би ми било многу од помош каде да се обратам Извинете за долгиот пост
Ние на Ели и имаме правено многу генетски испитувања. Дел беа на уни клиник, па препраќаа они во некоја лабароторија во Визбаден, другите беа во Франкфурт во една клиника специјализирана за инвитро но и пациенти со други проблематики можеше. Таму и мене и на татко и ни испитуваа дали имаме мутации, дефекти итн не само нејзе. За точно да се знае што е од него што е од мене наследено. Во принцип може на секоја уни клиник, секако препраќаат во соодветна лаб. Но педијатарот мора упути да ви даде и да ве упати. Кај Ели околу 2г траеше додека се завршија сите анализи. На жалост не прават се одеднаш.
И нас ни рекоа дека ке ги праќаат примероците во друга клиника чекавме околу 8 недели за резлутати Ке видам тогаш ке прашам и таму да видам што ке ми кажат Не ми се остава вака,меме таму ми рекоа дека тие таблети ги нема во Германија што ми стана многу чудно Зар нема луѓе кои примаат антикоагулантна терапија,затоа и сакав друга клиника да слушнам и друго мислење Сепак ти благодарам на одговорот