Добро утро жени. На старото работно место дадов отказ и поучена од интернет примери за кундигуг им пишав писмено да ми потврдат отказен рок и примањето на кундигугот. Пред месец и кусур беше ова ама нив за живи ги нема, прво директорката беше болна, па на урлауб па еве денес не била тука и така немам веќе нерви да барам а може и не треба. Што мислите вие да оставам така? Иначе од елтернцајт дадов кундигуг и наводно не ни има отказен рок во ваква ситуација ( иако на интернет стои дека има) а елтернцајт ми заврши пред 2 недели. Никој не ме побара да каже вака и вака, напротив барав и никој не најдувам. А ваму си потпишав нов договор и треба од август да почнам и си мислам завршена приказна со старата работа, ама сепак ми е во мисла да не нешто излезе. Ако почнам оти детево в градинка штрајкува со глад па само 2 ипол сати смее да седи. Мозокот шашма, еве незнам Лиебе Груссе
Го обожавам бе ова време . Обожавам да си носам чорапчиња и дуксерчиња, лани испоцркав од жешко, мислев така ќе биде и ова лето али не, супер е. Си го обожавам мирисот на овој "летен" дожд. Малку се преладивме, малку реумата ме стегна али добро е, се живее . А темава ја преименувале или шо?
Јас пак денес се жалев на времето, Германија треба сезоната лето да ја укине пошто ова лето не е. Есен и зима ете толку годишни времиња има овде. Не дека сакам 40 степени ама сакам сонце. Многу битен податок дознав пред некое време, во Мк просек годишно има 280 сончеви денови, а во Германија 140 И ете така си реков дека некогаш ќе се иселам само заради времето. Или ќе заработам многу и ќе одам на одмор 5-6 пати годишно на многу сончеви дестинации
Дополнително приватно осигурување имате ли , обично тие ги покриваат сите овие работи , ти одговараат на сите прашања те насочуваат како е правилно и ти помагаат доста и со документите потполнување/испраќање. Знам мм често се консултира со луѓето во едното осигурување што го имаме , и за се ни помогнале па и балканци се плус се разбираме добро
Дали може контакт да ми пишете. Ние сеуште не сме стигнати во Германија, сопругот е само и баш гледавме за Haftpflichtversicherung и за правно осигурување да земеме, и ни треба препорака, а и добро е што се балканци да се разбереме. Јас не можам да ви пишам порака.
Вакви работи Caritas и Diakonie одговораат бесплатно. И на англиски зборуваат. Haftpflichtversicherung секој треба да има, и децата и возрасните. Јас сум против балканци. Ем јазик не учиш ем шансите се огромни да те зафркнат нешто. Затоа и дојдовме во Германија нели. Ако продолжуваме кај балканци (или Турци) работодавци, вработени во банки, матичен, педијатар, гинеколог итн; не можеме да очекуваме поинакви (подобри) резултати овде. Се подразбира дека и кај едните и другите има исклучоци ама ретки се. Германците знаете какви се, епа балканците ја имаат научено таа љубезност само ја користат во своја корист, да искористат нешто. Кај некои е ептен привидна, некои се имаат извежбано. Кај Германци ќе имаш поголема плата, балканци од се ќе ти скратат, нема да те пријави во пензиско, одмор ќе скрати, плата, не знаеш дали си пријавен итн и на крај не смееш да се жалиш од Германија кога ти сам си виновен.
во Caritas не сум се обратила до сега , ама знам дека помагаат и тие од други луѓе. За осигурањево ние сме задоволни иако се балканци до сега за се завршиле добро и на време работа кога поднесувале документи во наше име , и во секое време достапни за секое прашање. Индивидуално е сепак секој со различно искуство , свекрва ми мислам користат и они слично до сега немале пр , а се 7/8год Германија. Ние не гледаме така , и ако сме во Германија тоа не значи дека треба да бегаме од балканци , наши први другари се срби и македонци што се дружиме од старт , за седенки ти треба и наш човек понекогаш . За јазикот исто нема што да смета, не сме секоја ден кај нив во канцеларија па да не го користиме германскиот , ги бараш кога имаш потреба , во две недели еднаш или поретко зависи од потреба , имаме преку нив и адвокат , финансиски советник , дополнително здраствено , осигурување за туѓа и лична оштета , голема канцеларија се и доста услужливи и за штоер кога се поднесуваше , средија се експресно и доста задоволни сме како беше исходот. Ама секој различно функционира не сме сите исти да сакаме и правиме исти работи. Додека за на работно место не сме имале искуство со балканци , ама да знае да биде зафркнато да имаш балканец шеф или турчин , ама и тоа може да се погоде некогаш да не е лошо. Во кој дел сте ? ако сте близу Штутгарт таму се они во близина , па да го прашам маж ми за контакт и да ти пишам .
Имате ли некаква солуција како да се дојде до пари кеш, банката на мм е шпаркасе берлин а тука у дизелдорф даваат 500еу дневно да се вадат, на шалтер даваат до 1000 ама зимаат 17% провизија. Ни треба поголема сума до вторник да извадиме а немаме памет како.. некој совет?
Незнаев ние можеме сами да го менуваме лимитот, знам баш менува ме за трансфер на пари не беше за подигање па после си вративме на помала сума за посигурно.
Прв пат слушам волку екстремно. Моето Шпаркасе може 1500 на ден а од шалтер по 10 000 сум земала без провизии. Опција онлајн бенкинг да зголемите лимит и префрлите на некој кој има готовина Или за Берлин да се оди, на шалтер, без провизија да си извади.
Ти ќе ги пратиш по вестерн унион на маж ти или тој тебе. Онлајн само 5 евра провизија. Во истиот момент ќе ги подигнете во вестерн унион. До 5-6000 евра во рок од три дена може преку вестерн. Мислам убаво објаснив. Маж ти преку вестерн унион онлајн со 4,90 провизија може да ти прати максимум 5-6000 евра не знам точно колку беа. Ти ќе ги подигнеш со важечки пасош во вестерн унион филијала. И ти имаш сметка во Шпаркасе?
Немам воопшто сметка јас. Шпаркасе берлин е скрос друга банка и толку се без везе со овие лимити едвај чекам да смени. Прашавме и на тел не дозволија освен во берлин да се оди..исто и вестерн не дава викендов незнам зошто. Ке вадиме 500еу дневно додека не дојдеме до сумата ..фала како и да е
Мислам дека три дена може по 500 па после 4 дена не смееш ич додека не поминат 7 дена. Ама ако е така сигурно ви кажале во банката. Така ние се чудевме четвртиот ден што да правиме без пари ама не знаевме дека има лимит. Можеби не е така во вашата не знам прашај за сигурно. Вестерн унион секогаш функционирало, пробајте пак ако е итно. Ако не ден по ден. Многу сум радосна до кај стигнав со јазиков. Нешто необјасниво ми е како јазиков почна убаво да ми звучи мелодично, а порано сум го мразеле германскиот. Со овој Aussprache курс сфатив дека и ja и bitte ги изговарам погрешно, па да не зборам за поголемите зборови. Првиот ден читав текст и се снимав на телефон, кога ќе поминат 90 дена треба истиот текст да го прочитам и да се снимам и да видам разлика. Па ќе видиме. Од наредна година ќе почнам со C1 кога ќе излезе курсот кај истата, до тогаш нема да се брзам, ќе повторувам од A1 до B2 и Aussprache. Само ако не ме пофали некој на работа.