Zdravo, za kolku vreme dobivte odgovor od germanska ambasada vo Skopje za termin za spojuvanje na semejstvo? Skoro 2 nedeli uste nemam odgovor.
Дали има некоја што ставала интернет на Водафон? На листот пише дека онлајн треба да го направиш, а онлајн страната не им работи. Ај малку помош, една недела така ми стои рутерот , незнаеме како да го направиме.
треба да го пријавиш во општина 20/30€ годишно се плаќа за него како осигурување/регистрација ти иде тоа , ако ти е до 25km/h само го пријавуваш и си тераш, ако ти е над 45km/h треба и возачка да имаш онаа за мопед скутер што е класична категорија . Јас сакав да го земам сега од мк кога бевме ама мојот е појак , а ја сум без возачка и сега немам време да полагам тука , и го оставив за следно одење да го земам. Женски шише за вода и кутија за храна која би ми ја препорачале за прваче ?
Дали откако ќе се пријавиш за живеење во друг град, треба да се одјавиш од стариот? Или чим си се пријавила веќе во новиот, автоматски те одјавуваат од стариот?
Вчера бевме да се пријавиме на друга адреса. А претходно , на првата кога се пријавувавме, они ме напишале со македонското презиме а не бугарското. Имам една буква во презимето што ја нема во бугарската азбука, и во бг пасош сум со други две букви напишана. И вчера, им реков така и така работата, ни бараа венчаница, им ја дадовме и македонската и бугарската и не им беше јасно како можеме да имаме две венчаници. Упорно ми тврдеа дека едната била фалш. Дури и за пасошот ми викаа дека македонскиот ми бил оргинален дека тој ми бил од раѓање а бугарскиот бидејќи подоцна во животот сум го добила не бил оргинален. Само сакав да ја поправат грешката и да ме пишат според бугарските документи ама не им беше јасно и отидоа кај некој шеф да прашуваат шо како, и накрај ми рекоа дека тоа може да се смени само кога ќе се откажам од мк пасош . А и на ќерка ми ја пишале дека е македонка а она нема мк државјанство нема ништо од мк, само бугарско. И за неа ми тврдеа дека е македонка бидејќи ние сме биле македонци и она автоматски тоа го ДОБИЛА а немаме ништо добиено пошо не е пријавена во Мк. Дали некоја друга има вакво искуство и како да го решам ова? Или да не се замарам.
Во Германија стигнавме пред неколку дена, децата почнаа со школо, малиот (6 години) синоќа качи температура, денес не го однесов во школо. И пишав mail на учителката на апликацијата, друго нешто треба ли за во школо да ги известам. Матичен уште немаме, да го носам кај Kinderarzt или да почекам, освен температура 38 друго нема. За здравствено поднесовме, уште не ни стигнале картичките, но ќе ми дадат денес потврда дека сме поднеле и дека сме осигурани преку сопругот. Во Мк ќе го однесев кај матична, ќе му направеа крвна слика и брисеви, тука не знам дали одма денес да го носам, да почекам до утре или што да правам.
Овде и да сакаш не прават к.слика и брисеви..треба нешто да е екстремно лошо после 1 недела па да предложат, јас исто се чудев многу кога одев на прегледи но подобро е да се навикне човек него да се расправа. Нека поминува со лесно.
Ти знаеш најдобро. Јас на почеток одма се јавував на педијатар и лажев уште првиот ден дека веќе три дена има температура. Кај нас прават крвна слика и брисеви. Според општата состојба на детето процени. Треба да се почека и да се јавиш третиот ден ама пак ти ги гледаш сите симптоми и знаеш како е детето, можеби треба уште денес да се јавиш, ти ќе процениш. Давај парацетамол и ибупрофен наизменично ако има потреба. Кај мене гледам дека ќе оздрават кога растојанието од една до друга температура се зголемува. За школо уште боледување од педијатар може треба не знам нека каже некој?
Овде 38 не ја сметаат за температура. И да го однесеш мислам дека ништо нема ни да ти дадат ни да испитаат. Следи ситуација , разладувај . Јас на 38 не давам ништо сепак тоа зависи од дете како ја поднесува температурата.
Мене они ми го приклучија. Јави се таму, кажи да ти пратат некој. Ако не, иди на ЈуТуб знам имаше некои туториали.
Ист случај беше со мајка ми. Беше пријавена со наш пасош, со виза. Кога испадна бугарскиот пасош беше со друго име поради Ј, во бугарскиот беше со Y. Рекоа не може да поправат. После долго дискутирање ја пријавија со Y и бугарскиот но доле стоеше дека има двојно државјанство, мак и буг. Некако не можеа да го тргнат првичното. Сега, на новава адреса, од старт со бугарското ја пријавив. Воопшто не покажа мак пасош. Најмалата ќерка ми имаше стасано писмо дека треба да однесам документи за да добие виза. Се јавив, објаснив дека татко и е Германец и автоматски и следува и се реши. Само во компјутер проверија и доволно беше.
Па така направив, воопшто не го покажав мак пасош али им испадна нешто таму во компјутерот дека не сум била пријавена со бг име и презиме па ајде морало мк пасош... абе катастрофа... најјако ми беше кога ми викаа дека бг пасош не ми бил оргинален оти не ми бил прв пасош, тука заклучив дека зборам со идиоти и се согласив да ме пишат со македонското презиме.
Знам дека не можеа одма да ни извадат ново wohn melde Bescheinigung со новото име, чекаа некое писмо, од ауслендербехурде ли рат Хаус ли… не знам веќе, они не можат изгледа промената да ја извршат, друга канцеларија требаше. Отидов уште еднаш за да и го подигнам новото.