Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.197
    Допаѓања:
    26.269
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа дека ќе ми го сменат кога ќе се откажам од македонското , кога ќе сум се откажала да сум одела да го поправат и тоа од шефот им беше кажано :D:D:D
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.500
    Допаѓања:
    288.288
    (facepalm)
    И тука се и секакви има:worried:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dafe993

    dafe993 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    16.244
    Пол:
    Женски
    Не данок, треба месечно да донираш сума на црква или некоја хуманитарна организација, мене така ми рекоа.
     
  4. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    На колку години Ви тргнаа децата прво одделение?
    Мм ми го качува притисокот дека рано и било на 6ипол да тргне на школо, а од градинка стигна писмо дека август 2025 и е последен месец во градинка, таман ќе биде здравје 6ипол години.
     
    На Chantal и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Таман си е. Мојот ќе тргне догодина исто на 6 ипол. Како што знам ако е јули, август родена можеш да одложи покасно да тргне инаку неможе си тргнуваат редовно. Исто ако е септември и октомври може порано да тргне. Другите си тргаат во планираната школска година пример оваа година се првачиња родените од септември 2016 и 2017 до јуни (овие обавезно) јули и август може да одложат.
     
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.085
    Пол:
    Женски
    Од школо имам прашања: што сака детето со задоволство; што не сака воопшто; и што посакуваме ние.
    Не знам што да напишам. Сака да игра на пример ама во школо нели нема играчки. Може ли некои примери да ми дадете? А за несакање не сака мирно да седи за време на Ruhezeit ама не можам тоа да напишам. Стварно не знам на што се мисли. А и јас не знам што сакам. Можеби и само формалност е па што и да пишам исто ќе е.

    И дали вашите присуствуваат на религиозни настани? Не знам и тука што да заокружам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    Има во школо играчки, не е како кај нас. Додуша и ние во забавиште имавме играчки колку што се сеќавам. Може и од дома да си носи и на паузите да си игра. Ама зависи уствари дали од школо ќе им дозволат. Негде не дозволуваат пошто ги губат, или некое друго ќе им ги земе, па да нема драми со децата.
    Мислам прваче имаш нели?
    Не им е нон стоп настава. Имаат и подолги паузи и слободно време. Имаат игри таму, на пример монопол, меморија, коцки, џенга и сл. Исто цртање кога ќе заврши некое побрзо. Може да си разгледува книга или да си црта/бои. Ако сака игри со топка или ластик или јаже на пример на пауза може да си игра со другарчињата.
    Религии можеш и да одбереш не. Ако не сакаш. Никому ништо.
    И дефинитивно можеш да напишеш дека унгерн седи мирна за време на руецејт или на пр. Не сака игри со топка или не сака да се дружи со многу деца...
    Е сега шо сакаш тоа никој не може да ти каже нели.
    Ама на пример, да научи подобро да чита/пишува, да стекне пријатели, умгеен со други деца, интеграција во општеството, нешто во тој правец?
     
    На Lianna Anna, Biljarkata, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.085
    Пол:
    Женски
    Воопшто не го замислив вака школото. :?: Многу добро се сеќавам на моето прво одделение и учителката што ме удри со шарено стапче по прсти дека не сум избришала табла и многу ме болеше малото прсте. ;( Пред четири одделенија од прво до четврто сите бевме во една училница. Мораше пак да кажам бидејќи само на тоа се сеќавам. :yawn:
    Затоа и ми беше чудно што ме прашуваат кога секако ќе седат на клупа и учат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    Ох Џокерче.
    Не воопшто не е така. Повеќето имат софа и делче за играње во училницата. Па си плетат со наставничката/наставникот на пр. Нараквици или покасно учат да хеклаат, плетат. Имаат бастелерај еден куп. Прекрасни изработки. Им читаат книги, за секој празник/сезона украсуваат прозорци и учичница. Исто имаат прошетки, за велигден на пример им даваат купишта чоколадни јаца/т.е ги бараат. Си плетат корпички предходно. За божик дедо мраз и адвентскалемдар за цело одд.
    Интересно им е ептен. Во прво акцентот не е ставен на учење толку колку на адаптација. И математика им е повеќе преку игра и боење на пример. Германски со слики повеќе. Учење на зборчиња, правопис мислам дека од второ полугодие им воведуваат. Некои имаат тони бокс на пр и приказни си слушаат или музика до дека цртаат. Сега пак ќе кажам зависи од училиштето. Сигурно нр е сегде вака, ама повеќето од наставниците стварно се педагози и си ја сакаат и работата и знаат како со малите на крај да излезат. Ама нормално нели треба соработка и од ваша страна.
     
    На Lianna Anna, Chantal, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.855
    Допаѓања:
    36.449
    Пол:
    Женски
    Не знам кога и каде си учела, ама јас постара сум од тебе, па не се сеќавам на вакво училиште кое го опишуваш :?:
    Инаку... и кај нас сега во целодневна децата имаат играчки т.е занимации од типот на сложувалки, коцки итн... Е сега, не ги обезбедува училиштето (барем кај нас не) туку ние родителите сами си ги носевме од дома и децата во периодот кога немаа настава (кај нас само од сабајле имаа настава) по ручекот си играа, цртаа, им пуштаа песнички и слично. Ако е убаво времето, обавезно надвор.
    За сегашниот наставен кадар ич не ми се збори. Чест на исклучоци, ама повеќето се клати врата, земи плата. Имајќи предвид во што е претворена педагошка академија, жално е за децава. Се надевам (а и мислам) дека кај вас ова не е случај :)
    На крајот, не е се во играчките. Јас попрво би избрала квалитетен кадар, отколку да имаат играчки децава ;)
     
    На baby-star, JoyJoy, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.790
    Допаѓања:
    185.869
    Не памтам како беше кај нас, јер корона прваче имав па малку чудно беше се-ама би пишала сака да црта, да и читаат приказни, нејќе да работи керамика...на пример. Памтам дека ги пишуваше бројките огледално, наместо налево единиците и гледаа на десно како пример-знам дека тоа им го кажав/пишав ваљда. Отприлика базирано на активности од градинка би го терала одговорот.
     
    На Lianna Anna и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.124
    Пол:
    Женски
    Си играат во школо и имаат играчки. Социјални игри, бастелн, прошетки, приказни, пеење. Наставата е супер прилагодена на возраста.

    Имаш да бираш меѓу религија и етика. Јас за моите одбрав етика и скоро сите ауслендери го бираат тоа, ама изборот е секако твој. Е сега, на религиозни настани јас моите ги пуштам иако и јас и мм сме атеисти. Сакаат да идат и не сакам да се делат од другарчињата.

    Примери за прашањата:

    1. Сака книги, животни, игри со другарчињата, социјални игри со мама и тато, прошетки. Да научи да чита, пишува и слично.

    2. Не сака да станува рано и не собира герне играчки.

    3. Да развие желба за учење, мотивација и одговорност за истото, да се труди и да вложува.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Документите за упис во школо ги даваат од градинка или?
     
  14. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.703
    Допаѓања:
    5.669
    Пол:
    Женски
    Ние директно во најблиското школо појдовме и а запишавме , ама она не одеше во градинка. Вас може ќе ве насочат и од градинка , ама и да не ве насочат или директ појди или онлине пријави ја.
    И кај мене е накај 6ипол год , мај/2017г е родена.
    Ние привршуваме веќе и со опремување за школо :inlove:
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.500
    Допаѓања:
    288.288
    Нас ни стаса писмо од школото. Спрема тоа кој е пријавен со живеалиште во општината праќаат писма до фамилиите.
    Ама јас сум во мало градче, 15 000, само едно школо е, не знам дали е секаде така.
    Последната година во градинка одат и со групата и воспитачките да го видат школото, имаат организирано посети. Преку градинката добивме инфо за денови кога е упис во школото.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.085
    Пол:
    Женски
    Автоматски е пријавена во школото во местото во кое живеете. Ако сакаш можеш во друго школо да ја запишеш. Нашето школо е целодневно од 8 до 16. Во близина има школо што е само од 8 до 12. Ако сакав можев да ја запишам во другото поради времето.
    Единствено што стигна е писмо со неколку листа: еден едноставен лист, на еден лист термин кога да го однесеш првиов лист во школото и еден лист со објаснување како да ја инсталираш апликацијата.
    Претходно имаше стигнато писмо за родителска. И после терминот уште две писма за родителски. И писмо во кој клас е и што се е потребно да се купи.
    На запишувањето во школо фактички одиш сама, не е како во Мк, не носиш дете со тебе и нема еуфории и сликање. На првиот школски ден слика. :D
    Ние значи ништо не правиме и не мора да дознаваме, се е средено и на време ќе те информираат за се што треба и за се што следи.
    Првата родителска беше во јануари и во јануари имав термин за запишување.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    А има тестирање во школо кога ќе се запишува детето или?
    Кај нас како што се сеќавам на упис не тестираше педагогот.
    И уште едно прашање, на u9 прегледот што се испитува кај детето? На u8 и дадоа фигури да црта, бои да кажува.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.885
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Пред точно еден месец со фамилијарна виза се доселивме со моето дете во Германија. Со оглед дур завршиме пријава на адреса и здраствено, го фативме летниот распуст во основните училишта.
    Во училиштето (во близина на нашиот стан) во меѓувреме пратив мејл и вчера бевме на термин закажан. Денес ми стигна мејл со термин за тестирање и проценка во Здраствената канцеларија (така гугл вика ), каде е наведено дека доколку проценката е со позитивен исход детето ќе може да го започне прво одделение и со таа потврда да се вратиме во училиштето.
    Па би Ве замолила оние кој го поминале ова како новодојденци чии деца освен на германски да бројат, да се поздрават (здраво,чао, добао утро, добар ден, фала и повели) како и на кој начин е тоа тестирање и проценка би сакала да знам. Детето е 6 ипол години и освен мајчин јазик знае и англиски (не перфектно). Збунета сум и под голем притисок какво е тоа тестирање и како ќе помине на тестирањето со оглед дека германски не знае буквално ништо. Ќе ми е од големо значење доколку некоја од вас го сподели своето искуство, исход и насоки како би била спремна во понеделник на самата проценка.

    Се извинувам на долгиот пост.
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    42.281
    Пол:
    Женски
    Тестирање во школо нема . Уште во градинка кога оди последна година некаде на средина , ги праќаат на школски доктор. Таму се прави целосен преглед. Од слух, вид , говор . После се прават некои вежби , со пишување , скокање . Не ме држи за збор ова оддамна беше кај нас . Пред 4 години па толку и ме држи секавање .
    Го тераат синко да си го напише името со лева и десна рака .
    За u9 можеш да видиш на нет , што се прави .

    Тоест сега ми текна и во школо имаше тестирање ама кратко . Со некои фигури , говор и то
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    34.788
    Пол:
    Женски
    Колку што знам во Германија ги тестираат во градинка. Во МК ги тестираат во школо. На запишување и јас не направив еуфорија. Нит го сликав нит ништо. Отидовме го тестираа и толку. Е сега има некои што се сликаат и што ставаат на секоја социјална мрежа слика, па светка па трепка. Ама тие истите ставаат и слики во ВЦ кога им оди детето.
    За тоа што сака и што не сака биди искрена. Ќе им помогнеш на наставничките побрзо да се уходаат со детето. Инаку и кај нас во целодневна имаат друштвени игри за сите и плус може ако некој сака да си донесе некоја играчка од дома за дента. Е од време на време се забрануваат играчки од одреден тип ако се претера (пример машките почнале со Покемон карти да се менуваат место математика да решаваат па добивме порака тоа да не се носи на училиште). Така што ако те прашаат искрено кажи што ја интересира и што не сака.
    Баш ми е жал што си немала убаво искуство на школо. Јас стварно мислев дека е урбан мит тепање на деца во школо.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.