како функционира првиот училишен ден за првачињава , што се случува , ние почнуваме на 11ти ама освен време друго ништо не е насочено како ќе се одвива , @gjoker4e можеби и ти знаеш нешто , и за тие апликациите имам слушнато и јас ама ние не добивме ништо уште со насоки
Каде да ги најдам овие парфеми? Проверив Алди, Лидл, Кауфланд, Нето, Едека и нема. Само купките ги има. И во Дм ги нема.
Повели, јас овде од оваа страна ги нарачувам. Се плаќа и поштарина околу 5 евра, ама страната е сигурна и стигнуваат за 2-3 дена. https://www.dambiro.de/tesori-d-Oriente-Lotusbluete/-Fior-di-Loto-Parfum-EdT-100ml
Првиот училишен ден е уствари прослава . (Ако се мисли на прваче) има сигурно дадено писмо со тоа каде ќе се собирате , дали во сала , пред школо , во црква може . И се оди таму , после ги собираат децата по класеви и се запознаваат . Малку трае се тоа. После ве распуштат по дома
Да прваче е , пише VKL Klasse и Sprachklasse во заграда стое , и датумот и времето , и како ќе се одвиваат часовите/наставата од колку до колку , ништо друго посебно назначено на првиот лист. Додека вториот си е само со материјали и работи што и е потребно да набавиме. Може и е сосем таман , aма јас очекував повеќе некако , или накнадно ќе си биде и се тоа со ред
@Poppins Vkl e vorbereitungsklasse тоест клас каде почнуваат деца кои не го знаат јазикот . Немам искуство со ваков клас ама би требало да значи дека тука се посветува повеќе внимание да се научи јазикот во брзо време. Инаку во првата недела ќе добиете повеќе информации за тоа што како се одвива настава , треба да се набават материјалите и да се почне со настава .
Да јазична паралелка или ние имиграциони класови чуда странци каде што се повеќе , незн точно како им е називот. Супер ко така , фала ти многу
Здраво дами, Вака, ми треба предлог за добар душек или комлетно кревет од оние boxsping што ги викаат. Од каде купивте вие и каков? Сите сме минале по тој пат за мебел па ќе ми е добредојдена секоја препорака. Три пати менувам душеци и никако не ми се погодува. На обична софа спијам подобро од сите душеци до сега. Гледам тие што се потврди се бајги скапи а сепак имаат лоши коментари во однос на квалитет. Ако не во е тешко пишете ми
@felisitas ние од Лидл го порачивме, супер квалитет, во цената влегуваат и мадраците, само многу се чека за достава, ние чекавме 2 месеци, го носат до дома, не вршат монтажа, сами го монтиравме.
Од отто го порачавме многу сум задоволна веке трета година го имаме еве сега може само надушекот да го смениме. Единствено негативно е што се спушта надоле надушекот. Сепак не на секој му одговара секаков душек. Многу важно читај ги коментарите.
@joana18 @Neda997 а какви се душеците дали се цврсти? Јас купував и само Schaum и хибрид федери плус Schaum и секако ме боли грбот. Какви и да се пропаѓаат. Од тој што го платив најскапо, хибрид од него најмногу ме боли. Ова се душеци за оние кревети како рамка што се. Па се надевав на boxsping дека ќе се можеби ппцрвсти. Во мкд имам една софа за 300 еу купена толку години да не му се станува на човек насабајле. Најубаво спиење. А за коментари ама баш на секој има лоши и затоа не знам веќе...
Да да, цврсти се, плус утре другиден можеш комотно како 2 детски креветчиња да ги одделиш, или за гостинска соба да ги искористеш, скептични бевме кога видовме дека може да се одделуваат, ама со наддушекот не се ни примеќа дека се 2 кревети споени во едно.
Немаш нагласено дали сакаш мек или тврд? Јас сакам мек ама имам тврд и сеуште се ме боли ама со тек на годините се помалку ме боли. Цел живот на меко имам спиено и така најубаво ми е како на облаци ама не се заангажиравме да го смениме душекот. Во коментари пишуваше мек дека е ама тврд е.
Здраво. Моето синче од први октомври го префрлуваат во друга група во градинка.Па би сакала да прашам дали тука нешто се носи на воспитувачки и што? Јас искрено сакам да подарам нешто симболично бидејќи сум задоволна од нив, а тој многу ги сака
@Ava.84 имаше убава идеја дадено за ваучер од Талиа 10 евра и нешто благо. Можеш книга. Пенкало со посвета. Благо. Филџан за кафе со посвета порачан онлајн по твој избор. Дневник. Календар за биро со мотивациони пораки. Ако смее да прашам зошто се префрла во друга група? Дека велиш задоволна си од нив па би сигурно не сакаш да го префрлат. Кога некој сам сака знам дека може ќе го префрлат, ама вака без ти да сакаш до сега не префрлале кај нас деца во други групи.
Ти благодарам на идеиите ке ги имам во предвид.Го префрлаат во група со поголеми деца на негова возраст.Искрено јас ич не сакам ептен му се погодени, но мора на негово место доагаат други дечиња помали.Се плашам искрено како ке биде
Сакам тврд душек, не тврд како на под да спијам туку во смисла да не пропаѓа на средина. Еве три пати менувам душек до сега и сите ми пропаѓаат на средина кога ќе легнам и ме боли грбот тука. Оние каучите во мк клик клак што го викаат каде каде поудобни ми биле.. Затоа се надевав дека boxsping би дал цврста основа на која би ставила само топер за удобност.
Edinstveno pojdi po salonite i vidi vo zivo koj bi ti odgovaral,online ako poracas e pak nesigurno deka ke pogodis.
Мајки дали доколку детето е болно имам право да отсуствувам од работа ден-два Ако да што и од каде треба да земам за да однесам на работодавецот?