Уште логопед да пробаш . Се трудам да запамтам на кој јазик зборам со кого, се повеќе од тоа е екстра напор кој не е платен екстра А инаку @gjoker4e браво , на младите светот останува.
Абе лесно ти е тебе да дупчиш сега . Ти завидувњм искрено, не на тебе лично туку на сите децата што ви се поголеми од три години . Приоритети се сменаја Билјарке. Моментално се расправам со скокови на развој, бучење на правосмукалки по цел ден за некој да може да сврзе дремка и како награда, за преживеан ден, безалкохолно пиво . Ми се плаче за социјализација, ама нема. До октомври 2024 ќе заборавам и ова шо до сега сум го научила . И така.
Сум била отсутна или сум те промашуела, појма немам дека имаш мало швабо (така викаше внука од братучедка пред сто години). Тоа може и 3 години ќе напраи, ама големо да ви расте . А иначе озбилно беше, мене логопед ми има колега препорачано...ама мене боли ме брига. Ќе те почекаме дури да напраи 3, после одма во битни ментално вежбајќи теми те викам, фор билдинг ментал капацити
Ново ми е Билке, ни два месеци нема. И стварно ми е швабо, дирек го пишавме дојчовче. Не сум се кажувала баш, оти цела бременост не ја осетив и си работев, дури по пораѓај укапирав шо направивме . Фала, да ви се врати со убавини! Ич не се лутам инаку, баш ме насмеа. Логопед може и ќе помогнеше, ама до толку па јас желба немав/немам . Јбг и побитни работи има, вака стално ме прашуваат од кој крај сум од Германија . Ако останам по три години ментално здрава, викај ме за муабети . Ама се сомневам. Ѓаволот сум го родила, да е жива и здрава, бетер инат од мене е. Сите клетви од мајка ми ќе ме стасаат изгледа.
14ти септември во 11:00 ќе има аларм пак, не знам дали само БВ или цела Германија ама најверојатно цела
Порака ли праќаат? Ме интересира што учат во 1 одделение, и како се одвива наставата? Даваат ли за дома домашно, се што знаете пишете.
Аларм се слушаше надвор. Не ми текнува дали стига порака на телефон ама мислам дека ми стигна нешто. Во нашето школо во школо се пишувало домашна на крај. Можеби секаде е се различно како и се во Германија. Ништо не знам што како, за неколку месеци би можела да ти кажам или на 12ти септември ако кажат нешто повеќе на родителската. Битно сите се задоволни од школото па немај гајле. Во среда е прв ден и јас како мајка на прво дете што почнува во школо не знам дали првиот ден треба и ранец на пример. Сеуште нема никакво подетално известување. Ме викнаа на работа таму каде што сакав да работам. Тоа сакав да ви кажам сега. Бев на разговор. Ќе одам на два пробни дена сега. Ми рекоа за пробните дена не мора да ги известувам кај мене на работа па се надевам така е. Пишав од 8 до 16 и ми се јавуваат и ми Велат знаете кај нас се работи во смени ама би можеле да направиме исклучок доколку можете некогаш и втора смена да дојдете. И и кажувам кои денови можам втора смена и ми вика да отидам на разговор. Не ми се верува сеуште. Значи верувајте во Универзумот! Или во Господ, секој во што верува, поентата е да се верува. Целата сум превозбудена. И од мојата работа не ми се оди и таму ми се работи. Не знам како ќе се одлучам. Имам колеги што премногу ги сакам и не знам како ќе работам без нив. На оваа работа проблем е шефицата, и шефот кога шефицата е тука, шефот е нормален кога таа не е тука. Има колеги што страшно ми одат на живци односно стари радознали жени што се сакаат да слушнат и видат. Шефицата е лесна на некој начин, со неколку зборови и потези би можела да ја придобијам на моја страна ама не сум таков тип. Јас сум реална и искрена. На новата работа ќе сум сама одговорна за себе, ќе имам раат од колеги и колешки ама се плашам дека ќе бидам осамена. Тешка одлука е пред мене. Навистина не знам што да правам. Со денови си плачам. На работа ме прашуваат што ми е ама сеуште не можам да им кажам дека нова работа сум нашла. Некој совет од постари? Да не испадне дека сите постари жени оговараат туку овие постари што работата со мене се сите исти како да немаат свој живот или како да им е досадно и несреќни да се.
Би можел некој да ми каже што се треба да однесам првиот ден? Претпоставувам ранец и шултуте. Ранецот празен да е? Шултутето една жена ми рече да е со лесни работи дека цело време ги држеле во раце и многу деца носеле и празни шултуте лани. Ме интересира кога се отвора шултутето? Кога ќе дојдеме дома или во школо? Не знам што друго треба да знам за првиот ден? Родителската е вечерта пред првиот ден. Вчера случајно отворив рецензии за школото на Гугл и оценка 4,7 . Никој се нема пожалено, сите се фалат и се презадоволни па значи со мирна глава ќе ја носам во школо исто како во градинка. Многу работи има тука што се бесплатни, а ти носат среќа. Во петокот ги слушам од градинка од групата во која што беше и носат подарок за во школо оставаат во сандаче, а мене отворен прозор и ги слушам. Од сам почеток кога тргна во градинка на 2 години се е убаво и сите вложуваат труд како од љубов, а не од што мора и само колку да се помине по ред. Премногу се посветени на децата. Јас не сум до толку бидејќи мозокот 90% ми е насочен кон проблемите што постојат и оние кои ги преувеличувам и што не постојат. И мене не ми се пишува во темава ама ајде конечно се наспав денес. Седнав со кафе, лист, пенкало и дигитрон да пресметам плата и некако не е голема разлика од тајлцајт 30 саати и фолцајт. Тајлцајтот од 6 ми почнува, фолцајтот од 8 и одма сум 2 саати минус од денот, плус паузата пола саат. Уште малку до крај на мислењево… од друга страна не е фер да ме примат на работа баш таму каде што сакав, а јас да се премислам сега. Ама почнав да се гледам осамена таму. Дури и колешките што ме нервираат почнаа да ми недостигаат. И таквите луѓе се значи сепак дел од нашиот живот. Добро доста е и онака сама со себе си правам муабет. А баш ми треба мислење и совет. Може и во порака ако не ми е затворено сандачето, појма немам какво ми е. Едит: Заборавив да прашам како да ги потпишам боиците и се што ќе е во школо со името на детето. И по можност да купам од некаде, да не порачувам. Пишува и секоја боици да е потпишана.
Не пишувам пп пошто ќе напишам нешто денес, после којзнае кога. Ама, ова со работава ако е предмет на анализа- мое видување. Ако збориш за 30 или 40 саати неделно, и тоа со 30 ти почнува во 6, значи со фолцајт си 4 саати во минус, 2 од 6 до 8 и уште екстра попладне. Арно ли сфатив? Јас, со 9 годишно дете сега, никогаш не би се вратила на 40ч неделно, освен ако не е нож до коска.
Да со фолцајт 4 саати сум минус од денот. А и нож до коска да е, разликата не е нешто голема, парите во државна каса одат. Се менувал човекот 30 кога ќе наполни па еве и јас постепено се менувам, уште малку остана до 30. На 18 години имам на лист напишано дека до 28 возачка да имам, само две години каснам до сега, не е страшно.
и јас сум цела ваква со прашалници за утре што и како треба , јас па незнаев за ранец и шултуте никој не ме извести немаме ни некој близок со прваче вака јас ќе носам ранец во кола и материјалите ако ги побараат утре да оставиме , јас ќе и обележам со печат што може , друго со маркер што не се брише и налепници со име нејзино.. Ќе и спремам торта вечер , што пишувате за првиот училишен ден кај нас ставаат Среќно прваче и слично а тука
Дали бебињата во Германија имаат редовна контрола на месец како кај нас кај педијатар? Дали може во секое време да се отиде кај педијатар ако дете има температура или мора со закажување? Кога е итно за бебе каде може да се обратиме? Се извинувам напнав со прашања, имам многу нејаснотии.. Доколку нема се здравствено осигурување дали е голема сумата за преглед?
Бебињата немаат секој месец контрола но имаат еден вид систематски преглед кој е точно одреден во кој период треба да се направи. Можеш да најдеш на интернет од u3 па натака ги прави матичен педијатар. За температура и термин секаде е различно зависи од педојатарот кај што сте како работи. Некој работат само со термини а некој имаат и Sprechstunde за акутни проблеми. При здраствени проблеми за викенд и во не работно време на матичниот педијатар се оди на детска клиника. Ако е ептен итно да не се чека за клиника тогаш брза помош или 116 117 за совет. Бебето е тука родено или се/ќе се доселивте/доселите?
Не е родено таму, од скоро време е таму, допрва му средуваат документи, уште нема здравствено, и не знаат уште, што како е, за мои многу блиски е. Се трудам што можам да разберам, да помогнам Уште немаат матичен педијатар најдено, моментално бебе е со темп до 38 макс, вади заби, каде би требало да се упатат во текот на неделата ако има потреба без педијатар? Дали мора прво на матичен или може на клиника? Ќе ги примат?
Најдобро би било да се јавите во клиника и да го објасните случајот и да си прашате таму. Тоа зависи од клиника до клиника. Ако им треба помош за јавување пиши ми во пп.
Zenicki dali imala nekoj vakov slucaj: "Soprugot mi e 2 ipol god vo Germanija jas seuste cekam viza se prijaviv tuka na adresa mi stigna stouer nummber i za mene i za dvete decinja megutoa trudna sum 36 ta nedela sakam da se porodam tuka bevme so soprugot kaj sto e on osiguran vo DAK mi napravija formular sve vo red deneska bese da vidi do kade e kartickata za zdrastvo i tamu sega baraat viza a poznavam mnogu zeni sto se preku AOK i bez viza imaat lecenje dali nekoja imala vakvo iskustvo vo DAK da moze preku familiarno osiguruvanje da zeme zdrastvo"?!
Кога се пријавивте за прв пат во ДАК ви дадоа еден лист? Додека да ти стигне картичката, а тука е споро можеби шест недели отприлика ќе потрае, секако си осигурана со тој лист. Гинеколог имаш? Визата ти е одобрена и само чекаш да стигне? Туку сакав да ви кажам бидејќи маж ми работи и не можам на родителска да отидам, ми текна идеја да и ѕвонам на вац ап на една жена и да слушам што зборат. Споделувам за ако некогаш му затреба на некој.