Не знам, ама веројатно се задолжителни, оти педијатарот секогаш ги испраќа направените прегледи до конкретна клиника која го следи развојот на децата. Овде се прилично строги околу тоа.
За јазикот дали го учиме децата на кирилица , во нашиот случај не. Имав купено буквар на македонски ама големата само што почна во прво па немаше кога да учи. Со моите се разбираат некако на македонски. Зборуваат онака малку колку да се разберат. Тоа е. Овде живееме , овде се родени . Треба најпрво да зборат на германски. Тој им е мајчин јазик . Плус од наредна година ќе почне големата со втор странски , покрај англискиот. Македонски школо во околина нема . Да имаше ќе ја запишев. За возрасните би препорачала да се учи германски. Да полесно се интегрираат . Да се разберете со учителки во градинка, школо .
Разговор е, правев муабет со бабицата ми зема податоци, мени за јадење, кои опции ги сакаш за пораѓај (во вода, кревет) да не си нешто алергична,дали сакаш маж ти да присуствува на пораѓај ако да и негови податоци .. во главно е формалност. Ако поминеш термин им се јавуваш на нив и после они те превземаат
За мене, македонскиот јазик и неговото кирилично писмо се дел од мојот идентитет. Како да ни е малку што од сите страни не' негираат па и ние самите го правиме тоа. Кога ќе слушнам реченица од типот: "Зошто да учи детето македонски кога нема да има корист од него", ми се гади буквално. Можам и на крај на светот да отидам, но јас ќе останам тоа што сум. Моето дете е родено во Германија но никогаш нема да биде Германка. Точно, како што навлегува во системот, германскиот ќе и биде прв во секојдневниот живот и ќе преферира да го користи пред мајчиниот, македонскиот. Но да си дозволам утре моето дете да не биде способно да комуницира со моите родители, сигурно дека нема. За децата нема граници кога се работи за учење на јазик. Па попрво би исклучила учење на англиски пред почнување со изучување на истиот во училиште отколку да не се потрудам да научи да чита и пишува на кирилица. Секако нема да биде исто како што е било за нас што сме поминале низ образовниот процес во Македонија, но да се научи да се чита и пишува е далеку од квантна физика. Плус, ние колку и да го учиме тука германскиот јас мислам дека тешко дека некогаш ќе стигнеме до ниво на Muttersprachler, посебно ако сме почнале да учиме на 25+ год. Јас имам Ц1 сертификат но не сметам дека од мене може да научи совршен германски. Така да, подобро од мене да го научи убаво мајчиниот јазик отколку gebrochenes Deutsch. Тоа го препорачуваат и педијатрите. Без разлика кои биле причините поради кои сум ја напуштила државата, најмалку што можам да направам за мојата татковина кадешто сум пораснала и сум се образовала е да им ги доближам на моите деца вредностите кои ги носам од неа.
Треба да се знае германски. Ама, јазикот е тежок. Јас го учев во средно и имам некои основни познавања. Откако сум овде си учам онлајн. Во институции зборувам на англиски. И со учителките во школо. Помалиот веќе разбира, а на големиот му е тешко. Задоволна сум од животот овде. Подобро е отколку во Мк. Знаеш дека кога ќе отидеш во некоја институција ќе те третираат како што треба. А не да ти се развикаат и да ти ги фрлаат документите пред нос. И финансиски е подобро. Се зависи кој како ќе се снајде. Си најдовме и друштво овде. Не се жалам. Едно прашање. Дали овде се казнува симнувањето слики од Гугл? Требаше да прикачам некои слики овде, па морав да ги симнам.
Мајки, од каде можам да купам убави гаќички за одвикнување од пелени? Од тие што внатре би осеќал дека е воден, а да не пропуштаат надвор? Или како се викаат на германски точно, да ги барам онлајн?
Мајки дали на некое детенце му имат предложено ерготерапија и дали посетувавте? Нас ни предложија најмногу за концентрацијата , бидејќи во градинката кога боел, цртал,местел сложувалка или било што неколку минути само и толку нешто друго му го одземе вниманието и толку тоа го оставал и сакал да си игра. Дали имате искуство?
Здраво, сакам да помогнам на еден млад пар со мало детенце кое скоро се преселија во Германија со по некоја занимација за детето (боици,блокчиња,боенки,сложувалки) и по нешто за дома(платнени организери за облека и сл) бидејќи како сите новодојдени немаат ништо сеуште во станот па дали може да ми кажете како да им ги пратам на домашна адреса (и јас сум скоро дојдена кај маж ми немам искуство)
Количка за близнаци какква имате ? Незнам какква да земам. Плус од кога се бара овде бабица мислам колку времее треба да сум трудна за да ја барам? И уште нешто кои испитуувања ги правевте овде за време на бременоста??
Бабица барав кога бев 4ти месец, некои ми викаа касно бараш, контактирав во Hebammezentar ми предложија 4 слободни после ти бираш која. Брисеви во 12та недела, секоја контрола мокрача, шеќер, HPV, стрептокока, кламдија, крвна слика негде 28ма недела , доплер.. тук таму тие се тие основни испитувања ако нешто недај боже има препраќаат за проверка.
Јас во осми месец си најдов бабица, да не речам пред пораѓај. Од клиника исто ми рекоа дека касно барам, ама пишав на неколку и две -три ми вратија дека се слободни. Инаку за испитувањата, секој месец ми мереа килажа, притисок и протеини во урина. Правев испитување за гестациски шекер и се вкупно три пати крв ми земаа. Првиот пат беше на почеток на бременоста, кога го правев тестот за шеќер и околу 34 недела мислам дека беше за стрептокока.