Да, уште на првиот преглед ни ги преместија вакцините во вакциналниот картон и ни дадоа таква жолта здравствена книшка и дентална книшка со првиот преглед. Мора да ви дадат, во неа се следи и евидентира раст и развој на детето, како и здравствената состојба. Каде претходно водеа евиденција за оние стандардни U прегледи што мора да се направат?
Има ли некоја во Берлин? Се смирија ли немирите? Вчера имаше протести и кај мене, полиција имаше на секое ќоше од градов, со сите напади и аларми за следни напади многу небезбедно се осеќам. Чувајте се!
Zdravo, dali nekoj moze da mi kaze za kolku vreme izleguva Aufenthalstitel? Vizata na soprugot mu istekuva na 3 januari . Mene od ambasada mi pisaa mail deka treba da se odnese najkasno do 24.01.2024
Зависи како ќе им текне. Знаат да ги стават на чекање тие со визи. А кога имаш поднесено? Јас поднесов во Август. Треба некаде во Јануари да ја земам. Кај нас е полесно. Маж ми е со ЕУ документи.
Може и порано да ти стигне, треба да прашаш во Landesamt, ич не си ја гледат работата, на мене во 2018 ми дадоа на 5 години, летото поднесов за нов aufenthalt, ем на 6 месеци ми го дадоа, ем не ми стигна писмо дека е стигнета од Берлин, за на крај само 3 месеци да ми е функционална, плус со сите што правев муабет ми се чудат зошто на 3 месеци, и таму прашав си ја префрлаат топката еден на друг. Сега ќе залажувам нов термин.
Јас сум во Нирнберг. И на мене ми рекоа ќе добијам на 5 години. Исто и децата. Баш да видам дали ќе им текне уште нешто да побараат. На тој бројот за имиграции никој не се јавува. Пишав меил, ама ми вратија автоматска порака. Дека ќе ми пишат на меил на која дата да отидам. Читав на фб за една жена на која и правеле проблем за изводот на венчани. Барале да биде преведен на германски. А нели интернационалните изводи се на француски.
И мојот прв беше на 5 години, сега ми праваат проблем, 100% сум сигурна дека е нивна грешка. Нека кажат и другите членки на колку години им е вториот aufenthalt, и на мене мм е со Бг пасош. На мојата ќерка и дадоа на 1 година. Директно одење таму, ни на телефон одговараат ни ништо.
Од други извори дознав дека сето тоа е заради украинците. Они добивале предност за документи. Затоа кога се пријавува на адреса прво што ме прашаа е дали сум украинка.
Циркузи се. И еден наш близок кога носеше документи таму му рекле дека денеска само за Украинци работат, тој ги прашал е што они од шарената крава да не се @Yowannty во кој дел живееш? Мислев дека само во Берлин се демонстрациите, @Ava.84 мислам дека е таму, пишете ни и чувајте се
Дали секаде имаше аларми денес. Не бевме известени обично знам дека известуваа но денес околу 7 и 30 беше страшно. Околу 5 пати и потоа ништо Имаше секаде?
@Neda997 Хесен сум. Мислам дека низ цела де има(ше) протести, само во Берлин беа многу… интензивни. Иначе и јас дојдов со интернационални документи, ама сепак ми бараа оригинали преведени на германски. Ми бараа и екстра глупости од документи кои откако ги доставив излезе дека не им требале тие воопшто и ми ги вратија. Немаше аларм кај мене.
Дали некоја учела до Б1, од снимените часови на Германски со Мартина? Дали нејзините курсеви кои се снимени се доволни за да имаш познавање на германски јазик за да го полагаш во Гете?
Маж со ЕУ пасош, првиот Aufenthaltserlaubnis ми беше на 5 години, вториот мислев исто ќе е на 5 и кога видов unbefristet бев изненадена. И јас и децата unbefristet. Мислам дека се немам пофалено. Со договор од 20 саати работам 30+ саати и ми ги исплаќаат прекувремените и почнав со мини џоб на 20ти септември на кој можам да одам кога јас сакам. Пак сменив забар, четврти по ред во Немачка. Од понеделникот имам нова симпатија. На терминот за ехо на тироидна 16ти септември каснев 15 минути и ми го презакажаа за 31.10…………………… …………… …. 2024та!!! Кога бев итен случај одма ми направија термин ама сега треба само да се контролира ама сепак баш во македонска фб група читав дека за тироидна се чекало многу за термин па еве ќе се утеши некој, тееминот од пред една година ми е направен, закаснив докторот и пак за една година нов. Закаснив од оправдани причини. Се кажав изгледа. Уште нешто има ама тоа понатака. Кога ќе не вратат во Мајчински.
@gjoker4e какви се цените на стоматолог? Конкретно ме интересира за поправка на заб и за пломбирање. За возрасни и за деца. Дали е секаде исто или зависи во која област живееш?
Ако не е проблем и јас ке одговорам За деца досега не сум платила но е било само чистење и пломбирање. Исто и синко треба со целосна да го прават затоа што има и за вадење исто ни рекоа дека ништо не се плаќа само што јас неможам да се решам. Јас правев и ми умртвуваа заб и зависи од тоа колку корени има забот на корен е 30евра за еден заб платив 110евра плус лекот кој го ставаат два пати. Така поминав јас може секаде е различно незнам Еве ке каже и ѓокерче како е кај нив
Значи подобро е во Мк да ги пломбирам забите. Цениве им се големи. Немам проблем. Ама ме интересира за Не дај боже. И за помалиот исто.
Вадење заб и анестезија бесплатно. Пломба сеуште не знам колку е. Уствари има бесплатни или ефтини пломби и некои поскапи поквалитетни. Професионално чистење 80 евра ама јас имам забно осигурување за 16,64 евра месечно и ми вратија 70 евра. За умртвување нерв платив 190 евра ама осиг ми врати 170 евра. Можеш мк можеш и тука. Јас да знаев дека нема саглам забар да најдам во Мк ќе отидев на забар. После овој забар уште два имам на листата и се откажувам. Ама знам дека еден ќе е саглам само сеуште не знам кој.
За деца до 18год е бесплатно а после 18 најдобро решение е осигурување да има За нас боли глава се цените овде, посебно за оние кои имаат повеќе од 3 расипани заби... ни осигурување не помага многу реално Многу е важно редовно да посетуваш забар, мислам два пати годишно контрола Така здравственото покрива поголем дел од трошоците, ова е совет од доктор
Ја патувам 250км за мојот забар . Цело време го рекламирам. Ем е наш, ем е најдобар стварно. Само што е во Аугсбург. Ако ти одговара да ти праќам контакт. За се друго преферирам германски доктори.