Честитки. И јас сум сега во процедура на продолжување на визата, но немам 60 платни листи. Си мислам дека поради тоа нема да ми дадат неограничена. Како беше кај тебе во тој поглед, мораше ли да се имаат толку платни листи или прават исклучоци?
Јас имам само два заба за пломбирање. Со помалиот имам проблем. Има расипани заби, а млечни му се. Освен еден заб на кој има лек. Во Мк стоматологот ми рече дека нема потреба да се прават затоа што ќе паднат. Ме интересира дали и овде е така или може да се лекуваат. Не го болат, ама да знам за секој случај.
Мојата ме водеше цела бременост, доаѓаше на две недели. Кога се породив доаѓаше секој ден,едно 4 недели , после до 10 недела доаѓаше еднаш неделно. Договорот беше до 12 недела и толку. Мене ептен ми се најде
И јас одам кај наш доктор, многу е добар, брз е, педантен, чист. Секоја препорака др. Дарко Димитров во Möckmühl. Кај него се е бесплатно, освен вадење на нерв и чистење на каналите. Од кога е задолжително преглед кај детски заболекар? Кај нас доаѓа 2 пати во годината заболекар во градинка, ама сакам да ја носам и да си има матичен. @gjoker4e честитки, многу сум среќна за тебе. Кој услови ги исполнуваше за да добиеш unbefristeter и ти и твоите деца? Стварно сум веќе очајна со овие од Landesamt, сега во Ноември здравје пак треба да поднесам, ај мене што ме мавтаат, ама и ќерка ми. Стварно незнам што да кажам, дали е до вработените овде кај нас, си ја префрлаат топката едни меѓу други. Во општина поднесувате или директно во Landesamt?
60 платни чисти е да работиш 5 години без престан ако пресметав добро. Не ми спомнаа платни листи. Ама секако имам помалку од 60. @Neda997 Ми бараа копија од здравство и потврда дека сум вработена. Друго ништо.@SummerGirl зависи колку години има малиот и кои заби. Ако се предни и малку расипани подалеку од непцето и има 6 години на пример не мора.
Баш сакав да те прашам како до работа дали смени , нели бараше нова работа , бараше мини јоб, те немаше подолго време , но гледам групата не е баш активна викам ќе си ќутам. Мило ми е за тебе за работата. А за терминот за тироидна омг колку се ригорозни на тема доцнење, до душа 15 мин и не е нешто доцнење. Реално ние во мк не сме навикнати на точност , жал ми е. Кажи нешто повеќе за симпатијата каде го најде
Малиот има 9 години. Горе има само еден заб расипан. Долу уште 5. Ама сите тие му се млечни. На шестиот заб има лек. Тој му е траен заб. Нема болки. Ако нешто се пожали ќе го однесам.
За нас не е ама за нив е сериозна работа тоа. Јас само еднаш во текот на цела бременост задоцнив на гинеколог 10 мин. и тоа не по моја вина, имаше необично голема гужва во градот, не ме вратија но цело време имав чувство дека ме гледаат како човек да сум убила. Многу непријатно се чувствував поради нивната реакција.
Мене еднаш ме вратија од педијатар кога каснев 15 минути и тогаш гуглав и прочитав дека за германциве ако касниш повеќе од 15 минути смее да те вратат и фактички си како веќе човек да си убил. Еднаш од педијатар и сега за тироидната каснев ама не се изнервирав воопшто веќе знаев дека ќе каснам повеќе од 15 мин и најверојатно ќе ме вратат ама веќе на пат бев. Ние што чекаме по два саати тоа никој не го брои. Термин во 16:30 на пример, ако стигнеш во 16:45 те враќаат, а ако стигнеш 16:30 може ќе чекаш до 18:30. Онака си мрчам, ги разбирам 100% и секогаш се праведни, и секогаш по правила. Да бев итен случај и да каснев немаше да ме вратат, на пример. А на матичен чекаме по две саати затоа што во меѓувреме дошол по итен случај од нас и прво него ќе го прегледаат. За крвна слика па ни 5 минути не се чека ама за разговор со матичен најчесто 2 саати. Кај мојот матичен. @joana18 Симпатијата е дел од она понатака што ќе го споделам. На забар се оди од првото запче. Ги носам јас на секои 6 месеци на контрола за ако затреба некогаш нешто од АОК да плати да видат дека оделе редовно на забар.
Маж ми еднаш го вратија а доцнеше само 5 минути за продолжување на виза а па тогаш да најдам заболекар што е можно побрзо
Џоки нареден пат јави се пред терминот и кажи дека ќе каснеш ама си по пат да стигнеш.Сигурно ќе ти кажат нема проблем ве чекаме.Ми се има случено еднаш да каснам и ми рекоа нема проблем дојдете ние сме овде.На германците им е битно инфото.Еве гледам и на работа ако има шефицата некој термин и некој касне одма кажува дека не и се јавил дека ќе касне и колку не одговорно е тоа.Еднаш каснев на заболекар за децата 5 мин и не се јавив оти е смешно 5 мин во волкав град.Сестрата на рецепција ми потенцира дека каснам и дека нареден пат да се јавам дека каснам ама не примаа. Честитки за престојот.Малку ми е чудно како и на бебето му дале неограничено.Кажувај кај си да се селам таму , кај тебе се е поедноставно освен термин за тироида.
Јас го имам преземено германскиот терк. Да бидам секаде точна на време стасана. Најмногу мразам луѓе кои секогаш секаде каснат . Ги имам во фамилија (Германци) , пример договорени на ручек во 12ч и ние сите на маса седнати со мали деца го чекаме деверот да дојде. Мислам нема смисла , некој да не го почитува твоето време . Секогаш планирам кога имам некои термин да стасам на време , земам во обзир дека може да има гужва низ сообраќајот. Затоа тргам порано да имам и време да се случи нешто непредвидено. Ако некаде се случи да закаснам (еднаш до сега на педијатар) се јавив да кажам зашто баш тогаш имаше Baustelle секаде низ градот.
Мојот сосед од родниот град, сите пофални зборови за него. Др. Дарко прекрасен човек. @joana18 за син ми ми закажаа пред неколку месеци, сега во декември, 1 година и 9 месеци ќе има тогаш, ама дека одвај детски заболекар најдовме, само две се во цел град.. За термин за тироидна јас дигнав раце, само за таа контрола одам во Македонија, за се друго тука во Германија. Секако чекам една година за термин, а си одам двапати во годината во Македонија...
Здраво женски имам еден проблем, Во април оваа година бев на нотар за заверка за документи и истото требаше да се плати на iban по 1 месец одприлика. Јас во меѓувреме се преселив и ги известив дека имам нова адреса ми кажаа во ред е примено вработената е болна ќе ви пратиме сметка штом се врати. По 4 повици и 5 меилови нотарот ми рече ќе ти стигне во следниот период ништо страшно но јас уште чекам.. Сега не враќа на меил ниту на тел,на гугл сега пишува дека трајно е затворена канцеларијата.. Каде да се обратам? Се работи за сума од 100 еу несакам да ме удрат некои камати или казни. Неможам да отидам лично бидејки 500км+ се во прашање. Извинете за долгиот пост. Поздрав
Оваа година ќе ни доаѓаат дечиња за Халовин, до сега никогаш не се доаѓале па не знам што и колку се дава?
Абе овој Халовин оваа вечер го слават или утре? Знам дека е утре, ама која вечер го слават/практикуват незнам. Искрено не ми се оди низ градот со децата, страв ми е да нема кршења , викања како шо беше за Нова Година.
Јас лани знаев дека ќе има многу деца од селово и наполнив кесички со гумени бонбони и неколку чоколатца. Околу 20 кесички имаше . Значи може да купиш неколку пакувања чоколада , бонбони и сл.