Што да правиш? Кажи кај да се селиме, и јас идам со тебе Не дека рече друшто ти фали, ама да знаеш дека нема да бидеш сама Се тресам. Што од студ, што од нервоза
Ја презентирав идеава и дома. Прифатена беше . За друштвото sehr gerne што велат дојчовци. Е сега кај да е? На север не се враќам и посеверно од дојчланд не одам. За мене идеално е некаде по екваторот, ама прошол возот за тој бајрам на мозокот. Може за 17-18 год да ја активирам темата. За сега или Хрватска или Словенија на морето. Ем не е далеку, ем во зимо не е многу ладно. Само од што леб таму ќе јадеме не знам. Ме фати паника денес, дека ќе мора уште долго да останам тука. Не ми се допадна. И најпаметно е да искористам вакуум сега во следна година и да бараме негде на друго место чаре. А може треба само да си купиме наше и да немам вакви идеи после. Читав демек балонот со нереални цени за недвижности пукнал. Е не знам дали навистина е така. Не сум проверила. И затоа не можеме да се одлучиме. И одам по она, не знам што сакам, знам шо не сакам..штом до сега не се заангажиравме да купиме изгледа не сакаме овде. А и како би. Некако за стогодишен стан не ми се заглавува со пола милион. А и филмот живеење во град изгледа ми пројде. Сакам пак во село. Или градот не е погоден. Најреално е уште по на југ да пробаме тука по Дојчланд, ама каде точно не знам. Некако тревата и тука како да почнува да венее. Може ќе треба да се бара решение некаде надвор од удобната зона. Ама толку далеку не морам баш сега да ја мислам. Туку кажи тебе што те нервира . Мене досадно ми е очигледно и многу мрза ме има фатено.
Денов патешествија. Маж ми болен. Корона јас па тој по шест дена. Се јавив на работа дека од 8 ќе отидам дека морам јас да ги однесам во градинка школо. Во 9 доаѓа некој си голем голем шеф и мене ме бара. Престанав да дишам. А од 8 до 9 друга дешавка пак нешто што го посакував и денес гледам остварено и си викам е сега сакам да исчезнам само. Од каде ми доаѓаат овие желби и се ми се исполнува. Уште една желба остана ама сега си викам подобро да ја заборави Универзумот дека постои. И шефот зошто сум дала отказ и ако нешто тргне наопаку во новата фирма да се вратам тука. Јас му викам не ни сакам да одам ама морам. Можеби само сме тврдоглави јас и мојот шеф. Тој не попушта, јас не попуштам. Се плашам дека ќе станам тажна личност. Уште да плачам фали на новата работа. Што да купам за колегите не ми кажавте. Сешто изнакажав ама небитно. Утре сум слободна ама на мини џобот ќе одам. @јolene Како јас во елтернцајт да се читам. И јас ќе се селев ама не се ни сеќавам каде. Се анализирав буквално и де вака де така ама се се заврши кога се вратив на работа. Уште коса да виткам или пеглам. Утре треба посебно да сум убава затоа што во 12 ќе ме видат две особи нецела минута. Си викам вака животот да ми остане интересен.
Рватска опасна зона стана, уште Словенија остана. Ама со лебот тнко. Вчера и огласи отворив- тапа Јас цел живот преживеав по девизата- знам што не сакам, не знам што сакам...и стан купив и све...со плакарот заглавив...али мало гајле е тоа. Ме нервира глуп народ, од јутра до сутра. Овај дан није мој ноч...или како и да беше
Ете значи што било . До тоа ќе да е.. сигурно од тие белите звуци што ги слушам по цел ден. Ама немам избор, мадам ги сака за да спие. Дури кога не пуштам, почнува она со уста некои ммкања да вади . Абе како сама со себе да се расправам е низ дома. Исто приметив дема деменција ме фаќа. Страшно. Инаку за поклон. Кога давав отказ, бевме поголем тим таму околу 30 луѓе и искрено не бев нешто посебно приврзана, купив за сите еден куп чоколадни бомбони/чоколадо/колачи и кафе и чај. Со тие што си останав во контакт си се гледаме повремено и го оговараме тимот . За шефови ништо не купив, ме нервираа и двајцата . Сега овде пред да идам на мутершуц, мал тим, супер колешки и еден колега. На цурите им купив по едно цвеќе да им стои во канцеларија, за сите различно, онака како што си ги замислувам на карактер и по едно бонбони тие фереро/рафаело. На колегата само кафе и чоколадо оставив. Ама со нехо пред да отидам се мењав да има повеќе слободни денови, така што тоа му беше поклон. Коса пеглана!
@gjoker4e една колешка како поклон имаше оставено за сите колеги детелина приврзоци. Можеби ќе ти се допадне идеата... Подолго време размислувам за селење и баш чекав некој да пише на таа тема или јас да пишам за мислење.. Шпанија? Елтернцајт ќе ме полуди.
Jas mislev deka samo mene mi se javuvaat ludi zelbi za preselbi.Jas sum za nakaj Hrvatska ili Slovenija .
А одиш на работа. Замисли на породилно да си. До сега ќе се иселеше . @arontt мене ми се гласни многу шпанците и секаде доцнат. А ја имам тенденција да пролонгирам нешта, па страв ми е дека цело време ќе сум два напред, три надзат . Овде малку се подоправив и тоа ми е една позитивна страна. Ама за секој случај може да пуштиме сапуниците, пасивно да повежбаме јазик. Не се знае за кај ќе ни се најде. Таман како што сум затупавена. Не шала на страна, некако нешто не е во ред во последно време. Системот не функционира баш оптимално. За трошоците да не зборуваме. Мене БВ ми е преценет некако со кирии и станови. Па и градиннките. Платите не се толку високи за стандардот кој го наметнуваат во поголемите градови. Се ми е некако нереално. Овде во Штутгарт имам чувство како да живеат да бидат видени. Сите скапи коли, скапа облека. А знам колкави се платите. Не дека се мешам во нечиј џеб, да не ме разберете погрешно, туку општо сликата и вредностите кои се создаваат не ми се допаѓаат. Се ми е одозгора мазно, а внатре празно. Не знам дали сегде е вака додуша, ама Штуги ме разочара. А да не зборуваме дека цел град е бауштеле уште од кога сме дошле. Не дека некогаш ќе заврши де. Сообраќајна култура како во мк и бетер. Од мое доживување НРВ ми беше дојчланд, тука ми е Балкан со промеси од Италија. Само климата им е поубава. Ај кажете од кој град сте или не сте задоволни. Дали сегде е исто?
Juten Morgen aus Hauptstadt, hässlich, dreckig und grau. Не знам веќе колку години живеам овде над 10 ама јас од првиот ден го мразам овој град и од прв ден имам мисли за селење trotzdem уште живеам овде. Живееме на Rand од градот и сме многу блиску до природата и затоа едноставно не се селам.За викенд сме во природа, а ако треба да одам во мите добивам панични колку не го сакам.Многу сум среќна што не работам во центарат туку во Бранденбург.Инаку работев во центарот сите протести ги знаев ми минеа под прозор.Работата ми беше исто мрачна како и градот.Колеги баба( со мозочен што едвај се движеше и не дај боже да станеш да и помогнеш почнуваше да пцува) и дедо што забраваше што рекол а ти е шеф. Сега сум во фирма со 100 луѓе од кои 60 во зградата кај што сум.Уште не ги знам сите иако работам 1,5 година скоро.Млади и стари.90% германци. Џоки и јас си имам симпатија.Контра К го знаеш? А да Џоки откако јас сум во фирмата дури 3 ца колеги се вратија пак откако дале отказ така да не е страшно и да пробаш и да се вратиш ако не ти се допаѓа.Инаку кога си оди некој дава или кухен или фруштук исто е и за родендени. Јас денес и утре сум фрај , кита ци.Се се чудам како некои луѓе не работат цел живот што прават дома? (Не мислам на никој од форумот да не ме некој грешка сфати). Јас за да седам дома , а децата да ми се на школо и градинка ќе морам швалер да си најдам онака ќе полудам од досада.Ама нрмам толку хормони за маж и швалер затоа на работа си одам.
@gjoker4e и јас ништо специјално не купував , однесов мафини , донати, грицки некој и тоа . Многу колеги си отидоа никој не ни купи нешто. И јас сакам да се селам , не го сакам местото каде што сум сега , Мал град во БВ. Нема ништо што ми треба , цените за стан многу скапи , за градинката да не зборам. Платите минимални . Каде и да прашам нудат минималец . И времето катастрофа веќе цел месец облачно, дожд. За друштво да не зборувам . Најмногу ми е за ќерка ми немаме ни пријатели со деца да може да си игра со некој . Добро е што доби место во градинка , но тоа кошта многу. Маж ми не е одлучен инаку јас многу долго време зборувам за пределба . Шпанија освен што е топло , море други предности не гледам и таму системот е како кај нас во Мк. За Хрватска не сум размислувала .
Хрватска луѓе само Загреб другото не за џабе доаѓа тука. И на море де па од туризам да живееш т.е лето бел ден да не гледаш, а зимо да кубури со останатите пари. Јас сакам куќа таму во близина на плитвички да си живеам на старост ама си има и цена таму ако се селца се. Исто кој пиша во Штутгарт живеат да бидат видени што мислиш како е во Загреб платите дефинитивно се помали од тука ( не секако во мк де ама пак) ама затоа сите најнова мода се носат и стварно знаат да се дотераат за разлика од Германците, се седи по кафиња, пијачки има живот и не е мрачно како тука и може да е супер со убава професија, ама со нешто просечно баш и не верувам. Тука јас сум во БВ мало градче живееме во горниот дел од градот па природата ни е пешки достапна. До нас малце поголемо градче кое што баш ретко се посетува и боденсее што ни е на некој 30 км па на поубаво време и таму се шета ( е тука е многу убаво, ама кога купувавме наше разликата во цените на становите беше огромна за само 30 км на страна) Јас престанав да фантазирање за селење кога си најдов другарки кој баш ми се по мој терк. Тие што гледате да се селите гледајте кои нации ги нема тука значи им е добро дома. Јас би рекла Словенија, Шведска, Данска, Финска… ( ама и ај уши скрос нов јазик сега) Шпанија е многу примамлива јас тоа му трубев на мм, ама он е со приказна дека сите топли и примамливи земји економски се крш инаку сите би оделе натаму.
@Chantal уште два шамари да ми плеснеше да се освестам . Го меркам јас твојот крај таму уште поодамна. Не знам точно кај сте, ама таму љубов ми е околината. Де Шварцвалд, де Боденско. Идеално ми е како местоположба. По твое кажување таму негде сте. Башка аеродромот со летови за мк. А требаше да пуштат визз од ск до Штутгарт лет. На крај ништо не излезе. Мал проблем е што не верувам дека за маж ми работа таму има. А еден мора нели и да плаќа, за друг вакви филмови да си прави. Инаку да требаше од мене егзистенција да зависи, го обравме бостанот. Башка сега по истек на елтеенцајт, абе шо барана ќе бидам тоа едно чудо. Имајќи млади 20 годишни, свежи и амбициозни, штотуку излезени од школо деца, ќе се потепаат за мене 40 годишна и нефлексибилна. Ќе бидам среќна ако најдам барем тајлцајт или од дома да пробам. Во право е маж ти инаку. За Скандинавија ај да речеш и низ тоа јазик и адаптација ќе поминеме некако. Или со англискиот ќе се снајдеш. Ама темнината пола година и климата не се за моите коски. И во Словенија мој впечаток е дека само два три града живеат, другите како да ги јаде времето. Нека ме поправат ако сум грешка. Инаку во право си и за тоа дека другарки треба да си најдам. Еве кој е за, нека се пријави .
Другарки ќе си бараш кога детето ќе си најде другарчиња и меѓу мајките. Другарка ми ( мајката на најдобриот другар на син ми) ми кажа како ќерка и се лутела што све со другарот на Илај излегувале оваа и рекла епа мајките на твојте другарки не ми се баш погодени. ☺️ Ова озбилно се гледам јас со нив и сама ама ептен ретко значи ќе си најдеш некој за со деца. Ако доаѓаш навака достапна сум за дружби. Незнам што сте по професии знам дека машински инжињери тука најбарани се, Ако си решена да пробуваш навака пиши што професии имате ќе ти кажам дали има нешто што е попознато во региониов. Друг проблем еве јас во помало местенце сум ама верувај една градинка е што работи цело работно време па добиј место нема шанси, еве сега се информирам за школо и тоа за хорт ако има место ќе биде и тоа отежнува животот.
Леле вистина Е сега јас што не ми оди муабетот со мајката на ќерка ми најдобрата другарка, не е мој проблем, и таа другата е утешна другарка. Ќерка ми вика- да беше мајка и на Д, мајка на Н, ќе беше идеално. Ама па шо има идеално, и со утешни награди се живее Проблем е што и другарка ми би се селела. Погодени сме скроз
I jas sum vo pomal grad vo BW stan imam sopstven kiriite ne mi se bitni, ama grwdinkata cini edno malo bogastvo.Da pustis dete vo gradinka pod 3 godini na celodnevna e stvarno lukzus. Od edna strana se skapi od druga strana twsko moze covek da dogovori rabota na skrateno rabotno vreme.
И јас сум во мал град 30 000 жители во БВ. Не би можела да се отселам никогаш. Иако се селев нели лани. Со паметот.
Абе цела тема комшии . Чекај само уште @Dancewere да ја викнам и журка може да правиме. Каетана џабе ќе ја викам, она не не дружи одамна. Туку да ја побарам она може нај на кафе да ми дојде.
Може стварно една новогодишна журка да правиме . Да се пожалам и градинката дека ќе ни ја поскапнат за 45 евра од јануари, врти сучи само за градинка работам . Јас би живеела на Канарските или на Грчките острови и да си имам една бавчичка и една куќичка, работа некоја колку за пристоен живот, ништо не ми треба повеќе… ова е остварливо само ако на лото добијам милион. До тогаш ќе си работам тука .
Честитки Џокерче Абе… и јас отидов на забар ради заб што ми се потскрши и ме болеше, а таа почна со вадење умници. Кои секако планирав да ги вадам и ќе ги вадев, ама во моментот имав друга мака, а тие не ми правеа баш никаков проблем. Шуќур го почнавме забот што ми правеше проблем. Иначе и јас сакам да сменам 2 стари пломби ми рече нема проблем, зошто да не ти смени пломба? Иначе имаш и онакви мали четчиња за меѓу заби, мене од Росман ми се најпогодени. Листерин има алкохол, земи си нешто без алкохол кога ќе ти заврши. Ја го зеам Одол-мед 3 последниве неколку пати. И ја градов не си го сакам. Додуша не ми е крив градот, ама после трауматскиот пораѓај на градот се истурам. Иначе нема некој германски вајб оти бил најпогоден во војната. Овде имало најмногу фабрики за оружје па и најмногу бомбардиран и разрушен бил. Сеа слави 90 години од тогаш. Има еден дел каде што има се и сешто собрано ко низ турска чаршија е.. другото се сосем солидни населби, претежно германски. Мирно е и е убаво се организирано. Е сеа си има оние групи на алкоси што се гз напраени во секое време на неколку места низ град. Ама тоа се све Германци. За баланс во универзумот оти не сме само ние дојденците лоши. Ние од почеток се мислевме во Келн да се стационираме, ама ми скршија филм за таму. Па сеа Хамбург влага во игра. Хамбург ми е во топ три најубави европски метрополи. Во некој дел од периферија замислувам. Можда пред малава да тргне во школо. Којзнае. Иначе и мене Констанц ми е многу убав регион. За Балкан сеа за сеа неам воља ни желба ни на поминување. Пензионерски имаме стан на Крф, ако не одлучиме поинаку… и јас го чекам џек потот. Додуша ако ми падне ич нема да е битно кај живеам, дотогаш ќе си сонуваме. Како поминува време се помалку ми се враќа, а се мислев дали ќе успеам да ја надминам таа желба.