Учете јазик . И бидете спремни на најтешкото во првите неколку месеци. Смештај е невозможно да најдеш од мк. Работа гледајте на страните што веќе ги има погоре. Но и тоа неможете да барате од мк. Незнам што работите во мк , секој не се пронаоѓа овде .
Ние живееме во мало градче, околу 15 000. Имаме градинка на 100м, единственото основно училиште ни е на 200м, има неколку видови средни училишта и од се по нешто. Мирно, едноставно и безбедно. Една метропола на 15минути со кола и уште два поголеми градови на иста оддалеченост. Работните денови и сите обврски за и околу деца ни се тука, викенд ако сакаме да прошетаме седнуваме во кола и одиме каде сакаме. Не би можела да замислам да треба да живеам во голем град. Сингл фазата, во Дизелдорф, имам прекрасни спомени, како пар без деца иако живеевме Оффенбах( кој ми беше прилично ужасен)во вечерните испаѓања ми беа Франкфурт уживав. Не би можела да си замислам градски живот, со гужви, трамваи…работи во кои предходно уживав. Децата а можеби и годините ми наметнаа друг ритам на живот во кој во меѓувреме вистински уживам. Од другите градови вљубена сум во Дизелдорф или Хамбург. Но имаме пуштено корени тука и таква авантура нема смисла за нас. Кириите се прилично високо, двособен стан за 700-800калт, трособен 1000, куќите над 1200 калт. Куќите, стари, каде е потребно да се реновира и да се вложат дополнителни 300 000еу се 700 000. Нови куќи бар милион, што на крај ќе му дојде исто. Становите се од 500 000помали до 700 000 трособни или пак над милион во луксуз верзија. Само плац за градба е 500 000. Хорор е да се најде нешто под кирија. Да требаше сега да купуваме плац и да градиме по најактуелни цени ќе беше скоро невозможно да имаме свое. Среќна сум дека имаме свое, на кое во меѓувреме цената на пазарот му е далеку поголема од тоа ние што го вложивме, па немаме сили за втор пат истиот стрес.
Дали знае некоја да ми објасни како можам да земам затворено боледување во Македонија и да го пријавам во Германија? Колешка од Србија ми објасни дека она така зимала, меѓутоа овде во фонд ми вели дека морам да сум присутна и да го затворам, а јас сакам во меѓувреме да се вратам во Германија и да го доставам во кранкенкасе. Има ли некоја искуство со ова?
Порачив преку амазон нешто, не ми беше зачувена лозинката, сега неможам да се најавам нон стоп ми бара OTP код и неможам да се најавам. Ви се има случено? И после колку време ви стига меил со пратката да ја гледам до каде е стигната?
Дали некој бил на офталмолог во де, дали исто многу се чека за преглед? Дали осигурувањето го покрива прегледот или е приватно?
Е како откачив значи. Стигна пошта за мм и требаше јас да се потпишам. Значи јас не разбирам доволно германски, а оваа поштарката (на германка личеше) ме прашува за моето име, ама премногу брзо збореше и не ја разбрав. И го кажав моето име, а јас иам тешко име за они да го разберат, и она почна цинично да се смее. Во тој момент главата почна да ми чури, и на англиски и се раздрав шо ти е смешно ма? Оваа не ми одговори и ми даде да потпишам на тоа шо е на тач, со прст шо потпишуваш. Ај шо не се потпишува убаво, треба три пати да поминеш со прстот за една буква, па оваа почна да ццка, почна да праи цк, цк, као едвај да чека да ме замине. Па жено, знам дека имаш работа, и се брзаш ама зошто така се понашаш? Потпишав и и ја треснав вратата пред носот. Уште еднаш ако дојде ќе ја отерам у пичку матер, не сакам ни пошта ни ништо од неа.
Жали се одма од неа. Ако е од дхл брзо ќе ја решат. Кај мене исто имљше проблеми со пакети едно др и неколку паати се жалев и веќе нема никаков проблем.
Јас бев на преглед за видот, мм беше за алергија конкретно и со синко бевме све покри осигурување ама за чекање не прашувај ( последен пат видот на оптичар го проверив не ми се чекаше). Ама пробај си ја среќата секаде е различно
Мислам дека кај офталмолог најбрзо се завршува не верувам да чекаш повеќе од 1 недела. Мрднети се тие што носат пакети, секакви вработуваат, знам мм на почеток е работел во дхл, и шуто и рогато примаат, ма да и некој нормален да влезе да ќе го побркат, нон стоп на работа, рекламација сам си плаќаш, секоја сабота се работи.
Искрено, како шо бев нервозна тоа и планирав, ама сега се смирив и ајде нека е, простено и е овој пат. Може стварно е била нешто нервозна. Ќе видам како ќе биде следните пати, ако видам дека има нешто лично против мене, ќе се жалам.
Од мк тука неможев да најдам Јас бев итен случај, едвај најдов доктор , добив термин за истиот ден . Не платив ништо. А дали некој има одено на дерматолог ? Се работи за знак лепота тука незнам ни како се вика и забележав дека се зголеми. Сакам да направам преглед . Дали покрива нешто Аок ? И ако не колку би коштал еден преглед?
Јас бев прво едвај најдов термин чекав 6 месеци само за разговор ( за интервенција една приватно си платив ама знаев дека е приватно ) разговорот на два пати бев бесплатен и едниот пат кога бев за консултација пред интервенцијата ми рече самиот дека има на две години бесплатно кребсфорзоргунг и ми ги прегледа сите бемки. Јас имам таков белег не го ни погледна, ама чим се менува нормално дека треба да отидеш. Мислам такво нешто не би требало да платиш секако.
Има многу доктори што се приватни многу мора да внимаваш кога ќе букираш термин.Јас барам доктор секогаш на doctorlib.de и си пишува дали се приватни или законски.Јас најдов доктор од сабота за понеделник сабајле.Каква среќа имаш. Многу тешко се наоѓа кожен што работи со gesetzliche Krankenkassen и ,да зимаат нови пациенти. Термини одсекогаш се чекало минимум 3 месеци.Мене пред 8 год ми правеа биопсија за алергија ништо не платив.Ама ако сакаш ласерски некој израсток-папилом да остраниш се плаќа приватно.Сега за интима не знам. Пробај и ти преку doctorlib пишува дали се приватни.За приватни може да те чинат од 60-170€ така вика гугл. Ќе штрајкуваат ли кај вас воспитачките во школите во четврток?
Добро таа сума секако е во ред , колку и да е мора да одам . Ќе проведам и на таа страна . Но во местото каде што сум јас се 2-3 доктори во таа област. Друго е во Берлин секако има повеќе доктори. За во четврток нема сеуште известување.
Кај нас уште од понеделник се знаеше имавме известување од школото.На радио вчера на секој саат трубеа дека верди ги повикува градинките на предупредувачки штрајк и дека ќе штрајкуваат државните градинки.Кај нас во школото учителите нама да штајкуваат само хортот. Штом немате известување може е само кај нас .Веќе претераа...