kaj nas ne strajkuvaat i bez toa celo vreme zaradi nesto ne odat personal nedostasuva, ova ona milion pricini izmisluvaat.Denot koga ke ja napustime gradinkata ke slavam..
Мајки дали некоја нарачувала од Otto Како се со квалитет и дали се сигурни. Сакам да нарачам некој работи и сумата е голема не е нешто ситно па затоа сум неодлучна. Некоја ако има искуство да сподели
Кај наас па аптеките штрајкуваат среќа па вчера онлајн што порљчав поефтино се ми стигна по дхл од аптека , оваа тука кајј нас што ја имам аптека секогаш со по 5/7€ е поскапа .
@Adidas888 само преку интернет купување прекривачи. Барав во Поко, Волворт, Кик.. Никаде нема. Денес ќе проверам во една продавница во маало. Јас имам петосед. Ако не најдам, само интернет му е мајката. Што празник е на 22 Ноември?
И јас барав и никаде не најдов, викам или сум глупа шо неможам прекривачи да најдам или незнам шо е работата. Еднаш купивме еден голем јорган за двајца од една продавница, и кога прашавме за навлака за јорганот, прпдавачката ни кажа дека немале такви големи навлаки а и тешко да сме најделе такви тука пошо германците сите си спиеле со посебни ќебиња и јоргани и такви не продавале. Незнам шо празник е, знам само оти не се работи.
Освен постелнина, прекривачи за спална и навлаки за перници, ништо друго немаме најдено. Баш вчера со маж ми бевме во Волворт. Му викам да гледа поубаво. Можеби сме утнале. Ама нема. Од таму минатиот месец земавме ќебиња за децата. Добри се. И евтини. Децава нема да учат, па ме интересираше за празникот. Значи, и маж ми ќе биде дома. Да знам како да го обработам.
Хахаха, ова ја минатата недела барај барај јорган 200х200, свегде скоро свртевме низ градов и околина и немаше. Сите 135х200 или 150х200, вика маж: овие паметни се што се покриваат со посебни јоргани, а не ко нас ти влечи, ја влечи На крај најдов на амазон едно убаво јорганче 200х200, за 4 сезони и денеска стигна, и е премеко и вака седи дека ќе го биде. Да видиш онлине на Лидл, знам скоро имаше постелнини 200х200.
Отто е германски амазон, само што многу поквалитетна роба и поскапа.Основан 1949год па види ти колку е сигурен. Еве мм порача во вторник денес му стигна порачката. Мене инаку ужасно ме нервира (плаќаме на фактура) што секој производ е посебен продавач и за секое нешто имаш посебна фактура па ако имам 10 работи ќе имаш 10 фактури.Инаку на фактура имаш дата на доспевање еден месец и го плаќам пред ден пред доспевањето без камата.(Ова е можно и кај кларна и пејпал ама и кај двете е со камата).
Нарачав Но не знаев дека оди на фактура и јас се зачудив Имам 3 работи нарачано значи имаш рок 30дена за плаќање како што те разбрав така?
Јас одам еднаш годишно, не сум платила до сега за пап. Само за ехо, оти тоа одело приватно ако не си бремена. Се е бесплатно од основните работи. Поправање, чистење забен камен, пломби, вадење на заб. Ако сакаш поквалитетна пломба, тогаш се наплаќа оти не ја покрива осигурањето. Макар шо скрос доволни се овие што се покриени, според мене. Едино ако сакаш нешто естетика, или професионално чистење (ова знам се доплаќа околу 100ка, зависи од заболекар, а и од тоа во која осигурителна куќа си- може да покрие 40% од трошокот) ќе мора да си платиш приватно. Ако имаш дополнително осигурување за заби направено, тогаш ќе ти е поефтино за да правиш и некои естетски работи. Можеш да видиш пакети на check24. Wann ist der Buß- und Bettag 2023? In diesem Jahr ist der Buß- und Bettag am 22. November 2023. Es handelt sich um einen variablen Feiertag, der immer auf den Mittwoch vor Totensonntag fällt. Und dieser findet immer am Sonntag vor dem ersten Advent statt. Во буквален превод мислам дека значи ден за покајание и молитва. Не знам дали има некој сличен празник ваков кај нас. Неработен ден ама за кого како, само за порелигиозните покраини
Јас добив синоќа на меил да пратам преку Überweisung но може ке стигнуваат и со нарачките. Иначе на меилот ми пишува дека од 15.11 имам 30 дена за плаќање без опомена Сепак ти благодарам на споделеното искуство
Фала на одговорот. Естетика на заби во Мк. Овде гледам е скапо. Имам осигурување преку АОК. Гледам си пишала за гинеколошки прегледи. Какви се цените? До сега не сум била, па да си знам за понатака.
Пап бесплатен, ехо 50€ плаќам јас. Мислам дека зависи од гинекологот, има ценовник и ти даваат да го видиш пред преглед и да си избериш која услуга ја сакаш. Кога ќе одиш прв пат можеш да прашаш што ти покрива осигурувањето, а што не. Спушти си апликација Doctolib- можеш да најдеш доктори во твоја близина. И кои јазици ги зборуваат пишува на секој профил.
Креветот на малата во детска и сетот за во ходник, повеќе плакари ни се од Отто. Ова од поголеми работи, мебел. Помали работи, облека, играчки, за дома редовно нарачувам. Можеш виш листа да си составиш и следиш промени на цени. Некогаш поскапо од Амазон ама на некој попуст може да се начека и поефтини од таму. Баш пред некој ден нарачав лего сет за 62 еу кој на Амазон и секое друго место е 99.99. Плус сменив бодови кои сум ги собрала од предходно нарачки па и минус 15 еу на таа цена. Сигурно се, монтерите им се добри, на жалост само често скапи, и ок квалитет. Имаат денови на 10-20% попуст, мебелот го нарачав кога имаше таква акција на пример.