Јас преносив (12 дена), ме оставија во болница провокации примавф, мислам дека сите методи ги пробав не се отварав, завршив царски на моја иницијатива
@SunnyGirl2 јас, родив пред да влезам во 42 недела, ништо не прават, ти ставаат провокација и ќе чекаш да те фатат болки са раѓање
Првото го родив после една недела ради лоши протоци и ми закажаа термин во среда за петок отидов и ми дадоа 1 таблета ,па уште 2 и у рок од 13ч имав бебе. Сега таблетите ги забранија оти се за абортус и предизвикувале кај бебињата оштетување на мозокот. Со второто ради инулинска терапија на скриен шеќер почнаа да ме пораѓаат една недела пред термин.Подобро ќе скокнам детали.Цела недела лежев таму и уште што не пробаа.Одев на цтг на неколку часа на цтг, да видат како е бебето.Прво пробаа механички некој прачки веќе заборавив.Не болеа.Покрај овие работи ми ставаа вагиналета,гел и некое масло за мачкање на стомак. Само и немој да мислиш дека цело време ми даваат нешто.Не денес ќе ми дадат вагиналета па пауза па ќе видат како ми е па може гел може и ништо.Навечер не даваат ништо и е време за одмор . Сакаа некој балон да ми стават мене ми беше страв.Иако прашував овде членки кажаа не болел балонот.Тој е исто механичка провокација .На крај по 1 надела едвај 2 прста бев отворена.Бев кај докторката утрото и сакав царски веќе оти бев исцрпена и изморена не наспана оти имав цимерки со бебиња.Др ми вика ама знаете ајде да го пробаме овој балонот толку истрпевте знаете колку придобивки има од природното породување.Јас едвај гледав имав болки нон стоп едвај одев колковите мислам не ги чувствував од хормоните и тогаш ја видов неа бабицата што ме породи.Доаѓа бабицата што ме породи и ми вели денес додека сум на работа ,а беше втора смена ќе те породам.Истата бабица ме прима првиот ден и беше 7ми ден на работа.Беше многу фина и ме галеше и ми велеше зусе јас сум стара и сега ќе ти дадам нешто за смирување одма ќе ти поминат болките.Овај ти е старински лек.Ангелот бабица ми го пукна водењакот и ми стави венска провокација .Болките ми поминаа и почнаа вистинските со пауза.На паузите се смеев, дишев иако беа 1мин .Многу бев среќна кога ги осетив овие болки.Не ги знаев од првото оти зедов пда .Без никаква анестезија се породив за 15 мин.Докторката беше повикана додека дојде јас се породив и кога ме виде ми вели толку брзу. Таблетите од фајзер беа стварно ефикасни сите други методи немаат дејство, а болни .Ова само лична перспектива. Мами секс ако може со свршување внатре , топли бањи,пешачење активно и ќе биде .Без страв женското тело е створено за тој процес само позитиво со насмевка и опуштено ќе биде.За мене и двата пораѓаи ми се позитивно искуство иако вториот беше понапорен. Запомни пораѓајот е најлесното нешто од цела бременост и грижа на детето.Плус трае најкратко.Со лесно и ти посакувам побрзу природни болки.
Јас почнав до таблети на 4 часа, у меѓувреме на два саата на цтг, не биваше ми ставија гел ни тоа не биваше , и венска провокација ..ништо запечатена бев. На крај секако ќе завршев царски ама ај! Крупен плод, тесна карлица цервикс ко на почеток на бременост, по некој си 'закон'. смее до 42недела а ја бев 42+3 и веќе губев вода..така да има разни случаеви,некој од една провокација за пола саат се пораѓа
Во Медиа Маркт. Имаше доста намалени цени на бела техника. По бутициве слабо. Таму кај што влеговме немаше ништо на попуст.
Женски јас со умот се иселив веќе. Ама имам такво некое чувство дека ќе си одиме од станов многу наскоро. Па почнав да си правам листа во икеа апликација што да си купам за во новиот дом . Туку друго сакав да кажам во врска со икеа. Колку само се поскапени цените и таму. Ова да не почнев со листата, немаше да знам. Па секако едно добри 30% од пред три ипол години. Кафе масичката што ми е во дневна, сум ја купила тогаш за 125 евра, сега е 180. И сега си мислам да го објавам целиот мебел на и беј клеинанцеиген и да го продадам по купена цена , или барем за 80% од купена. Мислам мебелот е скроз нов, нема никава гребнатинка, пошто последните три години никој не ни седеше дома. И после таман полесно ќе се преселам. Оти нели некаде подалеку ќе се селам и нема да ми се исплати да шлепаме и мебел со нас. До тогаш без мебел шо. И онака по цели денови само на под јадеме. Тв немаме пуштено 4 месеци. Бизнис идеа у елтернцеит. Досадна сум си сама на себе веќе .
Кај се пресели ти у сред муабет за провокации? Продавај, еве, да не ти е досадно и моите ствари продај ги- јакни необлечени, ролшуи неизвозени, играчки не изиграни, појма немам што да им правам, немам време/енергија да продавам. Инаку, Икеа е замината со цени охохо. Ко впрочем и се останато.
Абе пораѓање шо. А провокација, а без провокација ден -два работа. Ќе мине и толку е . Прво бебе најчесто по термин иде и си има протокол за се'. Две дози кркнав и ја, ама ништо страшно. Има луѓе учени за тоа. Треба само да се слушаат. Ко бабицата нешто таму ме прашува на пораѓај демек, како сум сакала, што сум сакала. И викам шо има ја да знам како сакам прв пат ми е. Ти кажувај секој ден ги пораѓаш. Инаку овде лесно е најчесто. Нема причина за грижа. Златни дроги чуда прават, за кој сака де. Туку после ко ќе ти викне е страшното, а ти поима немаш шо да му правиш за да го смириш. Па ќе се научиш и тоа. Па свет ќе ти се обои у друга боја. За продавање, уште ништо не сум успеала на ибеј да продадам. А купувам ствари. Сега посебно за бебето се на старо изнакупив. А уствари скроз нови беа. Е баш тоа кога ќе се залетаме да изнакупиме, а после ни еднаш не искористиш. И гледаш само да се отарасиш од него. И даваш пошто зашто. И сега на пример шо да и правам на корпата за возење у кола? Куп место фаќа прво. Жал ми е у подрум да ја симнам, некој мутав мирис фаќаат стварите таму. И сеа дреме дома. Бебе ја надрасна речиси, чинеше 200+ евра, за три пати корисење. Ама она маж ко ќе си замисли дека со бебе патувања можни се. Ахам. Кога ќе ти рикне ќе возиш секој викенд. И пак еј, до мк и надзат бевме со кола. Абе не ви имам кажано колку будали сме. Жими се, еве небенџоб шофер нека си најде и да не ме замара со тие негови желби за возење веќе. Икеа само брзо и лесно се склопува. То им е предност. Инаку у последно на се фалинка нешто има. И она што за дрво го продаваат, едно меко едно не дофарбано. Шо друго да кажам. А за стварите твои нешто. Билко донирај. Носам и јас стално. Сега уште повеќе имам за носење. Не вреди само чување и прашина збирање.
Леле на последниот пораѓај бабицата (сумњам дека беше бабица уствари, едно девојче во аусбилдунг гарант) и реков willst du mich verarschen Првен не ми даваше анестезија не бев доволно отворена, после пола ден конечно стасав до фамозните четири прста и започна чекањето на докторката која не дојде. Девојчево ми вика ставив парацетамол, против болки, во инфузијата. И така. Никад да не ги видам веќе. Цените се е огин…сакаат да ја уништат средната класа.
На муабетот од една друга тема- летувај со авион, дури уште е возможно. После изгледа со суво злато ќе се плаќаат авионски билети...или ќе си лета, кој си има авион @јolene да продадеме мебелот и во авионче да инвестираме или директ на плажа да се селиме, батали тоа авиони
Баш денес ги гледав цените за во декември, од тука за Мк. Оган и пламен се. За сите четворица скоро 1 000 евра.
Ја би со задоволство и едното и другото . Маж не сакал да дели воздух со уште 200 други патници и бебе да не се трауматизира. А она што у 4 сабајле ме изблуцка у Австрија на паркингот. Па и на 5 степени надвор. Ама ај можеше и поладно да биде де. Жал ми е за палтото шо ми го блуцна. Го исправ дома, ама изгуби форма. Не беше ништо скапо да речеш, ама многу убаво ми лежеше..тенко а топлеше. Со пердуви. Тоа купено пред 5 години беше во еден аутлет од холандија. Не беше ново ептен, ама имаше уште живот во него . Е сега такво друго не наоѓам. Непребол . И за аутлетот непребол. Далеку ми е сега. Инаку на муабетот летање, ама не со визз ер. Стварно секој пат се полошо и полошо е.
Што летање не, сега за џабе ќе одам на недела буквално, пред месец дена резервирав ама во учебна година за Божиќ ќе си работам ем мирно на работа ем цени изгор. И да не слушнам збор за визз прошли пат за Загреб со Рајан ер устври Лауда летавме е тоа да видиш стјуарди и стјуардесите едни неубави еден катастрофа англиски . Јас така кога се селевме све што не ми треба продадов дури носените копачки од мм . И поклоните за Божиќ од фирма што му ги даваат редовно ги продавам кога не ни се потребни ( некој ни се добри па си ги задржувам). Најново пробувам сите чизми и патики што ми се по 5 пати облечени мислам да ги продадам зошто се префрлив на барфус и сега ништо друго не ми е удобно.
Роермонд ли? И мене ми е непребол, порано секој викенд бев преку граница, сега неделите чмаеме, се затворено.