Таква смеса има во Едека маркет. Ако мислиш на онаа за Божиќните колачиња. Ама не можам да ја најдам на интернет. И не само таква. И разни други видови на смеси за колачи.
Не онаа за торти што се става како фондан, онаа со која цртаат на колачињата. Течна и се стврднува. Јас правев дома со белка, прав шеќер и лимон ама не ми се допага како излегува.
Не можам да ти пишам лична порака па тука да те прашам : кој пакет го имаш на 1 и 1 Ние плаќаме 55 евра месечно, многу ми е скапо, барам нешто поефтино , исто сме на 1 и 1.
А ова какво е второто, да јас во боја барав, во кутијата има повеќе бои во тубичка? Ако е такво баш тоа го барав.
Исто е. Тие бои се што се на сликата. Директно ставаш од тубата. А ова првото треба сама да го спремиш.
Првото е прашкасто. Не прочитав како се подготвува смесата. А тоа во туба е готово. Јас бев во Едека маркет. Ама би требало да го има во сите други маркети. Имаат производи од доктор Еткер.
Еден човек - еден јазик, секој својот. Совет од неколку педијатри и воспитувачките во градинка. Ми рекоа дека германскиот секако ќе го научат од надворешната средина, што е и логично. Значи им зборуваме исклучиво македонски. Мојата прва ќерка одеше на логопед, ама за друг проблем. Па ни логопедот тогаш не ни даде совет да редуцираме јазик, напротив. *** Што правите иначе, од кога не сум дошла, заборавив дека постои фемина. Го обожавам овој предпразничен период, ми мириса онака на топло, на семејство, не знам, многу посебно некое чувство ми прави. Онака, гушкање под топло ќебенце, па и со крзнениве топки. И плејстејшн додека е надвор преладно. Монопол и твистер со децата, лате со вкус на ванила. Не пијам чај. Чекам само снег и да биде идилата комплетна. Иначе, тука ништо ново. Некои понуди гледам за викенд, евентуално и декември некој ден плус да "избегаме". Додека сум тука, да ги читнам малку другите теми, да не ми промакнало нешто интересно.
@anggell има по скоро сите супермаркети, ама јас на крај си нарачав од Амазон оти имаше многу поголем избор на бои, чак и нијанси на истата боја. Во Реве имаш веќе готова смеса бела, која чинам и иссукана и сролана беше. Само да истискаш исти форми и да ги залепиш над колачето како основа пред да црташ.
Имате ли кондезација на прозорите температурата секаде е околу 20/21 степен варира . Двр сабајлиња станувам и прозорите утоп од вода .. како да го решам тој проблем страв ми е влага ќе се појави. ..... прво луфтирам секој ден .. и пак прозорите утоп.
Кај мене вчера имаше кондензација на прозорот во купатило. Денес не го пуштив парното, па ќе видиме. Плочките од околу со вода.