Мајки кој шируп за кашлање ви се покажал добар? Малата е година ипол , кашла веќе 10 дена. испи еден сируп и сеуште малку кашла. Имаше и растечен нос веќе нема. Бевме на доктор , настинка ништо не ни препиша само ни кажа да и давам сируп за кашлање , чистење на носот и многуууу воздух. Друго прашање сега во петок има термин за втора доза ММР , а таа сеуште не е скроз здрава дали според вас е во ред да се прима додека е настината? Претходната недела докторката рече дека е во ред .
Ја не би дозволила да ја прима. Па ти како сакаш али додека не е 100% здраво детето не би никогаш вакцинирала со било која вакцина а наајмалку па со ММР. Одлучи ти . На нив овде све им е океј додека детето недобие бронхит и не дојдде до болница све им е нормално.
Јас би почекала за вакцината. Во Мк еден доктор ми рече дека вакцина се прима ако детето е 100% здраво. Долу им давав Мукоплант. А овде немале досега таков проблем. Освен затнат нос и сува кашлица. Има еден чај од ДМ. Баш за настинка е. На поголемиот му помогна.
Најдобар ни се покажал до сега. На природна база е мед и бел слез. Многу ни помогна последниот пат, правај исто така и инхалации.
Ќе го купам и овој два пробавме до сега првиот препишан од доктор катастрофа , др беше подобар но еве уште кашла по малку. 5 дена беше дома не одеше во градинка. Инаку инхалатор немам еве баш сакав да порачам.
Каков ви даде докторката? Ако имаш action во близина, види таму има инхалатор добар а ефтин. Давај и кромидов чај со медче, ако не сака да пие пробај и со шприц некако, анимирај ја/го низ дома и тоа многу помага. Мачкај и со еукалиптус на градите.
Ќе пробам фала ти. Еве ваков ни препиша претходниот месец https://www.amazon.de/AMBROXOL-AbZ-Hustensaft-Lösung-Einnehmen/dp/B00PKHVM32, мислам повеќе почна да кашла од него , помина за 2 недели . Еве сега пак настината претходната недела, веќе е добро , но кашла малку. Дали и ти мислиш дека вакцината треба да се пролонгира за понатаму?
Да, на нас исто Н ни беше болна, се сеќавам беше фебруари месец за 2 доза од ммр, ни дадоа нов термин бидејќи ре вакцината е малце потешка, после вакцината качи температура и ја болеше убодот на ногата. Сепак консултирај се со педијатар. Исто можеш ептен кога ќе добие напад на сува кашлица дај и лажиче мед, на мојата и тоа и помага. Да знам го сирупот и ние го имаме пиено. Со помин нека е, аман сега почнуваат настинките само со лесно да се мине
Проспан капки. За над 3 години се, ама сум давала пола препорачана доза и пред 3. Ако не сака мед, ако и е многу благ, во млака вода растворен со малку лимонче ради вкус. Не жешка вода оти не е добро мед да се загрева, туку баш млака. Исто гаргара со млака вода со сол. Чај од џумбир, ладна банана. Сеа бар е топ ладно надвор да диши ладен воздух. Ако не ви се излага надвор, отвори и длабокото од фрижидер да подиши ладно. Сладолед, ладно желе исто. Ларингитот е баш досаден и знае да се завлече, ама се ова го подсмирува. Непопуларно, ама ако е само иритирачкава кашлица јас би ставила вакцина. Моите сум ги носела кога биле при крај со настинка, лесно поминувале.
Хитно!!! Ми стигна плико дека поминав на црвено и го очекував по што видов кога ме слика. Ама наместо плико со парична казна ми стигна ко прекршок дека е ова и треба да го потпишам и пуштам назад. Незнам дали да се обратам кај адвокат прво или шо да направам. Некој искуство со вакво нешто?
Ти благодарам на советите. Излегуваме секој ден, секој ден се пие цеден сок со мед. Баш денес и давав банана пасирана со врела вода , после половина час ставив мед , го видов на некоја група на фб, без проблем си јадеше.
Обично има Username/Password и треба таму се логираш и да дадеш твои податоци па ти праќаат казна . Види од задната страна дали имаш нешто како линк?
Да не има некоја маж што работи со плочки и тапети и да е од Штутгарт или блиску до Штутгарт. И да сака да ми стане другарка и да ми дојде на гости . @Yowannty зане/шлагзане мене ми е повкусно од хопла, ама трики е. Треба да е оладено и да не го матиш премногу оти ќе ти стане путер и вода. Исто за да стои поцврсто и подолго треба да му ставиш такво за зацврстување на шлаг, во мали кесички е кај пецивото/ванилен шеќер. Такво му е и пакувањето.