Ова горе зането девојче со такво за стегнување прашок. Некој пат и ганаж правам со зане и чоколадо и оставам да се олади, пак миксам и мачкам. Или и има на руф и др.еткел исто налик на шлагпена ако ти текнува, прашок за матење е. Во едека го купував порано. А ја уствари благо не јадам, ама торти правам .
Е ова шлаг го имам пробано и ич не ме бендисува. Хопла ми е незаменлива. Шлагов е цврст само на биење и не е ни приближно интензивен на вкус. Последно со него се зезнав за една торта, одма ми се разводни и цела торта ми пропадна. Ама не знаев дека има додаток за цврстина. Ако не најдам класична хопла ќе пробам така следно.
@Yowannty хопла можеш од амазон да нарачаш ама треба да ја преплатиш, не се исплаќа. Sahnesteif се вика прашокчето за зацврстување. мене не ми прави мерак како нашата шлаг пена или хопката ама во нотфал врши работа. Побарај балкански- бугарски, албански продавници таму е многу голема шансата да најдеш. Кај нас во градот има балканска продавница и таму има и хопла и шлаг пена (прашок) од витаминка.
Фала ти, ќе пробам со прашачево тогаш. А за солени јадења што користиш? Го бива шлагов како замена за неутралната хопла?
Не сум пробала, не би знаела да ти кажам. Мене спас ми е балканската продавница, не сум барала алтернативи.
Ова е намерно твојата адреса за честитки за нова година да праќаме? Ако е твојата стварно избриши мислење или кажи на модератори или кажи дека не е твојата. Секакви будали има не се знае веќе за што може фа искористи некој лични податоци.
За неутрална хопла за солени јадења ова што е само зане како тетрапакче пакувањето или шманд исто можеш да го готвиш, има лесна многу лесна нота киселка, ама речиси неосетно. Или кремфреш за покисела нота. Со печурки, за пилешко сос и кари ми е шманд и кремфреш, ради густината подобар. За крем супа зане. И колку многу идеи ми дојдоа да зготвам. А таман преска пишав дека без љубов готвев вчера. Ама тоа дека свинско готвев вајда. Зане сакам повеќе оти е сепак млечен и поприроден продукт. Богат е на калциум и млечни масти и протеини. За лоу карб и дијабетичсри е погоден. Со кварк и со овошје си правам кремови и мои варианти на благо. Или подобро речено правев. Сега нема време. А за хоплата мислам дека е мрсното иде од растителни и можеби и палмино масло и има веќе додадено згуснувач и сл. Занештеиф не користам ако е за мене, ставам carob. Такво само ако е за пред луѓе и да мора да изгледа потака .
Јас не бев по правењето ама решена сум да се испробам и на тоа поле. За секој родеденден на малата плаќам 130+еур за "домашна" а добивам торта со готови кори и фил безвезе, баш како некогаш обичните ролати во слаткарите кај нас, ни мирис ни вкус . Последниот пат ниту околу декорацијата се немаше тетката потрудено, и пратив милион слики за инспирација а таа залепила само готови слики од амазон. Е така и јас можам. Фала на одговорот . Фала многу , баш тоа што барам одамна.
Хаха не е мојата адреса на реве е, не праќајте честитки на реве. Фала ти, немаше да приметам и мојата да беше синоќа во брзање пишував.
Една препорака за сируп за искашлување шлајм кај мали деца па и големи . Моиве пијат веќе второ шишенце од овој сируп . Дека 3ца па се троши брзо . Овој сируп не им е гаден . Па и малото го пие секој ден од кога почна да кашла . Го искашлува брзо шлајмот , не им се спушта . Овој балзам е за нос. Се мачка ама и на чело при настинка . После два дена веќе на малото му се смири настинката Препорака од мене
За шлајм и ние го користеме, добар е. Наместо балзам, мачкам на носот тенок слој еукалиптус, најобичен купен од дм.
мое дете ова користи за носето кога е полно. И инхалација обавезно за 2/3 дена како нов. И да давам дефендил сируп или капсули зависи што кога начекам на попуст. До сега најдобар за имунитет !
Ние овој го користеме, ама мојата е 4ипол години и ептен тенок слој напред на градниот кош и позади на грбчето пак. Ако има температура не ставај, уште толку повеќе ќе качи. Може и овој да го видеш:
Овде една пријателка става маст од гуска на гради кога имаат шлајм децата кажува дека им помага јас не сум пробала незнам. Ние со инхалации и сирупи вадевме порано шалјм пошто мојот на бронхит веднаш одеше. И тука матичната веднаш ни даде антибиотик и ни препиша вентолин за инхалации. Јас општо од нејзе сум задоволна додека др мака мачат за антибиотик и ред др работи. Далли дека јас и објасннив све како помиувавме додека бевме долее па од тоа не ни дозволи да се мачи туку спречува на врееме бронхитот да се акктивира повеќе и појакк да стане.
Најлесен ти е ганаш крем. Чоколадо/квертура и зане. Нема шо да му згрешиш. Сооднос барај на нет со која чоколада, колку треба. Ако додадеш и чоколадни парчиња и јатки/бисквит имаш и кранчи ефект. Евентуално со малку изматен путер. Не е секако толку тешко, бар овде кога свашта имаш ем за деко ем за кремови. Јас не знам да декорирам, ама и тоа се учи. Сигурно има еден куп видео на нет. Ова мудрувања сабајлечки, а ни шеќер и бело брашно дома немам. Некна комшика шеќер за во кафе ми бара . Идеи за бизнис елтернзеит 2, мафини, торти и кифли печење .
Знае ли некој што е Sozialversicherungsnummer? Каде се добива? Прашав во општината не знаеше да ми каже жената на шалтер од кај се добива. Добив понуда за работа и меѓу другите документи ми го бараат и овој број. Прочитав дека се добива после прво вработување!? А мене ова ќе ми биде прва работа овде. На прв ден на работа се носи ли нешто?